Во вчерашното гостување во централниот Дневник на МРТ1, гостуваше директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски. Во врска со трагедијата во Кочани тој истакна дека Владата првично издвоила сума од 30 милиони денари почетна сума за да излезе во пресрет на лицата кои се придружба на лицата кои се лекуваат надвор од нашите граници. – Првично она што го направивме како Влада издвоивме 30 ...

АД ЕСМ ја информира јавноста дека ТЕ Битола 2 е успешно синхронизиран со електроенергетскиот систем вчера во 18:24 часот. Термоблокот веќе испорачува електрична енергија според потребите на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Ова брзо оспособување на Блокот е резултат на натчовечкиот напор и посветеност на вработените во комбинатот, кои работеа неуморно за да го вратат во функција во најкус можен рок. АД ЕСМ упатува јавна благодарност до сите кои ...

Активноста во германската економија ќе се намали и во тековната 2025 година поради американските царини и слабата домашна побарувачка, прогнозираше здружението на германските индустрии BDI во понеделникот. Активноста треба да се намали за 0,3 отсто оваа година, пресметале во BDI. Во јануари, тие проценија дека ќе се намали за 0,1 отсто. Доколку нивната прогноза се оствари, најголемата економија во Европа ќе забележи пад три години по ред. ...

-Особено очигледен е растот на бројот на пријави и предмети за дела од Глава 26 од КЗ – Кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај, вклучувајќи и Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 од КЗ, но и полесните дела од областа на сообраќајот. Раст се забележува и во бројот на примени пријави (за дури 40%), но и во бројот на поднесени обвиненија. Ова укажува на неопходноста од јакнење на казнената ...

Институтот за економија и мир го објави најновиот Глобален индекс на мир (ГПИ). Станува збор за листа на најбезбените и најнебезбедните држави во светот за 2025 година. На горниот дел од списокот, доминираат европските земји. Исланд е на врвот на листата, а од нашато поблиско соседство, Словенија е деветта, Хрватска е рангирана на 19. место, Бугарија – 29-та, Грција – 45., БиХ – 59. Косово – 63. Србија – 64-та итн. Извештајот опфаќа вкупно 163 ...

Цените на природниот гас во Европа остро паднаа во вторникот, бидејќи трговците беа уверени од знаците за намалување на тензиите на Блискиот исток откако американскиот претседател Доналд Трамп објави прекин на огнот во војната меѓу Израел и Иран. На референтната холандска дигитална берза TTF, цената на еден мегават-час гас со датум на испорака во јули падна за речиси 13 отсто на самиот почеток на тргувањето. Со гасот се тргуваше по цена од 35,30 ...

Речиси половина век откако Исламската револуција го собори од власт последниот Шах од династијата Пахлави, Иран денеска се соочува со огромен бран од жестоки напади од Израел, но и од САД, а во истовреме е под силени притисоци од внатре. Во моменти кога темелите на режимот се силно потресени, се отвора прашањето на контрастот меѓу теократијата и некогашното владеење на династијата Пахлави. Отворено се зборува со промена на режимот Ситуацијата ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави во вторникoт дека ѝ наредил на војската да го нападне Техеран откако Иран лансирал ракети кон Израел, што го нарече кршење на примирјето прогласено по 12-те дена судири кои започнаа со израелскиот напад на 13-ти јуни. „Во светлината на јасното кршење на примирјето прогласено од претседателот на САД од страна на Иран, со лансирање ракети кон Израел, и во согласност со политиката на израелската ...

Федерална судијка во понеделникот ја блокираше одлуката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го спроведе неговиот план за забрана на влез во САД за странските државјани за да студираат на Универзитетот Харвард. Алисон Бароуз, федерална судијка во Бостон, издаде привремена забрана со која го блокира најновиот обид за ограничување на можноста Харвард да прима меѓународни студенти. Привремената забрана ја продолжува ...

Денес Европскиот парламент во Комитетот за надворешни работи со широко мнозинство го усвои извештајот за напредокот на Македонија. Предлогот беше донесен од европратеникот и известувач за Македонија, Томас Вајц. Тој во својата изјава кажуваа дека е горд на упорната работа и одржување на добриот моментум. – Денес го усвоивме првиот извештај за Македонија од 2022 година во Комитетот за надворешни работи. Горд сум на целата напорна работа што беше ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (24 јуни) во Хаг, на покана на холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс ќе учествува на работната средба на министрите за одбрана на земјите – членки на Алијансата, соопштија од министерството за одбрана. На средбата организирана на маргините на Самитот на НАТО, министрите за одбрана ќе разговараат за неколку клучни теми поврзани со одбраната и тоа инвестициите во одбраната како предуслов ...

Една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, една година работа во интерес на државата и граѓаните. Една година фокус и работа во интерес на граѓаните после 7 години СДС и ДУИ кои го осиромашија народот и ја испразнија буџетската каса и го урнисаа стандардот на граѓаните, се вели во соопштението на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, отчет за една година успешна работа на владата. -Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите граѓани. ...

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА. Овие банки ќе започнат со вршење на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година. Се очекува ...

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, фалсификувана стока, дрон, регистарска табличка и документи за камп-приколка. Во два одделни случаи на граничните премини Богородица и Дојран запленети се 22 штеки цигари без акцизни маркички. • Во првиот случај запленети се 12 штеки цигари при контрола на камион-цистерна кој се пријавил за влез во државава ...

Во земја каде што две децении политичките ветувања траеја колку и кампањите, се роди глас кој ги отфрли измамите, неактивноста и институционалната исклученост. Се роди нова визија за општеството, движење кое стана надеж, сила и достоинство за Албанците во Македонија. ВЛЕН затоа што вредеше трудот на секој од нас! – велат од ВЛЕН во соопштение. „Она што започна како граѓанско будење се претвори во национално единство со моќна порака. На 8 мај во ...

Цените на акциите пораснаа за повеќе од 1 отсто на европските берзи во вторник претпладнето, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од пораката на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот меѓу Израел и Иран. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 1,4 отсто во претпладневниот пресек од тргувањето. Лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,42 отсто на 8.795 поени, додека франкфуртскиот DAX скокна за 1,81 отсто на 23.690 ...

Според спордската мрежа ESPN, минатогодишните шампиони на НБА лигата, Бостон Селтикс, се согласија на размена со Портланд Треил Блејзерс според која ќе го испратат својот ветеран Џру Холидеј во Портланд, а во замена за него ќе го добијат бекот Анферни Симонс и два пика од втората рунда на драфтот во наредните години. Триесет ипетгодишниот Холидеј минатата година потпиша четиригодишен договор со Селтикс вреден 134,4 милиони долари, а според него ...

Гитаристот на U2, шеесет итригодишниот Еџ, опиша „монументален ден“ откако стана ирски државјанин. Дејвид Хауел Еванс е роден во Есекс, Англија. Неговите родители се од Велс, но неговото семејство се преселило во Ирска кога имал само една година. Тој доби ирско државјанство во понеделникот на церемонија во Киларни, округот Кери. Околу 7.500 луѓе официјално ќе станат ирски државјани во текот настанот започнат во понеделникот и вторникот. Тој го ...

Владата на Израел објави дека се согласила со предлогот за прекин на огнот на американскиот претседател Доналд Трамп. Во соопштението, исто така, се наведува дека Израел „решително ќе одговори на секое кршење на прекинот на огнот“. Тие се согласуваат со примирјето, како што наведуваат, бидејќи „клучните цели на операцијата против Иран се постигнати“. Израелските власти велат дека отстраниле „двојна непосредна егзистенцијална закана од Иран, онаа ...

Тајландската војска ги затвори граничните премини со Камбоџа за речиси сите патници, вклучувајќи туристи и трговци, наведувајќи безбедносни причини, бидејќи тензиите меѓу двата соседа од Југоисточна Азија продолжуваат да растат поради тлеечкиот граничен спор. Влошувањето на односите беше предизвикано од краток вооружен конфликт во граничната област во кој беше убиен камбоџански војник на крајот на минатиот месец. Двете влади оттогаш објавија ...

Српското Министерство за одбрана објави дека, во согласност со упатствата на претседателот на државата, кој е и врховен командант на српската армија, извозот на оружје и воена опрема произведена во Република Србија е запрен откако Русија го обвини Белград за индиректна продажба на артилериска муниција на Украина. Соопштението од Министерството за одбрана следеше во понеделник вечерта откако Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) овојпат ...

Во вчерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, гостуваше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. По повод една година од новата Влада, тој говореше за почетоците и предизвиците со кои како Влада се соочиле во првата година од мандатот. – Наследивме една тешка ситуација. Многу потешка од тоа што навидум вака изгледаше. Еден разрушен систем во кој никој немаше никаква доверба, систем кој беше разјаден од внатре и ...

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна во претпладневното тргување во вторникот поради индициите дека америакнската централна банка би можела да ги намали каматните стапки веќе во јули, и поради смирувањето на ситуацијата на Блискиот исток. Индексот на доларот, кој ги покажува перформансите на американската во однос на другите шесте најважни светски валути, е околу 98,25 поени претпладнево, ...

Фудбалерите на Палмеирас и Интер од Мајами се пласираа во осминафиналето на Светското клупско првенство од Групата А откако ремизираа 2:2 во нивниот последен натпревар од 3-то коло во Мајами. Домашниот тим Интер беше блиску до победа за да го обезбеди првото место во групата, водејќи со 2:0 до 80. минута со головите на Аљенде (16) и Суарез (65), но Паулињо (80) и Маурисио (88) го поставија конечниот резултат во финишот. Двата тима така го ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија утринава во 5 часот и 04 минути регистрира земјотрес со епицентар во Република Албанија, на околу 158 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.5. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на земјава со интензитет од III степени според Европската ...

Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела рече дека би бил најсреќен човек на светот доколку Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент го изгласа извештајот за напредокот на Македонија, но додаде дека добил информации за нови притисоци од Софија за наводни опасности доколку извештајот биде изгласан. Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за усвојување на предлог-извештајот за напредокот на ...

На Волстрит цените на акциите значително пораснаа во понеделникот, благодарение на надежите на инвеститорите дека Федералните резерви би можеле да ги намалат каматните стапки уште во јули, па кризата на Блискиот исток падна во втор план. Индексот Dos Jones порасна за 0,89 отсто, на 42.581 поени, додека S&P 500 порасна за 0,96 отсто, на 6.025 поени, а индексот Nasdaq порасна за 0,94 отсто, на 19.630 поени. Растот на индексите е благодарение ...

Израелските служби за итни случаи објавија дека пет лица загинале а уште 20 други се поврдени во ирански ракетен напад врз јужен Израел во вторникот, неколку минути пред очекуваниот почеток на примирјето меѓу двете земји. „По ракетен напад во јужен Израел: Во оваа фаза, тимовите на MDA прогласија пет лица загинати“, објави Маген Дејвид Адом, израелски еквивалент на Црвениот крст, на X додавајќи дека осум лица се повредени. Пет лица загинаа, а ...

ОВЕН Денеска може да се појави тензија во разговор со колега или партнер, особено ако чувствувате дека не се однесуваат праведно кон вас. Вашата тактичност ќе ви помогне да ја контролирате ситуацијата, иако не се исклучени поакутни моменти. Денот е поволен за професионална промена или нов почеток. БИК Можно е некој на работното место денеска да не се согласува со вашиот предлог или мислење. Малку е веројатно дека ова ќе ве обесхрабри – напротив, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и Иран. „Израел и Иран се согласија на целосно и целосно прекин на огнот… во траење од 12 часа, по што војната ќе се смета за ЗАВРШЕНА!“, рече Трамп во објава на неговата социјална мрежа Truth Social доцна во понеделникот. „Под претпоставка дека сè ќе се одвива како што треба, како што ќе се одвива, би сакал да им честитам на двете земји, Израел ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
63%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
56%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 17ᴼ
1.54
69%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 18ᴼ
2.06
49%
1018
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.97
47%
1017
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
92%
1018
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
6.69
52%
1010
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
73%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
41%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
2.06
65%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
51%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.26
65%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048