
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Пред два дена во Скопје, на ул. Јадранска магистрала кај клучката Приштина, дошло до физичка пресметка помеѓу две групи лица, откако претходно имале недоразбирање во сообраќајот, информираа од СВР Скопје. Инцидентот се случил на 20 јуни 2025 година околу 14 часот, кога бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка во која учествувале М.В. (32), Ш.В. (46), двајцата од село Добрино и М.В. (25) од Скопје, од една страна, и Р.М. (19) и А.М. ...
Покрај сите оние проекти коишто навистина прилично амбициозно и успешно ги работи Министерството за транспорт и ЈПДП, можам да напоменам дека во моментот со завршување на вториот повик за аплицирање на проекти коишто ќе ги финансираме од државниот буџет, а се однесуваат на единиците на локална самоуправа, општините, плус оние коишто беа од првиот повик вкупно ќе имаме околу 1.200 градилишта, нешто што не се случило никогаш до сега во независна ...
Изградбата на патниот правец Гевгелија-Богданци има огромно значење за развој на регионот бидејќи поврзува неколку општини и населени места и дава силен инпут во развој на бизнисите и подобра комуникација на жителите, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на настанот по повод пуштање во употреба на патниот правец Гевгелија-Богданци, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Инвестицијата е во ...
Веќе е распишан јавниот повик за набавка на 120 електрични еколошки автобуси, а согласно Законот за јавни набавки понудите се собираат во рок од 30 дена и треба да стигнат до средината на јули, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Автобусите, како што кажа, ќе доаѓаат со станици за полнење. -Предвидено е на два автобуси да има најмалку една станица за полнење што значи дека целиот систем е добро осмислен. Се ...
На една од многубројните средби во Комората, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и сегашен премиер изјави дека, кога ќе дојдат на власт ќе бидат бизнис-ориентирани и од коморите ќе побараат да ги определат одредниците кон кои ќе се оди заеднички. На сите ни е јасно дека тоа не може да се спроведе целосно бидејќи Владата покрај кон бизнисот има сериозни обврски и кон граѓаните, но и кон меѓународната заедница за прашања кои влијаат на позицијата на бизнисот, ...
Во делот на исплатата на субвенции во сточарството, опфатени се повеќе од 4 100 сточари, а исплатени се околу 350 милиони денари, информира премиерот Христијан Мицкоски. Тој напомена дека од почетокот на годината исплатени се 9 милијарди денари, односно станува збор за долгови од 2021, до 2024 година. Мицкоски е на ставот дека земјоделците остануваат главен приоритет на Владата. -Изминатиот период беа исплатени субвенции во делот на ...
Денес во утринските часови од слобода е лишен албански државјанин. -На 22.06.2025 година во 04.35 часот во водите на Охридското Езеро, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, од слобода го лишија албанскиот државјанин К.С.(47), информира МВР. Поради постоење основи на сомнение за „Илегално преминување на државната граница“ и „Незаконит риболов“, него, судија на претходна постапка при основниот суд во ...
СДСМ ќе ја брендира својата партија, а со тоа и самиот настан како „Понижена Македонија“. Јас мислам дека конечно Фројд во полно светло работи во опозициската СДСМ, вели премиерот Христијан Мицкоски. -Таму, претпоставувам, има неколкумина кои имаат силно чувство развиено на стокхолмски синдром, кога жртвата се вљубува во ловецот, па така и тие од СДСМ, политичката партија која ја понижи и ја клекна на колена, ја опустоши и разграби Македонија, ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска апелираше до сите страни да се воздржат од понатамошни чекори и да се вратат на преговорите, откако Соединетите Американски Држави извршија напади врз три ирански нуклеарни објекти. Таа напиша на платформата Икс дека на Иран не смее да му се дозволи да развива нуклеарно оружје. „Ги повикувам сите страни да се воздржат, да се вратат на преговорите и ...
Израел уништи два ирански воени авиони и осум лансери за балистички ракети, соопштија денеска Израелските одбранбени сили (ИДФ). Според извештаите, два авиони Ф-5 се уништени утрово на аеродромот Дезфул во Иран, објавува „Тајмс оф Израел“. Дополнително, уништени се осум лансери за балистички ракети, вклучувајќи шест лансери кои биле во состојба на готовност за непосреден напад врз Израел, тврди ИДФ. Армијата соопшти дека нејзините воздухопловни ...
Филипче не смее да побара оставка од тепачот Акиов, се плаши ли дека ќе проговори за нивната врска? Дали Венко Филипче молчи и не смее да побараа тепачот од Кочани да си даде оставка од сoветничкото место, затоа што Акиов му кажал дека ќе проговори по чии насоки го направил инцидентот? – прашува Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. -Венко Филипче заедно со Зоран Заев сковаа план за дестабилизација на ситуацијата во Кочани, преку ...
Како и што најавив, проблемите ќе ги решаваме со конкретни, издржани и применливи мерки. И денешниот ден го посветуваме токму на тоа, на едно конкретно, брзо и функционално решение за еден од највидливите проблеми на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а тоа е проблемот со паркирањето, рече новиот министер за здравство Азир Алиу. -Во услови кога над 6.000 луѓе секој ден минуваат низ комплексот, а повеќе од 2.500 од нив се вработени, прашањето на ...
Вчера во 23:57 часот на регионалниот пат Крушево-Прилеп, на место викано „Врбоечко патче“, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево го лишиле од слобода Р.К.(33) од Крушево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека нема возачка дозвола и дека е под дејство на ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац ги поздрави синоќешните воздушни напади на САД врз три ирански нуклеарни објекти како историски чекор, јави ДПА, повикувајќи се на неговата изјава. „Целта на нападите врз трите ирански нуклеарни објекти беше да се гарантира дека Иран не поседува нуклеарно оружје – оружје што би ги заплашило Израел, земјите од регионот и интересите во областа на националната безбедност на САД. Алијансата меѓу САД и ...
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран, откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека американските воени авиони бомбардирале ирански нуклеарни објекти, изјави денеска официјален претставник на Алијансата. Анонимниот претставник, коментирајќи ја евентуалната реакција на НАТО и можното влијание на американската воена акција врз Северноатлантската алијанса, рече „дека ситуацијата, секако, се следи внимателно“. НАТО идната недела ...
Стелт бомбардерите Б-2 Спирит на американските ВВС беа вклучени во нападите врз нуклеарните објекти на Иран. Три ирански нуклеарни објекти беа погодени во „многу успешен напад“, изјави претседателот Доналд Трамп, додавајќи дека крунскиот бисер на нуклеарната програма на Техеран, Фордо, е уништен. Б-2 е една од најнапредните платформи за стратешко оружје на САД способен да упадне во софистицирана воздушна одбрана и да изврши прецизни напади врз ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со аплауз ја дочека американската воена офанзива врз иранските нуклеарни постројки, нарекувајќи ја „храбра одлука“ и „пресвртница во историјата на регионот“. – Честитки, претседателе Трамп. Вашата смела одлука да ги нападнете иранските нуклеарни објекти со импозантната и праведна моќ на САД ќе ја промени историјата – изјави Нетанјаху. Израелскиот премиер посочи дека САД „вечерва дејствуваа со голема сила“, ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во врска со американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни објекти денеска изјави дека постои „опасна ескалација“, оценувајќи дека сега постои „зголемен ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола, со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот“. Во својата објава на платформата Икс, Гутереш посочи дека во овој момент е потребно да се избегне спирала на насилство. ...
Коалицијата Вреди соопшти дека наредната недела на владина седница ќе биде донесен Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во јавната администрација, што според партијата претставува „историска правда“ и исполнување на суштинска точка од Охридскиот рамковен договор. Од Вреди велат дека со оваа одлука ќе заврши ерата на институционална дискриминација која, според нив, траела три децении. – Ова не е политичка ...
Поради затворање на воздушниот простор и аеродромот во Израел, македонските државјани кои се наоѓаат таму засега не можат да бидат евакуирани преку Тел Авив, соопшти денеска македонската амбасада во Израел. – Во моментов нема услови за авионска евакуација преку аеродромот во Тел Авив. Ги информираме граѓаните дека постои алтернативна морска рута од Ашдод до Лимасол (Кипар), преку компанијата „Mano Shipping“ – велат од Амбасадата. Следната ...
Поминаа веќе неколку дена од насилниот инцидент во Општина Кочани, каде што советник од советничката група на СДС со стаклено шише повреди вработена. Жената со повреди на главата заврши во Клиничката болница во Штип. Но, ова за Венко Филипче не беше доволно за тој да се огради и од неговиот советник, Аки Акиов да побара оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Ова само ги потврдува нашите сознанија кои ги соопштуваме во јавноста, дека тепачката со Советот ...
„Поради погрешни политики во минатото, денес имаме миграција на младите од село во град – го напуштаат земјоделскиот процес. Сето тоа се случува бидејќи гледаат како нивните семејства во текот на земјоделското производство немале рентабилност”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во неделното интервју за Радио Слободна Европа. „Преку новиот Закон за земјоделство и рурален развој, кој претставува ...
Министерот за правда Игор Филков во Интервју за МИА првата година од мандатот ја оценува како директна борба за враќање на основната функција на Министерството – да служи на правдата и на граѓаните. Реформите вели дека ќе се случат, не поради тоа што некој од надвор така бара, туку затоа што граѓаните го заслужуваат тоа, нагласувајќи дека тоа значи крај на заштитени привилегии и почеток на вистинска правна еднаквост. „Динамиката на спроведување ...
Реакции на светски лидери по нападот на САД врз цели во Иран: ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОН, АНТОНИО ГУТЕРЕШ, ИЗЈАВА „Сериозно сум вознемирен од употребата на сила од страна на САД против Иран. Ова е опасна ескалација во регион кој е веќе на работ – и директна закана за меѓународниот мир и безбедност. Постои растечки ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола – со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот. Ги повикувам ...
Најмалку 11 лица се повредени во новиот ирански ракетен напад врз Израел изутринава, јави ДПА, повикувајќи се на израелските спасувачки служби. Имало најмалку 10 директни ракетни напади, вклучително и во централен Израел, соопшти израелската армија. Силни експлозии се слушнале во крајбрежната метропола Тел Авив. Израелската армија соопшти дека локалните жители веќе можат да ги напуштат засолништата. Тимови за итно пребарување и спасување беа ...
СДС и Филипче продолжуваат да работат во интерес на нивниот вистински лидер Заев, откако кандидати за градоначалници станаа децата на Заев, кои во негово време беа трет и четврт ешалон во партијата. СДС и Филипче слепо го слушаат нивниот ментор и сè уште тој им ја води партијата и си става луѓе на позиции кои него му одговараат за да има контрола врз нив, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Со овие кандидати за градоначалници, Заев покажува дека СДС и ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро го осудува обидот на в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за оцрнување на стручноста и професионалноста на АХВ и нејзините вработени инспектори, преку социјалните мрежи глумејќи инспектор во угостителски објекти, за кои тврди дека се дивоградби. -Професионално, АХВ не навлегува во ингеренциите на други иституиции, но, за наводите на в.д. градоначалникот во однос на работењето ...
Врховниот водач на Иран, ајатолахот Сајед Али Хамнеи, наводно презел мерки на претпазливост во случај на обид за атентат врз него, според плановите што ги правел Израел, објави американскиот весник The New York Times (NYT) во саботата. Повикувајќи се на неименувани ирански претставници, NYT објави дека врховниот верски и секуларен лидер на Иран именувал тројца можни наследници во случај да биде убиен од Израел. Минатата недела двајца американски ...
Иран очекуваше напад врз нуклеарниот објект во Фордо, па затоа евакуираше, не е нанесена неповратна штета на објектот, изјави советникот на претседателот на иранскиот парламент Мехди Мохамади на социјалната мрежа X, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови удари врз Иран. По неколкудневно размислување, одлуката на Трамп да се придружи на воената кампања на Израел против Иран го интензивираше конфликтот.ме. Соединетите ...
Сoeдинетите држави користеа бомби за уништување бункери и крстосувачки ракети „Tomahawk“ за да ги погодат клучните ирански нуклеарни инфраструктурни објекти, објави Fox News. Според нивните податоци, од пет до шест моќни бомби биле фрлени од „невидливите“ бомбардери „В-2“ врз тајниот подземен комплекс во Фордо иако претходно се претпоставувало дека две ќе бидат доволни. Телевизискиот канал тврди дека „нуклеарните амбиции на Иран се официјално ...