Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се наоѓа првата група од 45 повредени лица од пожарот во клубот „Пулс“. Со нив работат лекари специјалисти од Клинилата за пластична хорургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип, кои кои им овозможуваат соодветна медицинска нега и физиотерапевтска терапија. -Престојот на повредените им годи, без разлика на забелешките што ги имаше, овде нема комарци, а ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека никој не треба да ги зголемува цените на нафтата и нагласи дека ја следи ситуацијата, а апелираше и до Министерството за енергетика на САД да продолжи со потрагата по сопствени нафтени ресурси. „Сите, држете ги цените на нафтата ниски. Јас ве гледам! Не сфаќате дека она што го правите му користи на непријателот. Не го правете тоа“, напиша Трамп на мрежата Truth ...

Кавадаречката полиција поднела кривична пријава против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја, како и против две лица од Струмица, поради сомнеж дека ги откупиле кабелот и бакарот. За ова попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи Велес. ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднело кривична пријава против шест млади лица, сите од село Марена, кавадаречко. – Пријавата е поради ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани отпатува во Брисел по повод потпишување на Меѓународната спогодба за учество на Република Македонија во Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ (Citizens, Equality, Right and Values – CERV), соопштија од Министерството. Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“, појаснуваат од Министерството, нуди структурна поддршка за подобрување на ...

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната 33 седница ги усвои Предлог законите за вработените во јавниот сектор, за административни службеници и за стручно усовршување и обука на административните службеници во прво читање и ги даде на понатамошна собраниска постапка. Министерот Горан Минчев во своето обраќање од говорницата ги образложи Предлог законите пред присутните членови на Комисијата. Тој рече дека промени во ...

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи за очекувани повисоки максимални дневни температури од утре до 27 јуни, Институтот за јавно здравје попладнево повика на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи на население во услови на високи амбиентни температури. – Покрај другите, за ранливи категории на луѓе се сметаат лицата кои работат во надворешни услови и се повеќе изложени на ...

На покана на Генералниот секретар на НАТО, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе учествува на Самитот на НАТО во Хаг, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. На првиот ден, министерот Муцунски ќе учествува на работната вечера во форматот Совет НАТО–Украина, заедно со министрите за надворешни работи на земјите членки, украинскиот министер Андреј ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со претставници на Програмата за развој на трговското право при Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави (CLDP) и на Амбасадата на САД во Република Македонија, на која што беше истакната заедничката заложба за унапредување на правната рамка и подобрување на инвестициската клима во Македонија, соопштија од Министерството. Во рамки на средбата било ...

Русија е подготвена да го снабдува Мексико со течен природен гас (LNG) и да споделува технологија за енергетскиот сектор, изјави министерот за енергетика Сергеј Цивилев на бизнис форум во Санкт Петербург. „Имаме одлична технологија за течен гас и сме подготвени да ја споделиме, но и да го снабдуваме Мексико со течен гас“, рече Цивилев во саботата на брифинг за странски новинари на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Мексиканската ...

Иран одобри 10 милијарди долари странски инвестиции во текот на пролетта, објави новинската агенција Mehr, повикувајќи се на Обединетите Арапски Емирати, Турција и Кина како инвеститори. Иранскиот Комитет за странски инвестиции одобри 83 предлози за странски инвестиции во вкупна вредност од 1,5 милијарди долари на својот последен состанок, објави Mehr, без да го наведе датумот на состанокот. Со ова, вкупната вредност на одобрените странски ...

Амбасадата на САД во Катар во понеделник испрати е-пошта до граѓаните на САД во Катар со која ги советува да останат дома до натамошно известување. Во пораката се вели дека советот е „мерка на претпазливост“ и не се даваат дополнителни информации. Катарските власти соопштија дека безбедносната ситуација во земјата е стабилна по пораката од амбасадата на САД. Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Маџед ал-Ансари, изјави дека ...

Во Берово денеска беа одбележани 24 години од смртта на загинатите бранители во воениот конфликт 2001 година. Свежо цвеќе од страна на повеќе делегации беше положено пред спомен обележјето на бранителите Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, кое пред 4 години во нивна чест го подигна Општина Берово. Спомен обележјето е подигнато на иницијатива на претставници од Батаљон за врски Скопје, единицата која го ...

Израелската армија го нападна затворот Евин во иранската престолнина Техеран, објави во понеделникот кабинетот на министерот за одбрана Израел Кац, како и пристапните патишта до нуклеарната централа Фордо, кои беа оштетени од американската армија во неделата навечер. Кабинетот Кац соопшти дека нападите биле насочени кон затворот „за политички затвореници и противници на режимот“, покрај „неспоредливите“ напади врз дополнителни „цели на режимот и ...

Во моментов во земјава имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба да биде поголем од 800. Законот јасно вели дека на 1500 жители треба да има по еден пожарникар. Не постои тренинг центар за обука за новите и старите пожарникари. Дел од пожарникарите работат со стари возила и стара опрема. Сите треба да се организираме и да ја направиме оваа ситуација да биде подобра бидејќи луѓето ...

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ потпиша договор со кинески партнери за изградба на станица за складирање енергија долж електричната мрежа во Шангај, објави кинеската новинска агенција Xinhua. Договорот вклучува инвестиција од четири милијарди јуани (околу 556 милиони американски долари) и го означува проширувањето на „Tesla“ на растечкиот пазар за складирање енергија во Кина, отворајќи го патот за поврзување на идниот ...

Започна уште еден значаен инфраструктурен зафат на територијата на општина Кисела Вода. Улицата „Киро Фетак“, дел од регионалниот пат Р-1106 кој ги поврзува општините Кисела Вода, Аеродром, Зелениково и Студеничани со автопатот, добива нов асфалт, тротоари и рабници. Дополнително, се врши и санација и проширување на мостот кој долго време претставуваше опасна сообраќајна точка. Проектот се реализира по апликација на Општина Кисела Вода до ...

Рускиот претседател Владимир Путин му рече на министерот за надворешни работи на Иран во понеделник дека нема оправдување за бомбардирањето на неговата земја од страна на САД и дека Москва се обидува да му помогне на иранскиот народ. Путин го угости иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во Москва два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп испрати американски бомбардери да нападнат три големи ирански нуклеарни постројки. ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека за утре е потврдена евакуација на четири лица, односно едно семејство (мајка и три деца). Местата се обезбедени преку израелското министерството за транспорт на Израел, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел. Летот е планиран од Тел Авив до Атина. Согласно оваа, како и претходната евакуација реализирана со владин ...

Москва решително го осудува терористичкиот чин извршен за време на неделната миса во црквата „Мар Елијас“ во Дамаск и стои со Сирија додека таа тагува по оваа трагедија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Одлучно го осудуваме овој гнасен терористички напад во кој загинаа апсолутно невини луѓе. Им изразуваме сочувство на семејствата на убиените и им посакуваме брзо закрепнување на повредените“, ...

Нападната е американската воена база во покраината Хасака во североисточна Сириј, објави во понеделникот иранската новинска агенција Mehr, повикувајќи се на извори. „Извори изјавија дека цел на нападот била американска воена база во областа Касрук во западната сириска покраина Хасака“, се вели во извештајот. Агенцијата не прецизира кој ја нападнал базата. Засега нема потврда од американската војска. Американска воена база во близина на градот ...

Лидерите на НАТО ќе се соберат утре на дводневен самит во Хаг, каде што се очекува да се донесе одлука за зголемување на трошоците за одбрана и безбедност на земјите-членки на Алијансата од сегашните два проценти на пет проценти од БДП. Зголемувањето би вклучувало зголемување од 3,5 проценти за одбраната и дополнителни 1,5 проценти за одржување на инфраструктурата поврзана со одбраната, како што се подобрувања на патиштата, мостовите, ...

Руската војска изврши голем удар врз голем број украински воени објекти во регионот на Киев во текот на ноќта, објави руското Министерство за одбрана во понеделник. Министерството изјави дека нападот е извршен со употреба на високопрецизно оружје и беспилотни летала. Нападите биле насочени кон воено-индустриските капацитети на Украина, како и кон инфраструктурата на воениот аеродром и арсеналот на минско-торпедо оружје на украинската морнарица. ...

Лондонската метрополитенска полиција апелираше за информации откако виолина вредна повеќе од 150.000 фунти (175.000 евра) е украдена од паб во областа Ислингтон. Инструментот, кој му припаѓа на член на Лондонскиот филхармониски оркестар, наводно бил украден од пабот „The Marquess Tavern“ на улицата Канонбери на 18-ти февруари. треисетгодишната жртва ја пријавила кражбата истата вечер, соопшти полицијата. Претходно беше објавено дека Давид Лопез ...

Косовското Собрание не успеа да се конституира ниту во 36-тиот обид поради недостиг на доволно гласови за гласањето за претседател на законодавниот дом, јавува Анадолу. Претседавачот со седницата, Авни Дехари, на 1 мај предложи создавање ад-хок комисија за тајно гласање за позицијата претседател на Собранието, но сите парламентарни групи, освен Движењето „Самоопределување“, не го поддржаа нејзиното формирање. Од 91 пратеник присутни во салата, ...

Предлог-измените на Законот за туристичка дејност во прво читање го поминаа комисискиот филтер во матичната Комисија за култура и туризам. Членовите на Комисијата дадоа поддршка на предложените измени и ги проследија на понатамошно читање. Со предложените измени се укинува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што вработените и се останато преминува под надлежност на Министерството за култура и туризам. Со измените, меѓу другото, се ...

Иран му се закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе изврши терористички напади во САД доколку нареди напади врз нуклеарните постројки на Иран, објави во неделата NBC News, повикувајќи се на два извори. Иран наводно му се заканил на Трамп на самитот на Г7 претходно овој месец и предупредил дека Исламската Република би можела да активира „скриени ќелии“ од внатрешноста на САД. Дополнително, Ебрахим Золфакари, портпарол на ...

Цените на гасот во Европа се зголемија во понеделникот по американскиот напад врз Иран, што ги поттикна стравувањата од затворање на Ормутскиот теснец. На референтната холандска дигитална берза TTF, мегават-час гас за испорака во јули се тргуваше по 42,44 евра на почетокот на тргувањето во понеделникот, што е највисоко од почетокот на април. Цената се стабилизираше во текот на претпладневтонот тргување и со мегават-час гас се тргуваше по 41,23 ...

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ: Една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, една година посветена работа во интерес на државата и граѓаните. Година на големи предизвици со наследена економија фрлена на колена, држава на раб на банкрот, уништени институции. Не беше лесно, но со посветена и макотрпна работа, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи кога приоритет ти се државата и граѓаните. Прво што се направи, се запре слободниот пад на економија и ...

Берзанските индекси паднаа на европските берзи во понеделник претпладнето, бидејќи инвеститорите не се склони кон поризични инвестиции поради ескалацијата на кризата на Блискиот Исток. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,3 отсто во првиот пресек од тргувањето. Во исто време, лондонскиот индекс FTSE ослабе за 0,13 отсто, на 8.765 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,21 отсто, на 23.300 поени, а парискиот CAC за ...

Во американските напади врз три ирански нуклеарни локалитети (Фордоу, Натанц, Исфахан) на 22 јуни, се користеа бомбардери Б-2 со скриени бомби со масивни пенетратори на муниција, заедно со ракети Томахавк, испалени од подморници на морнарицата. Претседателот Трамп ја опиша штетата како „монументална“. Според „Вашингтон пост“, сателитските снимки потврдуваат дека влезовите на тунелите и засолништата биле оштетени или исполнети со земја, урнатини, ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
49%
1016
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
44%
1015
weather icon

Загреб

28ᴼ / 24ᴼ
0.51
50%
1016
weather icon

Софија

26ᴼ / 24ᴼ
1.54
31%
1019
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.35
39%
1017
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
76%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
5.36
48%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
47%
1013
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
27%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
47%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
1.34
47%
1015
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
11.83
44%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048