Нека овој светол и благословен празник донесе топлина во срцата, мир во домовите и надеж за секој нов ден. Божик нè потсетува дека љубовта, почитта и човечноста секогаш треба да стојат на прво место, порача коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ) во својата божикна честитка. „Во овие празнични денови да се потсетиме дека јазиците што ги зборуваме македонскиот, албанскиот и сите други не се ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат. Среќен Божиќ! ...

Политичката коалиција ВЛЕН упати честитка до верниците по повод големиот христијански празник Божиќ, со порака за мир, заедништво и меѓусебна почит. Во честитката се наведува дека Божиќ е светол и благословен празник кој треба да донесе топлина во срцата, мир во домовите и надеж за секој нов ден, потсетувајќи дека љубовта, почитта и човечноста треба секогаш да бидат на прво место. Од ВЛЕН нагласуваат дека празниците се можност за обединување ...