Никогаш порано во Европскиот парламент не се зборувало гласно и не се спомнувало во европски извештај за македонски идентитет и јазик. Првпат во изминатите 34 години идентитетот и јазикот се дел од извештај на известител за Македонија. Среќен сум што тој извештај го помина првиот филтер во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) и тоа ќе остане во институционална меморија на ЕП, и тоа не беше едноставно да се направи, изјави премиерот Христијан ...

По пожарот што денеска зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост. -Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот ...

Попладнево во Општина Ѓорче Петров, делот кај Волково го зафати пожар, веројатно намерно предизвикан, а истиот потоа се префрли од другата страна на реката Лепенец, во атарот на населеното место Бардовци, велат од Општина Карпош. Противпожарните екипи го локализираа пожарот, но густ црн чад и натаму се шири во околината и ветерот го носи во целост врз населеното место Бардовци. -Дополнително ова населено место е во опасност од густ црн чад од ...

Премиерот Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ на телевизија Сител истакна дека нема да има данок за неженети и немажени, туку целта е да има дебата, да се крене свесноста и додаде дека Владата ќе има мотивирачки мерки и субвенции, мора да се работи за наталитетот, затоа што Македонија тивко умира. – Желбата беше да се крене свесноста за овој проблем кој е сериозен и се стреми да стане катаклизмичен за иднината на државата и нацијата. Има ...

Британецот Ландо Норис во болидот на Мекларен победи на трката за Големата награда на Велика Британија на патеката во Силверстоун, 12-та делница од Светското првенство во Формула 1. Норис ја оствари осмата победа во кариерата, четврта оваа сезона пред клупскиот колега Австралиецот Оскар Пјастри, додека Германецот Нико Хулкенберг во болидот на Заубер го освои третото место и својот прв подиум во кариерата. Британецот Луис Хамилтон остана на ...

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за телевизија „Сител“ изјави дека сочувствува со семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани и дека му простува на родителот кој, под влијание на болката, го навредувал пред камери. „Сочувствувам со нивната болка. Трагедијата беше страшна и не задеси по само осум месеци од преземањето на власта. Она што го направивме досега, ретко кој го направил – денес добив информација дека и ...

Тешко повреден возач од радовишко кој излетал од регионалниот пат Штип- Радовиш. -Денеска околу 00,11 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Штип – Радовиш, патничко возило „БМВ 320“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(31) од село Дамјан, радовишко, излетало од патот, информира МВР. Во несреќата А.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР ...

„Македонската интервентна пожарна, еве така да ја наречеме оваа единица, денес делуваше многу импресивно и мотивирачки. Денес се случи комплетна пренамена на полициските и армиски „БТР 80“, „Хермелини“ и „Пинцгауери“ кои беа управувани од луѓе кои се вешти од МВР и Армијата. На сите тие возила им е вграден различен резервоар, во зависност од статиката на возилото, да не дојде до изместување на тежиштето и да не дојде до превртување. Работеа ...

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека има понуди за финансирање на изградбата на брзата пруга на Коридорт 10, за кои рокот за доставување завршува утре. Да, има, рече Мицкоски, во гостување на ТВ Сител, порачувајќи дека пругата ни е потребна веднаш затоа што ќе останеме изолирани ако не ја изградиме и модернизираме. Министерсвото за финансии има испратено барање за понуди до 24 банки за финансирање на изградба на брзата пруга на Коридорот ...

Пред неколку дена, Владе Дивац беше отпуштен од болницата каде што беше опериран на колкот. Неговата сопруга, Ана Дивац, сега се огласи и објави фотографија со својот сопруг на својот Инстаграм профил, каде што нагласи дека ова е нивното прво заедничко кафе надвор по операцијата. – Прво кафе надвор по операцијата. Тој е моето сè. Ви благодарам на сите луѓе за вашата љубов, грижа и поддршка. Тоа многу ми значи – напиша Ана во описот на ...

Бројот на жртвите од катастрофалните поплави во Тексас се искачи на најмалку 67 во неделата, вклучувајќи 21 дете, додека трет ден по ред продолжува потрагата по исчезнати девојчиња од летен камп. Лари Леита, шерифот на округот Кер во регионот Тексас Хил Кантри, епицентарот на поплавите, изјави дека бројот на жртви се искачил на 59, вклучувајќи 21 дете. Леита рече дека исчезнатите се 11 девојчиња и водач на летен камп во близина на реката ...

Пожар избувна попладнево во населбата Даме Груев кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја. Пожарот претставуваше опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата, информираат од ЦУК. Веднаш беше пристапено кон евакуација на пациентите и персоналот, кои беа безбедно изнесени надвор од кругот на болницата. Центарот за управување со ...

Сигурен сум и убеден дека Орце Ѓорѓиевски ќе биде идниот градоначалник на Скопје, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски во гостување на ТВ Сител. – Го познавам Ѓорѓиевски декада и половина имајќи ја предвид нашата разлика во возраста мислам дека е сосема доволен период да го научам Ѓорѓиевски и неговиот карактер, амбиција, желба, начионот на функционирање и работа итн, што е комплетно различно од оној случај во 2021 година кога се обидувавме ...

Во гаснење на пожарот што избувна попладне на патот кон граничниот премин Блаце интервенира хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, а сообраќајот на патот кон преминот се одвива наизменично, информираа од Центарот за управување со кризи и АМСМ. „Директорот на ЦУК Мухамед Али, од терен ја координира акцијата за справување со пожарот. По пријава на бројот за итни повици 112 за пожар на непристапен терен пред тунелот, од десната страна на ...

Новинарката Валентина Базерко почина вчера на 62-годишна возраст. Базерко ја започна новинарската кариера во весникот „Млад борец“, а потоа се истакна со својот глас на Македонското радио, каде работеше со децении. Таа беше дописник од странство, сведок на настани и глас што секогаш се бореше за правдата и достоинството на професијата. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразувајќи сочувство по повод смртта на Базерко, посочува дека ...

Прпарим Авдили е номиниран од одборот на Либералната партија (ФДП) за градоначалник на Цирих. Самиот Авдили ја објави веста преку статус на социјалната мрежа Фејсбук. Во својата објава, Авдили посочува дека потекнува од семејство на имигранти од Кумановско, но оти пораснал во Цирих. – Пораснав во Цирих, дете на имигрантско семејство. Одев на училиште во Алтштетен и Албисриден и сè уште редовно играм фудбал со моите пријатели во соседството. Го ...

Денеска се одбележуваат седум години од смртта на македонскиот поп пејач и актер Влатко Илиевски (33). Илиевски на 6 јули во 2018 година во вечерните часови беше пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“. Својата кариера ја започна во почетокот на 2000-те и се стекнa со голема популарност ширум македонската публика. Изведуваше музички композиции со поп и рок елементи. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во ...

Американскиот министер за финансии Скот Бесант денеска објави дека драстично зголемените американски царини ќе стапат во сила на 1 август, пренесува Бета. Тие беа објавени на почетокот на април, а потоа привремено суспендирани додека се во тек преговорите со засегнатите земји. Само оние држави кои ќе постигнат договор со САД во наредните денови ќе бидат ослободени од новите царински давачки. Како термин за воведување на овие „казнени тарифи за ...

Јавниот повик за финансиска поддршка за пензионерите од Општина Бутел е продолжен до 13 јули. Како што информираат од локалната самоуправа, право на финансиска поддршка можат да остварат граѓани што имаат постојано живеалиште на територијата на Општина Бутел, како и приматели на старосна, семејна или на инвалидска пензија чиј износ не е повисок од 21.909 денари. Јавниот повик е отворен од 19.6.2025 година. – Исплатата ќе биде на принципот „прв ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на утре, ќе оствари работна посета на Хаг, Кралство Холандија. За време на посетата, Муцунски ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Каспар Велдкамп. -Централни теми во разговорите ќе бидат напредокот, развојот и перспективите на севкупните билатерални политички и економски односи со Холандија, како и иднината на процесот на ...

Шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди е нов играч на лондонски Арсенал со кого потпиша повеќегодишен договор, објави во неделата англискиот вицешампион во последните три сезони. Арсенал не ги откри ниту финансиските детали од договорот, но британските медиуми објавија дека 26-годишниот играч од средниот ред на Реал Сосиедад имал ослободувачка клаузула од 60 милиони евра вградена во неговиот договор. Зубименди имаше договор со баскискиот ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денеска присуствуваше на презентацијата на националната македонска интервентна пожарна која се одржа на армискиот полигон Криволак. Јанев истакнува дека уникатен состав од борбени возила на полицијата и армијата од денеска повторно се ставени во служба на државата. -Овие возила, кои со години беа оставени на маргините, нефункционални и заборавени, вратени се во живот благодарение на ...

Разговорите со ЗНАМ за настапот на локалните избори се водат во прилично конструктивна атмосфера, кога ќе имаме конкретни детали ќе ги соопштиме во јавноста, вели премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, посочувајќи дека е логично да продолжи и соработката со останатите коалициски партнери Вреди за претстојните локални избори. -Разговорите со ЗНАМ се водат во прилично конструктивна атмосфера, ќе има или Коалицијата предводена од ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на полигонот Пепелиште присуствуваше на промоција на 43 специјални транспортни возила пренаменети за справување со пожари и презентација на нивната противпожарна моќ кои ќе бидат користени во гаснење на пожарите. -Македонија добива „Македонска интервентна пожарна“ од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите. Се работи за 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер ...

Првата група од 45 лица кои се повредени во трагичниот настан во Кочани ја заврши првата фаза од нивната рехабилитација во одморалиштето на МВР на планинскиот центар Пониква. На почеток на следната недела ќе пристигне нова група, која ќе добие двонеделна медицинска нега и физикална терапија, информира Министерството за здравство. „Со цел да се овозможат оптимални услови за овој процес на рехабилитација, Министерството за здравство апелира до ...

Рускиот тенисер Карен Качанов (АТП-20.) е првиот четвртфиналист на овогодинешниот Вимблдон, а за место меѓу осумте најдобри на третиот Гренд-слем турнир во сезоната, го победи Полјакот Камил Мајхшак (АТП-109.) со 6-4, 6-2, 6-3 во меч кој траеше еден час и 47 минути. За 29-годишниот московјанец, ова е второ четвртфинале на „Ол Ингланд Клаб“, а шесто вкупно на Гренд-слем турнирите, каде што неговиот најдобар резултат е полуфинале (УС Опен 2022 и ...

„Градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси! За решавање на сообраќајот и намалување на загадувањето! Ова се три крупни проекти, историски би рекол, кои координирани од премиерот Христијан Мицкоски и во соработка со новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе ги реализираме“, напиша на Фејсбук министерот за транспорт Александар Николоски отккао денес градоначалникот на Кисела Вода беше промовиран за кандидат за градоначалник на ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати барање за воздухопловна поддршка до МВР, по добиена пријава преку бројот за итни повици 112. Градоначалникот на Општина Чучер Сандево пријави пожар на бројот за итни повици 112 над магистралниот пат Скопје – ГП Блаце, пред тунелот од десна страна. -Пожарот се наоѓа на непристапен терен, поради што екипите на БППЗ не се во можност да интервенираат од копно. Пожарот е со голем интензитет, а силниот ветер ...

Далај Лама го прослави својот 90-ти роденден во недела, меѓу други протерани Тибеќани, во будистички храмски комплекс во Дарамсала во северна Индија, среде шпекулации за тоа кој ќе го наследи. Меѓу гостите беа претставници од индиската влада, како и холивудската ѕвезда Ричард Гир, долгогодишен застапник за правата на Тибет. Прославата вклучуваше настапи и говори. Далај Лама рече дека неговата мисија е да му служи на својот народ и да ги шири ...

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%. „Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
95%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1018
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
63%
1013
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.7
87%
1013
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
75%
1017
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
94%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
88%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
5.14
92%
1013
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 10ᴼ
1.34
79%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1016
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948