Зградата на Собранието на Косово денеска беше евакуирана по наредба на обезбедувањето, непосредно пред почетокот на 42-то продолжение на конститутивната седница. Пратениците кои беа во салата веднаш заминаа од парламентот, додека во исто време новинарите кои требаше да ја следат седницата беа замолени да ја напуштат зградата. Според поранешниот претседател на парламентот Гљаук Коњуфца, обезбедувањето било информирано дека добиле телефонска ...

Идеологот на Филипче и СДС, Фрчкоски, со тешка навреда кон македонскиот народ, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. -Фрчкоски кој е еден од идеолозите на СДС, јавно на телевизиска емисија го навредува македонскиот народ со зборовите, цитирам: “Ако зборуваме за Македонците со три пива пред гранап, Македонци кои ништо не направиле за својата држава”. Ова го кажа професорот Љубомир Фрчкоски на телевизија кон ...

Кандидатите на СДС за градоначалници се истите веќе два изборни циклуси, тоа е доказ дека Заев ги одбира, Филипче ги констатира, рече на денешната прес-конференција Јане Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ. -Заев преку Филипче и СДС, сака да не врати во едно темно минато, кое беше исполнето со неуспешни градоначалници, кои ќе останат запаметени по своите скандали и неработа. Градоначалниците на Заев и денес ќе бидат на гласачките ливчиња, благодарение на ...

Два мандати на локална власт во Општина Богданци се потрошени залудно, години наназад гледаме само застој, негрижа и неодговорност, еве неколку примери за тоа, рече на денешната прес-конференција, Анила Роглева, од ВМРО-ДПМНЕ. -Во општина Богданци со буџетски средства за замена на водоводна мрежа се прекопаа буџетските средства потрошени за реконструкција на улици веднаш по завршувување на нивната реконструкција. 20 милиони денари се потрошија ...

Возачот на мотоцикл „Кавасаки“ кој на 24 јуни усмрти пешак на скопскиот Кеј, а потоа побегна од местото на несреќата без да укаже помош, наместо во истражниот затвор „Шутка“ ќе ги чека резултатите од истрагата во домашен притвор. Таква одлука донесе судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, кој не го прифати предлогот на обвинителката за определување мерка ефективен притвор, дознава „Скопје 1“. Од Јавното обвинителство ...

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во Тексашкиот ридски округ се искачи на 24 во петокот навечер, соопштија властите, додека потрагата по повеќе од 20 лица исчезнати од летен камп за девојчиња продолжи во текот на ноќта. Водата од поплавената река Гвадалупе се спушти во округот Кер и други области околу 4 часот наутро во петокот по обилните дождови во текот на ноќта, соопштија властите. Според извештаите, телата се пронајдени во ...

За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој на ...

Градоначалникот на Oпштина Гази Баба, Бобан Стефковски, преку својот профил на социјалните мрежи се обрати до граѓаните по однос на проблемот со недостатокот на вода за пиење. Како што пишува Стефковски, населените места Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто се оставени без вода за пиење поради недостаток на колични на вода. Во услови на екстермно високи температури, ваквата состојба е не само недозволива, туку и срамна. Ги ...

Пред вечерашниот полуфинален дуел од Светското клупско првенство, англиската ѕвезда на Реал Мадрид, Џуд Белингем, беше ставен во необична ситуација , наместо прашања поврзани со натпреварот против Борусија Дортмунд, доби молба да ја прокоментира ситуацијата со Нико Вилијамс. Иако Вилијамс нема никаква поврзаност со „кралскиот клуб“, Белингем мораше да одговори на новинарско прашање кое очигледно го изненади. „Не ми е грижа за тоа. Тоа нема ...

Русија со беспилотни летала ноќеска извршила напади на повеќе локации во источна Украина, а украинските сили возвратиле со удари на руска територија, пренесува ДПА. Во рускиот напад врз јужниот регион Херсон се повредени единаесет лица, објави регионалниот гувернер Олександар Прокудин. Гасовод, бензинска пумпа, автосервис и приватни возила се оштетени во нападите, напиша Прокудин на Телеграм. Во источниот украински град Чугуив, најмалку три лица ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време. Потврди дека има наредба од јавен обвинител и се постапува. Тој на прес-конференција во Владата за резултатите од првата година од мандатот истакна дека за разлика од претходно сега имало неселективна и бескомпромисна борба против секој кој се огрешил пред законот. -За разлика од ...

Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул веќе се во Португалија за да присуствуваат на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кој започнува утрово во 11:00 часот. Поранешните ривали на Жота од Премиер лигата, исто така, пристигнаа во градот Гондомар, вклучувајќи ги Бернардо Силва, Бруно Фернандеш и Диого Далот. Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, беше придружуван од менаџерот Арне Слот и соиграчите Алексис Мекалистер, Конор ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео за изградбата на експресниот пат Градско- Прилеп и неговите придобивки. „Го изградивме експресниот пат Градско – Дреново – Фариш (Прилеп) Ветивме пред граѓаните на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Могила, Новаци, Кривогаштани и цел Тиквешки регион дека ќе изградиме модерно и безбедно патно решение и овој експресен пат е одговор на тоа што го ...

Во изминатата година разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата. Ова е доказ дека државата си ја враќа силата и нема да толерира никакво насилство, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во Владата на која ги презентира резултатите на МВР и сработеното во изминатата година. Владата и МВР, ...

Александар Бузлевски е повторно еден од пропаднатите партиски експерименти предложени од Заев, а секако прифатени од Филипче, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. -Иако кандидатот за Ресен се претставува како ново лице, јасно е дека зад него стои загарантиран локален пораз. Бузлевски беше назначен за директор на Националниот парк Галичица во време на владеењето на СДС, кој исто така функцијата не ја вршеше на зададеното ...

Дијана Илиевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во синоќешниот поткаст ,,ВМРО-ДПМНЕ зборува“. Илиевска истакна дека ребалансот на Буџетот, вклучува зголемени приходи и капитални инвестиции, а се обезбедуваат средства за повисоки плати, пензии, образованието и здравството. Таа посочи дека ова не се само ветувања, туку конкретни одлуки кои ќе ја подобрат инфраструктурата, животниот стандард и ќе поддржат најранливите категории на граѓани. ...

Управата на англискиот фудбалски великан Ливерпул ќе направи голем гест и на семејството на трагично починатиот Диого Жота ќе му биде исплатен целиот преостанат износ од неговиот двегодишен договор. Веста ја пренесе португалскиот весник „Рекорд“, потенцирајќи ја големината на гестот на клубот од „Енфилд“. Со оваа постапка, Ливерпул испраќа силна порака на поддршка и сочувство кон семејството на Жота, кој зад себе остави сопруга и три деца. ...

Лажните известувања за ресетирање на лозинката претставуваат сериозна закана за сите корисници. Експертите за сајбер безбедност предупредуваат дека хакерите сè повеќе ја користат тактиката на лажни известувања за ресетирање на лозинката за да добијат пристап до нечија сметка на Google, вклучително и Gmail. Овие напади може да изгледаат како да доаѓаат од официјални извори – преку е-пошта, СМС-пораки или апликации за автентикација – но нивната ...

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја наследи Македонија со целосно уназадена дигитализација. Наместо за седум години власт на СДС да ги унапредуваа дигиталните услуги, тие како да сакаа државата да ја вратат децении назад, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. -Но, за една година Влада, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи напорно во интерес на државата и граѓаните и почна да ги гради темелите за дигитална трансформација на Македонија. Со ...

Милитантната група Хамас вели дека им доставила „позитивен одговор“ на посредниците за најновиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на заложниците, предложен од САД, јавува Би-Би-Си. Во соопштението се додава дека Хамас е „сериозно подготвена веднаш да влезе во рунда преговори“. Сè уште не е потврдено дали групата ќе ги прифати предлозите. Порано во петокот, 4 јули, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на церемонија на отворено по повод Денот на независноста што личеше на неговиот политички митинг. Со воени авиони во воздух и стотици поддржувачи зад себе, Трамп го потпиша законот еден ден откако Претставничкиот дом, во кој доминираат републиканците, го одобри со тесно мнозинство. Законот, кој би ги направил и ...

Голема гужва се создаде утрово на граничниот премин „Богородица“, каде што за излез од Македонија и влез во Грција се чека и до еден час. Метежот се зголемува од минута во минута, а колоните возила се видливи и на снимките од безбедносните камери поставени на преминот. Зголемената фрекфенција е резултат на претстојниот викенд, кога голем број граѓани одлучуваат да го искористат времето за патување кон грчките летувалишта. Најмногу возила има со ...

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) казни неколку клубови поради непочитување на прописите поврзани со финансискиот фер-плеј. Барселона, Челзи, Астон Вила, Рома, Лион и Хајдук Сплит не ја избегнаа казната од УЕФА за нерегуларности во работењето. На хартија, најлошо мина Челзи, кој ќе мора да плати 20 или 31 милион (во овој момент не е познато која од тие две суми), како и уште 60 милиони условно. Нивниот ривал од Премиер лигата, Астон Вила, ...

Европската Унија сѐ уште не успеа да оствари прогрес во трговските разговори со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а крајниот рок што го постави Белата куќа за нов договор завршува на 9 јули. И покрај напорите во Вашингтон, преговарачите не успеале ниту да се приближат до неофицијален договор, па се обмислува продолжување на моменталната состојба, со цел да се избегне автоматско зголемување на давачките, изјавија денес ...

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, се предаде на Судот на Босна и Херцеговина во Сараево во петокот, откако му се спротивставуваше повеќе од три месеца и веднаш беше испрашуван во случајот „напади врз уставниот поредок на БиХ“. Како резултат на тоа, му беше укината претходно изречената мерка притвор. Според достапните информации од Судот на БиХ, Додик пристигнал на сослушување во придружба на својот адвокат, откако три ипол месеца беше ...

Македонскиот извоз во мај, годинава, пораснал за фантастични 23,44 отсто, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, пренесува НетПрес. Според објавата на Мицкоски, ова значи дека со поголем извоз се обезбедуваат повеќе пари за граѓаните. “Расте македонскиот извоз! Одлична вест за македонската економија. Во месец Мај, македонскиот извоз порасна за огромни 23,44% во евра, во услови на стагнација на ...

ОВЕН Денеска можеби ќе треба да обратете внимание на здравјето на некој близок. Фокусирајте се на остварливи цели и оставете ги настрана задачите што ве одвлекуваат. Поминувајте повеќе време со вашето семејство. Ќе бидете инспирирани ако го правите она што ви носи вистинско задоволство. БИК Денеска избегнувајте екстремни емоции кои можат да ви го заматат расудувањето. Доколку ви е потребна помош, обратете се на пријатели. Не донесувајте ...

Со многу труд и по голема борба, белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи 22-годишната Британка Ема Радукану во третото коло на Вимблдон. Тенисерката број еден во светот, Сабаленка, славеше со 7-6(6), 6-4, иако во двата сета британската тенисерка имаше бројни шанси и можеше, исто така, да го добие овој натпревар во два сета. Радукану водеше во првата делница со 4-2, но потоа Сабаленка направи пресврт и поведе со 5-4. Потоа Сабаленка ...

Бразилски Флуминензе е првиот полуфиналист на Светското клупско првенство, во Орландо Флуминензе по победата над саудиски Ал Хилал со 2:1 (1:0) во четвртфиналниот натпревар. Двата тима направија одлична работа во осминафиналето. Флуминензе го победи европскиот вицешампион Интер, додека Ал Хилал беше подобар од Манчестер Сити. Бразилците ја продолжија својата позитивна серија, чекајќи го во полуфиналето победникот од дуелот меѓу Челзи и ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, победник на последните два Вимблдона, се пласираше во осминафиналето на овогодинешниот Гренд- слем турнир на лондонската трева. Во третото коло, Алкараз го победи германскиот тенисер Јан-Ленард Штруф со 6-1, 3-6, 6-3, 6-4. Алкараз загуби еден сет, иако имаше предност во брејкот на почетокот на вториот сет. Најголемата борба се разви во четвртиот сет, кога Штруф добро се држеше до 4-4, кога загуби гем на свој ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
28%
1018
weather icon

Белград

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
49%
1020
weather icon

Загреб

28ᴼ / 24ᴼ
1.54
39%
1021
weather icon

Софија

28ᴼ / 25ᴼ
8.23
30%
1020
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
4.22
36%
1021
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.03
70%
1021
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
9.39
38%
1012
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
0.0
29%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
26%
1015
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
8.23
44%
1022
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
2.06
43%
1022
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
8.75
48%
1018
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315