Шпанија ја истражува причината за железничката несреќа во која загинаа најмалку 40 лица, а 122 други се повредени кога во неделата вечерта воз излетал од шините и се судри со друг што доаѓал од спротивната насока. Комисијата за истрага на железнички несреќи (CIAF) ги испитува можните причини, а истрагата би можела да трае со денови. На една од фотографиите објавени во понеделникот се прикажани истражители на Цивилната гарда како стојат покрај ...
Едно лице загина, а 37 се повредени во втората железничка несреќа во Шпанија во последните неколку дена. До несреќата дошло кога патнички воз удрил во потпорен ѕид кој паднал на пругата близу Барселона, по што излетал од шините. Противпожарните служби на Каталонија кажаа дека сите патници се извлечени од возот, а во несреќата загинал машиновозачот. Петмина од повредените се во сериозна состојба. Несреќата се случи во услови на силно невреме ...
Шпанскиот фудбал е завиен во црно за веста дека во железничката несреќа која се случи во близината на Кордоба, Шпанија, и во која загинаа 40 лица, има и еден поранешен фудбалер. До нсреќата дошло на делницата на пругата која е реновирана во мај минатата година, по што еден воз излета од шините. Меѓу оние кои загинаа и е ксе играчот на Севиља, Еибар и Атлетико Мадрид, Давид Кордон. Кордон загина на 50-годишна возраст, играше како лев бек и ...
Бројот на жртви од железничката несреќа во близина на Адамас во шпанската покраина Кордоба се искачи на 45, откако спасувачките екипи пронајдоа уште две тела. Според шпанските власти 123 луѓе се повредени, од кои шест се во тешка состојба. Телата биле пронајдени во еден од оштетените вагони на возот и според првичните информации, тоа се последните две лица кои беа наведени како исчезнати. Цивилната гарда претходно изјави дека бара „уште две ...

