Ги почнуваме теренските активности и посета на граѓаните во општина Пробиштип. ВМРО-ДПМНЕ тргнува на разговор со граѓаните. По 365 дена консолидација на државата, стабилизирање на институциите, и борба со сите грешки коишто беа направени во системот, продолжуваме да ги поставуваме темелите на нашата држава, вели Никола Мицевски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. „Во изминатиов период, дел од ветувањата коишто ги дадовме на ...

Полскиот премиер Доналд Туск денеска упати остро предупредување до десничарските „граѓански патроли“ кои се појавија на границата со Германија, нарекувајќи ги нивните постапки нелегални и опасни. -Само Граничната стража има право да ја контролира нашата граница. Секој што се претставува како полиција или ја попречува работата ќе се соочи со последици“, изјави владиниот портпарол Адам Шлапка по безбедносен состанок во Варшава. Предупредувањето ...

Преговарачите на Европската унија не успеаја да постигнат напредок во трговските разговори со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и би можеле да побараат продолжување на статус-квото за да избегнат зголемување на царините, изјавија во петокот европски дипломати запознаени со разговорите. ЕУ веќе се откажа од надежите дека ќе постигне сеопфатен трговски договор до крајниот рок на Трамп на 9 јули, но по разговорите во ...

Наследивме една тешка социоекономска состојба во државата којашто беше резултат на катастрофалното владеење на СДС и на ДУИ. За среќа, резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека уште во првата година од мандатот, економијата заздравува а ветувањата се оставруваат, вели Драган Ковачки. -Во првата година од мандатот го реализиравме предизборното ветување за 5.000 денари зголемување на пензиите на сите пензионери. Понатму, ветивме дека ќе ...

Синдикалниот активист Васко Јолески апелира до актуелното раководство на СКРМ да не го злоупотребува синдикатот за политички и сопствени цели и да се фокусира исклучиво на синдикални активности за синдикални права. -Како синдикалец кој рамо до рамо со оние кои ги поставија темелите на СКРМ се бореше за потпишување на колективниот договор кој ги опфаќа вработените во културата, АПЕЛИРАМ до актуелното раководство на СКРМ да не го злоупотребува ...

Министерството за внатрешни работи овозможено онлајн закажување термин за сликање за лични документи во државата и за македонската дијаспора односно сите оние кои не поседуваат македонски телефонски број преку можност да извршат резервација преку електронската пошта https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request Од моментот на воведување на електронското закажување преку Веб страницата на МВР во текот на 2024 имало во просек по 7000 закажани термини ...

Американскиот претседател Доналд Трамп беше критикуван за употребата на терминот кој се смета за антисемитски – Шајлок за да опише некои банкари во изјавата за неговиот нов закон за потрошувачката кој штотуку го усвои Конгресот. „Замислете: Нема данок на наследство. Нема одење во банка и позајмување од, во некои случаи, фин банкар, а во некои случаи Шајлок и лоши луѓе“, рече Трамп во сојузната држава Ајова во четврток. Шајлок е бескрупулозниот ...

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број случаи на испраќање лажни СМС пораки кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори. Овие пораки содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да ве наведат да внесете лични или финансиски податоци, кои потоа можат да бидат злоупотребени од страна на криминални ...

Добро организираната акција за откривање на амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, рече министерот Панче Тошковски, денеска при посетата на ГП Табановце-Прешево на кој беше промовиран „One Stop системот“ за побрз проток и помалку чекање на граѓаните. – Сето она коешто се случуваше во текот на вчерашниот ден е само уште еден доказ дека МВР е силно посветено против нелегалната трговија со дрога. Овие ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во петокот изјави дека ја разбира потребата на Вашингтон да одржува сопствени залихи на оружје, но додаде дека се надева на флексибилност за да се осигури дека Украина продолжува да ја добива воената поддршка што ѝ е потребна. „Целосно разбирам дека САД треба да обезбедат залихите да бидат на нивоа што ни овозможуваат да ја обезбедиме колективната одбрана што ни е потребна“, изјави Руте за новинарите по ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараа за оружјето за противвоздушна одбрана и ескалацијата на руските напади врз Украина во петокот, објави порталот Axios. Тие разговараа ден откако Трамп оствари телефонски повик и со рускиот претседател Владимир Путин, кој го опиша како „разочарувачки“. Русија го бомбардираше Киев со беспилотни летала во „еден од најголемите воздушни напади врз земјата“, ...

Шест лица од Скопје и Куманово беа фатени со шест килограми амфетамин и поголемо количество други психотропни супстанции во неколку претреси во двата градови во текот на вчерашниот ден, 3 јули, информираше Министерството за внатрешни работи. Предистрагата за случајот траела 6 месеци. Полицијата ги уапсила лицата во координирана акција со Обвинителството. Дел од доказите биле обезбедени со примена на посебни истражни мерки. Биле пронајдени околу ...

Добро организираната акција за откривање на амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, рече министерот Панче Тошковски, денеска при посетата на ГП Табановце-Прешево на кој беше промовиран „One Stop системот“ за побрз проток и помалку чекање на граѓаните. – Сето она коешто се случуваше во текот на вчерашниот ден е само уште еден доказ дека МВР е силно посветено против нелегалната трговија со дрога. Овие ...

Цените на нафтата паднаа во петокот на меѓународните пазари кон 68 долари по сигналите од водечките производители дека би можеле да ја зголемат понудата до крајот на летото и медиумските извештаи за продолжување на преговорите меѓу Техеран и Вашингтон за иранската нуклеарна програма. На лондонскиот пазар, цената на барелот попладнето беше за 67 центи пониска отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 68,13 долари. Барелот поевтини ...

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска на граничниот премин Табановце – Прешево го промовираа почетокот на One Stop системот на заеднички контроли на граничниот премин со што се овозможува побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави. Почетокот на овој систем на заеднички контроли симболично беше означен со потпишување на Протоколот за извршување на ...

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број случаи на испраќање лажни СМС пораки кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори. Овие пораки содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да ве наведат да внесете лични или финансиски податоци, кои потоа можат да бидат злоупотребени од страна на криминални ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 04 Јули 2025 година. Со ...

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп е неопходна, но мора да биде добро подготвена, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Неговите коментари дојдоа откако двајцата лидери го одржаа својот шести телефонски повик претходниот ден. Според помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, за време на нивниот речиси едночасовен разговор, Трамп и Путин разговарале за широк спектар на прашања, вклучувајќи ...

„На денешната прес-конференција сакаме да ја информираме јавноста и земјоделците околу постигнатиот договор за откупот на лебното жито од реколтата 2025. На почетокот сакам да истакнам дека имаме зголемени површини засеани под пченица и јачмен. Согласно првичните информации кои пристигаат од терен, имаме зголемен принос по единица хектар и квалитет кој исто така е во одлична кондиција”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и ...

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина. За овие податоци дискутиравме веднаш по преземањето на мандатот и заедно со премиерот и министерката за финансии, одлучивме да обезбедиме најголем буџет за образование досега, за негов развој и со тоа, да го елиминираме од групата на фактори кои го поттикнуваат ...

ТАВ Македонија и Виз ер, денеска, 3-ти јули 2025 година, во 12 часот, на дојдовниот лет од Дортмунд, заеднички го пречекаа 15 милионитиот патник на оваа нискобуџетна авиокомпанија во земјава, од нивниот влез на пазарот во 2011 година досега. Во знак на благодарност за лојалноста на патникот/патничката, ТАВ Македонија му подари патнички реквизити, а Виз ер му додели вредносен ваучер за авиобилети за дестинација која тој/таа самиот ќе ја избере. ...

На две сцени и над 40 изведувачи, вечерва и официјално започнува долгоочекуваниот „Д-фестивал“ – културниот бренд, што според организаторите Штип ќе го претвори во центар на музиката. Овогодинешното издание на фестивалот, кое се случува по 15. пат носи рекорден интерес и повеќе од забава, а во фокусот на истиот оваа година ќе биде хуманоста. Собраните средства ќе бидат насочени како поддршка за настраданите од несреќата во Кочани, а со тоа „Д ...

Големиот прекин во испораките на електричната енергија до корисниците што погоди делови од Чешка во петокот, накратко запирајќи ги подземните возови во главниот град Прага, веројатно е резултат на технички дефект и не укажува на сајбер или терористички напад, соопштија властите. Инцидентот веројатно ќе ги зголеми загриженостите за отпорноста на европските енергетски мрежи и инфраструктура откако Шпанија, и делумно Португалија и Франција, го ...

Откако своето членство во СДСМ го стави во мирување бидејќи партијата со друг кандидат излегува на претстојните локални избори, актуелниот градоначалник на Струмица денес објавува ЈАВЕН ПОВИК ДО СИТЕ ГРАЃАНИ НА СТРУМИЦА. Ги прашува: Дали сте подготвени да се вклучите во создавање на најдоброто можно утре за нашиот град и нашите села? Фејсбук статусот на Костадин Костадинов го во продолжение: Почитувани сограѓани, Поради растечкиот интерес и ...

Биљана Кузмановска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа на Комисијата за финансирање на буџет истакна дека наместо кратење со ребалансот има зголемување на финансиските средства, за пензии, плати, инвестиции. „Денеска не расправаме за бројки расправаме за вредности, за приоритети за визија како се гради држава а уште поважно како се гради доверба. Ребалансот на Буџетот за 2025 година не е техничка корекција тој е јасен ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади организираше настан насловен: „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“-Развој на стратешки документи за демографска отпорност, со кој го отвори инклузивниот процес за справување со негативните демографски трендови. Министерството, со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации УНФПА и експертот Хозе Мигел Гузман, започнува интензивен процес на креирање на Стратегија за ...

Во седумте изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина. За овие податоци дискутиравме веднаш по преземањето на мандатот и заедно со премиерот и министерката за финансии, одлучивме да обезбедиме најголем буџет за образование досега, за негов развој и со тоа, да го елиминираме од групата на фактори кои го поттикнуваат ...

Родено 100. по ред бебе во Општа болница – Кавадарци за оваа година, информираа попладнево од кавадаречката јавна здравствена установа. – Бележиме континуиран раст и напредок. Со особена радост и гордост ја информираме јавноста дека денеска на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница – Кавадарци се роди 100. бебе за оваа календарска година. Овој значаен момент претставува уште еден показател за континуираниот развој и ...

Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон ќе копретседаваат на состанок на „коалицијата на подготвените“ следниот четврток преку видеоконференција од воздухопловната база Нортвуд во близина на Лондон, за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина против Русија, објави Елисејскиот дворец во петокот. Стармер и Макрон ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и другите челници, вклучувајќи го ...

Цените на храната во јуни се приближија до највисокото ниво во последните две години, бидејќи скокот на цените на месото и растителните масла ги надмина значително поевтините шеќер и житарките, покажа извештајот на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (FAO) објавен во петокот. Ценовниот индекс на FAO за кошничката со основни прехранбени производи во јуни изнесуваше 128,0 поени, што е за 0,5 отсто повисоко отколку во мај. ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
28%
1018
weather icon

Белград

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
49%
1020
weather icon

Загреб

28ᴼ / 24ᴼ
1.54
39%
1021
weather icon

Софија

28ᴼ / 25ᴼ
8.23
30%
1020
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
4.22
36%
1021
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.03
70%
1021
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
9.39
38%
1012
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
0.0
29%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
26%
1015
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
8.23
44%
1022
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
2.06
43%
1022
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
8.75
48%
1018
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315