
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Вчера во 14 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Р.(20) од Тетово поради основи на сомнение дека уценувал малолетничка од тетовско. Имено, околу 12 часот во СВР Тетово тој бил пријавен од страна на 45-годишна жена и нејзината малолетна ќерка од тетовско село дека ја уценувал малолетничката, со која бил во љубовна врска претходните три години. -Тој во текот на 2025 година неколку пати побарал од малолетничката ...
Екипите за пребарување се движат низ калливите речни брегови и надлетуваа со авиони над поплавениот централен Тексас, додека исчезнуваат надежите за пронаоѓање преживеани меѓу десетиците исчезнати во катастрофата што одзеде најмалку 96 животи, од кои многу деца. Три дена откако разорните поројни дождови пред зори ја претворија реката Гвадалупе во смртоносен порој, христијански летен камп за девојчиња уништен од ненадејни поплави потврди дека 27 ...
Претпладнето е подигната тревога во врска со сомнителна пратка стигната во Парламентот. Во дворот на Собранието е пронајден плик со прав. Според информациите, писмото е адресирано до грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и содржи непознат прав. Според информациите, за време на увидот, поради тежината на пликот – поголема од вообичаеното – ги разбудила сомневањата кај властите, додека внатре наводно имало писмо. Според истите извори, како испраќач ...
Директорот на дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов денеска кажа дека имало обид намерно повторно да се реактивира пожарот кај Чучер-Сандево кој сега е под контрола. Додека пожарникарите го догасувале пожарот нашле фрлени дрвени палети премачкани со бензин. „За пожарот кој во недела на пладне изби над патот за Блаце, а потоа се прошири кон Чучер-Сандево, се појавуваат нови индиции дека е подметнат. Денес утрово пожарникарите ...
Еден прометен дел од патот во Јужна Флорида наскоро би можел да биде именуван како булевар „Доналд Трамп“. Одборот на комесари на округот Палм Бич денеска ќе гласа за резолуција со која делница од Јужниот булевар во должина од четири милји би била именувана по претседателот на САД. Делницата се протега од меѓународниот аеродром Палм Бич до одморалиштето Мар-а-Лаго на Трамп. Резолуцијата, усвоена од Законодавното собрание на Флорида претходно ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се сретнаа во Белата куќа во понеделникот разговарајќи за напорите за прекин на конфликтот во Газа, преговорите со Иран и иницијативата за преместување на Палестинците од Појасот Газа. На почетокот од работната вечера со американски и израелски претставници, Нетанјаху рече дека САД и Израел, заедно со други земји, ја разгледуваат можноста за преместување на ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска пристигнува во Велика Британија во тридневна државна посета, во време кога британскиот премиер Кир Стармер бара поголема поддршка за справување со миграцијата преку Ла Манш, јави ДПА. Макрон ќе биде примен од кралот Чарлс Трети, а посетата е прва државна посета на француски претседател од 2008 година. Освен церемонијалната димензија, посетата има и политички карактер, бидејќи се очекува Макрон ...
Европските берзи тргуваат претпазливо во вторникот претпладнето, бидејќи инвеститорите ги следеа вестите за тарифите и трговските разговори меѓу САД и нивните партнери. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во првиот дневен пресек од тргувањето речиси непроменет во споредба со вчера, кога порасна. Во исто време, лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,06 отсто, на 8.811 поени, додека франкфуртскиот DAX ослабе за 0,03 отсто, на 24.065 ...
Волонтерите на Црвениот крст и денеска се активно ангажирани на терен, обезбедувајќи поддршка во справувањето со пожарот кој беснее во регионот. -Со несебична посветеност, тие учествуваат во логистичка поддршка и асистенција на службите за заштита и спасување. Нашите базени се ставени на располагање за полнење со вода на хеликоптерите, што значително го забрзува процесот на гасење и овозможува навремена интервенција во најпогодените подрачја, се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на Меѓународната конференција за регионален развој која се одржа во Општина Гевгелија и имаше свое обраќање. -Со особена чест и цувство на одговорност денес се обраќам на конференција што ја отвора суштината на едно големо прашање: Како да ја обликуваме иднината во време кога се се менува од кога било? Живееме во свет што станува се подинамичен, понекогаш непредвидлив, исполнет со глобални ...
Цените на акциите значително паднаа на Волстрит во понеделникот откако американскиот претседател Доналд Трамп објави зголемување на царинити од 1 август за увоз од 14 земји, вклучувајќи ги Јапонија и Јужна Кореја. Индексот Dow Jones падна за 0,94 отсто на 44.406 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,79 отсто на 6.229 поени, а индексот Nasdaq падна за 0,91 отсто на 20.412 поени. Откако достигнаа рекордни нивоа минатата седмица, индексите ...
Во рамки на работната посета на Париз, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, оствари средба и со Емануел Пуизе-Жовен, генералниот секретар на Секретаријатот за европски работи (SGAE) – меѓуресорска служба под директна надлежност на премиерот на Франција, задолжена за координација и унапредување на единствената национална позиција на Франција во однос на Европската Унија, како и за мониторинг на транспозицијата на европското право во ...
Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, Унија на жени“ гостуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, која дискутираше за предизвиците на женското лидерство и моќта на женскиот глас. На самиот почеток пратеничката истакна дека пратеничката функција е девалвирана, и дека со женскиот активизам, чесна и рамноправна борба таа девалвација би се намалила. – Доста е девалвирана како професија пратеничката функција, но треба да се потрудиме и особено ...
На валутните пазари во претпладневното тргување во вторникот вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути порасна втор ден по ред. Индексот на доларот, кој ги покажува перформансите на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево изнесува околу 97,40 поени, додека вчера во истиот пресек беше 97,05 поени. Во исто време, цената на европската валута се лизна од вчерашните 1,1775 на 1,1745 долари. ...
Активни се вкупно седум пожари на отворено, еден е локализиран и еден е под контрола, а изгаснати се 23, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активните се пожарите во Општина Прилеп – с. Бешиште (приземен пожар во мешана шума), Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки), Општина Чашка – под Солунска глава, меѓу Изворите на Бабуна и Бабина дупка (само чад, карпест терен), Општина Чучер ...
На маргините на конференцијата на тема „Регионалниот развој во динамично променлив свет – Иднината започнува локално: Новата визија за одржлив и рамномерен развој“, што ја организира Министерството за локална самоуправа во Гевгелија, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари билатерална средба со министерот за регионален инвестициски развој и соработка со невладини организации на Црна Гора, Ернард Суљевиќ. На средбата се ...
„СДС нуди кадри кои веќе еднаш претходно се одбиени од граѓаните на избори, или не живеат во општините за кои се кандидирани. Не постои друга партија која е толку упорна како СДС да ги награди најнеспособните кадри“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМЕН за кандидатите на СДС за градоначалници. Наместо нови кадри со некаква визија или интегритет, СДС повторно кандидира лица кои веќе еднаш се одбиени од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат ...
Цените на ретките земни метали нагло пораснале во мај, откако Кина воведе построги извозни контроли, покажува месечниот индекс на суровини на Баварската индустриска асоцијација (vbw), јави ДПА. Вкупно, цените на овие метали – клучни за високотехнолошко производство во електрониката, автомобилската и одбранбената индустрија – пораснале за 8 проценти во доларски износ. Некои елементи забележале и поголем раст: тербиумот се зголемил за речиси 19 ...
И во вторникот на територијата на Македонија ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h). Утринските температури се движат во опсегот меѓу 13 и 18, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат од 30 до 42 Целзиусови степени. И во Скопје и ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност. По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион како заштитено наследство на УНЕСКО и се бара исполнување на ...
Корисниците на TikTok во САД можеби ќе бидат изненадени кога нивната постоечка апликација ќе престане да работи, а на екранот ќе се појават информации за нова апликација направена специјално за нив. Според The Information, TikTok работи на специјална верзија од својата апликација наменета за корисници во САД. Ова е последица на американскиот закон според кој американската подружница на TikTok мора да биде префрлена во американски раце, а тоа би ...
Вашингтон ќе му испрати на Киев повеќе оружје, претежно одбранбено, изјави американскиот претседател Доналд Трамп пред почетокот на состанокот зад затворени врати со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој го емитуваше Associated Press. ноќта кон вторникот по средноевропско време. „Ќе испратиме повеќе оружје. Мораме. Тие мора да бидат способни да се одбранат. Тие се многу силно погодени во моментов. Ќе испратиме повеќе оружје, првенствено ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорот на Германската развојна банка за Југоисточна Европа, Клаус Милер денеска во Владата ќе потпишат договор за неповратен грант од ЕУ во износ од 5,5 милиони евра, кои ќе се искористат за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во државава. – Средствата се обезбедени преку Инвестициска рамка за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework)/ ...
Европскиот парламент ја повторува својата целосна поддршка на континуираната и доследна посветеност на Македонија за приклучување кон ЕУ и на потребните трансформативни промени што се потребни за исполнување на критериумите за пристапување, ја пофалува посветеноста на земјата на европската интеграција и ги охрабрува континуираните напори за унапредување на реформите усогласени со ЕУ и покрај предизвиците и неуспесите што го тестираа трпението и ...
Зијадин Села ќе биде кандидатот на Европскиот фронт за градоначалник на Струга. Се очекува кандидатурата на Зијадин Села наскоро да стане официјална. Кандидатурата на Села ќе ја објави Европски Фронт, поддржана и од ДУИ, објавува „Струга Експрес“ од извори во извори во ЕФ. Зиадин Села во неговата трка за трет мандат на Локалните избори во октомври, како свој ривал ќе го има независниот кандидат Менди Ќира, поддржан од ВЛЕН. Претседателот на ...
Француската олимпијка Исаора Тибус е ослободена од обвиненијата за допинг откако Арбитражниот суд за спорт (CAS) прифати дека таа се контаминирала бакнувајќи го партнерот. CAS објави дека ја отфрлил жалбата на Светската антидопинг агенција (WADA), која го оспорила несуспендирањето на француската мечувалка во флорет која добила позитивен тест за анаболен агенс шест месеци пред Олимписките игри во Париз. Во јануари 2024 година Тибус добила ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски се согласил да ја замени амбасадорката на Украина во САД, Оксана Маркарова, за време на неодамнешен телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Според британскиот весник, двете страни во моментов разговараат за можни наследници, кои ќе треба да добијат одобрение и од Киев и од Вашингтон. Маркарова е амбасадор во САД од 2021 година, но некои ...
Земјите во развој на самитот на БРИКС во понеделникот ги отфрлија обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп како „антиамерикански“, додека претседателот на Бразил, Инасио Лула да Силва, рече дека на светот не му треба цар откако Трамп се закани со дополнителни царини за групата. Заканата на Трамп во неделата навечер дојде додека американската влада се подготвуваше да финализира десетици трговски договори со низа земји пред рокот на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека почнувајќи од 1-ви август ќе почне да применува значително повисоки царини за увезена стока од неколку земји, вклучувајќи ги клучните американски азиско-пацифички сојузници Јапонија и Јужна Кореја, како и помали земји од балкансиот регион како Босна и Херцеговина и Србија, означувајќи нова фаза во трговската војна што ја започна во април. Досега 14 земји добија писма со кои се најавуваат ...
ОВЕН Денеска ќе можете да ги комбинирате семејните обврски со службените. Вашиот дом ќе биде во фокусот на вниманието и можно е да направите подобрувања или да внесете поголема удобност. Денот е погоден и за купувања поврзани со мебел. БИК Денеска ќе бидете водени главно од вашите желби. Можеби нема да бидете најобјективни во вашите проценки, но ќе се чувствувате добро ако се грижите за себе. Посетете омилено место или направете нешто само за ...