
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Нема реална опасност од ширење на пожарот над селото Чучер и нема потреба од паника, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Како што изјави попладнево Ангелов од Чучер, на огнот ќе му требаат неколку часа за да дојде до црквата што наводно била загрозена, според пишувањата по социјалните медиуми. Во овој момент, нагласува Ангелов, селото е безбедно благодарение на локалните жители, на две екипи од ...
Поради бура на меѓународниот аеродром „Лист Ференц“ во Будимпешта попладнево е во прекин воздушниот сообраќај над Унгарија. Холот за заминување на Терминалот 2А беше делумно поплавен, па зградата беше евакуирана. Нема повредени, а проценката на штетите е во тек, објави унгарскиот портал Индекс. Според неименуван извор кој работи на аеродромот во Будимпешта, бурата не го урна покривот, но системот за противпожарен аларм бил оштетен, поради што ...
Владата ќе прави анализа за базичната инфлација по што ќе излезе со мерки за заштита од зголемените цени на производите. Мерките, како што денеска рече премиерот Христијан Мицкоски, ќе бидат прецизни и таргетирани и објавени многу скоро. – Не сме среќни што ова се случува, но мора да направиме детална анализа во делот на базичната инфлација бидејќи разговарав со неколку економски професори и заклучокот е дека делот од производите кои ја креираат ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. -Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на ...
Кампот „Мистик“ објави дека 27 ученици и воспитувачи ги загубиле животите во поплавите во Тексас. -Нашите срца се скршени за семејствата кои ја доживуваат оваа незамислива трагедија. Нашите молитви се со нив, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на кампот. Во соопштението се додава: „Во контакт сме со локалните и државните власти кои неуморно вложуваат големи напори и ресурси во потрагата по нашите исчезнати девојчиња. Длабоко ...
Цените на нафтата се зголемија во понеделникот на 69 долари на меѓународните пазари, при што инвеститорите проценуваат дека Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници (OPEC+) ќе го следат темото на посилната побарувачка со најавеното зголемено снабдување. На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за 88 центи повисока отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата седмица и изнесуваше 69,18 ...
По повторното активирање на пожарот во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населба Самоков во моментот гори ниска вегетација и површина со трева и дрвја, и во кругот и надвор од кругот на фабриката. Пожарот засега нема зафатено производни хали или други магацински капацитети, но итно се преземаат мерки за негово спречување и локализација, информираат од Центарот за управување со кризи. Во моментов се кативни осум пожари во ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски рече дека резултатите на локалните избори во октомври годинава ќе покажат чија политичка реторика е исправна по изборот на кандидати за градоначалници. Ова беше негов одговор на критиките од страна на СДСМ, кои денеска на прес-конференција обвинија дека кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, работи во интерес на партијата, а не на граѓаните. – СДСМ си има своја реторика, си има своја ...
Рускиот министер за транспорт Роман Старовојт, кој неодамна беше сменет со указ на претседателот Владимир Путин, Роман Старовојт, беше пронајден мртов во својот автомобил со прострелна рана, објави во понеделник централниот Истражен комитет во Москва. „Околностите на инцидентот во моментов се истражуваат. Главната теорија е самоубиство“, изјави портпаролката на истражното тело, Светлана Петренко. Руските медиуми повикувајќи се на Истражнито ...
Ние сме во постојана комуникација со дел од родителите и семејствата на трагично загинатите и како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да го олесниме животот на тие семејства, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање за последното барање на родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во кое се бара институционална и финансиска поддршка. Тој додаде дека како Влада се во ...
Кривичниот совет ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка и определи мерка притвор наместо куќен притвор на обвинетиот Ф.Љ, 25-годишниот возач на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) и избега. Обвинетиот веќе е спроведен во Затвор Скопје – Скопје, информираше попладнево Кривичниот суд. Одлуката следува по жалбата од ...
Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието повика на воздржаност. Таа нагласи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува координирана акција за помош и има јасен план за долгорочна поддршка на повредените и семејствата на загинатите. ,,Денес, а и многу пати наназад после несреќата, премиерот соопшти дека Кочани е приоритет за Владата, дека здравјето на повредените е пред се. Дека ...
Изгорено човечко тело и изгорени грла добиток пронашле пожарникарите вчеравечер откако изгасиле пожар што избувнал кај мост на Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров. Како што соопшти МВР во дневинот билтен, вчера во 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на сува трева кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни. -Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна ...
Од ноќеска се намалуваат малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,174 денари/ килограм, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 0,50 денари/литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 74 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде 76 денари, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вчера истакна дека од денеска започнува со теренски посети и средби со граѓаните од чии предлози ќе се формира и програмата со кој тој ќе настапи на локалните избори. Ѓорѓиевски стартуваше од Бутел каде како што вели, заедно со градоначалникот Дарко Костовски, оствариле искрен и продуктивен разговор со просветните работници – ...
По разочарувачкиот период во Олимпик Марсеј, италијанскиот централен бек Луиз Фелипе во понеделникот потпиша за Рајо Ваљекано, објави шпанскиот клуб. „Рајо Ваљекано Мадрид и Луиз Фелипе постигнаа договор играчот да се приклучи на нашиот тим“, се вели во соопштението на Рајо, без да се прецизира времетраењето на договорот. Откако пристигна во Марсеј минатиот јануари од саудискиот клуб Ал-Итихад за да ја продолжи својата кариера во Европа, ...
Италијанскиот режисер, добитник на Оскар, Паоло Сорентино, ќе го отвори овогодинешниот Венециски филмски фестивал со својот нов филм „La Grazia“, објавија организаторите во петок. Педесе итпетгодишниот Сорентино е познат по филмовите „Il Divo“, „La grande bellezza“ и „E stata la mano di Dio“, длабоко личен филм за загубата на неговите родители како тинејџер, кој го освои второто место во трката за Големата награда на жирито на фестивалот во 2021 ...
Продажбата на мало во Европа нагло се намали во мај, според проценките на Европскиот завод за статистика во понеделникот. Сезонски прилагодената малопродажба во еврозоната се намали за 0,7 отстро во мај во споредба со април, кога се зголеми за 0,3 отсто според ревидираните податоци, пресметаа статистичарите. На ниво на ЕУ, се намали за 0,8 отсто, со што се поништи истиот процентен пораст во претходниот месец, според ревидираните податоци. ...
Четириесет компании членки на Советот на странски инвеститори денес на економскиот тим на владата му дадоа свои иницијативи и забелешки. Претседателот на советот Виктор Мизо на прес-конференција заедно со премиерот по средбата рече дека најважно за странските инвеститори во земјава е тоа што е почна процесот на хармонизација на царинските стапки со Европската Унија, што се воведени меѓународни сметководствени стандарди, но и учеството на ...
Над 70 тони вода се исфрлени од двата полициски хеликоптери во околината на Блаце, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Во рамки на денешните активности на полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптери на единицата за полициски намени Бел 412 и Агуста бел 212 што се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце, во 55 налети исфрлени се повеќе од 70 тони вода, ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите најави дека локалните избори најверојатно ќе бидат распишани во првата половина од август. Прашан дали датумот ќе биде 8 август, Гаши потенцираше дека тоа е возможно и дека распишувањето ќе биде во согласност со законските рокови. – Може да се распишат на 8 август. Сѐ ќе биде во рамките на роковите. Изборниот законик предвидува две важни одредби – прво, изборите да се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, изјави дека има интерес за финансирање на проектот за брзата пруга од Коридорот 10 од финансиски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа. Откако ќе биде направена анализата, како што најави, ќе се излезе со детали во јавноста. – Набрзо од денеска после анализата ќе излеземе со податокот која е најдобрата понуда. Има понуди и тоа не прави ...
Новиот филм за Супермен во режија на Џејмс Ган, режисер на „Чувари на галаксијата“ на Marvel, ќе има премиера во кината низ целиот свет во среда, а во САД и Канада во петок. Ова е третиот долгометражен филм за Супермен што ќе се прикаже во кината, по филмот „Супермен се враќа“ од 2006 година и оригиналниот филм од 1978 година. Во „Warner Bros“ сметаат дека новиот „Супермен“ ќе започне нова ера преку компанијата „DC Studios“. Ган беше именуван за ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одржа прес- конференција на кој информира дека одржале важен состанок со Советот за странски инвестиции. Подаваме рака и на домашните, и на странските инвеститори. Не само декларативно, туку суштински низ институционална поддршка, предвидливи правила и директна комуникација. Проблемите ги решаваме заедно. Потполно сум свесен дека граѓаните сеуште живеат тешко и дека недостатокот на пари е присутен. Но ...
Најмалку шест тркачи беа повредени за време на првото трчање со бикови на овогодинешниот фестивал Сан Фермин во Памплона во северна Шпанија. Според организаторите на познатиот, немаше повреди предизвикани од роговите на биковите. Голем број учесници беа згазени од биковите, како што беше прикажано во живо на телевизија. Притоа, два бика се лизнаа и паднаа на влажната калдрма. Фестивалот, познат и локално како Санферминес, е посветен на ...
Денес и утре ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утре ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h), а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. Ув индекост денеска и утре ќе има многу висока вредност 9. Па така токму поради тоа, возрасните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 ...
По една година од формирањето на Владата, Министерството за правда презентира јасни резултати од процесот на рестартирање на правосудниот систем. Од нефункционална институција со затекнати долгови, блокирани механизми и изгубена доверба, Министерството денес се позиционира како столб на реформите и гарант на владеењето на правото, порача министерот за правда, Игор Филков на прес конференција. Нагласи дека во изминатите 12 месеци, подготвени се и ...
Со особено задоволство, Видеолотарија Касинос Австрија ја поддржа реализацијата на концертот „Од МОБ за Скопје“, одржан во чест на 200-годишнината од раѓањето на еден од најголемите светски композитори – Јохан Штраус. Ова значајно културно случување, организирано од Амбасадата на Република Австрија во Скопје, се одржа во саботата на 5 јули, под отворено небо пред Националната опера и балет. Во вечер исполнета со музика, оркестарот на МОБ под ...
„Бидејќи вчера бев на местото дваесетина минути по појавувањето на пожарот и од она што можев да го видам е дека пожарот е почнат покрај самиот магистрален пат кон ГП Блаце. И најверојатно е или од отпушок од цигара или намерно палење. Не можеме да ја исклучиме ниту таа можност. Се движеше нагоре кон планината. Уште кога го видовме стартот, знаевме дека ќе имаме тежок пожар бидејќи е екстремно стрмен и непристапен терен и токму тоа ни се случува ...
Кремљ во понеделник изјави дека групата земји од БРИКС никогаш не работела на поткопување на други земји, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе воведе 10 отстотни царини за оние кои се согласуваат со „антиамериканската политика“ на БРИКС. Трамп ги даде овие забелешки додека челниците на земјите од БРИКС го започнаа самитот во Бразил во неделата. Запрашан за изјавите на Трамп, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј ...