Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На турскиот државјанин Кадир Кара, кој призна вина за убиството на негов сонародник во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип му е изречена казна затвор од 17 години и протерување од државата, откако ќе ја издржи казната во македонски затвор, пишува „Фокус“. Портпаролот на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев информира дека по рочиштето на 19 декември 2025 година во Основниот суд во Штип, на кое Кара призна вина, судот ја има донесено ...
Ѕвездата на Бостон Селтикс, Џејлен Браун, беше казнет со 35.000 долари за критикување на судиите по поразот од 95:100 од Сан Антонио Спарс во саботата во натпреварот од регуларниот дел на НБА лигата. „Искрено, заморен сум од недоследноста и ќе ја прифатам казната, но веќе доста ми е секогаш кога играме против добра одбранбена екипа судиите да не сакаат да судат фаули во наша полза, а потоа го судат секој допир на другата страна како ние да ...
Во пресрет на утрешната лидерската средба што премиерот Христијан Мицкоски ја иницираше засега се уште е неизвесно кој ќе седне на масата за разговори околу реформските закони и предлогот за укинување на Пржинската влада. Владиниот партнер ВЛЕН најави дека ќе присуствува и со двајца свои претставници Биљал Касами и координаторот на пратеничката група Беким Ќоку. Тој изјави дека ќе го поддржат предлогот на Мицкоски за укинување на техничката ...
Обемот на испораките на руски гас за Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“ скокна за речиси 25 проценти во 2025 година, објави „Газпром“ во вторникот. „Газпром“ минатата година испорача 38,8 кубни метри гас во Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“, објави руската компанија, што е зголемување од 24,8 отсто во однос на 2024 година. Ова значи дека минатата година компанијата извезла повеќе гас во Кина преку цевководи отколку во сите европски ...
Протестот на грчките земјоделци продолжува. Денеска дел од нив одбија преговори со властите во Атина и се закануваат со целосна и неопределена блокада на сообраќајот на тешки товарни возила на граничните премини на северот на земјата – кон Македонија и Бугарија. Така, повторно денеска ќе има блокада на граничниот премин „Меџитлија – Ники“ . Средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис е закажана за денес за 15 часот. Сепак, средбата ќе биде ...
Поради барање на странка на Плоштад Пресвета Богородица 3 во населба Центар, поврзување со водоводната и хидрантската мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка од страна на фирмата Бауер БГ, прекинато водоснабдување утре ќе имаат корисниците од МНТ, Музичкото Училиште, Министерство за транспорт и врски и зградата за издавање на матични книги. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, водата ќе биде сопрена во 8 часот, а ...
Против човекот што во неделата го скрши стаклото на врата на амбасадата на Бугарија во Скопје е поведена постапка. Основното јавно обвинителство Скопје поведе го товари 55-годишникот за кривичното дело „Оштетување туѓи предмети“ од член 243 став 2 од Кривичен законик. „На 11 јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во ...
Во станот во Богданци каде што живееле под кирија, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот. Во еден момент тој зел нож од кујната со кој ѝ нанел повеќе убоди на мајка си во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да ѝ задава убоди, па откако и тие се свиткале, од кујната зел друг нож со кој ја прободел во вратот. Од бројните убоди жената искрварела и починала. Основното јавно ...
Германците сè повеќе ги тужат сопствениците на недвижности поради повисоки кирии, објави здружението на закупци. Споровите меѓу закупците и сопствениците на недвижности околу зголемените кирии учествуваа со околу 21,8 отсто од судските случаи минатата година, соопшти здружението. Во 2024 година, нивниот удел беше 17,4 проценти. Зголемените спорови се првенствено резултат на сè потесниот однос меѓу понудата и побарувачката на пазарот за ...
Како што расте загриженоста во врска со судбината на приведените за време на неодамнешните протести во Иран, се појави вест за егзекуција на млад демонстрант по име Ерфан Солтани (26). Неговиот случај предизвика бран меѓународна тревога поради употребата на „теренски судења“ и вонсудски убиства. Тој беше уапсен за време на протестите и во рок од неколку дена осуден на смрт, а според информации од повеќе светски медиуми, се очекува да биде ...
Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ традиционално кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година. Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнување на претстојните празници Богојавление Водици и Свети Јован крстител – Денот на рибарите. Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ ...
Околу 2.000 луѓе се убиени во протестите во Иран, изјави ирански функционер за Ројтерс. Функционерот вели дека бројот на жртви ги вклучува и безбедносните сили и ги обвини „терористите“ за смртните случаи. „Хјуман рајтс воч“ претходно објави дека има информации за најмалку 646 смртни случаи. Тековниот прекин на интернетот во Иран значи дека овие бројки не се конечни и дека е тешко да се добијат информации од земјата. Американскиот претседател ...
Потпишувале бланко листови хартија, бланко полномошно и непополнети уплатници – оти така им кажал измамник што им ветувал странски пензии. Двајца постари мажи од Тетовско наивно верувале на ветувања и на измамник му дале 15.000 евра, но останале со празни раце. Имено, вчера во 11:30 часот во СВР Тетово, 70-годишен маж од тетовско село пријави дека тој и неговиот брат биле измамени за сума од 15.000 евра од Л.„Н“ од Тетово. Во текот на 2024 ...
Ледениот дожд ги сопре летовите на аеродромот во Виена, додека соседните Словачка, Чешка и Унгарија исто така доживеаја прекини во сообраќајот. Снегот и температурите под нулата ја зафатија Европа изминатава седмица, а силните ветрови и бури убија најмалку 15 лица, предизвикувајќи хаос во транспортот, затворајќи ги училиштата и прекинувајќи ја струјата за стотици илјади луѓе. Дебел слој мраз на пистите на аеродромот во Виена доведе до тоа ...
Сите возрасни граѓани на земји кои не се од Европската унија ќе мора да платат повеќе од нивните француски колеги за да го посетат Лувр, откако во средата стапи на сила закон за зголемување на цените, потег што го осудија синдикалистите кои повикаа на штрајк поради ваквите промени. Почнувајќи од средата, секој возрасен посетител на Лувр кој живее надвор од Европската унија, од Исланд, Лихтенштајн или Норвешка, ќе мора да плати 32 евра за влез ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека делегација од Европскиот парламент (ЕП) доаѓа во белрад непоканета и додаде дека ќе се сретне со важни луѓе кои ѝ посакуваат добро на Србија, а не со оние кои ѝ посакуваат лошо. Во Абу Даби, кога новинарите го прашаа за обвинувањата дека тој и претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, бегаат од состанок со делегацијата на ЕП во Белград, тој одговори дека делегацијата не била ...
Православните христијани кои се водат според Јулијански календар на вечерва ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година. Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот ...
Во Бугарија веќе 48,3 отсто од испечатените банкноти левови се повлечени од оптек, пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ). За да се забрза процесот на повлекување на левовите, кои се законски во оптек до крајот на месецов (Може да се плаќа со нив, но кусур се добива во евра и евро центи), преземени се мерки за поедноставување и унифицирање на правилата за размена на левовите за евра во банките. Координативните области и центрите за ...
Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, повика СДСМ денеска. Опозициската партија обвинува дека актуелната власт на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели. Партијата не е согласна со измените на Кривичниот законик иницирани од власта. „Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави во вторникот дека верува оти иранското раководство, кое се соочува со широки протести, е во своите „последни денови и седмици“. Протестите во Иран првично се фокусираа на тешката економска состојба во земјата, но прераснаа во повици за пад на клерикалниот режим во Исламската Република. „Верувам дека сега сме сведоци на последните денови и недели од овој режим“, рече Мерц за време на патувањето во ...
Стотици трактори го блокираа Кеј д’Орсеј и патот пред Националното собрание (долниот дом на францускиот парламент) во Париз, како дел од масовните протести на земјоделците против договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Јужниот заеднички пазар (Меркосур). Според полициски проценки, 350 трактори учествуваат на митингот организиран од синдикатите FNSEA и Jeunes Agriculteurs. Службениците за спроведување на законот блокираа некои централни ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ја продолжија својата „ренесанса“ во НБА победувајќи ги Шарлот Хорнетс со 117:109 на домашен терен. Дуелот беше решен за четири минути во средината на последната четвртина кога Клиперс искористија серија од 15:1 за да ја свртат минималната негатива од 99:100 на 7:18 минути за да влезат со недостижна предност од 114:101 на 3:16 минути до крајот. Каваи Ленард ги предводеше стрелците на Клиперси со 35 поени, ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2025 година оствариле вкупен промет повисок од два милиона денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01). Доколку како физичко лице изнајмувате деловен простор во земјата, давате менаџерски, правни, економски, инженерски, ...
Владата го усвои Годишниот план за имплементација на Праведната транзиција за 2026 година, со што се продолжува со системско спроведување на процесот на праведна енергетска и економска трансформација во земјата, информираат од Министерството за енергетика. „Со усвојувањето на овој План, Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја потврдуваат својата посветеност кон обезбедување праведна транзиција која ќе ги земе ...
На 11 јануари, со почеток во 12:00 часот, во The Dude Specialty Coffee во Скопје, се одржа промоција на поетската збирка „Огнени ружи“ од младата уметница и поетеса Лина Капсарова. Настанот се реализираше во организација на здружението „Биди Човек“, во рамки на иницијативата „Иницирај промена! Креирај гласно“, чија цел е охрабрување на младинскиот глас, емоционалната писменост и креативното изразување како чин на лична и општествена храброст. ...
Министерот за здравство, Азир Алиу во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, се осврна на потребата од донесување нов закон за заштита од пушењето, бидејќи пушењето меѓу младите зел сериозен замав. „Законите сами по себе не може да бидат квалитетни и да дадат резултати ако немате цел екосистем. Законот дефинира рамка и строги правила за подобрување на екосистемот во одреден сегмент. Од друга страна, ако немате дополнителни ...
Македонската културна и медиумска јавност денеска е завиена во црно по веста за трагичната смрт на младиот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев. Овој исклучителен креативец го загуби животот во несреќен случај во објект во изградба. Имаше само 28 години. Кристијан Љушев (1997–2026) важеше за еден од најперспективните претставници на новата генерација македонски визуелни уметници. Зад себе остави богато портфолио од ...
Американската сојузна држава Минесота, заедно со градовите Минеаполис и Сент Пол, во понеделник поднесе тужба со која бара да се запре работењето на Службата за имиграција и царина на САД (ICE). Тужбата, поднесена во Окружниот суд на САД за округот Минесота, тврди дека распоредувањето на федералните службеници го крши Уставот на САД и ги загрозува правата на сојузните држави. Тужбата доаѓа неколку дена откако полицаец на ICE ја застрела и уби ...
Автор на главно научно-популарни содржини на Јутјуб, односно популарен Јутјубер тврди дека го открил тајниот рецепт на популарниот газиран пијалок „Кока-Кола“ по една година тестирања. Создаден пред повеќе од 130 години, овој газиран сок е сè уште далеку пред конкуренцијата како најпопуларен во светот. Но, додека многумина веруваат дека е лесно сами да го рекреирате вкусот дома, во реалноста луѓе со години без успех се обидувале да го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека секоја земја што соработува со Иран ќе се соочи со 25 отстотни царина за трговијата со САД, бидејќи Вашингтон разгледува одговор на ситуацијата во Иран, каде што се одржуваат антивладини протести кои изминатите денови прераснаа во уривачки насилства. „Веднаш стапува на сила, секоја земја што соработува со Исламската Република Иран ќе плаќа 25 отсто царина за сите деловни ...