Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ја продолжија својата „ренесанса“ во НБА победувајќи ги Шарлот Хорнетс со 117:109 на домашен терен. Дуелот беше решен за четири минути во средината на последната четвртина кога Клиперс искористија серија од 15:1 за да ја свртат минималната негатива од 99:100 на 7:18 минути за да влезат со недостижна предност од 114:101 на 3:16 минути до крајот. Каваи Ленард ги предводеше стрелците на Клиперси со 35 поени, ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2025 година оствариле вкупен промет повисок од два милиона денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01). Доколку како физичко лице изнајмувате деловен простор во земјата, давате менаџерски, правни, економски, инженерски, ...
Владата го усвои Годишниот план за имплементација на Праведната транзиција за 2026 година, со што се продолжува со системско спроведување на процесот на праведна енергетска и економска трансформација во земјата, информираат од Министерството за енергетика. „Со усвојувањето на овој План, Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја потврдуваат својата посветеност кон обезбедување праведна транзиција која ќе ги земе ...
На 11 јануари, со почеток во 12:00 часот, во The Dude Specialty Coffee во Скопје, се одржа промоција на поетската збирка „Огнени ружи“ од младата уметница и поетеса Лина Капсарова. Настанот се реализираше во организација на здружението „Биди Човек“, во рамки на иницијативата „Иницирај промена! Креирај гласно“, чија цел е охрабрување на младинскиот глас, емоционалната писменост и креативното изразување како чин на лична и општествена храброст. ...
Министерот за здравство, Азир Алиу во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, се осврна на потребата од донесување нов закон за заштита од пушењето, бидејќи пушењето меѓу младите зел сериозен замав. „Законите сами по себе не може да бидат квалитетни и да дадат резултати ако немате цел екосистем. Законот дефинира рамка и строги правила за подобрување на екосистемот во одреден сегмент. Од друга страна, ако немате дополнителни ...
Македонската културна и медиумска јавност денеска е завиена во црно по веста за трагичната смрт на младиот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев. Овој исклучителен креативец го загуби животот во несреќен случај во објект во изградба. Имаше само 28 години. Кристијан Љушев (1997–2026) важеше за еден од најперспективните претставници на новата генерација македонски визуелни уметници. Зад себе остави богато портфолио од ...
Американската сојузна држава Минесота, заедно со градовите Минеаполис и Сент Пол, во понеделник поднесе тужба со која бара да се запре работењето на Службата за имиграција и царина на САД (ICE). Тужбата, поднесена во Окружниот суд на САД за округот Минесота, тврди дека распоредувањето на федералните службеници го крши Уставот на САД и ги загрозува правата на сојузните држави. Тужбата доаѓа неколку дена откако полицаец на ICE ја застрела и уби ...
Автор на главно научно-популарни содржини на Јутјуб, односно популарен Јутјубер тврди дека го открил тајниот рецепт на популарниот газиран пијалок „Кока-Кола“ по една година тестирања. Создаден пред повеќе од 130 години, овој газиран сок е сè уште далеку пред конкуренцијата како најпопуларен во светот. Но, додека многумина веруваат дека е лесно сами да го рекреирате вкусот дома, во реалноста луѓе со години без успех се обидувале да го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека секоја земја што соработува со Иран ќе се соочи со 25 отстотни царина за трговијата со САД, бидејќи Вашингтон разгледува одговор на ситуацијата во Иран, каде што се одржуваат антивладини протести кои изминатите денови прераснаа во уривачки насилства. „Веднаш стапува на сила, секоја земја што соработува со Исламската Република Иран ќе плаќа 25 отсто царина за сите деловни ...
На валутните пазари американскиот долар и во вторникот во раното претпладневно тргување остана под притисок поради ескалацијата на конфликтот меѓу Белата куќа и американката централна банка, откако Министерството за правда на САД отвори кривична истрага против претседателот на Федералните резерви (Fed), Џером Пауел, во врска со реновирањето на седиштето на банката во Вашингтон, вредно 2,5 милијарди долари. Инвеститорите стравуваат дека под ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци донело Наредба за спроведување истражна постапка за два одвоени случаи во кои има сомненија за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 од Кривичниот зaконик. Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик. Тие имале сексуални односи пред малолетно ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави во понеделник дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат во безбедноста и дека Гренланд и Данска треба да одлучат за иднината на островот, за кој американскиот претседател Доналд Трамп вели дека треба да им припаѓа на Соединетите држави. Коментарите на Вадефул, по состанокот со американскиот државен секретар Марко Рубио, дојдоа во услови на растечки тензии околу аспирациите на ...
Фудбалерите на Пари ФК направија големо изненадување победувајќи го во последниот натпревар во понеделникот вечерта актуелниот француски и европски шампион Пари Сен Жермен на неговиот „Паркот на принцовите“ со 1:0 во осминафиналето од Купот на Франција. Решавачкиот погодок за првата историска победа против големиот сосед го постигна Жонатан Иконе во 74. минута. Иконе ја започна својата кариера токму во ПСЖ, но не успеа да се етаблира во ...
Американскиот Стејт департмент објави во понеделникот дека поништил повеќе од 100.000 визи откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата минатата година. „Досега Стејт департментот поништи повеќе од 100.000 визи, вклучувајќи приближно 8.000 студентски и 2.500 специјални визи за лица кои биле во контакт со американските органи за спроведување на законот за криминални активности. Ќе продолжиме да ги депортираме овие криминалци за да ...
ОВЕН Денеска фокусирајте се на сопствените потреби и желби. Почестете се со нешто убаво што ви носи задоволство – нов изглед, облека или кратка прошетка. Не чувствувајте се виновни што се ставате себеси на прво место. Грижата за вашата лична удобност ќе ви даде повеќе енергија и самодоверба. БИК Денеска вашите очекувања веројатно нема целосно да се совпаѓаат со реалноста. Избегнувајте важни деловни разговори и сериозни одлуки, бидејќи ...
На Волстрит во понеделникoт берзанските индекси благо пораснаа и достигнаа нови рекордни нивоа, и покрај интензивирањето на конфликтот меѓу Белата куќа и претседателот на централната банка Џером Пауел. Индексот Dow Jones зајакна за 0,17 отсто на 49.590 поени, додека S&P 500 порасна за 0,16 отсто, на 6.977 поени, а индексот Nasdaq за 0,26 отсто, на 23.733 поени. Новите рекорди на индексите Dow Jones и S&P 500 се должат најмногу на ...
Во вторник на територијата ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во западните делови од земјата ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринските температури се движат од минус 12 степени до минус 3, додека највисокит во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 0 и 7 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува променливо облачно и студено време со повремени сончеви интервали, а ќе дува слаб ветер од променлив ...
Ливерпул обезбеди место во шеснаесетфиналето на англискиот ФА куп откако го победи третолигашот Барнсли со 4:1 на својот „Енфилд“. Домашниот тим поведе во деветтата минута со голот на Доминик Собослај, а во 36. минута Џереми Фримпонг постигна гол за 2:0. За двата гола асистираше Алексис Мек Алистер. Адам Филипс донесе малку надеж за гостите во 40. минута, но Ливерпул ги реши сите сомнежи со уште два гола во следните минути. Флоријан Вирц ...
Во последниот натпревар од 20-то коло од италијанското фудбалско првенство, Јувентус го победи Кремонезе со 5:0, скокнувајќи на третото место на табелата. Пет различни стрелци постигнаа голови за торинската „Стара дама“. Бремер го отвори резултатот во 12. минута, Џонатан Давид го зголеми резултатот на 2:0 во 15. минута, а до крајот на натпреварот меѓу стрелците беа и Кенан Јилдиз (35), Филипо Терачано (48) и Вестон МекКени (64). Претходно во ...
Ливерпул обезбеди место во шеснаесетфиналето на англискиот ФА куп откако го победи третолигашот Барнсли со 4:1 на својот „Енфилд“. Домашниот тим поведе во деветтата минута со голот на Доминик Собослај, а во 36. минута Џереми Фримпонг постигна гол за 2:0. За двата гола асистираше Алексис Мек Алистер. Адам Филипс донесе малку надеж за гостите во 40. минута, но Ливерпул ги реши сите сомнежи со уште два гола во следните минути. Флоријан Вирц ...
Македонија до февруари ќе ги заврши домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ, а останатото ќе биде лобирање и договор, рече вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој не смета дека Црна Гора и Албанија пред Македонија ќе ја добијат оваа поволност зашто, како што истакна, сиот ангажман зависи од секоја држава поединечно. „И тогаш кога првпат ја спомнав оваа замисла и идеја, беше дека ние мораме да си ги завршиме ...
Денеска во базата „Бутмир“ беше одржана комеморативна церемонија во чест на припадниците на Армијата на Македонија кои ги загубија своите животи за време на извршувањето на мисијата во рамки на ЕУФОР, во операцијата „АЛТЕА“. На церемонијата присуствуваа командантот на ЕУФОР, генерал-мајор Флорин Маријан Барбу, началникот на штаб на ЕУФОР, бригаден генерал Тибор Сабо, како и високи национални претставници на ЕУФОР. Присутна беше и Светлана ...
Техеран во понеделник соопшти дека е во преговори со Соединетите држави, за кои претседателот Доналд Трамп рече дека разгледуваат „силен одговор“ на жестокото задушување на протестите кои прераснаа во смртоносни и уривачки безредија во Иран, што претставува една од најопасните закани за верските лидери од Исламската револуција во 1979 година Трамп во неделата изјави дека САД би можеле да закажат состанок со иранските претставници и дека се во ...
Руското Министерство за одбрана објави во понеделникoт дека целта погодена во нападот со хиперсоничната ракета „Орешник“ минатата седмица во западна Украина била фабрика за поправка на авиони, која по ударот е целосно онеспособена. Украина и нејзините европски поддржувачи го осудија рускиот ракетен напад што се случи во петокот, велејќи дека имал за цел да го заплаши Западот во неделата кога европските земји понудија војници за потенцијални ...
Поранешниот лидер на Фротнтот за национално ослободување на Корзика (FLNC) и поранешен претседател на францускиот фудбалски клуб Ајачо, Ален Орсони беше убиен за време на погребот на мајка му во селото Веро на југот на Корзика. Според француските медиуми, 71-годишниот Орсони бил убиен со истрел во градите од голема далечина. Мотивот за оваа очигледно професионална ликвидација засега е непознат. Националното обвинителство за организиран ...
Состојбата предизвикана од обилните врнежи од дожд и снег на територијата на целата држава се следи и е стабилна, оцени вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во Битолски регион, како што посочуваат од ЦУК, на подрачјето на Општина Демир Хисар се евидентирани заезерени површини на земјоделско земјиште во атарите на селата Граиште, Бараково, Единаковци, Света и Жван. Поради оштетување на мост, предизвикано од реката Боишка затворен за ...
Шпанската полиција ја изврши најголемата заплена на кокаин досега на отворено море, пресретнувајќи брод што превезувал речиси 10 тони дрога скриена во пратка сол на пат од Бразил до Европа, соопшти полицијата во понеделникот. Операцијата резултираше со апсење на 13 лица кои беа пронајдени на бродот, а крајбрежната стража во Санта Круз де Тенерифе на Канарските острови мораше да го одвлече бродот до пристаништето откако на крајот остана без ...
Распишана е меѓународна потерница по тинејџерот кој е прегази жена во скопски Капиштец, избега од местото на настанот и со помош на роднините и уште неколку лица пребега во соседна Србија. Министерството за внатрешни работи во понеделникот на својата официјална страница објави дека е покрената „меѓународна потерница по 18-годишниот Саитов Саит од Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете, од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна ...
Собранието попладнево во рамки на 80 седница усвои заклучок дека Предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, е прифатлив и треба да се проследи во натамошна постапка. Првото читање на предлогот беше поддржано од сите 69 пратеници присутни на седницата. Со донесувањето на овие измени на Кривичниот треба да се анулира Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик донесен во ...
Откако Реал Мадрид и Чаби Алонсо ја расинаа соработката, управата на шпанскиот фудбалски гигант го назначи за нов тренер 42-годишниот Алваро Арбелоа, објави клубот. Арбеола го презема Реал Мадрид само неколку месеци откако го презеде Б тимот, оставајќи го тимот на Кастиља на четвртото место во третата лига. Ја започна својата тренерска кариера во септември 2020 година, преземајќи го тимот до 14 години, а две години подоцна стана тренер на ...