Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Коалицијата ПП-ДБ, денеска го доби вториот мандат за формирање влада и го одби. Како што соопшти ко-претседателката на парламентарната група на коалиција, Надежда Јорданова. Втора најголема парламентарна група веќе објави дека веднаш ќе ја врати неисполнета. Ова го направи во понеделник и ГЕРБ-СДФ, која ја доби првата можност да формира нов кабинет во 51-то Народно собрание. Уставот предвидува и трета можност за формирање кабинет во сегашното ...
Цените на акциите благо пораснаа на европските берзи во среда претпладнето, достигнувајќи нови рекордни нивоа, но тргувањето беше претпазливо поради геополитичките тензии околу Гренланд. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,3 отсто во првиот претпладневен пресек од тргувањето, достигнувајќи ново рекордно ниво. Индексот FTSE во Лондон порасна за 0,32 отсто на 10.169 поени, додека DAX во Франкфурт се зголеми за 0,08 отсто ...
Најмногу снег утринава, со висина од 24 сантиметри, има на Попова Шапка. Во 7 часот утринава снежна покривка во висина од 14 сантиметри е измерена во Маврово, 13 во Крушево и 1 см во Тетово и во Ѓуриште. Онаму каде временските услови не создале доволно снег, тука се топовите за вештачки снег. Па така сите скијачки центри во Македонија се отворени и ги очекуваат љубителите на зимските спортови да ги посетат. Попова Шапка, Нижеполе, Крушево, ...
ЈП Водовод и Канализација соопшти дека денеска, среда, поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 8 часот завршување на работите, без вода ќе останат објектите на МНТ, Средното музичко училиште, Министерството за транспорт и врски, како и Управата за издавање матични книги. (општина Центар). ЈП Водовод и ...
На валутните пазари американскиот долар зајакна во раното претпладневно тргвуање во средата откако беше под притисок два дена поради конфликтот меѓу Белата куќа и Федералните резерви. Индексот на доларот, кој ја покажува изведбата на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 99,24 поени, додека вчера во истиот термински пресек од тргувањето изнесуваше 98,95 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на ...
Најмалку 2.571 лице е убиено во протестите во Иран, соопшти во средата американската група за човекови права HRANА, додека религиозните лидери на Исламската Република се соочуваат со најнасилниот бран незадоволство последниве години. Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник ги повика Иранците „да продолжат да протестираат“, ветувајќи дека „помошта е на пат“. Иранските власти, пак, објавувајќи низа видео материјали како докази, ги ...
По голема борба што кулминираше со изведување на пенали, фудбалерите на Реал Сосиедад во вторникот вечерта ја победија Осасуна со вкупен резултат 6:5 и со тоа се пласираа во четвртфиналето на популарниот шпански куп Копа дел Реи односно Купот на кралот. Осасуна водеше со 2:0 до 75. минута. Поведе во четвртата минута со голот на Монкајола, а го зголеми водството кога Ојарзабал постигна автогол во 17. минута. Реал Сосиедад се врати резултатски ...
Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни ...
САД ќе реагираат „многу решително“ доколку иранските власти започнат со егзекуции на лица уапсени за време на протестите, предупреди американскиот претседател Доналд Трамп. Неколку часа претходно, во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“, Трамп порача дека нема намера да се сретне со претставници на иранските власти и ги охрабри демонстрантите, наведувајќи дека „помошта е на пат“. Коментарот уследи во време кога активисти тврдат ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата истакна дека е тешка ситуацијата во земјата. -Ситуацијата во моментов е тешка насекаде, но најтешка е на фронтот. Нападите продолжуваат. Како и одбраната на нашите позиции, истакна Зеленски. Поради руските напади врз украинскиот енергетски систем граѓаните немаат електрична енергија и греење, додека на фронтот, руската армија напредува кон југ и исток. ...
На њујоршки Волстрит берзанските индекси се лизнаа од рекордните нивоа во вторникот, главно поради падот на цените на акциите во финансискиот сектор. Индексот Dow Jones падна за 0,80 отсто на 49.191 поени, додека индексот S&P 500 се намали за 0,19 проценти на 6.963 поени, а индексот Nasdaq падна за 0,10 отсто на 23.709 поени. Индексите Dow Jones и S&P 500 паднаа од рекордните нивоа, главно поради падот од 1,8 отсто на цените на ...
ЕВН Македонија АД соопшти дека денеска, среда, без електрична енергија ќе останат: • во периодот од 9 до 11 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски – Борче бр. 65 и околните станбени објекти околу него. (општина Центар) • во периодот од 9 до 15 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ – Кун во близина на училиштето „Димитар Македонски“ (општина Аеродром). ЕВН Македонија АД соопшти дека денеска, среда, без електрична енергија ќе ...
Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, денеска попладне ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал. Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата, чии членови го носат името ...
Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип, кој до 6:00 часот утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, 4 км пред патарината „Преод“, информира АМСМ. Сообраќајот и на останатите државни патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и ...
ОВЕН Денеска е добар момент да ја зајакнете вашата позиција и јасно да покажете дека се цените себеси. Не дозволувајте другите да ве потценуваат – вашиот став кон себе ќе го постави тонот за нивното однесување. Држете се подалеку од луѓе кои се обидуваат да ве контролираат, манипулираат или доминираат. Верувајте ѝ на вашата интуиција кога донесувате важни одлуки. БИК Денеска е добро внимателно да ја следите атмосферата на работа и да не се ...
Гренландскиот премиер изјави доцна во вторникот дека неговиот народ би ја избрал Данска пред САД доколку од него би се барало таква одлука да донесе „тука и сега“, објави BBC. Изјавата на Јенс-Фредерик Нилсен на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен во Копенхаген е најсилната изјава од претставник на полуавтономната данска територија откако американскиот претседател Доналд Трамп го обнови својот план за нејзино ...
Во среда на територијата на Македониај ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утринските температури се движат меѓу минус 10 и минус 3, додека највисоките дневн соодветно ќе бидат во интервалот од 3 до 10 Целзиусови сетпени. И во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а температурата ќе се ...
Во првото полуфинале од англискиот Лига куп, Манчестер Сити на гости го победи Њукасл Јунајтед со 2:0. Еден од хероите на победата на гости беше Семењо, играч кој пристигна во Сити како засилување од Борнмут за време на овој зимски преоден рок. Ганецот постигна гол за гостинскиот тим во 53. минута. Десет минути подоцна, Семењо повторно ја погоди мрежата на противникот, но тој гол беше поништен откако ВАР регистрираше офсајд. На самиот крај, ...
Детската агенција на Обединетите нации во вторникот соопшти дека повеќе од 100 деца се убиени во Газа од почетокот на прекинот на огнот во октомври. „Повеќе од 100 деца се убиени во Газа од почетокот на прекинот на огнот на почетокот на октомври“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, за новинарите на брифингот на ОН преку видео врска од Газа. „Преживувањето останува условно, и покрај тоа што бомбардирањето и пукањето се намалија за ...
Според судските документи, повеќе од 300 лондонски полицајци веќе ја открија својата поврзаност со масонските ложи и други „хиерархии“ по воведувањето на ново правило со кое се налага откривање на масонството. Во декември британските масони поднесоа тужба за поништување на новото правило на лондонската полиција кое бара од полицајците да го откријат своето членство во масонска ложа или друга хиерархиска структура. Доколку судот пресуди во ...
Разни агенции, медиуми и невладини групи објавуваат извештаи за повеќе илјади жртви во неодамнешните немири во Иран, што би претставувало најголем број на настрадани во протести од Исламската револуција во 1979 година. Информациите што ги изнесуваат различните агенции и медиуми значително се разликуваат. Американската новинска агенција Human Rights Activists News Agency (HRANA), која повеќе од 20 години ги следи протестите во Иран, наведува ...
Американска инвазија на Гренланд би била напад врз сите сојузници на НАТО, изјави министерката за енергетика на територијата, Наја Натаниелсен. Таа денеска на прес-конференција во Лондон рече дека американска воена акција би претставувала „колапс на владеењето на правото“ и би ги оставила западните сојузници да мораат да „сфатат за што станува збор во овој нов светски поредок“. Одговарајќи на новинарско прашање дали Гренланд би очекувал ...
Безбедносните гаранции за Украина мора да бидат веродостојни, особено имајќи ја предвид историјата на лажни обвинувања од страна на Русија против соседите за напади на нејзина територија, што може да се повтори и по прекинот на огнот во Украина, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. – Разговараме за безбедносните гаранции и како што рековме во „Коалицијата на подготвените“ тие навистина ...
Едно машко лице го изгуби животот, а уште едно е повредено вечерва по пожар во стан во зграда во тетовската населба Блок 70. „Пожарот во Територијалната противпожарна единица Тетово е пријавен во 19:05 часот“, информира за МИА Авни Амети од ТППЕ Тетово. Од СВР Тетово потврдуваат дека по пожар во стан во зграда во Блок 70 е најдено починато машко лице, а едно лице е повредено. Воедно информираа дека во тек е увид по пожарот во станот и повеќе ...
Започна површинското чистење на повеќедецениската депонија Вардариште, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Тој сподели снимка од расчистувањето. „Следува процесот на одгасување а потоа – изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 квадратни метри, по сите стандарди. Новите бели дробови на градот“. Фото: Принтскрин Започна површинското чистење на повеќедецениската депонија Вардариште, ...
Пратеникот на Белата куќа, Стив Виткоф, се сретна тајно со Реза Пахлави, син на соборениот ирански шах на Иран која откако избувнаа насилните протести низ Иран во западните медиуми е претставуван како „истакната личност“ во фрагментираната опозиција, во текот на викендот за да разговараат за протестите, објави веб-страницата Axios во вторникот, повикувајќи се на неименуван американски функционер. Станува збор за првата средба на „високо ниво“ ...
Италија сака да има активна улога во секој судски процес поврзан со пожарот во швајцарскиот бар во Кран Монтана, при кој загинаа 40 лица, вклучително и шест италијански тинејџери. – „Ќе ги повикаме швајцарските власти да ги идентификуваат и казнат одговорните и да обезбедат целосна јасност за оваа огромна трагедија“, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, за весникот Кориере дела сера. – „Исто така, ќе поднесеме ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас изјави дека е неизвесно што би следело по евентуалниот пад на иранскиот режим. Одговарајќи на новинарско прашање Калас предупреди дека промената на власта не гарантира подобра иднина за земјата. – Историјата е полна со примери каде доаѓало до уривање на режими, но прашањето е што доаѓа потоа, рече таа. За моменталната ситуација во Иран, Калас изјави дека исходот не ...
Русија во текот на ноќта изврши втор голем бран напади со дронови и со ракети врз Украина во рок од четири дена, соопштија владини претставници во вторникот, повторно насочувајќи се кон електроенергетската мрежа во услови на екстремно ниски температури, објави „Асошиејтед прес“. Нападот се смета за јасна порака на игнорирање на напорите за мир предводени од САД, во време кога руската инвазија врз соседната земја се приближува кон четвртата ...
СДС планира целосно да се изoлира, а нивното однесување се претвора во целосна деструкција кое се повеќе наликува на Лeвица, истакна во вечерашното интервју на телевизија Сител во Тема на денот, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, зборувајќи за лидерската средба која ја иницираше ВМРО-ДПМНЕ и за можностите за укинување на т.н. техничка влада. -Прво учеството на лидерската средба е доброволен чин, ние не можеме никој да ...