Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Голем пожар зафати стан во Тетово, објави вечерва ТВ21. Според првичните неофицијални информации, едно лице загинало, додека друго лице е повредено како последица на пожарот. Пожарникарите пристигнале на местото на настанот и работат на гаснење на пламенот. Причината за пожарот сè уште е непозната, додека надлежните органи работат на расветлување на случајот. Голем пожар зафати стан во Тетово, објави вечерва ТВ21. Според првичните ...
Времето ја демантираше опозицијата, мигрантите не се тема на разговор со Велика Британија и тоа нема да се случи, а СДСМ и Венко Филипче удирајќи по нашите државни партнери ги рушат темелите на Македонија, истакна во вечерашното гостување во “Тема на денот”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. -Првата средба помеѓу премиерот Мицоски и британскиот премиер Стармер се случи во мај минатата година, сега ...
Соединетите држави во вторникот ги означија египетските, либанските и јорданските ограноци на Муслиманското братство за глобални терористи, наведувајќи, меѓу другите причини, и нивната поддршка за палестинската милитантна група Хамас. Овој потег, кој официјално го започна Вашингтон минатиот ноември, ќе донесе санкции за едно од најстарите и највлијателните исламистички движења во арапскиот свет, чие формирање пред речиси еден век е многу ...
Во „Тема на денот“ на ТВ Сител гостуваше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој зборуваше на повеќе теми од кои и за влезот на трет мобилен оператор. Тој ги образложи очекувањата од компанијата “4iG”, кога се очекува да започне со работа и кои ќе биде бенефитите за граѓаните. -Ова е нешто што го ветивме само што беше избрана Владата некаде октомври месец по изборот на Владата го потпишавме Меморандумот за разбирање со ...
Цените на нафтата надминаа 65 долари на меѓународните пазари во вторникoт, бидејќи инвеститорите се загрижени за можни прекини во снабдувањето од Иран поради насилните безредија, со сигнали од Вашингтон за можна интервенција. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше по 1,43 долари попладне, во пораст од вчерашното затворање од 65,30 долари. На американскиот пазар, барелот порасна за 1,50 долари и изнесуваше 61,00 долари. Засебните пресметки ...
Вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во „Топ тема“ на Сител телевизија истакна дека утрешната лидерска средба е доброволен чин и дека е иницирана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за да се разговара за најкрупните прашања кои во моментот се во политичкиот фокус на државата. -Мислам дека премиерот и ВМРО-ДПМНЕ покажаа една големина имајќи предвид дека имаме скоро двотретинско мнозинство во ...
Фудбалската репрезентација на Македонија нема да менува позиции на најновата ФИФА-листа која ќе биде објавена на 19 јануари. Нашиот национален тим останува на 66 место на ранг-листата, прва за 2026 година. Промените главно ги донесе Африканскиот Куп на Нации. Македонија можеше да падне за некое место подолу, но неуспесите на Габон на АКН и падот за осум места, како и елиминацијата на Уганда уште во групната фаза не дозволија такво нешто. Меѓу ...
Министерството за финасии успешно ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница. Министерството одлучи да издаде еврообврзница со две транши од по 500 милиони евра – со рок од 4 години и со рок од 8 години. – Фактот дека Министерството успеа да пласира осумгодишна обврзница дополнително говори за довербата во реформските планови на Министерството за финансии и Владата, имајќи предвид дека последен пат вакво доспевање беше ...
Практично сите 90.000 влезници за годинешниот Евровизиски натпревар во Виена беа распродадени за рекордни неколку минути, соопштија организаторите во вторникот. Влезниците за големото финале беа распродадени за само 14 минути, а билетите за сите други настани беа зграпчени во рок од еден час, соопшти Европската радиодифузна унија (EBU). Вкупно девет настани се закажани во текот на една седмица, вклучувајќи две генерални проби пред секое ...
Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на двајца поранешни вработени, тврдејќи дека биле подложени на „несоодветно допирање, навреди и понижување во атмосфера на контрола и постојано вознемирување“. Обвинувањата беа објавени по тригодишна истрага, објавува „Гардијан“. Жените, домаќинка и физиотерапевтка, вработени во вилите на Иглесијас во Доминиканската Република и Бахамите, тврдат дека наводните напади се ...
Арта Биљали Зендели ијзави дека ДУИ ќе присуствува на лидерската средба што ја свика премиерот Христијан Мицкоски. Зендели истакна во изјавата исткана дека така одлучила партијата ДУИ. На лидерската средба треба да стане збор за укинувањето на „пржинската влада“, деблокирањето на процесот на усвојување на повеќе закочени закони поради необезбедувањето Бадентерово мнозинство, изборот на нов народен правобранител, обезбедувањето предуслови да ...
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга поранешната прва дама и државна секретарка Хилари Клинтон одбија да сведочат во конгресната истрага за покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, предводена од републиканците, велејќи дека станува збор за партиски мотивирана постапка. Во писмо до републиканскиот пратеник Џејмс Комер, претседател на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, тие напишаа ...
Тројца кандидати денеска добија амин од Владата во трката за судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права и слободи со седиште во Стразбур, Франција. Познатиот скопски адвокат, Јордан Апостолски, од реномираната адвокатска компанија „Апостолски“, а кој има големо меѓународно искуство во својата бранша, особено во меѓународниот судот во Хаг за поранешна Југославија, деканот на правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот ...
Зетот и невестата, ѓаволите, Глупавите Августи, па дури и „Шареното племе“ од Африка – сите оживеаја на улиците на Вевчани. Под зимското сонце, меѓу звуците на зурлите и тапаните, вевчанци ја испишаа новата страница од својата вековна традиција. Оваа година, нивната сатира ја погледна стварноста право во очи. Меѓу маските се појавија мигрантската криза, судството, домашната политика, војната во Украина, па дури и односите меѓу Доналд Трамп и ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на проштална средба ја примила амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер. Како што информира Сиљановска Давкова преку објава на нејзиниот Фејсбук профил, обете потврдиле дека двете земји, како долгогодишни сојузници, негуваат цврсто пријателство коешто почива на заемна почит и разбирање. „Амбасадорката Агелер ми честиташе за изборот на двете членки на Судскиот ...
Украинските пратеници во вторникот го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, ретка критика кон претседателот Володимир Зеленски додека се обидува да ги реорганизира клучните сектори во критичен момент од војната со Русија. Шмихал, кој беше премиер пет години пред да биде преместен во Министерството за одбрана минатата година, беше ангажиран од Зеленски да го води енергетскиот ...
Специјалниот обвинител на Јужна Кореја побара смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук-јеол по обвинение за организирање антидржавен бунт поради кратката воена состојба што ја воведе во декември 2024 година, објавија западните агенции. Тимот на специјалниот обвинител Чо Еун-сук ја побара казната за време на последното рочиште за случајот на Јун во Централниот окружен суд во Сеул. Јун, формално отстранет од функцијата во април минатата ...
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права. Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на ...
Македонската ракометна репрезентација во првото коло на Европското првенство во петок игра против ко-домаќинот Данска. Европската ракометна федерација веќе ги делегираше и судиите за првата рунда. Дуелот меѓу Данска и Македонија на 16.јануари (петок) од 20:30 часот во Хернинг ќе го судат браќата близнаци Игор и Алексеи Ковалчиус од Молдавија. Македонската ракометна репрезентација во првото коло на Европското првенство во петок игра против ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ги повика Иранците да продолжат со протестите, велејќи без да образложи дека „помошта доаѓа“ додека властите го интензивираат справувањето со најнасилните протести последниве години. „Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!!… ПОМОШТА ДОАЃА“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social. Додаде дека ги откажал состаноците со иранските претставници сè ...
Групацијата „Volkswagen“ објави дека нејзината продажба стагнирала во 2025 година, со намалени испораки на кинескиот и северноамериканскиот пазар и добри резултати во Европа и Јужна Америка. Во 2025 година, компаниите под капата на „Volkswagen Group“ испорачале нешто помалку од девет милиони возила на клиенти ширум светот, приближно исто како и во претходната година, покажаа прелиминарните резултати објавени во понеделник. Вкупните резултати ...
Екстремно ниските температури и ледениот дожд предизвикаа целосен прекин на авиосообраќајот во делови од Централна Европа. Аеродромите во Виена, Будимпешта и Братислава утринава беа принудени привремено да ги затворат своите писти, оставајќи илјадници патници заглавени. Најкритична е состојбата на аеродромот во Виена, каде на пистите се формирал дебел слој мраз кој постојано замрзнува, оневозможувајќи безбедно полетување и слетување. Екипите ...
Четири танкери за нафта управувани од грчки компании беа погодени од неидентификувани дронови денеска додека пловеа низ Црното Море кон терминалот на Конзорциумот за касписки гасовод (CPC) покрај рускиот брег, објавија руските медиуми. Во моментот не е јасно кој стои зад нападите со дронови. Украина сè уште не коментира за ова прашање, а CPC одби да коментира за инцидентот. Украинските сили на 29 ноември со дрон погодија едно од трите главни ...
Голем број клиенти на Национална трговска Банка (БКТ) во Албанија, најголема во земјата, се соочија со непријатно изненадување, бидејќи нивните картички беа мистериозно испразнети. „Идентификувани се голем број случаи каде што се покажа дека картичките биле користени во различни земји. Во еден случај, се покажа дека граѓанска картичка била користена во Бугарија за купување во износ од илјадници евра. Во друг случај, парите биле украдени во ...
Би сакал оваа дискусија, под одредени услови, да беше и попроширена. Единственото што ќе го кажам е дека, на крајот, знаете, развојот на настаните го обликуваат присутните, а не отсутните и затоа ние секогаш разговараме со оние кои се расположени да разговараат со нас и очигледно не можеме никого да принудиме да дојде и да се вклучи во дијалог кон кој, од свои причини, можеби и не се стреми, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на ...
Сè поголем број на заразени со грип, амбулантите полни, но и болничките капацитети. Висока температура, кашлица, изнемоштеност, се најчестите симптоми. Се почести се и компликациите од вирусот особено кај децата. Бебе од еден месец е најмалиот пациент хоспитализиран на клиниката за белодробни заболувања „Козле“. 10-тина деца со потешка клиничка слика се на кислородна поддршка. Поради компликации, под болнички надзор сè уште 80-тина. За едно ...
Денес сме тука од многу јасна причина. Европскиот фронт, или како што е познат во јавноста како НАИ, предводен од Демократската унија за интеграција, се однесува на целосно деструктивен начин кон прашања кои се сосема нормални, технички и јасно регулирани со парламентарна постапка, истакна на денешната прес-конференција пратеничката на ВРЕДИ, Калтрина Беќири. -Сакам јасно да нагласам од самиот почеток: ова однесување не е и никогаш не било ...
Пријава против две лица поради тешки кривични дела поврзани со силување на дете и задоволување на полови страсти поднела неготинската полиција против две лица. Во соопштението на ОВР Неготино се наведува дека е поднесена кривична пријава против 57-годишник од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „задоволување на полови страсти пред друг“ и „силување на дете кое нема наполнето 15 години“ и против 40-годишник од ...
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права, информираат од прес службата на владата. Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со ...
Франција регистрираше повеќе смртни случаи отколку раѓања во 2025 година првпат по завршувањето на Втората светска војна, со што ја еродираше својата долгогодишна демографска предност во однос на другите земји од Европската унија, покажаа официјалните податоци во вторникот. Националниот институт за статистика INSEE објави дека минатата година починале 651.000 луѓе а се родиле 645.000 бебиња, бројка што постепено се намалува од пандемијата на ...