Министерот за надворешни работи на Данска ќе започне дипломатска офанзива во неделата, за време на која ќе ги посети Норвешка, Обединетото Кралство и Шведска, три сојузника во НАТО со чии претставници ќе разговара за зајакнување на безбедноста на Арктикот, објави неговото министерство. Ларс Локе Расмусен ќе биде во Осло во недела, Лондон во понеделник и Стокхолм во вторник, објави AFP. Посетите доаѓаат откако американскиот претседател Доналд ...

Европската Унија може да прибегне кон економски санкции, воведување трговски тарифи или закана за елиминирање на американските воени бази на нејзина територија за да изврши притисок врз САД за иднината на Гренланд, напиша „Економист“ во саботата. Според списанието, на Вашингтон ќе му биде исклучително тешко да ја проектира својата воена моќ во Африка и Блискиот Исток без пристап до европските воени бази како што е „Рамштајн“. На пример, ...

Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија. Кај 10 оператори, со контролите утврдени ...

Драмата „Sentimental Value“ (Сентиментална вредност) на норвешкиот режисер Јоаким Трир за врската меѓу татко и ќерка ја освои Европската филмска награда за најдобар филм, објави во саботата вечерта Европската филмска академија (EFA). Дејствието на филмот го следи режисерот кој сака неговата делумно оттуѓена ќерка да ја игра главната улога во неговиот најличен проект дотогаш. Главните актери во филмот, Швеѓанецот Стелан Скарсгард и ...

ОВЕН Денеска воздржете се од брзоплети заклучоци, особено доколку немате сите информации. Тоа ќе ве спаси од непотребни грижи и можни грешки. Побарајте рамнотежа меѓу вашите лични желби и очекувањата на другите. Важно е да ги почитувате сопствените граници, а воедно да покажете разбирање за потребите на другите. БИК Денеска имате можност да се истакнете или да привлечете внимание со вашиот природен шарм. Доколку го минете денот во друштво на ...

Австралиските власти во неделата соопштија дека 20 лица се спасени од поплавите во источната држава Нов Јужен Велс откако жителите беа предупредени да се преместат на повисоки места поради обилните дождови. Во Сиднеј, главниот град на државата и најголемиот град во земјата, жителите и туристите беа евакуирани доцна во саботата откако опасните поплави го погодија ниското предградие Нарабин, соопштија властите. Службите за итни случаи ...

Во недела на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Во Скопје и околината денеска исто така ќе биде променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Утринските температури се движат од минус 8 до плус 1, додека соодветно највисоките во текот на денот ќе ...

Фудбалерите на Марсеј победија со 5:2 на гостински терен кај Анже во последниот натпревар од 18-то коло на француската Лига 1 во саботата. Гостите веќе водеа со 4:1 на полувремето, а стрелци за Марсеј беа Гуири (19), Гринвуд (24), Траоре (34) и Веа (40). Единствениот гол за Анже го постигна Сбаи (45+2). Стрелците се стивнаа во следниот период и беа постигнати само два гола. Паишао (88) постигна гол за Марсеј за 5:1, а Аљевина (90+2) ги ...

Во последниот натпревар од саботата од 20-то коло на шпанската Ла Лига, Бетис го победи Виљареал со 2:0 во Севиља. Аитор Руибал му донесе водство на Бетис во 57. минута, а Пабло Форналс го постигна голот за 2:0 во 83. минута. Виљареал остана со играч помалку во 76. минута, бидејќи Санти Комесана доби директен црвен картон за опасен старт со две нозе. Ова е прва победа на Бетис во 2026 година, а осма оваа сезона во Ла Лига, па е на шестото ...

Шведската ракометна репрезентација, поддржана од трибините на „Малме Арена“, ја победи Холандија со 36:31 (16:12) во натпреварот од првото коло од Групата Е на Европското првенство. Швеѓаните го отворија патот за убедлива победа на крајот од првото полувреме, кога од минимално водство од 12:11 во 23. минута стигнаа до плус четири (16:12) до крајот на 30. минута. Избраниците на Михаел Апелгрен поведоа со шест гола првпат во второто полувреме ...

Во последниот натпревар од саботната програма од 21-то коло од италијанското фудбалско првенство, Каљари го изненади Јувентус на домашен терен совладувајќи го со 1:0. Голот за големата победа го постигна Мацители во 65. минута. Со оваа победа, Каљари стигна до 15-то место со 22 бода, исто колку и 13-тиот Кремонезе и 14-тиот Парма, додека Јувентус е четврти со 39 бода, исто колку и петтопласираната Рома. Актуелниот италијански шампион Наполи ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се изјасни во саботата за промена на владата во Техеран, велејќи дека „време е да се бара ново водство во Иран“ „Водачите во Техеран го темелат своето владеење на угнетување и насилство“, тврди Трамп во изјавата за Politico. Тој остро го критикуваше врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, како виновник за „тоталното уништување“ на сопствената земја. Трамп, исто така, го обвини за употреба на ...

Царините со кои се закани американскиот претседател Доналд Трамп во однос на чекорите на европските челници во врска со Гренланд би ги поткопале трансатлантските односи и би ризикувале опасна спирала надолу, а Европската унија ќе остане посветена на одбраната на својот суверенитет, според заедничката изјава на претседателката на Европската комисијата, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Царините би ги ...

Фудбалерите на михненски Баерн продолжија да доминираат во германското првенство, како гости со високи 5:1 го победија РБ Лајпциг во последниот саботен натпревар од 18-то коло, со што повторно избегаа од второпласираната Борусија Дортмунд на 11 бода. По првите 45 минути, домашните водеа со 1:0 со голот на Ромуло во 21. минута, но во второто следеше канонадата на Баварците, Гнабри во 50. и Кејн во 67. минута погодија за пресврт, а во самиот ...

Фудбалерите на Арсенал ја зголемија својата предност пред најблиските ривали на врвот на табелата во англиското првенство иако одиграа нез голови 0:0 на гости кај Нотингем Форест во последниот саботен натпревар од 22-то коло. Лидерот Арсенал сега има 50 бода, додека Манчестер Сити и Астон Вила имаат по 43, но Вила ќе го игра својот натпревар од 22-то коло против Евертон в недела. Нотингем Форест е 17-ти со 22 бода, пет повеќе од 18-от Вест ...

Високи претставници од Европската унија и јужноамериканскиот блок Меркосур потпишаа договор за слободна трговија во саботата по 25-те години преговори отворајќи го патот за најголемиот трговски договор што некогаш го постигнала ЕУ. Договорот, кој беше жестоко оспоруван во Европа, сега треба да биде одобрен од Европскиот парламент. Исто така, треба да биде ратификуван од законодавните тела на земјите-членки на Меркосур: Аргентина, Бразил, ...

Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во саботата соопшти дека објавувањето на администрацијата на Трамп на составот на Мировниот одбор за управување и обнова на палестинската енклава Газа не било координирано со Израел и било спротивно на владината политика. Се вели дека министерот за надворешни работи Гидеон Саар го покренал прашањето во разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио. Во соопштението не е наведено кој дел од ...

Американскиот претседателот Доналд Трамп во саботата изјави дека ќе наплати данок на увоз од 10%, почнувајќи од февруари, за стоки од осум европски земји поради нивното противење на американската контрола врз Гренланд. Трамп во објава на социјалните мрежи изјави дека Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска ќе се соочат со царината и дека таа ќе се искачи на 25% на 1 јуни доколку не се постигне ...

По денешниот прекин на испораката на топлинска енергија за потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, истата е нормализирана откако е лоциран дефектот, соопшти ЕСМ снабдување со топлина. Дефектот на дистрибутивната мрежа е лоциран на булевар Крсте Мисирков и поради тоа има прекин на испорака на топлинска енергија кај следните потрошувачи: Григор Прличев бр.3 – Институт за национална историја и ОЈО за ...

Директор на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, објави како течат градежните активности на автопатот Кичево Охрид и изградбата на галерии кои првпат се изведуваат во Македонија и во регионот. Со изградба на 14 галерии се решава најтешкиот дел од автопатот, со што се пробиваат планини и се решаваат 16 косини на делницата. Директор на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, објави како течат градежните ...

Западноевропските земји не само што го поддржуваат Киев во неговиот конфликт со Москва, туку и активно се подготвуваат за потенцијална војна со Русија, која би можела да ескалира во глобален конфликт, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Политичарот нагласи дека унгарската влада не ги дели овие намери. „Западна Европа навистина се подготвува за војна“, рече Орбан, истакнувајќи дека неодамнешните самити на ЕУ се претворија во „воени совети“ ...

Докторот и сопственик на клиниката Жан Митрев, во интервју на национална телевизија, кажа дека Венко Филипче и Зоран Заев, му се заканувале со цел да му ја одземат болницата, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Во екот на судскиот случај којшто се одвивал против Митрев, кога биле на власт и од позиција на моќ, големците Филипче и Заев, едниот како премиер, другиот како министер за здравство, искористиле момент и преку свои ...

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија градскиот ривал Манчестер Сити со 2:0 во нивниот прв натпревар под водство на новиот менаџер Мајкл Карик на „Олд Трафорд“ во 22-то коло од англиското првенство. Јунајтед поведе со голот на Мбеум во 65. минута по брз контранапад и двојното додавање со Бруно Фернандеш, а Дорга да го постави конечниот резултат во 76. минута. Сити и натаму е втор на табелата со 43 бода, исто како и третопласираната ...

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Леванте на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“ со 2:0 во првиот натпревар од саботната програма од 20-то коло од шпанската Ла Лига. Гостите од Валенсија издржаа речиси еден час, а потоа во рок од седум минути домашниот тим постигна два гола. Првиот го постигна Килијан Мбапе во 58. минута од пенал што самиот го изнуди, а конечните 2:0 ги постави Раул Асенсио во 65. минута. Ова беше 15-та победа на Реал во ...

Американското Министерство за правда отвори кривична истрага против функционери од сојузната држава Минесота, вклучувајќи ги гувернерот Тим Волц и градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, за наводен заговор за попречување на имиграциските агенти, изјави во петокот извор запознаен со истрагата. Изворот на Reuters, кој зборувал под услов да остане анонимен, рекол дека за Волц и Фреј биле подготвени судски покани како дел од истрагата, но не ...

Поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај крисниците на парн греење во поголемиот дел од Скопје. Греење преку дистрибутивната мрежа нема во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, велат од ЕСМ. Оттаму додаваат дека екипите се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање на истиот, со цел како што велат, воспоставување на нормална испорака на ...

Началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирил Буданов, денеска пристигна во Соединетите Американски Држави на разговори со американските партнери за деталите од мировниот договор за прекин на конфликтот во Украина. Буданов на Телеграм изјави дека тој, заедно со секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров, и шефот на парламентарната група на партијата Слуга на народот, Давид Аракхамија, ќе ...

Eлектричните летечки такси развиени од компанијата „Joby Aviation“ треба да започнат со комерцијална работа во Дубаи до крајот на оваа година, изјави во петокот претседателот на Управата за патишта и транспорт на Дубаи, Матар Ал Таџер. „Joby Aviation“ го спроведе првиот тест лет на своето целосно електрично воздушно такси во емиратот во јуни 2025 година, што е важна пресвртница во напорите на Дубаи да ги воведе во постојните транспортни ...

Сопружнци му помогнале на Саит Саитов, тинејџерот кој прегази жена во скопски Капиштец, да избега во соседна Србија. Јавното обвинителство соопшти дека покренало обвинение против маж и жена кои се товарат дека се соизвршители во делото. Истовремено, за осомничениот маж, јавен обвинител предложил мерка притвор, додека за жената мерка куќен притвор. Според соопштението, на 9 јануари, со автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, ...

Еквадор во петокот објави дека распоредил 10.000 војници во широко медиски објавена операција против банди за трговија со дрога одговорни за зголемувањето на насилството во земјата. Сместен меѓу двата главни извозници на кокаин во светот, Колумбија и Перу, Еквадор стана главно појдовно пристаниште за дрога произведена во регионот и најнасилната земја во Латинска Америка поради меѓусебните брутални пресметни на бандите поврзани со ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
100%
1009
weather icon

Белград

0ᴼ / -2ᴼ
0.51
87%
1003
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
82%
999
weather icon

Софија

0ᴼ / -4ᴼ
1.03
75%
1008
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.14
95%
1007
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.19
93%
1000
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
2.24
77%
1009
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
81%
1009
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1009
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
93%
1006
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
4.12
90%
1000
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.8828

Currency

70.9737

Currency

35.8502

Currency

37.7678

Currency

66.727

Currency

7.46048

Currency

0.67798

Currency

0.33586

Currency

0.52464

Currency

1.18506

Currency

0.56191