Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Двајца Кинези се уапсени во Атина откако било утврдено дека преку мобилен систем инсталиран во автомобил и употреба на висока технологија испраќале масовни смс пораки и изведувале кражби на банкарски податоци од мобилните телефони на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, уапсените го користеле методот „SMS Blaster Attacks“, односно напади со масовно испраќање смс пораки со злонамерна цел, а како испраќачи се ...
Синоќа до доцна се вршеа претреси на 16 локации низ државата, при што се пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени, соопшти Обвинителството. Под истрага се 20 лица кои го оштетиле буџетот на државата за 297.733.844 денари или 4,8 милиони евра. Како што соопшти ЈОРМ, првоосомничениот, српски државјанин и сопственик и управител на две правни ...
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот разговараше за ситуацијата во Иран во одделни телефонски разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и понуди да посредува во регионот, соопшти Кремљ. Во разговорот со Нетанјаху, Путин презентираше идеи за зајакнување на стабилноста на Блискиот исток и ја изрази подготвеноста на Русија да „продолжи со напорите за посредување и да промовира ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 13 јануари, во својот дом во Чучер-Сандево, неовластено држел автомат STEN MKII, оружје кое на граѓаните им е целосно забрането, како и 71 куршум ...
Финансиските министри од земјите членки на Г7, заедно со претставници на други големи економии, се собраа во Вашингтон на разговори посветени на обезбедувањето алтернативни извори на критични минерали и намалувањето на зависноста од Кина. На состанокот учествувале делегации од Јапонија, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Канада и САД, како и претставници од Австралија, Мексико, Јужна Кореја и Индија. Иако не беше усвоено ...
Јас жалам што опозицијата, по жестоките и рафални критики кон нашиот стратешки партнер – Обединетото Кралство, сега ова го прави и кон САД, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за одлуката на Вашингтон да го запре издавањето иселенички визи за 75 земји, меѓу кои и нашата. Претседателот на македонската Влада потсети дека Министерството за надворешни работи и трговија даде свој коментар и дека одлуката на САД е поврзана со емигрантските ...
Учебната година во сите основни и средни училишта на територија на цела држава почнува на 20 јануари, потврди денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. – Вчера веќе имавме изјава од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје дека нема да има пречки за новата учебна година. Апелирам до родителите, учениците да се редовни во училиштето и што е ...
Жестокиот одговор на властите во Техеран се чини дека засега ги запреа насилните демонстрациите во Иран, според групите за човекови права, бидејќи државните медиуми објавија нови апсења во петокот, наводно поради заканите на САД за воена интервенција доколку продолжат егзикуциите. Откако американскиот претседател Доналд Трамп постојано се закануваше со воена акција против Иран во поддршка на демонстрантите, стравувањата од американски удар се ...
Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет пиштоли од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор, информираа од Царинската управа. Делото е откриено во вторникот вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица, на излез од државата, при детален претрес на возило со македонски регистарски таблички, управувано од ...
Здружението на граѓани ЗГ „16 Март 2025 – Кочани“, ја известува јавноста дека во сабота, 17 јануари, „Марш за ангелите“ нема да се одржи. -Одлуката е донесена со почит кон светиот православен празник Водици (Богојавление) време кога верниците духовно се собираат, се осветува водата и се потсетуваме на силата на Божјата благодат. Во духот на празникот, деновите пред Водици ги посветуваме на тивка молитва, смирение -и внатрешен мир — за нашите ...
Откако беше суспендиран и со сопствена оставка го напушти Јавното обвинителство, адвокатот и поранешен виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи најави дека ќе се кандидира за републички јавен обвинител, нагласувајќи дека обвинителството мора да се прочисти за да се врати неговиот углед и функционалност. Во гостување на „За или против“ на Алфа телевизија, Хајрулахи рече дека Јавното обвинителство се наоѓа во длабока институционална криза и дека ...
Министерството за внатрешни работи алармира дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. – Пораките обично изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како банки, државни институции, реномирани компании, но имаат за цел да ги измамат корисниците и да ги обезбедат нивните лични или финансиски податоци. Најчести се лажните ...
Литванските власти во петокот ја обвинија руската воено-разузнавачка агенција ГРУ за наводно планирање обид за подметнивање пожар во фабрика што снабдува радиобранови скенери за украинската војска. Шестмина државјани на Шпанија, Колумбија, Куба, Русија и Белорусија се уапсени и обвинети за нападите во 2024 година, а секој се соочува со казна затвор до 15 години доколку биде осуден, изјави за новинарите вишиот обвинител Артурас Урбелис без да ...
Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет пиштоли од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор, информираа од Царинската управа. „Делото е откриено во вторникот вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица, на излез од државата, при детален претрес на возило со македонски регистарски таблички, управувано од ...
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците (ААШ) на Арбен Таравари комплетното раководството поднесе колективна оставка. Како што објаснуваат од партијата, оваа одлука „е донесена едногласно по внатрепартиска дебата, со што се отвори патот за реформи, вклучување на нови кадри и длабока реорганизација во пресрет на Собранието и Конгресот на партијата“. Таравари останува за ја води партијата како претседател до ...
Министерството за внатрешни работи извести дека доцна вечерта, односно во раните утрински часови е ограбена филијала на финансиско друштво за брзи кредити на територијата на општина Карпош. Грабежот се одвивал во трговски центар, а во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот. – На 16.01.2026 во 03:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во простории на финансиско друштво во трговски центар на подрачјето на Карпош било влезено ...
Со автобуси на општинското претпријатие за јавен превоз „Тетово Транспорт“ од сабота повторно почнува превоз на релација Тетово – Попова Шапка и назад. Граѓаните ќе имаат можност да користат два термини за поаѓање од Тетово кон Попова Шапка во 08:00 и од 10:00 часот и исто толку за враќање во 14:45 и во 16:00 часот. Повратен билет ќе чини 200 денари. -Од сабота (17 јануари) ќе биде пуштена во употреба автобуската линија Тетово – Попова Шапка ...
Лекарска комора на Македонија, како професионална организација која ги обединува лекарите од сите нивоа на здравствената заштита, дава поддршка за новиот Предлог-закон за заштита од пушење и за мерките што со него се воведуваат, а се со цел унапредување на јавното здравје и заштита на населението, особено на децата, младите и ранливите групи. Докторите секојдневно се соочува со последиците по здравјето од употребата на тутунски и никотински ...
Номиниран од минатогодишниот добитник на Нобеловата награда за хемија, Омар Јаги, Академик Панче Наумов стана полноправен член на Европската академија на науките (European Academy of Sciences). Наумов, кој моментално предава на Универзитетите „Њу Јорк“ и „Њу Јорк Абу Даби“, стана Академик во Одделението за хемија. Наумов за МИА изјави дека убавата вест му е соопштена вчера, а церемонијата за негово пристапување во Европската академија на ...
Европската Унија работи на значајна промена во правилата кои ја регулираат трговијата со половни автомобили, со цел да ги спречи најлошо одржаните или технички неисправни коли да завршуваат во трети земји како што се земјите на Западен Балкан, пишува пари.мк. Новиот пакет регулативи што се развива во Брисел подразбира дека кога одредено возило ќе се продава или извезува од ЕУ, мора да биде јасно докажано дека не е „возило на крајот од ...
Земјотрес. чиј епицентар е во во Албанија претпладнето во 11:28 часот, е почувствуван и во охридско- струшкиот регион. Земјотресот е со епицентар на 155 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.8. -Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при ...
Судија на претходна постапка, по предлог на Обвинителство определи мерки за претпазливост на девет лица во однос вчерашната акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а поврзана со вработени во Управата за јавни приходи (УЈП). Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека во однос на вчерашната акција на ОЈО ГОКК, до судот доставен е предлог за определување мерки за претпазливост против ...
Номинациите за наградите „Sustainable Adria Awards 2026“ се официјално отворени – регионална награда која ги наградува поединците, компаниите и иницијативите со конкретен и мерлив придонес кон одржливиот развој во регионот Адриa. Наградите се доделуваат како дел од Самитот Adria Future, во четири категории: Лидер на годината, Бизнис на годината, Иновација на годината и Иницијатива на годината. Целта на наградите „Sustainable Adria Awards“, ...
Прославениот шпански пејач Хулио Иглесијас негираше дека нападнал две поранешни домашни помошнички кои поднеле кривични пријави против него, опишувајќи ги обвинувањата како лажни, во објава на социјалните мрежи доцна во четвртокот. Обвинителството на Високиот суд на Шпанија соопшти дека отворило прелиминарна постапка по обвиненијата, за кои група за човекови права предупреди дека вклучуваат трговија со луѓе за принудна работа и ропство, ...
Објавена е првата фотографија од Софи Тарнер во нејзината претстојна улога како Лара Крофт. Фотографијата ја прикажува Софи Тарнер како Лара Крофт. Таа носи очила за сонце со црвеникави леќи, а косата ѝ е врзана. Исто така, носи зелена маица без ракави и тесни шорцеви до средината на бутовите. Едната од нејзините раце со ракавици се потпира на пиштол во футрола на бутот, објавува Би-Би-Си. Таа беше најавена како ѕвезда на ТВ серијата „Tomb ...
Цените на акциите благо паднаа на европските берзи во претпладневното тргување во петкот, паѓајќи од рекордните нивоа, бидејќи инвеститорите се претпазливи поради геополитичките тензии околу Гренланд. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во пад од 0,1 отсто во првиот пресек од тргувањето, паѓајќи од рекордното ниво. Индексот FTSE во Лондон падна за 0,18 отсто на 10.220 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,09 отсто на ...
Нов Зеланд денеска дека привремено ја затвора Амбасадата во Техеран и го евакуира персоналот поради влошената безбедносна ситуација во Иран. Дипломатскиот персонал заминал од Иран во текот на ноќта, а дејноста на Амбасада во Техеран е префрлена во главниот град на Турција, Анкара. – Продолжуваме да не препорачуваме патувања во Иран. Државјаните на Нов Зеланд, кои се наоѓаат во земјата веднаш да заминат, истакна портпаролот на новозеландското ...
Онер Јакупоски вчера и официјално стапи на должност градоначалник на Општина Маврово и Ростуше. Јакупоски официјално го прими уверението за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше кое му беше врачено од претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) Маврово и Ростуше, Реџеп Агаи. -Со овој чин, и официјално се потврдува изборната волја на граѓаните и започнува новиот мандат за управување со општината. При примањето на уверението, ...
Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, се стекна со “Ниво 3” – Aкредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми, како резултат на преземените активности во процесот на намалување на емисиите на јаглерод во рамките на работењето на аеродромите во пошироката околина. Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби акредитацијата за управување со емисии на јаглерод ...
Актуелните НБА шампиони, кошаркарите на Оклахома Сити Тандер како гости ги победија Хјустон Рокетс со 111:91 во синоќешното. Средбата во Хјустон беше израмнета до последната четвртина, која Тандер ја добија со 34:16 и на крајот забележаа убедлива победа. Шај Гилџеус-Александер ја продолжи својата серија од последователни натпревари со најмалку 20 поени на 112, постигнувајќи точно 20, Чет Холмгрен додаде 18 за победниците, додека Кевин Дјурант ...