Управата на Манчестер Сити подготвува голема чест за Пеп Гвардиола, кој заминува од клубот по завршувањето на сезоната. Шпанскиот тренер зад себе остава огромно наследство, исполнето со многу трофеи (меѓу кои и еден во Лигата на шампионите), па затоа, „граѓаните“ решија да изградат статуа со неговиот лик пред статионот „Етихад“ во Манчестер. Исто така, најавено е дека северната трибина ќе го носи неговото име во иднина - нешто што веќе постои ...

Познатиот шпански стручњак Пеп Гвардиола официјално го потврди своето заминување од Манчестер Сити, напуштајќи го „Етихад“ по 10 фантастични години. И клубот и самиот тренер ја потврдија разделбата на крајот од тековната сезона откако Гвардиола освои дури 20 трофеи на клупата на Манчестер Сити и ги предводеше до титулата европски и светски шампион. Неговиот последен натпревар на клупата на Манчестер Сити ќе биде овој викенд против Астон Вила. ...