Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Во вторник на територијата на Македонија претпладне ќе биде претежно сончево, попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Утринските температири се движат меѓу минус 12 до минус 2, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот од минус 2 до 7 Целзиусови степени. Во Скопје и ...
Чесниот крст денес, за Водици, беше положен во реката Црн Дрим во Струга. Најсреќен меѓу оние кои се фрлија по крстот беше 24-годишниот Петар Чокаревски. Претходно се оддржа свечена литургија. По фаќањето на крстот, верниците го бакнуваат, си посакуваат здраве и мир за сите. На овој прекрасен празничен настан во Струга присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска Давкова. По завршување на церемонијата, верниците полнат вода од реката ...
Шведската ракометна репрезентација ја победи Грузија со 38:29 (20:15) во второто коло од Групата Е во Малме, со што и математички се пласираше во втората рунда. Грузијците им предизвикаа проблеми на Швеѓаните само до средината на првото полувреме, дури и поводувајќи со два гола разлика (10:8), но домаќините се разбудија и покажаа квалитет во останатите делови од дуелот. Феликс Клар и Никола Рогановиќ ги предводеа Швеѓаните со по шест гола, а ...
Шведската ракометна репрезентација ја победи Грузија со 38:29 (20:15) во второто коло од Групата Е во Малме, со што и математички се пласираше во втората рунда. Грузијците им предизвикаа проблеми на Швеѓаните само до средината на првото полувреме, дури и поводувајќи со два гола разлика (10:8), но домаќините се разбудија и покажаа квалитет во останатите делови од дуелот. Феликс Клар и Никола Рогановиќ ги предводеа Швеѓаните со по шест гола, а ...
На нова видеоснимка од грабежот во Лувр се гледа како чуварите на музејот Лувр се повлекуваат, збиени во агол во просторијата каде што крадците ограбуваат накит во вредност од околу 87.5 милиони евра. На видеото се гледа како еден од крадците со тупаница пробива низ стаклена витрина пред да украде некои од скапоцените накити. Се прикажува и втор осомничен со кој заедно го земаат накитот пред да избегаат од местото на настанот. Додека се ...
Унгарската групацијата MOL во понеделникот објави дека потпишале обврзувачки договор за главните одредби со руски„ГазпромЊефт’ за преземање на неговиот удел од 56,15 отсто во Нафтената индустрија на Србија (NIS), што вклучува добивање регулаторни одобренија, како и дека договорот за купопродажба има цел да биде потпишан до крајот на март. По завршувањето на трансакцијата, MOL ќе преземе значајни акционерски одговорности и контролни права во ...
Почина српската пејачка Сенка Велетанлиќ, која на македонската јавност ѝ беше позната и како сопруга на реномираниот пејач и актер Зафир Хаџиманов. На 90-годишна возраст денеска почина Сенка Велетаниќ, објави на Фејсбук нејзиниот син, Васил Хаџиманов. „Мајка ми Сенка Велетанлиќ нè напушти утрово по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што и доликува“, напиша Хаџиманов на Фејсбук. Родена е на 27 мај 1936 ...
Европа мора да престане да се обидува да го „смири“ американскиот претседател Доналд Трамп и наместо тоа да му се спротивстави нему и на другите „тирани“ решени да го уништат поредокот заснован на правила воспоставен по Втората светска војна, изјави во понеделникот шефицата на Amnesty International „Ни треба многу поголем отпор“, изјави генералната секретарка на организацијата, Ањес Каламар, за AFP во интервју на маргините на Светскиот ...
Претставници од САД и Украина ќе одржат дополнителни разговори за мировен договор на Меѓународниот економски форум во Давос. Според извештаите на медиумите, рускиот претседателски претставник Кирил Дмитриев, исто така, ќе отпатува во швајцарскиот град за да се сретне со американската делегација. Tрадиционалниот Меѓународен економски форум во Давос ќе се одржи од 19 до 23 јануари. Претставници од Украина и САД се закажани да се состанат за да ...
НБА лигата во понеделникот именуваше пет играчи од секоја конференција за почеток на натпреварот на ѕвездите, а тие 10 играчи ќе сочинуваат три посебни тима за годишниот настан исполнет со ѕвезди на 15-ти февруари во домот на Лос Анџелес Клиперс во Инглвуд, Калифорнија. Во стартната постава на Источната конференција се Јанис Адетокумбо (Милвоки Бакс), Џејлен Браун (Бостон Селтикс), Џејлен Брансон (Њујорк Никс), Кејд Канингем (Детроит Пистонс) ...
Стартап компанија од Силиконската долина наречена „GRU Space“ прима резервации за хотел на Месечината, со депозити од гости кои се движат од 250.000 до милион долари. Структурата сè уште не постои, а за да се стигне таму би била потребна ракета и самото патување би можело да чини повеќе од повеќето домови, но компанијата вели дека веќе има одреден интерес. „GRU Space“ планира да го отвори хотелот околу 2032 година, почнувајќи со изградба на ...
Европските лидери се обидуваат да ги намалат тензиите со САД околу Гренланд, дури и кога Доналд Трамп ги удвојува своите закани за воведување дополнителни царини за осум европски. „НАТО веќе 20 години ѝ кажува на Данска дека „мора да ја отстраните руската закана од Гренланд“. За жал, Данска не можеше ништо да стори во врска со тоа. Сега е време и тоа ќе се направи!!!“, напиша Трамп на Truth Social. Британскиот премиер Кир Стармер ја осуди ...
Шпанија ја истражува причината за железничката несреќа во која загинаа најмалку 40 лица, а 122 други се повредени кога во неделата вечерта воз излетал од шините и се судри со друг што доаѓал од спротивната насока. Комисијата за истрага на железнички несреќи (CIAF) ги испитува можните причини, а истрагата би можела да трае со денови. На една од фотографиите објавени во понеделникот се прикажани истражители на Цивилната гарда како стојат покрај ...
Словенечкиот премиер Роберт Голоб доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Одборот за мир, објави словенечката влада во понеделник на X. Извори блиски до владата неофицијално ѝ кажаа на агенцијата STA дека премиерот не е за учество во комитетот. Како што рекле натаму изворите, се очекува владата да разговара за ова прашање во четврток. Мировниот одбор е формиран за одржување на прекинот на огнот, привремена ...
Висока владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. „Следните денови ќе имаме бројни состаноци коишто очекуваме значително да влијаат на подобрување на економската состојба и привлекување на голем број на инвестиции. Учесник ќе бидам на три панели на коишто ќе ги презентирам можностите за инвестирање во Македонија, истовремено ќе ...
Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, во обраќање до нацијата соопшти дека поднесува оставка и ќе учествува на претстојните предвремени парламентарни избори. Одлуката доаѓа девет години откако Радев и заменик-претседателката Илина Јотова положија заклетва на 19 јануари 2017 година, а официјално ја презедоа функцијата на 22 јануари истата година. „Пред девет години ми гласавте доверба да бидам претседател. Преку 2021 година ...
Се очекува голем број дански војници да пристигнат во Кангерлусуак во западен Гренланд доцна вечерва, објави ТВ2, повикувајќи се на извори од данската војска. Се очекува началникот на командата на данската армија, Питер Х. Бојсен, исто така, да пристигне во Гренланд. Според данскиот врв, распоредувањето на овие војници ќе се одвива како дел од военото засилување на Данска на островот. Сорен Андерсен, командант на Заедничката арктичка команда ...
Иконскиот италијански моден дизајнер Валентино Гаравани почина на 93-годишна возраст. Тој ја основал својата луксузна модна куќа „Валентино“ заедно со бизнисменот Џанкарло Џамети во Рим во 1960 година. Гаравани, кој наполни 93 години во мај 2025 година. Со неговото прецизно креирање шари, препознатлива нијанса на афион црвена боја и око за женствени детали како машни, набори, чипка и везови, Валентино беше еден од клучните архитекти на ...
Рускиот удел во НИС од 56,15 проценти е продаден на унгарски МОЛ, дел од сопственоста ќе им припадне и на ОАЕ, а Србија исто така ќе го зголеми својот удел. „По завршувањето на трансакцијата, МОЛ ќе преземе значајни акционерски одговорности и управувачки права во компанијата што управува со единствената рафинерија во Србија, дополнително зајакнувајќи го своето присуство на енергетскиот пазар во Централна и Југоисточна Европа“, соопшти МОЛ ...
Најмалку 19 лица загинаа во шумски пожари во Чиле, соопштија властите во понеделник, додека владата спроведе масовни евакуации и се бореше со 23 пожари кои беа влошени од силни ветрови и интензивна топлина. Иако временските услови помогнаа некои од пожарите да се стават под контрола преку ноќ, најголемите и натаму остануваат активни. Се очекуваат неповолни временски услови во текот на целиот ден, изјави министерот за безбедност Луис Кордеро ...
Германија треба да стане нуклеарна сила, бидејќи притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд покажува дека Европа повеќе не може да се потпира на американска заштита, изјави пратеникот од Алтернатива за Германија (AfD), Кеј Готшалк. Тој рече дека повоениот консензус за „предавање на одбраната на Европа“ на Вашингтон „се растворил во воздух“ и тврди дека ставот на Трамп кон Гренланд докажува дека „нема ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез го посети во понеделникот местото на железничката несреќа во која загинаа најмалку 39 лица, а 152 се повредени, и прогласи тридневна жалост во земјата. „Ова е болен ден за Шпанија“, изјави Санчез пред новинарите во јужниот град Адамуз. Шпанија ќе прогласи тридневна жалост од полноќ додаде. Два воза од спротивни насоки се судрија во неделата вечерта во 19:40 часот по локално време на влезот во градот, кој има ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП-4) изјави дека испишувањето историја силно го мотивира на првиот овосезонски грен слем турнир Австралија Опен, што денеска го почна со победа од 3-0 во сетови над Шпанецот Педро Мартинез (АТП-71.). За Ѓоковиќ ова е јубилејна 100-тапобеда на Австралија Опен во кариерата. „Што да кажам, ми се допаѓа како звучи – ‘сентурион’. Навистина убаво чувство“, рече 24-кратниот грен-слем шампион, по стартната победа во ...
Рускиот енергетски гигант „Газпром) и унгарскиот концерн MOL се согласни за условите на договорот за NIS (Нефтена индустрија Србија), а Белград ќе го зголеми својот удел во компанијата за 5 отсто, изјави во понеделникот српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Џедовиќ-Хандановиќ. Според шефицата на српското Министерство за енергетика, преговарачите наскоро ќе ги презентираат условите на договорот пред Канцеларијата за контрола ...
Рускиот претседател Владимир Путин е поканет во таканаречениот „Мировен одбор“ на американскиот претседател Доналд Трамп, потврди Кремљ во понеделникот. „Моментално работиме на разгледување на оваа понуда и се надеваме дека ќе воспоставиме контакт со американската страна за да ги разјасниме сите детали“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на редовниот дневен брифинг со акредитираните новинари. Мировниот одбор е формиран за одржување ...
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо ја доби судската постапка против својот поранешен клуб Јувентус и ќе може да задржи 9,8 милиони евра што клубот од Торино му ги исплатил за заостанати плати, објавија италијанските медиуми. Роналдо премина од Јувентус во Манчестер Јунајтед во летото 2021 година, а во 2023 година покрена арбитражна постапка против италијанскиот клуб, тврдејќи дека му должи 19,6 милиони евра за неисплатени плати ...
Во пукање во градскиот совет на чешкиот град Чрибска во понеделникот загина едно лице, а најмалку шест други, вклучувајќи тројца полицајци, беа ранети, соопштија властите додавајќи дека вооружениот човек извршил и самоубиство. Полицијата соопшти дека ја обезбедила зградата во Чрибска, гратче со околу 1.300 жители во регионот Дечинско, 110 колометри од чешката престолнина Прага. „Во моментов, ништо не укажува на терористички или екстремистички ...
Маскирани лица во неделата напладне на фудбналското игралиште во населбата Маџари физички нападнале група малолетници и со тврди предмети претепале едно од децата, а насилството го снимале со мобиле телефон, извести во понеделникот Министерството за внатрешни работи. Според известувањето на „ 18.01.2026 во 13:15 часот Е.О.(37) од Скопје пријави дека на подрачјето на Маџари нејзиниот малолетен син, кој бил заедно со уште двајца негови другари ...
Европа (Европската унија) нема да биде уценувана и ќе одговори јасно и обединето на тарифите што ги заканија САД за поддршка на Данска по прашањето за Гренланд, изјавија во понеделникот министрите за финансии на Германија и Франција. Американскиот претседателот Доналд Трамп во саботата објави нови тарифи за увоз од осум европски земји, сојузници на САД во НАТО кои демонстративно преку ноќ испратија по десетина војници на Гренланд на ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите православни верници, свештенството и учесниците во празничните чествувања, упатувајќи посебна честитка до најсреќниот верник Дарко Митровиќ кој го извади Светиот Крст од осветените води. Во својата порака, тој го истакна длабокото духовно значење на празникот, како и силата на верата, традицијата и заедништвото ...