Многу парови годинава ќе бидат тестирани, додека слободните ќе имаат шанса за судбоносна средба. Љубовен хороскоп 2026 за сите хороскопски знаци Овен Во 2026 година, слободните Овни треба да се фокусираат не на впечатлива слика, туку на внатрешните квалитети на потенцијалниот партнер. Запознавањето нови луѓе е поверојатно да се случи во познати средини: на работа, на училиште и преку заеднички пријатели. Акцентот треба да се префрли на ...

„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации. СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава ...

На декемврискиот самит на претседателите и премиерите на земјите членки на Европската Унија, минатата година, беше постигнат договор за финасиска помош на Украина во вредност од 90 милијарди евра. Најголемиот дел од тие пари се наменети за набавка на оружје и воена опрема. Убаво! Европската комисија, планот за реализација на овие средства треба да го објави за неколку дена. Под услов ако Франција и Германија, но и останатите држави членки, ...

Двопартиска американска делегација ќе се сретне со челниците на Данска и Гренланд во петок за да им даде конгресна поддршка во врска со заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за заземање на арктичкиот остров. Трамп изјави дека Гренланд е клучен за безбедноста на САД поради неговата стратешка локација и големите резерви на минерали и не ја исклучи употребата на сила за негово заземање. Европските земји оваа седмици испратија голем ...

Рутината пред спиење не е помалку важна од нашите утрински навики. Она што го правиме во последните минути пред спиење влијае на квалитетот на нашиот сон, на нивото на енергија, па дури и на нашето расположение следниот ден. Успешните луѓе добро го разбираат ова и обрнуваат посебно внимание на своите вечерни ритуали. Како клучни рутини пред спиење што успешните луѓе никогаш не ги прескокнуваат, се препорачуваат: Читање Читањето пред спиење не ...

Поставеноста на монетарната политика на Народната банка има за цел да овозможи натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата и стабилни инфлациски очекувања. Во услови на присутна неизвесност, монетарната политика останува внимателна, а Народната банка е подготвена, доколку е потребно, да ги употреби сите расположливи инструменти за зачувување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната ...

Високиот антикорупциски суд на Украина (ВАКС) започна сослушување за утврдување превентивна мерка за пратеничката Јулија Тимошенко (Баткившчина) под сомнение за нудење поткуп. Таа изјави дека разговорот објавен од НАБУ и САПО никогаш не се случил и вети дека ќе достави релевантни докази. Сослушувањето се емитува на YouTube. „Прво, сакам јасно да ставам до знаење дека никогаш не сум кажала такви работи и денес ќе обезбедам докази на суд дека ...

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник ни е кодомаќинот Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе неколку денови се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен дуел што го добија против Митјиланд. Ова е вторпат на европски шампионат македонските ракометари на стартот да играат во Хернинг против Данска ...

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, учествуваше на Меѓународниот симпозиум за културна дипломатија во организација на Институтот за културна дипломатија и Шкотскиот форум. Настанот се одржа во Парламентот на Обединетото Кралство во периодот од 12-15 јануари 2026 година. За време на посетата, претседателот Иванов оствари средба со Нус Гани, заменик-претседател (Deputy Speaker) на Долниот дом на Обединетото ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе отпатуваат за Рио де Жанеиро, каде ќе имаат средба со бразилскиот претседател Инасио Лула да Силва. Како што соопшти Европскиот совет, овој трилатерален состанок треба да придонесе за зајакнување на силниот сојуз меѓу ЕУ и Бразил и дополнително да ги зајакне билатералните односи. – Бразил е клучен партнер на Европската ...

Германскиот Федерален суд на правдата (BGH) соопшти дека саботажата на гасоводите „Северен тек“ во 2022 година веројатно била операција на „разузнавачка служба“ наредена од странска влада, според пресудата со која на главниот осомничен му е наредено да остане во притвор. Судскиот документ, датиран на 10 декември и објавен во четврток, ја отфрла жалбата против притворот пред судењето на 49-годишниот осомничен, идентификуван од медиумите како ...

Јужнокорејски суд во петокот го осуди поранешниот претседател Јун Сук-јеол на пет години затвор по обвиненијата, вклучувајќи го и спречувањето на обид за апсење по неуспешниот обид за прогласување вонредна состојба. Окружниот суд во Сеул соопшти дека го прогласил Јун за виновен за спречување на властите при извршување на налог за апсење поврзан со неговото прогласување вонредна состојба во декември 2024 година, покажа преносот во живо на ...

Кина и Канада треба да бидат партнери кои се почитуваат и веруваат едни на други, да се развиваат заедно и да соработуваат, му порача денеска кинескиот претседател Кси Џинпинг на канадскиот премиер Марк Карни кои се сретнаа во Пекинг. -Суштината на економските и трговските односи меѓу Кина и Канада лежи во взаемната корист и соработката од која сите добиваат, рече Кси. Од своја страна, Карни изјави дека Канада и Кина градат ново стратешко ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја и нејзините европски партнери ќе го забрзаат развојот на ново оружје со долг дострел, посочувајќи го рускиот Орешник како технолошко достигнување способно да го промени балансот на моќта на краток рок. Руската војска го искористи својот најсовремен хиперсоничен балистички ракетен систем Орешник минатата недела за да погоди украинска фабрика за авијација во Лавов, која ...

И денеска најниска утринска температура е измерена во Берово. Како што информираат од УХМР, -5 степени Целзиусови се евидентирани во Берово, -4 во Струмица, Битола, -3 Скопје – Петровец, Демир Капија, Тетово, -2 во Прилеп, Велес, -1 во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Претор, Попова Шапка, Кавадарци, Маврови Анови, 0 – Дојран, Крива Паланка, Куманово, Крушево, 1 – Гевгелија, Охрид, 2 – Виница, 4 – Ѓуриште. До седум часот утрово, висината на ...

Без вода во моментов е дел од општина Чаир, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Причината била уличен дефект, а прекинато е водоснабдувањето за корисниците од улиците „Алберт Станиќ“ и „Јосиф Михајлов“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. Без вода во моментов е дел од општина Чаир, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. ...

Лидерот на Армијата на националното ослободување (Ejército de Liberación Nacional – ELN), една од најмоќните вооружени групи во Колумбија, во четвртокот изрази поддршка за обединет фронт на герилски групи во таа земја против воената акција на САД. Тоа е иницијатива за „одбрана на татковината од странска агресија“, изјави лидерот на ELN, Антонио Гарсија, во електронска преписка со агенцијата France Presse (АFP) во четвртокот. Иван Мордиско, ...

На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми во раното претпладневно тргување во петокот, па затоа е во пораст од 0,2 отсто од почетокот на седмицот. Индексот на доларот, кој ги искажува перформансите на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 99,30 поени, додека показателот вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше беше 99,14 поени. Истовремено, ...

Хрватската јавност останала во неверување кога атлетскиот клуб Младост од Загреб објави дека 18-годишната Ива Јовиќ, млада атлетичарка со голем потенцијал, починала ненадејно. Јови починла само три дена откако на атлетски митинг соборила личен рекорд за скок во далечина. „Токму нејзината насмевка беше нејзиниот потпис и подарокот со кој секогаш нè почестуваше – и кој секогаш беше врежан во сите нас кои бевме блиски со Ива. Во нејзината ...

Функционер од вооруженото крило на Хамас, полицаец од палестинското движење и функционер од милитантната група Исламски џихад се меѓу најмалку десетте убиени во четвртокот во серија израелски напади низ Газа, соопштија локални извори. Локалните служби за итни случаи и жителите известуваат дека висок член на Исламски џихад, Ашраф Ал-Хатиб, е убиен во Нусејрат, а полицаец од редовите на Хамас е убиен во градот Газа. Извор од движењето изјави ...

По двата дена пад, берзанските индекси пораснаа на Волстрит во четвртокот, благодарение на подобрите од очекуваните деловни резултати од производителот на чипови TSMC и неколку банки. Индексот Dow Jones скокна за 0,60 отсто на 49.422 поени, додека S&P 500 порасна за 0,26 отсто на 6.944 поени, а индексот Nasdaq порасна за 0,25 отсто на 23.530 поени. По неколкудневен притисок, финансискиот сектор вчера значително порасна, благодарение на ...

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат нови странски инвестиции во енергетскиот сектор, рече Родригез во говорот во четвртокот пред Националното собрание на јужноамериканската земја. Објави дека мерките ќе овозможат инвестиции во нови нафтени полиња, во оние полиња каде што никогаш немало инвестиции, како и во оние каде ...

Белата куќа во четврток потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го задржи медалот за Нобелова награда за мир што му го понуди лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, добитничка на наградата. Мачадо претходно им кажа на новинарите дека му го понудила медалот на Трамп на приватен состанок, но не откри дали го прифатил. „Мислам дека денес е историски ден за нас Венецуелците“, рече таа по нејзината прва лична ...

ОВЕН Денеска околностите ќе ви дадат шанса да ги разјасните вашите односи со другите преку отворен и искрен дијалог. Ако нешто ве мачи, подобро е јасно да го кажете, наместо да се потпирате на другите да погодат што мислите. Разговорите ќе ви помогнат подобро да ги разберете сопствените емоции. По напорниот ден, одвојте време за релаксација. БИК Денешниот не е добар ден за започнување нови проекти или преземање сложени потфати. Фокусирајте се ...

Во петок на територијата на Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Утринските температури се движат минус 6 до 1, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 6 и 13 Целзиусови степени. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од ...

Кошаркарите на белградска Црвена ѕвезда го победија Армани во Милано со резултат од 104:96 по големиот пресврт во 22-то коло од Евролигата. Италијанскиот тим водеше во поголемиот дел од натпреварот, а имаше +13 во третата делница, но Ѕвезда успеа да се врати, да направи чудесен пресврт и во завршницата со многу самодоверба да ја зачува победата. Но и покрај поразот, Армани во првиот натпревар во Белград направи залиха од 10 поени, па така има ...

Фудбалерите на Барселона сепак потешко од очекуваното се пласираа во четвртфиналето на шпанскиот Куп на кралот откако на гостински терен во четвртокот вечерта го победија второлигашкиот тим Расинг Сантандер со 2:0. За разлика од Реал Мадрид, кој беше шокантно елиминиран од Албасете, 17-тиот тим во „Сегунда“, Барса не дозволи изненадување. Водечкиот тим во втората лига се бореше добро, но Барса на крајот победи со 2:0. Стрелци беа Феран Торес ...

Лидерката на опозицијата во Венецуела, Марија Корина Мачадо, им изјави на новинарите дека му ја понудила Нобеловата награда за мир на американскиот претседател Доналд Трамп на приватната средба во Белата куќа во четвртокот, но не кажа дали тој ја прифатил. „Мислам дека денеска е историски ден за нас, Венецуелците“, рече Мачадо по средбата со Трамп, првпат кога се сретнаа лично. На прашањето дали американскиот претседател го задржал медалот, ...

Во одложениот натпревар од 16-то коло од италијанското фудбалско првенство, Милан го победи Комо со 3:1 на гостински терен, намалувајќи ја разликата зад лидерот Интер на три бода. Наполи, Интер, Милан и Болоња ги одиграа одложените натпревари од 16-то коло поради учество во Суперкупот на Италија во декември. Наполи и Интер играа во средата. Интер го победи Лече со 1:0, додека Наполи и Парма одиграа без голови. Четвртокот ги донесе ...

Соединетите држави стојат со „храбриот народ на Иран“, а претседателот Доналд Трамп јасно стави до знаење дека „сите опции се на масата“ за да се запре крвопролевањето, изјави американскиот амбасадор во Обединетите нации, Мајк Валц, пред Советот за безбедност на ОН во четвртокот. Трамп постојано се закануваше дека ќе интервенира во поддршка на демонстрантите кои учествуваа во смртоносните и разорувачки протести во Иран, каде што наводно ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1009
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
3.09
83%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
82%
998
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.0
75%
1008
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.05
93%
1006
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
1.54
95%
999
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
4.47
74%
1010
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
87%
1009
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1008
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.13
95%
1006
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
4.12
89%
1000
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1009
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18506

Currency

0.56191