Бројот на жртвите од судирот во неделата меѓу брз воз што излета од шините и друг воз што доаѓал од спротивната насока во јужна Шпанија се искачи на 39, а 152 лица се повредени, објави државната телевизија RTVE во понеделникот, повикувајќи се на полициски извори. Несреќата се случила во недела во 19:45 часот во близина на Адамуз во покраината Кордоба, околу 360 километри јужно од главниот град Мадрид. Според RTVE, повеќе од 200 возови меѓу ...

Јужноафриканската Република (ЈАР) во неделата официјално прогласи состојба на национална катастрофа поради смртоносните поплави што ја погодија земјата започнувајќи од декември. Обилните дождови и бури што ја погодуваат Јужна Африка и соседниот Мозамбик веќе неколку седмици одзедоа 30 човечки животи во јужноафриканските провинции Лимпопо и Мпумаланга (североисток), а најмалку осум во Мозамбик. „Го класифицирам ова како национална катастрофа“, ...

ЈСП Скопје информира дека денеска поради верскиот празник Богојавление – Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи. Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни ...

Поради неизвесноста на финансиските пазари, инвеститорите бараат побезбедни засолништа за својот капитал, па затоа се свртеа кон купување скапоцени метали. Цената на златото порасна за 1,5 проценти во раното претпладневно тргување во понеделникот, на рекордни 4.665 долари за унца, додека цената на среброто порасна за 3,3 отсто, на рекордните 92,93 долари за унца. А поради растот на геополитичките тензии, на валутните пазари, по растот од ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори кривично дело „Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик“, соопшто во понеделникот обвинителството. При вршење семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, осомничениот се обидел да ја лиши од живот сопствената ...

Мемфис Гризлис ги победија Орландо Меџик со 126:109 во натпревар од регуларната сезона на НБА лигата одигран во неделата ноќта во лондонската „О2 Арена“, натпревар кој беше нарушен и од страна на гледач кој ја прекина американската национална химна. Американската национална химна, која е составен дел од секој натпревар од НБА лигата, ја изведе пејачката Ванеса Вилијамс, а за време на нејзиниот настап, еден гледач извика „Оставете го Гренланд ...

Пожарникарите во Карачи во понеделникот започнаа да бараат повеќе од 60 исчезнати лица откако голем пожар уништи трговски центар во најнаселениот град во Пакистан, додека бројот на жртви од катастрофата се искачи на 11, пренесуваат тамошните медиуми. Пожарот започна доцна во саботата во пространиот, повеќекатен трговски центар „Gul Plaza“ во деловниот округ на градот и гореше повеќе од 24 часа, отежнувајќи ги напорите за спасување во густо ...

ОВЕН Не брзајте со потпишување договори и спогодби денеска доколку имате барем најмал сомнеж дека работите не се онакви какви што треба да бидат. Ако не сте целосно убедени, почекајте неколку дена додека сликата не стане појасна. Избегнувајте големи трошоци и не правете импулсивни купувања. Можете да купите лотариски лоз – постои можност среќата да ви се насмевне. БИК Денеска можете да сметате на поддршка однадвор – најмногу од вашата сакана ...

Во понеделни на територијата на Македонија по студеното и облачно утро во текот на денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринските температури се движат меѓу минус 8 и 0, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот од минус 1 до 6 Целзиусови степени. Во Скопје и околината, исто така, ќе денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од ...

Најмалку 21 лице загина во неделата во јужна Шпанија кога два брзи возови излетаа од шините и се судрија во близина на Адамуз во Андалузија, објави шпанската новинска агенција EFE, повикувајќи се на извори блиски до истрагата. Андалузиските служби за итни случаи објавија дека повеќе од сто лица се повредени, вклучувајќи најмалку 25 лица кои претрпеле сериозни повреди, и дека многу повеќе патници би можеле да бидат заробени во превртените ...

Функционерите на администрацијата на Трамп разговарале со тврдокорниот министер за внатрешни работи на Венецуела, Диосдадо Кабело, месеци пред американската операција за апсење на претседателот Николас Мадуро и оттогаш комуницираат со него. Функционерите го предупредиле 62-годишниот Кабело да не ги користи безбедносните служби или милитантните поддржувачи на владејачката партија што ги надгледува за да ја нападне опозицијата во земјата. Тој ...

Фудбалерите на Сенегал се победници на 35-то издание на Африканскиот куп на нациите откако по продолженијата во финалето со 1:0 го победија домаќинот Мароко. Финалето на африканскиот континентален шампионат понуди вистинска драма и хаос. Во еден момент се чинеше дека натпреварот никогаш нема да заврши. Речиси е неверојатно што се случи во судиското продолжение од второто полувреме. Прво, голот на Сенегал беше поништен, а неколку минути ...

Големо изненадување приредија фудбалерите на Реал Сосиедад кои ја победија Барселона со 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 20-то коло на шпанската Ла Лига. Барселона, која немаше среќа во Сан Себастијан – два гола ѝ беа поништени и дури четирипати нејзините играчи гаѓаа во рамките од противничкиот гол, го загуби натпреварот откако ги доби последните единаесет натпревари по ред во сите натпреварувања. Барселона останува на ...

Актуелните олимписки и светски прваци и европски вицешампиони, селекцијата на Данска, ја забележаа својата втора победа на Европското првенство во ракомет откако ја победија Романија со 39:24 во натпреварот од Групата Б во Хернинг во која игра и селекцијата на Македонија. Данска обезбеди пласман со две убедливи победи. Во натпреварот против Романија, Матијас Гидсел беше најефикасен со девет гола, а Симон Питлик со осум, додека Кевин Молер ...

Фудбалерите на Милан некако успеаја да освојат три бода во неделата победувајќи го Лече со 1:0 пред своите навивачи во последниот неделен натпревар од 21-то коло од италијанската Серија А. Милан напаѓаше од самиот почеток, а Лече се бранеше одлично до 76. минута. Потоа Салемаекерс центрираше прецизно, додека германецот Фуелкруг, кој влезе во игра само три минути порано, го постигна победничкиот гол со глава од непосредна близина. Милан можеше ...

Излетувањето на два брзи воза во Адамуз близу Кордоба на југот на Шпанија во неделата вечерта резултираше со најмалку седум смртни случаи и 25 тешки повреди, според извори од Цивилната гарда и андалузиските служби за итни случаи, објави весникот El Pais. Воз излетал од шините и паднал на пругата каде што воз на друг оператор се движел во спротивна насока. Службите за итни случаи се испратени на местото на настанот и помагаат во спасувањето на ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, има намера да свика итен самит на челнциите на Европската унија во четврток, 22-ри јануари, поради тензиите околу арктичкиот остров Гренланд, изјави во неделата вечерта висок европски функционер. Изворот рекол дека датумот за самитот не е сугурно одреден, но дека самитот дефинитивно ќе се одржи до крајот на следната седмица. Кошта издаде соопштение во неделата навечер во кое се вели дека ...

Излетувањето на два брзи воза во Адамуз близу Кордоба на југот на Шпанија во неделата вечерта резултираше со најмалку седум смртни случаи и 25 тешки повреди, според извори од Цивилната гарда и андалузиските служби за итни случаи, објави весникот El Pais. Воз излетал од шините и паднал на пругата каде што воз на друг оператор се движел во спротивна насока. Службите за итни случаи се испратени на местото на настанот и помагаат во спасувањето на ...

Западноевропските престолнини би можеле да ги погодат САД со 93 милијарди евра (107,71 милијарди долари) царини или да го ограничат пристапот на американските компании до пазарите на Европската унија како одговор на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп до сојузниците во НАТО кои се противат на неговата кампања за преземање на Гренланд, објави во неделата Financial Times. Одмаздничките мерки се подготвуваат за да им се даде ...

Светскиот поредок каков што го знаеме и иднината на НАТО се во прашање, драматично изјави во неделата данскиот министер за надворешни работи, во време кога осум европски земји сојузници во Северноатлантскиот воен блок се соочени со заканите на американскиот претседател со царини поради пркосното испраќање на свои војници на Гренланд, стратешкиот арктички остров над кој Доналд Трамп сака да го наметне суверенитетот на САД. „Не се сомневам дека ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од експресниот пат Градско -Дреново (Прилеп) и испрати порака: „Во пресрет на големиот празник Богојавление – Водици погледнете го ова ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново (Прилеп). Со овој експресен пат Прилеп, Битола, Ресен, Могила, Новаци, Крушево и цела Пелагонија се поблиску до главниот град Скопје, а се патува и многу побезбедно! ...

Без победник со 29:29 и можеби пропуштена шанса за победа во последните секунди над Португалија заврши вториот настап на машката ракометна селекција на Македонија на Европското првенство. Македонските ракометари имаа два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија (13:15). Дури 11 израмнувања видовме во првото полувреме кога на средината од периодот македонските ракометари поради три исклучувања ...

Во последниот натпревар од 18-то коло на германското фудбалско првенство, Аугсбург и Фрајбург одиграа 2:2. Сите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме. Домашниот тим имаше водство од 2:0 по само четири минути во продолжението, но Фрајбург успеа да израмни. Домашниот тим поведе во 47. минута со голот на Алексис Клод-Морис, а само две минути подоцна Елвис Реџбецај постигна гол за 2:0. Јито Сузуки го намали заостанувањето на гостите ...

Фудбалерите на Евертон остварија вредна победа на гости откако ја победија Астон Вила со 1:0 во Бирмингем во натпреварот од 22-то коло од англиското првенство. Домашниот тим имаше можност да се пласира на второто место со барем еден бод, но Евертон ги освои сите три. Гостите ја погодија стативата во 12. секунда, а шутираше Мерлин Рол. Евертон прво ја затресе мрежата на противникот во 33. минута, но голот на Џејк О’Брајан беше поништен поради ...

Огнените прскалки во ресторан во Мадрид, за малку не предизвикаа катастрофа слична на големите несреќи што се случија во Кочани и во Кранс Монтана. Инцидентот е снимен од посетители на ресторанот „Фанатико“, а како што објави весникот „Ел Паис“, за среќа нема повредени. Пожарот во ресторанот е предизвикан од огнени прскалки што им ги делел персоналот на локалот на клиентите, а пламенот е веднаш изгаснат со противпожарен апарат. View this post ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во неделата изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната ситуација во Гренланд и Арктикот. „Ќе ги продолжиме нашите дискусии за ова и со нетрпение очекувам да се сретнам со него во Давос“ следната седмица, напиша Руте на X. Тој не даде никакви детали за содржината на телефонскиот разговор. Политичката и деловната елита се состануваат следната недела на годишниот ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со европерспективата на државата, истакна дека целта е прво да ја завршиме домашната задача поврзана со Реформската агенда, а потоа останува на Унијата дали ќе продолжи да го билатерализира нашиот процес на пристапување. -Македонскиот евроинтегративен пат е неминовно поврзан со волјата на 27 земји-членки, една од нив е и од Бугарија. Знаете дека со нив имаме ...

Чилеанскиот претседател Габриел Бориќ прогласи состојба на катастрофа во два јужни региона во неделата, откако големите пожари принудија на евакуација најмалку 20.000 луѓе и оставија зад себе најмалку 16 мртви. Според агенцијата за шумарство на Чиле (CONAF), пожарникарите се справуваат со 24 активни пожари низ целата земја до неделата наутро по локално време, од кои најголемиот во регионите Нубле и Био Био, каде што владата прогласи вонредна ...

При претрес во домот на родителите на судија во Неготино, пронајдени се 350.000 евра за кои постои сомнение дека биле незаконски стекнати и прикриени, информираше Јавното обвинителство. Медиумите претходно објавија дека станува збор за судијата Ѓоко Ристов, чие име се поврзува со Фехми Стафа, поранешен народен правобранител, кој моментално се наоѓа во притвор поради сомневање дека примил 50.000 евра мито. „Во рамките на опсежна истрага на ...

Данската премиерка Мете Фредериксен во неделата остро ја критикуваше заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување нови царии за земјите кои испратија свои војници на Гранланд, велејќи дека „Европа нема да попушти под притисок“. „Ние не го бараме овој конфликт“, изјави Фредериксен за данската новинска агенција Ritzau додавајќи дека ги поздравува сличните сигнали што доаѓаат од други европски земји. „Европа не може да биде ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
100%
1009
weather icon

Белград

0ᴼ / -2ᴼ
0.51
87%
1003
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
82%
999
weather icon

Софија

0ᴼ / -4ᴼ
1.03
75%
1008
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.14
95%
1007
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.19
93%
1000
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
2.24
77%
1009
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
81%
1009
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1009
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
93%
1006
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
4.12
90%
1000
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.8828

Currency

70.9737

Currency

35.8502

Currency

37.7678

Currency

66.727

Currency

7.46048

Currency

0.67798

Currency

0.33586

Currency

0.52464

Currency

1.18506

Currency

0.56191