Европскиот бизнис-ангел на годината и бизнисмен од светски размери, Душан Стојановиќ, иако живее и работи во Сингапур, не ги заборава семејните корени, кои влечат до гостиварско Зубовце. Тој деновиве го реализираше ветувањето што го даде минатата година, за развој и промоција на Зубовце и додели повеќе стипендии за поддршка на младите таленти, за нивно образование и професионален развој. На неодамнешната онлајн свеченост им беа доделени ...
Како дел од оваа иницијатива, на неодамнешната онлајн свеченост им беа доделени стипендии за студии по стоматологија на младите студентки од Зубовце – Весна Максимовска и Теодора Страшевска. Едната е студент на прва година по стоматологија, додека другата веќе е дипломиран стоматолог, завршува магистратура и е на специјализација по ортодонција. Стипендиите се дел од програмата што ја најави Стојановиќ во чест на својот татко, стоматологот ...

