Од 1 јули до 31 август ќе важи целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, поради зголемената опасност од шумски пожари. Забраната ќе важи во текот на целиот ден на сите површини под управување на претпријатието. Исклучок има за надлежните институции, шумарските служби, како и за лица кои ќе поседуваат писмено одобрение издадено од надлежните подружници на ЈП „Национални шуми“. За ...

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да ја освои титулата на ИТФ М25 турнирот во Загреб, откако во финалето загуби од Узбекистанецот Кумојун Султанов со 2-0 во сетови (6-4, 6-4). Натпреварот траеше еден час и 48 минути, а Султанов во двата сета направи по еден клучен брејк што се покажа пресуден за победата. Ивановски одигра квалитетен турнир и со серија убедливи победи избори пласман во финалето. Иако остана без трофејот, настапот ...

Четириесет и осумгодишна жена од селото Таор, Општина Зелениково, е пронајдена мртва на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, откако претходно беше пријавена за исчезната. Основното јавно обвинителство соопшти дека обдукцијата потврдила насилна смрт. Под сомнение за убиството е приведен нејзиниот поранешен сопруг, кој бил лишен од слобода, а задржани се и тројца негови пријатели. Од МВР информираа дека се уапсени ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во наредните неколку недели ќе поднесе оставка и дека во Србија ќе бидат распишани предвремени претседателски и парламентарни избори. Одлуката доаѓа по 18 месеци масовни антивладини протести предводени од студентите, кои започнаа по трагедијата во Нови Сад во ноември 2024 година, кога при уривање на настрешница загинаа 16 лица. Вучиќ, кој веќе 12 години е на чело на државата како премиер или ...

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 1.430, додека спасувачките екипи и понатаму трагаат по преживеани под урнатините. Земјата во средата беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени, при што се повредени речиси 4.000 лица. Според официјалните податоци, оштетени се најмалку 383 згради, 13 болници, 25 трговски центри и повеќе од 1.000 други објекти. Десетици илјади луѓе и ...

Соединетите Американски Држави втор ден по ред извршија воздушни напади врз воени цели во Иран, откако Техеран беше обвинет за напад врз нафтен танкер во Ормускиот Теснец. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека биле погодени складишта за ракети и дронови, крајбрежни радари, комуникациски системи и противвоздушна одбрана. Иран ги обвини САД за кршење на примирјето и потврди експлозии во јужните региони Сирик и Кешм, нагласувајќи ...

Дваесет и осумгодишен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на една од главните скопски сообраќајници. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена на 26 јуни околу 16:40 часот, кога се судриле патнички автомобил „Мерцедес“, управуван од 66-годишен возач, и мотоцикл „Априлија“ управуван од 28-годишен скопјанец. По судирот, повредениот мотоциклист итно бил ...

Македонија влегува во период на екстремно високи температури, а според најавите во делови од земјата живата во термометарот ќе надмине 40 степени. Следните неколку дена ќе преовладува сончево и многу топло време, со особено изразен ефект на жештина во котлините и урбаните средини. Најтопло се очекува да биде на почетокот на следната недела, кога температурите ќе го достигнат својот максимум. Потоа се прогнозира постепена промена на ...

„Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија. На терен се работи сѐ поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој. Со овој автопат патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3-3,5 часа. Тоа значи многу повеќе бизнис и туристи за цел регион“ – напиша министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил и објави ...

Во депонијата Вардариште во Скопје се одвиваат интензивни активности за нејзина санација и одгасување, објави на Фејсбук профилот градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и додаде дека на терен се поставува инфраструктура, со цел трајно решавање на еден од најдолготрајните еколошки проблеми во главниот град. Тој напиша дека процесот се реализира со силна динамика и според предвидениот проект, нагласувајќи дека Вардариште, кое со децении ...

Камерите од проектот „Сејф сити“ за пет месеци регистрирале 120.000 сообраќајни прекршоци. Ова денеска го кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Од 1 февруари, кога стартуваше примената на „Безбеден град“, регистрирано е намалување на сообраќајните несреќи за околу 40 проценти, односно загинале 34 лица, наспроти 55 за истиот период лани. До 22 јуни 2026, преку камерите се регистрирани 120.000 прекршоци, од кои 95 проценти се за ...

„СДС и ДУИ и од опозиција не придонесуваат никако за реформските процеси и со своите постапки продолжуваат да ги блокираат законските решенија кои се дел од Реформската агенда. На СДС и ДУИ треба да им биде јасно дека станува збор за реформи кои се во интерес на граѓаните и на државата, а не за партиски прашања. Затоа е јасно дека со ваквото однесување СДС и ДУИ не и мислат добро на Македонија, а граѓаните тоа добро го препознаваат“, ...

„Од првиот ден ја презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет. Изминатите две години се соочивме со бројни безбедносни предизвици, но покажавме дека со посветеност, интегритет и меѓународна соработка, може да се постигнат видливи резултати, рече утрово министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во отчетот за сработеното во изминатите две години. Тој напомена дека МВР во изминатиов период ги зајакнало институционалните ...

Два автомобили биле опожарени во раните утрински часови во скопската населба Бутел, а едното возило е во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавата била примена околу 2:20 часот, по што на местото веднаш излегла увидна екипа. Во пожарот биле зафатени автомобил „пасат“ со скопски регистарски таблички и „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на двајца жители ...

„Откако ЗНАМ се распадна и повеќе не постои како функционална структура, Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов сателит. Последните двајца преостанати во ЗНАМ – Горан Минчев и Максим Димитриевски сега се борат за фотелји“, соопштија денеска од СДСМ и додадоа: „Кога и таа последна битка ќе заврши, бидејќи можеби и нема да останат во Владата, Мицкоски ќе остане без инструментот што го користеше за да го ослабне опозицискиот блок. ...

Американската војска изврши напади врз ирански воени цели, откако Вашингтон го обвини Техеран за кршење на примирјето по нападот врз товарен брод во Ормускиот Теснец. Централната команда на САД соопшти дека биле погодени складишта за ракети, беспилотни летала и крајбрежни радари. Иранските власти тврдат дека бродот бил нападнат затоа што користел неовластена рута, додека Револуционерната гарда соопшти дека возвратила со напади врз американски ...

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне, претежно во планинските предели, ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ...

Пренатрупаноста, немањето навремена и достапна здравствена заштита, недоволна кадровска екипираност на институциите и натаму остануваат главен проблем во македонските затвори и потребна е политичка волја, институционална посветеност и ресурси за да се разрешат постоечките состојби. – Недостигот на кадар, недоволните материјални ресурси, ограничениот пристап до здравствени услуги, несоодветните услови во дел од установите и потребата од ...

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела во близина на главниот град Каракас. Според официјалните податоци, бројот на загинати се искачи на 920, повредени се најмалку 3.360 лица, а околу 4.000 останале без своите домови. Во катастрофата се оштетени 383 згради, меѓу кои 13 болници и 25 трговски центри, како и повеќе од 1.000 други инфраструктурни објекти. Властите ...

По седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вторник ќе се знаат персоналните решенија и промената на ресорите во рамки на планираната реконструкција, најави премиерот Христијан Мицкоски. Според премиерот, реконструкцијата не се прави само поради резултатите кои се постигнати досега, туку и заради промена на приоритетите и засега не се знае дали реконструкцијата ќе биде во рамки на промена на една третина од составот или повеќе. ...

Со години запуштениот и неискористен простор долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош” во Бутел ќе прерасне модерен, функционален мега парк, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека работните активности се во завршна фаза и веќе е посадена тревната површина, се поставува хидрантска мрежа за редовно одржување на зеленилото, уредени се патеките и просторот добива лик каков што заслужуваат жителите на Бутел. ...

По информацијата дека бели волци избегале од живеалиштата и усмрттиле четири кенгури и неколку птици во скопската Зоолошка градина, Здружението за заштита на животните Анима Мунди бара под итно да се затвори Зоолошката и да се направи независен инспекциски надзор, да се проверат сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи, а наодите јавно да се објават, Активистите бараат независна истрага за бегството на волците, усмртувањето на ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло на Вимблдон ќе игра против шестата тенисерка на светот, Американката Аманда Анисимова, која лани стигна до финалето на турнирот. Ѓорческа вчера преку квалификациите обезбеди историски пласман во главната сингл-конкуренција на најпрестижниот тениски турнир во светот, што е прв ваков успех за македонски тенисер. Натпреварите од првото коло на Вимблдон ќе се играат на 29 и 30 јуни. ...

Македонскиот шампион Вардар 1961 ги доби противниците за групната фаза од новата сезона во ракометната Лига на шампионите. „Црвено-црните“, кои по неколкугодишна пауза се враќаат во европската елита, ќе играат во групата Б заедно со Нант, Мелсунген и Висла Плок. Од оваа сезона Лигата на шампионите ќе се игра во нов формат со 24 екипи, поделени во шест групи од по четири тима. Натпреварите од групната фаза започнуваат во септември, а ...

Мјузикл со повеќе од 100 уметници ќе биде еден од главните проекти во одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Проектот, чиј идеен творец и режисер е Дејан Пројковски, ќе се изведува во петнаесетина градови низ земјава во текот на август и септември и ќе ги претстави најзначајните моменти од македонската независност преку музичко-сценски спектакл. Низ приказната ќе води Игор Џамбазов, кој најави дека во фокусот ќе бидат успесите ...

Меѓународната поморска организација (ММО) привремено ја прекина операцијата за придружба на бродови низ Ормускиот Теснец, откако товарен брод беше нападнат во близина на брегот на Оман. Според американски претставници, зад нападот стои Иран, додека Техеран соопшти дека нема да гарантира безбедност за бродовите што не ги користат рутите одобрени од иранските власти. Нападнатиот брод, кој пловел под знамето на Сингапур, не бил дел од програмата ...

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако беа информирани дека отпадот повеќе нема да се одлага на досегашниот пункт пред мостот, кој со години претставуваше место за фрлање на секаков вид отпад од несовесни граѓани, станарите ја прифатија идејата ...

Од јануари до мај оваа година се регистрирани 4,0 проценти повеќе возила во споредба со истиот период лани, што претставува стабилен резултат, и покрај политичката неизвесност и ослабената економска активност. Позитивниот тренд, сепак, главно е поттикнат од промените во структурата на пазарот и зголемената побарувачка за одредени типови погони. Растот на продажбата на нови автомобили најмногу се должи на зголемениот интерес за хибридни и ...

По историскиот пласман на главниот турнир на Вимблдон, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не ја криеше радоста, истакнувајќи дека го остварила својот долгогодишен сон. „Горда и среќна сум за сите овие денови на Вимблдон. Доаѓам од мала земја и горда сум што сум единствената во историјата, и во машка и во женска конкуренција, која се изборила за место на главниот турнир. Ова за мене е остварување на сонот“, изјави Ѓорческа. ...

ФИФА направи чекор кој во Русија се толкува како можен почеток на враќање на земјата на меѓународната фудбалска сцена, четири години по суспензијата воведена по почетокот на војната во Украина. При промоцијата на Светското првенство за фудбалери до 15 години, кое оваа есен ќе се одржи во Азербејџан, светската фудбалска организација порача дека натпреварувањето е отворено за сите нејзини членки. Иако Русија не беше директно спомената, од ФИФА ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.32
34%
1016
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
3.13
42%
1015
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.86
47%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.07
43%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.09
42%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
1.06
74%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.68
57%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.47
74%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.34
32%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
1.34
66%
1016
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
2.24
46%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.43
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Платина

52855.83

Кобалт

56.29

Сребро

1853.71

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Родиум

265243.66

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Бакар

13.08

Паладиум

40381.34

Злато

129943.67

Калај

54.92