По неколкудневното освежување, Македонија повторно влегува во период на стабилно, сончево и топло време. Според прогнозата на УХМР, во текот на неделата дневните температури постепено ќе се зголемуваат. Од средината на неделата се очекува нов бран на летни горештини, со температури над 35 степени. Во југоисточните и централните делови на земјата живата во термометарот локално ќе достигне и до 37 степени. Во Скопје максималната температура ќе ...

Најмалку осум лица загинаа, а 34 се повредени во масовен руски напад со ракети и дронови врз Киев и неговата околина. Нападот бил извршен само неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека се подготвува нов голем удар врз главниот град. Според украинските власти, седум лица загинале во Киев, а уште едно во Киевската област. Делумно е урната станбена зграда во населбата Подилски, а оштетени се и повеќе станбени ...

Бројот на загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 3.342 лица, соопштија властите. Според официјалните податоци, повредени се околу 16.740 луѓе, а повеќе од 17.000 останале без своите домови. Земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија земјата на 24 јуни, по што следуваа бројни последователни потреси. Најтешко погодена е крајбрежната држава Ла Гуаира, каде што има големи ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на самитот на НАТО во Турција. Средбата е посветена на можностите за прекин на војната во Украина и изнаоѓање политичко решение. Според Белата куќа, Трамп смета дека постои итна потреба конфликтот да заврши, бидејќи фронтот со месеци останува речиси непроменет. Пред средбата со Зеленски, Трамп ќе разговара со турскиот претседател Реџеп ...

Грчките власти во првите пет дена од јули уапсиле 20 лица поради предизвикување пожари од небрежност. Покрај апсењата, изречени се и 20 административни казни во вкупен износ од 55.005 евра. Од почетокот на годината во Грција се регистрирани вкупно 164 апсења поврзани со предизвикување пожари. Најчестите причини се работа со отворен пламен, употреба на алатки што создаваат искри, земјоделска механизација и палење вегетација спротивно на ...

Во Владата денеска ќе биде потпишан договорот меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој за грант-средства за изградба на автопатот Скопје–Блаце. На потпишувањето ќе присуствува и ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Според најавите, со овој договор ќе се создадат услови градежните работи да започнат уште во текот на овој месец. Вториот дел од автопатот, долг 10,5 километри, ќе го гради конзорциум ...

Лукот е една од најздравите намирници, но многумина го избегнуваат поради силниот мирис што останува на здивот. Сепак, експертите откриваат едноставен трик кој може значително да го намали непријатниот мирис – доволно е веднаш по јадењето да изедете едно јаболко. Според научниот комуникатор Алваро Кармона, јаболкото содржи ензими и фенолни соединенија кои помагаат да се неутрализираат сулфурните соединенија одговорни за карактеристичниот ...

Според стручњаците, по прекинот многу луѓе минуваат низ период на тагување кој може да биде проследен со несоница, наметливи мисли, депресивно расположение, па дури и физички симптоми како болка во градите. Во некои случаи се јавува и таканаречениот синдром на скршено срце, состојба предизвикана од силен стрес. Психолозите објаснуваат дека луѓето по раскинување често ги минуваат истите емоционални фази како и при секоја голема загуба – ...

Норвешка приреди едно од најголемите изненадувања на Светското првенство, откако во осминафиналето го совлада Бразил со 2:1 и обезбеди место меѓу осумте најдобри селекции. Херој на Норвежаните беше Ерлинг Халанд, кој со два гола во завршницата го реши натпреварот и ја однесе својата репрезентација во четвртфиналето. Пред повеќе од 80.000 гледачи на стадионот во Њу Џерси, Норвешка одигра дисциплиниран натпревар и ја казни секоја грешка на ...

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, порача дека нејзиното учество во „Разговорите за Македонија“ не е насочено против партијата, туку, како што вели, е во интерес на СДСМ. Нејзината реакција следува откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека партиските органи во текот на неделата ќе расправаат за нејзиното учество на настан модериран од Игор Ивановски. Петровска потсети дека во 2024 година се кандидирала за претседател на СДСМ ...

Македонската кошаркарска репрезентација ја заврши првата фаза од претквалификациите за Европското првенство 2029 со максимален ефект, откако на гостински терен го совлада Луксембург со 80-66 и ја забележа шестата победа во исто толку натпревари. Иако пласманот во следната рунда беше обезбеден уште пред овој натпревар, селекторот Жозеп Марија Берокал настапи со комбиниран состав. Андреј Јакимовски не беше во тимот, додека капитенот Војдан ...

Голем пожар избувна денеска во објект на Јужен булевар во скопската Општина Кисела Вода, во близина на Пазарната инспекција и на околу еден километар од центарот на градот. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека гори магацин или друг деловен простор, а од запалениот објект се слушале пукотници, кои, според првичните информации, најверојатно се предизвикани од електричната инсталација. „Од ...

Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне го лишиле од слобода 21-годишниот С.Б. од Скопје, кој се сомничи за обљуба врз малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, истиот ден во 13:20 часот, жена од Скопје пријавила дека на 3 јули на подрачјето на Шуто Оризари, осомничениот се обидел да изврши обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка. Во пријавата било наведено и дека пред околу шест месеци ...

На погребот на поранешниот ирански врховен лидер Али Хамнеи, еден од говорниците јавно повика на убиство на американскиот претседател Доналд Трамп. Мохамад Расули пред насобраните изјави дека „убиството на Трамп е наша должност“, по што толпата извикуваше „смрт за Америка“ и „смрт за Израел“. За време на церемонијата беа истакнати транспаренти и црвени знамиња кои симболизираат одмазда, а имаше и пораки насочени против Трамп и израелскиот ...

Грчките власти распоредија дополнителни противпожарни сили за гаснење на голем шумски пожар што избувна во близина на селото Инои, во општината Мандра-Идилија во западна Атика, додека жителите се повикани на зголемена претпазливост. Според грчката противпожарна служба, пожарот избувнал кратко пред 15:30 часот во земјоделско-шумска област Сфака и брзо се проширил кон борова шума во близина на станбени објекти. Во гаснењето се ангажирани 140 ...

Македонскиот тенисер Калин Ивановски триумфираше на годинашното издание на турнирот „Македонијан Опен“, откако во финалето во Скопје го совлада Украинецот Владислав Орлов со 2-1 во сетови (6-1, 0-6, 6-2). Ивановски одлично го отвори мечот и со убедлива игра го доби првиот сет со 6-1, правејќи два брејка и завршувајќи го сетот со ас-сервис. Во вториот сет следуваше целосен пресврт. Орлов ја презеде контролата и со убедливи 6-0 го израмни ...

Реал Мадрид и официјално го промовираше Дензел Дамфрис како ново засилување за претстојната сезона. Холандскиот десен бек пристигнува од Интер, откако мадридскиот клуб ја активираше неговата откупна клаузула во висина од 20 милиони евра. Дамфрис потпиша четиригодишен договор со Реал Мадрид, со кој се обврза на верност до летото 2030 година. Со неговото доаѓање, Реал Мадрид го комплетираше четвртото засилување во летниот преоден рок, по ...

Дваесет и четиригодишен скопјанец е пронајден починат во својот семеен дом во скопската населба Гази Баба. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 4 јули во 12:50 часот во СВР Скопје било пријавено од Итната медицинска помош дека во семејниот дом починал М.Ц. (24) од Скопје, кој, според пријавеното, имал здравствени проблеми. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта, а по насоки на јавен обвинител телото ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да прифатат една изборна единица, како и предлозите на Левица за поголемо финансирање на изборните кампањи на помалите партии, доколку тоа овозможи донесување на новиот Изборен законик. Тој посочи дека на вчерашната средба во Собранието ВМРО-ДПМНЕ повторно го истакнала ставот дека воведувањето на гласање на дијаспората е стратешка цел, но оцени дека дел од политичките ...

Илјадници граѓани повторно излегоа на улиците на Тирана во рамки на движењето „Фламинго револуција“, кое повеќе од еден месец организира антивладини протести низ Албанија. Демонстрантите побараа оставка од премиерот Еди Рама, распишување предвремени избори и спроведување длабоки политички реформи, обвинувајќи ги властите за корупција и лошо управување со државата. Протестното движење започна како реакција на најавите за изградба на луксузен ...

СДСМ преку соопштение обвини дека, според нив, „ЗНАМ 2.0“ не е создадена за јавна политичка дебата, туку со цел да се ослаби партијата одвнатре. Од партијата наведуваат дека изјавите на Игор Ивановски – Шема дополнително потврдиле дека оваа платформа не била наменета за разговор за иднината на државата, туку за, како што велат, уривање на СДСМ. „Откако му пропадна ЗНАМ, сега Мицкоски со препакуван проект се обидува да го слабее СДСМ и ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оцени дека позитивната оценка од Европската комисија претставува потврда за реформскиот напредок на Македонија во рамки на Планот за раст на Европската Унија. Од партијата наведуваат дека, според нивните информации, Македонија заедно со Албанија и Црна Гора е меѓу земјите кандидати кои бележат најголем напредок во спроведувањето на Реформската агенда и исполнувањето на обврските од Планот за раст. „Позитивната ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на годинава или на почетокот на следната да биде поставен камен-темелникот за проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10. Тој изјави дека физибилити-студијата е целосно завршена и во моментов е во фаза на ревизија. Според Мицкоски, во текот на летото ќе се работи на договорот со заемодавателот и ќе се води компетитивен дијалог со потенцијалните изведувачи. Тој нагласи дека не очекува никакви пречки во ...

Објавено е најновото, петто издание на Глобалниот индекс на пасоши, кој ги рангира земјите според слободата на патување, квалитетот на живот и привлечноста за инвестиции. Според најновите податоци, Шведска го има најмоќниот пасош во светот, благодарение на високите оценки во сите клучни категории, особено во квалитетот на живот и можностите за меѓународна мобилност. Зад Шведска се пласирани Швајцарија, Финска, Германија и Холандија, а во ...

Франција обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство, откако со минимални 1-0 го совлада Парагвај во натпревар исполнет со многу дуели и прекршоци. Победничкиот гол го постигна Килијан Мбапе од пенал во 70. минута, со што им донесе пласман на „триколорите“ меѓу осумте најдобри репрезентации. Во четвртфиналето Франција ќе се соочи со Мароко. По натпреварот, селекторот Дидие Дешамп откри дека бил загрижен поради грубата игра на ...

Светското првенство целосно му го промени животот на 40-годишниот голман на Зеленортски Острови, Возиња, кој од фудбалер без клуб стана една од најбараните личности на трансфер пазарот. Репрезентацијата на Зеленортски Острови дебитираше на Мундијалот и остави одличен впечаток. Во четирите одиграни натпревари не претрпе ниту еден пораз во регуларните 90 минути, освојувајќи ремија против Шпанија, Уругвај и Аргентина, а елиминацијата ја доживеа ...

Голем шумски пожар попладнево избувна на хрватскиот остров Хвар, меѓу Јагодна и Иван Долац. На терен интервенираат пожарникари од Хвар, Јелса и Стари Град, а од воздух помагаат четири канадери. Според првичните информации, огнот зафатил делови од неколку вили и предизвикал материјална штета, а изгореле и лозови насади. Од противпожарната команда предупредуваат дека најавеното засилување на ветерот може дополнително да го отежне гаснењето. И ...

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп по повод 250-годишнината од независноста на САД. Според Кремљ, главна тема на разговорот била војната во Украина и претстојниот самит на НАТО во Анкара. Од Кремљ соопштија дека Трамп ја потврдил својата подготвеност да работи на што побрз прекин на борбите и изнаоѓање решение за кризата. Русија, според советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, и ...

Украина во текот на ноќта изврши напади врз неколку трафостаници на окупираниот Крим, по што голем дел од полуостровот остана без електрична енергија. Според украински и руски извори, цел на нападите биле трафостаниците кај Бахчисарај и Зимино. Украинската страна наведува дека енергетската инфраструктура што ја користи руската војска претставува легитимна воена цел. Нападите се дел од поширока операција насочена кон слабеење на руските воени ...

Денеска времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој на одделни места повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 8 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 25 до 33 степени. Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а во одделни делови од ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.94
34%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
41%
1014
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.97
44%
1014
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.92
40%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.67
39%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.88
71%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
53%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.51
70%
1014
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.38
33%
1014
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
0.89
52%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 27ᴼ
2.24
40%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.72
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0079

Currency

66.0429

Currency

7.89933

Currency

0.67283

Currency

0.33875

Currency

0.52369

Currency

1.12246

Currency

0.55908

Калај

54.92

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.19

Платина

52855.83

Паладиум

40381.34

Кобалт

56.29

Бакар

13.08

Рутениум

53852.50

Сребро

1853.71

Злато

129943.67

Родиум

265243.66

Цинк

0.00