Цените на нафтата на светските берзи веќе подолг период се во пад, а тоа се одразува и врз пониските цени на горивата во Македонија. Но, ако ги прашате граѓаните, во маркетите како да не слушнале дека енергенсите поевтинија. Производите што поскапеа кога горивата беа скапи, и понатаму остануваат со истите високи цени. Изгледа дека кај трговците правилото е едноставно – кога горивото поскапува, цените веднаш одат нагоре, а кога поевтинува, ...

Попладнево избувна голем пожар на подрачјето на Општина Штип, меѓу населбите Баби и Дузлак. Огнот зафатил борова шума над филтер-станицата, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. На терен интервенира Територијалната противпожарна единица од Штип со сите расположливи капацитети. Во гаснењето ќе се вклучат и неколку доброволни противпожарни друштва како поддршка на штипските пожарникари. Засега не се ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека, покрај електронското гласање, дијаспората би можела да гласа и по пошта, по примерот на многу европски и светски држави. Тој нагласи дека Владата е подготвена да прифати секое решение предложено од СДСМ и Левица, доколку се обезбеди правото на дијаспората да учествува на изборите. Според Мицкоски, целта е да се овозможи поголем одзив на иселениците, кои, како што рече, имаат значаен придонес за ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска постави камен темелник на првиот базен во ООУ „Ацо Шопов“. „Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца. Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус. Овој базен, чија изградба ќе биде ...

Илјадници ожалостени Иранци денеска се собраа во молитвениот комплекс „Имам Хомеини“ во Техеран на почетокот од повеќедневните погребни церемонии за поранешниот врховен лидер Али Хамнеи. Церемонијата започна со интонирање на националната химна, верски говори и читање извадоци од Куранот. Хамнеи беше убиен во февруари во првиот голем воздушен напад за време на војната меѓу Иран, Израел и САД, со што заврши неговото 37-годишно владеење. ...

Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” – софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство. Во објавата на Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за подобра дијагностика и третман на ...

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на Стојанче Јовановски и ја потврди првостепената пресуда со која е осуден на 12 години затвор. Од Судот соопштија дека жалбата е оценета како неоснована, а пресудата на Основниот кривичен суд останува во сила. Јовановски беше прогласен за виновен за телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство. Според пресудата, тој со години вршел континуирано семејно насилство врз ...

Протестите во Албанија, кои започнаа поради најавената изградба на луксузен туристички комплекс во заштитената лагуна Нарта, прераснаа во масовно антивладино движење. Демонстрантите пред владината зграда во Тирана бараат оставка од премиерот Еди Рама и подобри услови за живот, образование и вработување. Повод за протестите е проектот вреден милијарди евра, зад кој стои група инвеститори, меѓу кои и Џаред Кушнер, зетот на американскиот ...

При претрес во стан во Скопје, полицијата заплени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин и поголема количина различни видови дрога. Акцијата ја спроведе Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно приведување на две лица. При претресот биле пронајдени и амфетамин, екстази, ЛСД, масло-хашиш смола и халуциногени печурки. Двете лица се задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Против нив е поднесена ...

Дваесет и осумгодишен жител на Крива Паланка го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на магистралниот пат А-2, кај селото Страцин, во општина Кратово. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 00:10 часот, кога патничко возило „Опел Астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.С. (28) од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрило во бетонски ...

Најмалку 3.700 луѓе повеќе од вообичаеното починале за време на последниот екстремен топлотен бран што ја зафати Европа, покажуваат прелиминарните податоци од Франција, Белгија и Холандија. Здравствените власти предупредуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми. Според експертите, топлотниот бран од 20 до 28 јуни бил најинтензивниот досега забележан на европскиот континент. Само во Франција се регистрирани 2.025 дополнителни ...

Анкета на агенцијата „Маркет вижн“, спроведена за порталот МКД.мк од 10 до 27 јуни, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму има убедлива предност пред останатите политички партии. Според резултатите, 20,5 проценти од испитаниците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ има поддршка од 6,2 проценти. ДУИ е трета со 5 проценти, пред ВЛЕН со 4,4 проценти, Левица со 2,9 и ЗНАМ со 1,5 проценти. Кај определените гласачи, односот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ...

На претстојниот самит на НАТО во Анкара, сојузниците се очекува да одобрат нов пакет воена помош за Украина во вредност од 140 милијарди евра. Планот предвидува во следните две години годишно да се издвојуваат по 70 милијарди евра за вооружување и обука на украинските сили. Дел од средствата, односно 60 милијарди евра, ќе бидат обезбедени преку заем на Европската Унија за 2026 и 2027 година. Останатите 40 милијарди евра годишно ќе треба да ги ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски, извршија увид во работните активности за изградба, односно замена на старата и дотраена водоводна мрежа во Нерези, општина Карпош по што ќе следи и асфалтирање на улицата. Станува збор за проблем кој со години го чувствуваа жителите од овој дел на Скопје – слаб притисок на вода, чести дефекти и инфраструктура која одамна го надминала својот век на ...

Опозициската СДСМ смета дека понудените измени во Изборниот законик за електронско гласање на дијаспората се „нов изборен грабеж со злоупотреба на 200.000 гласа” бѝдејќи, потсетуваат, дијаспората и сега гласа, а измените што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ се за 2029 година. „Целта на Мицкоски е изборен грабеж и злоупотреба на 200.000 гласа затоа што поддршката од граѓаните му падна и сака изгубените гласови во Македонија да ги надомести преку ...

Во касарната „Илинден” во Скопје во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски беше презентиран дел од новата опрема што Армијата ја доби преку Европскиот мировен фонд, со финансиска поддршка од Европската Унија во вредност од над 40 милиони евра. Испораката е поделена во три фази, при што во ...

Фестивалот „Скопско лето“ продолжува со богата културна програма и овој викенд. Вечерва во Младинскиот културен центар премиерно ќе биде изведена претставата „Теорема, леме“, во режија на Мирко Радоњиќ, според делото на Пјер Паоло Пазолини. Во сабота во Музејот на Град Скопје ќе биде прикажан документарниот филм „Шуплевски – ехо низ времето“, посветен на едно од најзначајните музички семејства во Македонија, а влезот е бесплатен. Во недела во ...

Три лица се уапсени поради напад врз 14-годишно момче што се случи минатата недела на подрачјето на Гази Баба. Според полицијата, тие околу 23:05 часот на 22 јуни физички го нападнале малолетникот, при што му нанеле повреди со остар предмет. Родителите на момчето тврдат дека напаѓачите без причина започнале да го тепаат, а едно од лицата извадило нож и го прободело. Од здобиените повреди детето паднало во бесознание, а напаѓачите избегале од ...

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне се очекуваат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се можни поинтензивни врнежи, силен ветер над 60 километри на час и краткотрајно невреме со појава на град. Дневната температура ќе се движи од 22 до 34 степени, а во Скопје до 30 степени. Во главниот град попладне се очекуваат дожд, грмежи и услови за локално невреме. Од утре времето ќе се стабилизира и ...

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде претставен дел од новата воена опрема што Армијата ја доби преку Европскиот мировен фонд. На презентацијата се очекува да присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, евроамбасадорот Михалис Рокас и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Покрај презентацијата, припадниците на Армијата ќе изведат и показна вежба за демонстрација на ...

Антивладините протести во Албанија синоќа прераснаа во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. Полицијата употреби солзавец, бибер-спреј и воден топ откако дел од демонстрантите фрлаа камења, јајца и други предмети кон безбедносните сили. Во судирите се повредени 12 полицајци, а приведени се 18 демонстранти. Протестите, познати како „револуција на фламинго“, започнаа поради плановите за изградба на луксузен туристички комплекс ...

Ковчезите со останките на убиениот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, и неколку членови на неговото семејство се изложени во Техеран пред погребните церемонии што ќе траат од 4 до 9 јули. Иранските власти очекуваат милиони луѓе да присуствуваат на последното испраќање на Хамнеи, кој беше убиен при првите напади од војната со САД и Израел. Главно внимание привлекува прашањето дали новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи првпат јавно ќе ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар најави дека на следниот самит на НАТО ќе отпатува со редовен лет на авиокомпанијата „Виз Ер“, наместо со приватен или воен авион. Тој порача дека нема потреба од скапи државни летови и дека министрите треба да дадат личен пример со одговорно трошење на јавните средства. Маѓар ова го изјави во контекст на проверката за патните трошоци на поранешниот министер за надворешни работи Петер Сијарто, која сè уште е во ...

На социјалните мрежи се појавија снимки од 14-годишно момче кое било избодено седум пати е оставено без свест во тревник во скопската населба Ченто. МВР го потврди настанот и информираше дека се случил на 22 јуни вечерта кога малолетното момче било физички нападнато од три лица, од кои едното му нанело повреда со остар предмет. Откако момчето изгубило свест, лицата го оставиле беспомошно на местото, каде е пронајден од случаен минувач и ...

Во Битола продолжуваат градежните активности на повеќе локации, со фокус на реконструкција на улици, унапредување на спортската инфраструктура и изградба на нови паркинг-простори. Од Општина Битола информираат дека во тек е комплетна реконструкција на улицата „Маркс и Енгелс“ во централното градско подрачје. На делница долга 250 метри се обновуваат водоводната и канализациската мрежа, по што ќе биде реконструиран и коловозот. Паралелно се ...

Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп спроведоа темелна акција за расчистување на просторот во населбата Вишне 2, на локацијата каде што некогаш се наоѓала Зоолошката градина. Во рамки на акцијата беа отстранети големи количини несоодветно исфрлен отпад, а извршено е и чистење на шипови, трње, троскот и висока трева. Од ЈКП „Комуналец“ информираат дека станува збор за површина која не била исчистена повеќе од десет години, поради што била ...

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне се очекуваат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се можни поинтензивни врнежи, силен ветер над 60 километри на час и краткотрајно невреме со појава на град. Температурите ќе се движат од 13 до 19 степени наутро и од 22 до 34 степени во текот на денот. Во Скопје ќе биде нестабилно со повремени врнежи, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Ола Солстром, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и заедничката определба за нејзино натамошно продлабочување, со посебен акцент на енергетиката, инфраструктурните проекти и зелената транзиција. Во фокусот на разговорите беа можностите за ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 02.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.461,62 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 13,13 поени, односно за 0,14%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Приштина учествуваше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, каде што министрите од регионот, претставници на Европската комисија и Секретаријатот на Енергетската заедница разговараа за забрзаната интеграција на земјите од Западен Балкан во европскиот пазар на електрична енергија и природен гас, за енергетската безбедност и зајакнувањето ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.32
34%
1016
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
3.13
42%
1015
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.86
47%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.07
43%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.09
42%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
1.06
74%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.68
57%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.47
74%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.34
32%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
1.34
66%
1016
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
2.24
46%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.43
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Родиум

265243.66

Рутениум

53852.50

Сребро

1853.71

Калај

54.92

Иридиум

252383.36

Злато

129943.67

Бакар

13.08

Алуминиум

3.19

Платина

52855.83

Паладиум

40381.34

Цинк

0.00

Кобалт

56.29