Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп продолжуваат со активностите за естетско кроење и обликување на зеленилото на повеќе локации во градот. Во рамки на акцијата се уредуваат зелените површини кај Споменикот на прилепските бранители и во населбата Димо Наредникот, со цел градот да добие поуреден и поатрактивен изглед. Од ЈКП „Комуналец“ јавно го пофалија својот вработен Пеце Трајкоски и тимот од секторот „Паркови и зеленило“ за нивната ...
Системот „Безбеден град“ продолжува да се проширува во повеќе градови низ државата со цел да се намали бројот на тешки сообраќајни несреќи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, во првите пет месеци од неговата примена бројот на загинати во сообраќајни незгоди е намален за 40 проценти, од 55 на 33 лица во споредба со истиот период лани. По Скопје, Куманово, Тетово, Велес и коридорите 8 и 10, камери веќе се поставуваат и во Охрид и на ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот историски настап на Вимблдон, откако во првото коло беше поразена од минатогодишната финалистка Аманда Анисимова со 2-0 во сетови (6-3, 6-2). Ѓорческа, која претходно со три победи низ квалификациите за првпат се пласираше во главната ждрепка на Гренд слем турнир, пружи солиден отпор, но не успеа да ја изненади шестата тенисерка во светот. Анисимова направи еден брејк во првиот сет, а во ...
Собранието ги усвои измените на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело, со кои се унапредува системот за органодарителство и трансплантација. Најважната новина е што секој полнолетен граѓанин ќе може кај својот матичен лекар или преку системот „Мој Термин“ да се изјасни дали сака да биде дарител на органи по смртта, со можност одлуката во секое време да ја промени. Законот го проширува и кругот на живи дарители до четврти ...
Од 1 јули ќе важат пониски царински стапки за 70 суровини и репроматеријали што ги користи домашната индустрија, откако Собранието ги усвои измените на Законот за царински тарифи. Од Министерството за финансии велат дека мерката е усогласена со европските правила и е подготвена во соработка со стопанските комори. Намалените царини треба да ги намалат трошоците на компаниите, особено во автомобилската, металопреработувачката и металуршката ...
Додека вечерва по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се очекуваат поконкретни информации и имиња за најавената реконструкција на Владата, денеска од СДСМ преку соопштение велат дека таа нема да донесе суштински промени за граѓаните, туку претставува само замена на поединци без промена на политиките. Од опозициската партија оценуваат дека по две години владеење, Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски не успеала да ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека нема политичка стратегија, визија и план за развој на државата, туку дека единствената политика што ја нуди е, како што велат, попустлив пристап кон официјална Софија. Од партијата наведуваат дека Македонија има јасна и принципиелна позиција во однос на европските интеграции, со цел не само формално отворање на преговорите со Европската Унија, ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека повеќе од 220 фонтани за пиење вода биле ставени во функција. „Скопје мора да биде град кој мисли на своите граѓани, особено во летниот период, кога високите температури бараат основни услови за разладување, движење и нормално функционирање. Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните за пиење вода низ градот беа оставени надвор од функција. ...
Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што минатата среда ја погодија Венецуела, при што загинаа најмалку 1.700 лица. Најтешко погоден е крајбрежниот град Ла Гваира, каде што спасувачите периодично ја прекинуваат работата за да слушнат дали има знаци на живот под срушените згради. Жителите обвинуваат дека државните институции реагирале предоцна и дека во првите часови по ...
Над 900.000 нерегуларни мигранти поднеле барање за легализација на престојот во Шпанија пред истекот на рокот, што е речиси двојно повеќе од првично очекуваните 500.000 апликации. Право на пријава имаа лица кои престојуваат најмалку пет месеци во земјата и немаат кривично досие. Програмата е резултат на граѓанска иницијатива поддржана од повеќе од 700.000 граѓани, бројни хуманитарни организации, бизнис-заедницата и Католичката црква. Досега ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено по суви коловози, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. АМСМ апелира возачите да бидат внимателни на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево, каде што постои можност од појава на одрони. Од утре до 31 август ќе важи летен ...
Лина Ѓорческа синоќа го одработи последниот тренинг пред денешниот меч од првото коло на Вимблдон против шестата носителка Аманда Анисимова од САД. Меч за историјата на македонскиот тенис и спорт воопшто. Натпреварот започнува во 12 часот на еден од главните терени, а ќе може да се слиди во директен пренос на Арена спорт каналите. Лина Ѓорческа ќе стане првиот тенисер од Македонија што настапил во главната конкуренција на гренслем-турнир во ...
Денеска сите стискаме палци за Лина Ѓорческа, во својот прв настап на еден од Гранд слем турнирите. Но да се потсетиме и дека Македонија во периодот 1997 до 2002 година имаше редовен учесник на овие турнири, но во двојки. Александар Китинов, кој стигна и до 38 место на АТП листата, во двојки во 2001 година на Вимблдон стигна до третото коло. Тој во таа негова најуспешна година играше и на останатите Гранд слем турнири при што на Ролан Гарос и ...
Три лица се повредени, од кои две се во критична состојба, во силна експлозија што вечерва се случи во станбена зграда во Монако. Според првичните информации, властите се сомневаат дека станува збор за терористички напад, а полицијата интензивно трага по осомничениот. Повредените се членови на исто украинско семејство, меѓу кои и украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев, кој е во тешка состојба. Безбедносните камери снимиле маж како остава ранец ...
По најавите за блокирање на измените на Изборниот закон во Собранието, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред малку на Фејсбук го објави следново: „Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и понижуваа Македонија, сега грчевито се борат да ја блокираат. Исплашени се дека, по декемврискиот извештај, сега и во јунскиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан повторно ќе бидеме најдобри… Но, имам ...
СДСМ ќе поднесе 10.000 амандмани за Изборниот законик за кој попладнево Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка. – Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален закон. Нема да дозволиме изборна кражба. 10.000 амандмани подготвени, напиша на фејсбук лидерот на СДСМ Венко Филипче објавувајќи фотографии од пратеничката група на СДСМ. СДСМ, која се повлече од работната група за Изборниот законик, има забелешки на ...
За половина денар од полноќ се зголемува цената на бензините Еуросупер 95 и 98, додека на дизелот се намалува, според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Новата малопродажна цена на 95-тката е 84,5 денари, а на 98-цата 86,5 денари за литар. Дизелот ќе се продава за 80 денари по литар, додека цената на екстра лесното маслов за домаќинство останува иста, а се намалува цената на мазутот кој ќе чини 41,495 денари за ...
Од први јули почнува со работа новата детска градинка „Кокиче” во населбата Трубарево, во Гази Баба која ќе згрижи 60 деца. Инвестицијата изнесува 47 милиони денари, обезбедени од општината, а веќе е вработен и персоналот што ќе работи во градинката. -Дополнително, во месец септември ќе се отвори градинката во Инџиково, а интензивно, согласно договорената динамика, се гради и новата детска градинка на потегот помеѓу Керамидница и Маџари. Она ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со коалиционите партнери ВРЕДИ и ЗНАМ постои принципиелен договор околу поделбата на ресорите при најавената реконструција на владата, без да прецизира конкретни имиња на новите министри пред утрешната седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Вчера првиот вицепремиер и генерален секретар на ВРЕДИ Беким Сали изјави дека партијата ќе раководи со ресорите за животна средина, економија, европска ...
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот филм „Девојките на Марко“. Проданоски истакна дека младите луѓе се најубавата приказна на секој град и дека нивниот талент и креативност се најсилен показател за иднината на Прилеп. „Овој проект е вистинска ...
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување. На состанокот, на кој присуствуваа претставници на локалната самоуправа, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица – Прилеп, Центарот за управување со кризи, јавните ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.535,52 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 23,18 поени, односно за 0,24%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утринава се случила на автопатот, кај клучката за Меѓународниот аеродром Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 05:30 часот, кога патничко возило „нисан“ со српски регистарски ознаки, управувано од Н.Џ. (34) од Република Србија, удрило во метална ограда и се превртело на коловозот. Во несреќата повредени се возачот и две сопатнички, ...
На 62-годишна возраст во Скопје почина Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер кој остави неизбришлив белег во македонската театарска уметност. соопшти Драмскиот театар – Скопје. Миленковски беше еден од четирите лауреати на наградата за животно дело на 60. МТФ „Војдан Чернодрински”, што се одржа во Прилеп од 5 до 12 јуни. Меѓу неговите најпознати претстави се „Балканот не е мртов” и „Буре барут” од Дејан Дуковски, како и „Тетовирани ...
Скопското обвинителство донело наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен маж, осомничен за кривично дело убиство извршено при семејно насилство, и побарало определување мерка притвор. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека на 25 јуни во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата сопруга. Тој, како што се наведува, вечерта ја зел жената од нејзиното ...
Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина на 66-годишна возраст, по кратко боледување. Тој беше едно од најзначајните имиња на македонската музичка сцена и автор на бројни безвременски хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“. Во 1998 година стана првиот официјален претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија со „Не зори зоро“. Во текот на својата ...
САД и Иран се согласија да ги прекинат неодамнешните судири во Персискиот Залив и да ги продолжат преговорите за Ормускиот Теснец, со надеж дека привременото примирје ќе се одржи. Според американски функционер, двете страни ќе ги продолжат техничките разговори за меморандумот од 17 јуни, кој предвидува непречена пловидба низ теснецот. Новата рунда преговори е закажана за вторник во Катар. Во изминатите денови САД и Иран меѓусебно се обвинуваа ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ, денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време, со максимални температури од 31 до 39 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 38 степени, а топло ќе биде и во текот на ноќта. Според прогнозата, топлотниот бран ќе се задржи до утре, кога попладне се очекува промена на времето со повремени врнежи од дожд. Од среда ќе има пад на температурите и локална нестабилност проследена ...
Коалицискиот партнер ВЛЕН по владината реконструкција ќе предводи шест министерства, соопшти првиот вицепремиер и генерален секретар на партијата, Беким Сали. Според него, ВЛЕН ќе раководи со ресорите за животна средина, економија, правда, европска интеграција, култура и односи меѓу заедниците. Сали изјави дека сè уште не се утврдени конечните кандидати за министрите за правда и култура, каде ќе има нови имиња. Тој потврди дека Министерството ...
Премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето по повод 105-годишнината од убиството на Ѓорче Петров, порача дека најдобар начин да се оддаде почит на неговото дело е изградбата на силна и успешна држава. Тој истакна дека денешната борба не е за ослободување, туку за развој, силна економија, нови инвестиции, подобро образование, квалитетно здравство и владеење на правото. Според Мицкоски, современиот патриотизам значи секојдневна работа за ...