Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Еквадор и Курасао ги поделија бодовите во натпреварот од второто коло на Светското првенство, одигрувајќи без голови (0:0) на стадионот во Канзас. Од самиот старт Еквадор ја презеде иницијативата и создаде голем број шанси, но одбраната на Курасао, предводена од извонредниот голман Елој Ром, успеа да одолее на сите напади. Притисокот продолжи и во второто полувреме, кога Еквадор целосно доминираше на теренот, но Ром беше несовладлив. Со ...
Илјадници граѓани синоќа излегоа на протест во Нови Сад, оддавајќи почит на 16-те жртви кои загинаа по уривањето на настрешница на железничката станица во 2024 година, а воедно побараа и распишување предвремени парламентарни избори. Студентските протести, кои во изминатиот период се проширија низ повеќе градови во Србија, претставуваат еден од најголемите предизвици за власта на претседателот Александар Вучиќ и Српската напредна партија. ...
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, утрово пристигна во Швајцарија, каде што треба да започнат разговорите со Иран за нуклеарната програма и регионалната безбедност. Според неговиот портпарол, Венс и неговата сопруга слетале во 5:59 часот по локално време во воената база Емен, во близина на Луцерн. Тој ќе им се придружи на специјалниот пратеник Стив Виткоф и на Џаред Кушнер, кои веќе се наоѓаат во Швајцарија. ...
Летото на северната полутопка официјално започнува на 21 јуни во 10:24 часот, додека во истиот момент на јужната полутопка започнува зимската сезона. Со почетокот на летото настапува и најдолгиот ден во годината. Сонцето тогаш го достигнува својот највисок дневен пат над хоризонтот – изгрева на североисток, на пладне е на најголема висина, а заоѓа на северозапад. Астрономите овој момент го нарекуваат летен сонцестој или летен солстициум. Во ...
Од денеска официјално започнува со работа новата директна авиолинија меѓу Охрид и Виена, која ќе ја опслужува авиокомпанијата „Остријан ерлајнс“, овозможувајќи им на патниците од Охрид и регионот побрзо и полесно поврзување со австриската престолнина. По повод пристигнувањето на првиот лет од Виена, на охридскиот аеродром ќе се одржи свечен настан и прес-конференција. Пред присутните ќе се обратат генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат ...
Д-р Емилија Котеска Аврамчева почина во раните утрински часови од последиците на тешката сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на автопатот кај влезот во Варшава. Од Македонската амбасада во Варшава изразија длабоко сочувство до нејзиното семејство – ќерката Магдалена, синот Константин, мајката и сестрата, оценувајќи дека станува збор за огромна и ненадоместлива загуба. Во објавата се истакнува дека д-р Котеска Аврамчева била ...
На едно четиричлено семејство во Македонија во јуни му биле потребни најмалку 68.654 денари за покривање на основните месечни трошоци, покажуваат најновите податоци од синдикалната минимална кошница што ја објави Сојузот на синдикати на Македонија. Доколку семејството живее под кирија во стан од 60 квадратни метри, вкупните месечни трошоци достигнуваат 84.024 денари. Во споредба со мај, кога минималната кошница изнесуваше 68.742 денари, во ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави значително намалување на цените на горивата на бензинските пумпи низ државата, повикувајќи се на најновите владини пресметки. Официјалната одлука на Регулаторната комисија за енергетика се очекува да биде соопштена во понеделник, а новите цени да стапат во сила од вторник. Според најавите на Мицкоски, бензините би можеле да поевтинат за околу четири денари по литар, додека кај дизелот се очекува уште ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека реконструкцијата на Владата ќе биде формализирана до крајот на јуни, а најдоцна до 1 јули предлог-составот треба да се најде пред пратениците во Собранието. Тој истакна дека разговорите со коалициските партнери се одвиваат во добра атмосфера и дека во моментов се разгледуваат различни опции, вклучително и можни промени на ресори и кадровски решенија. „Се разгледуваат секакви опции. Во добра и пријатна ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упати серија критики кон Владата предводена од Христијан Мицкоски, по повод две години од нејзиното формирање, оценувајќи дека државата се соочува со влошени економски и политички состојби. Од партијата наведуваат дека буџетот е под силен притисок и дека значаен дел од планираниот дефицит за 2026 година веќе е потрошен, поради што сметаат дека ребалансот на буџетот е неизбежен чекор. СДСМ тврди и дека ...
Во Скопје денеска ќе се одржи Парадата на гордоста, која ќе започне во попладневните часови од Градскиот парк. Организаторите наведуваат дека настанот има за цел промоција на човековите права, еднаквоста и борбата против дискриминацијата, со пораки за поголема видливост, солидарност и почитување на различностите. Маршот ќе започне од фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк, по што учесниците ќе се движат по булеварот „Илинден“, улицата „Франклин ...
Албанија го одобри воведувањето на системот за заеднички гранични проверки „Еден шалтер“ со Македонија, со што се отвора патот за побрзо и поедноставно преминување на границата меѓу двете земји. Според одлуката на албанската Влада, договорот предвидува воспоставување заеднички гранични премини и координирани процедури за контрола на патници и стоки, со цел олеснување на сообраќајот и зајакнување на прекуграничната соработка. Од македонската ...
Бразилската репрезентација се врати на победничките патеки на Светското првенство откако во второто коло убедливо го совлада Хаити со 3-0 и направи голем чекор кон пласман во нокаут-фазата. По неочекуваното реми на стартот од турнирот, „кариоките“ прикажаа далеку подобро издание и уште во првото полувреме ги решија сите дилеми околу победникот. Селекторот Карло Анчелоти направи важна промена во почетниот состав, а довербата што му ја укажа ...
Парагвај забележа минимална, но исклучително важна победа од 1-0 над Турција и ја елиминираше турската репрезентација од Светското првенство. Турците, кои во првото коло загубија од Австралија со 2-0, не успеаја да се рехабилитираат ниту во вториот настап и останаа без шанси за пласман во следната фаза од турнирот. Парагвај до водство стигна уште во првата минута од натпреварот. По само 64 секунди игра, Матијаз Галарза Фонда со прецизен удар ...
Две малолетни девојчиња на возраст од 9 и 11 години трагично ги загубија животите при давење на плажа во албанското туристичко место Тале, во регионот на Лежа. Според информациите на албанските медиуми, несреќата се случила во петокот околу 12:50 часот, додека девојчињата се капеле во морето. На местото веднаш интервенирале припадници на полицијата и присутни капачи, кои успеале да ги извлечат телата на брегот, но за нив веќе немало спас. Од ...
-На ден 17.06.2026 година, од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ доби информација за конфирматорен позитивен наод на зика вирусна инфекција – соопшти Институтот за јавно здравје. Како што наведуваат оттаму, пациентот е контактиран од страна на надлежен епидемиолог при што се предложени соодветни превентивни мерки. ИЈЗ информира дека според добиените епидемиолошките податоци ...
Владата ја усвои информацијата за формирање Центар за итна медицинска помош во Скопје, на предлог на Министерството за здравство. Со оваа реформа се предвидува подобрување на системот за итна медицинска помош, скратување на времето на интервенција и зголемување на ефикасноста при спасување животи. Во првата фаза од процесот, Итната медицинска помош – Скопје ќе биде издвоена и ќе функционира како самостојна институција. Министерот за ...
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот Бојан Бојкоски и одговорните лица од општината денеска извршија увид на работните активности во село Карамани каде започна асфалтирањето на уличната мрежа. Се работи за 9 краци со вкупна должина од 2100 метри и ширина на улиците од 3 до 3,5 метри, а дебелината на асфалтниот слој е 7см. Вредноста на овој зафат е 16.751.553 денари, а се работи со средства од Буџетот ...
Во Прилеп денеска официјално беа доделени четири нови возила за потребите на подружницата на АД „Македонски пошти“, како дел од процесот на модернизација и унапредување на капацитетите на оваа јавна институција. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека новите возила ќе овозможат побрза и поефикасна достава на пратките, подобра организација на работните процеси и поквалитетни услуги за граѓаните и компаниите. Тој ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, соопшти дека ТАВ Македонија станува нов спонзор на младинскиот фудбал на ФК Пелистер. Спонзорството има за цел унапредување на квалитетот, конкурентноста и меѓународното искуство на младите фудбалери, преку организирање контролни натпревари и учество на домашни и меѓународни турнири во текот на подготвителниот зимски период и натпреварувачката полусезона 2026. Од ТАВ Македонија истакнаа дека ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.730,34 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 27,71 поени, односно за 0,28%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, со дневен раст од 0,78 поени, односно 0,60%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти изнесуваше ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, соопшти дека во период од јуни 2025 до јуни 2026 година Министерството реализирало повеќе од 700 активности, оценувајќи дека резултатите се поттик за продолжување на реформите во енергетскиот сектор. Таа истакна дека во изминатиот период повторно е ставен во функција продуктоводот Солун–Скопје, како и дека е започната изградбата на гасната интерконекција со Грција, ...
Судија на претходна постапка му одреди 30-дневен притвор на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, во рамки на истрагата за наводни финансиски злоупотреби во федерацијата. Според истражните органи, осомничените во периодот од јануари 2015 до јули 2018 година преку координирани активности и фиктивни трансакции предизвикале значителна штета на буџетот на ФФМ. Истрагата е проширена и кон поранешниот ...
Најавената блокада на трите гранични премини меѓу Македонија и Бугарија е одложена, соопштија организаторите од Фондацијата „Македонија“. Одлуката е донесена по реакциите од бугарските институции, кои оценија дека ваквата акција не придонесува за решавање на отворените прашања меѓу двете земји и може дополнително да ги зголеми тензиите. Според најавите, протестот требаше да се одржи на граничните премини Деве Баир, Делчево и Ново Село и да ...
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и организацискиот директор Нехад Нухи излегуваат од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука со која се прифаќа понудената гаранција со хипотека на имот и им определи мерки на претпазливост. Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје информира дека донесе решение постапувајќи по предлог на одбраната, по добиено позитивно мислење од ...
Граѓаните наместо да ги заробуваат парите во бетон и железо – станови, да имаат можност да учествуваат во изградбата на ХЕЦ Чебрен – истакна Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика на тркалезната маса Зајакнување на конкурентноста – Енергетската транзиција. Енергетиката, посочи Ристов, не е привилегија само на државата, туку можност за сите. При реализација на стратешките објекти, освен класичното кредитирање, треба да ...
Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „За две години ВМРО-ДПМНЕ покажа што значи одговорно и посветено владеење базирано на резултати. Со историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции и најсилниот инвестициски циклус во поновата историја, Македонија повторно се гради и се развива. Владата ...
Како што кажавме, снемува пари – следуваат избори. Мицкоски порача дека нема план за предвремени избори, но дека е подготвен доколку опозицијата го предизвика. Оваа реченица е копи-пејст од неговиот ментор и шеф на сестринската партија од Србија, Александар Вучиќ. Тоа го контастира и Европскиот парламент во Извештајот во којшто забележува, со загриженост, сè посилни врски со Владата на Србија, која „спроведува нелиберална агенда“. Реалноста ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност во текот на денот. Во попладневните часови на поединечни места ќе има услови за краткотраен пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до ...
Дел од жителите во централното градско подрачје на Скопје денеска ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 9 часот поради замена на вентил. Без вода ќе бидат корисниците на улицата „Димитрие Чуповски“, на потегот од улицата „Македонија“ до објектот на Министерството за правда, во близина на „Рекорд“. Од претпријатието ...