Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на Ученичкиот дом „Орде Чопела“. Во рамки на акцијата беа отстранети трње, шипки, искосена трева и поголеми количини отпад што подолг период биле наталожени и исфрлани од несовесни граѓани. Собраниот отпад со механизација и човечки ...
Во полн ек се градежните работи за реконструкција на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Проектот опфаќа изградба на нови тротоари и рабници, како и поставување на два слоја нов асфалт на делница во должина од 400 метри. Според Тоневски, со реализацијата на проектот овој дел од главната и најфреквентна улица во градот ќе добие целосно нов и современ изглед, а истовремено значително ќе се ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за значително намалување на цените на нафтените деривати, со што од полноќ возачите ќе плаќаат пониски цени за бензините и дизелот. Според новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84 денари за литар, што претставува намалување од четири денари. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 86 денари за литар, односно за 3,5 денари поевтино, додека ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поевтинува за седум ...
Општина Гази Баба најавува интензивно работно лето со реализација на повеќе од 60 инфраструктурни и развојни проекти, насочени кон подобрување на условите за живот на жителите. Градоначалникот Бобан Стефковски соопшти дека во наредните денови ќе биде пуштена во употреба новата детска градинка „Кокиче“ во Трубарево, додека со засилено темпо продолжува изградбата на нови градинки во Инџиково, на локацијата меѓу Маџари и Ќерамидница и во ...
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави видео од чистењето на скопските улици, за почист град и нагласи: за Скопје, какво што го заслужуваме, -Ред, чистота и грижа секој ден. Улиците се перат континуирано, јавните површини се одржуваат, а градот добива поубав и поуреден лик, напиша Ѓорѓиевски. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави ...
После две години од Владата на ВМРО, вистината денес е дека наместо поголем, животниот стандард на граѓаните е намален – народот живее потешко, поскапо и понеизвесно. Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните, рече Јована Тренчевска – пратеничка и потпретседателка на СДСМ. Таа тврди дека од социо-економските ветувања за овие две години ...
Владата гради посилна економија, просечната нето-плата е зголемена за скоро 8.000 денари, одговори ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ. – Резултатот на конкретната и посветена политика на Владата ги става граѓаните на прво место, се покачија платите на просветните работници, здравствените работници, припадниците на полицијата и одбраната. Бројките го потврдуваат ова. Просечната нето-плата пораснала од 40.496 денари на 48.433 денари за само две ...
Сè повеќе македонски деца растат далеку од Македонија, опкружени со други јазици, култури и секојдневија. За многу семејства предизвикот не е само детето да го слуша македонскиот јазик, туку да остане поврзано со него на природен и близок начин. Токму од таа потреба произлезе Домче – првата дигитална платформа создадена специјално за македонските деца во дијаспората, која преку игра ги доближува македонскиот јазик, културата и традицијата. ...
Најмалку 54 лица се повредени, а 18 се водат како исчезнати по експлозија и пожар во постројка за преработка на течен природен гас во индустрискиот комплекс Рас Лафан во Катар. Според компанијата „КатарЕнерџи“, инцидентот се случил за време на стартување на операциите во гасната постројка „Барзан“, по што на терен биле испратени спасувачки екипи кои го ставиле пожарот под контрола. Министерството за внатрешни работи соопшти дека станува збор ...
Четири лица се удавиле додека пливеле во различни делови на Грција во последните 24 часа, соопшти грчката крајбрежна стража во неделата. Дополнително, во пристаништето Пиреја е пронајдено уште едно тело, но засега околностите за неговата смрт не се целосно разјаснети, јавува „Катимерини“. Според информациите, жртвите најчесто биле на возраст меѓу 50 и 60 години. Меѓу нив има двајца грчки државјани и повеќе странци. Во сите четири случаи биле ...
Голем дел од Европа се соочува со екстремен топлотен бран, при што температурите во повеќе земји се приближуваат или надминуваат 40 степени Целзиусови. Во Франција се активирани црвени предупредувања, а метеоролозите најавуваат температури меѓу 39 и 41 степен и во наредните денови. Високи температури се регистрирани и во Германија, Италија и Полска, каде граѓаните бараат засолниште од жештините, а властите предупредуваат на можни временски ...
Првичните разговори за најавената реконструкција на Владата се завршени, а во наредните неколку дена ќе следуваат финални консултации меѓу коалициските партнери, на кои ќе бидат разгледани и потврдени конечните кадровски решенија и распределбата на позициите. Од Владата соопштуваат дека досегашните разговори поминале во конструктивна атмосфера и дека биле потврдени принципите што премиерот Христијан Мицкоски ги најави на прославата на ...
Дел од жителите на скопската општина Карпош денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа. Според информациите од ЕВН Македонија, прекинот е предвиден во периодот од 09:00 до 14:00 часот. Без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ангел Динев“, како и Основното училиште „Димо Хаџи Димов“. Со прекинот се опфатени и дел од жителите на улицата „Мраморец“, на броевите 7, 9, 11, 13, 15, ...
Првата рунда разговори меѓу високи претставници на САД и Иран, што се одржа во Швајцарија со посредство на Катар и Пакистан, заврши без конкретен договор, но со договорена рамка за продолжување на преговорите. Според заедничкото соопштение на посредниците, двете страни се согласиле да работат на патоказ за постигнување конечен договор во рок од 60 дена. Воедно, било оценето дека е постигнат охрабрувачки напредок, вклучително и воспоставување ...
Македонија утрово се разбуди со ведро и топло време, проследено со високи утрински температури. Најтопло било во Скопје – Петровец и на Зајчев Рид, каде што се измерени 21 степен, додека најниската температура е регистрирана во Берово со 10 степени. Во текот на попладневните и раните вечерни часови се очекува локален развој на конвективни грмотевични облаци, кои на повеќе места ќе донесат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Метеоролозите ...
Скопје денеска и утре ќе биде домаќин на Конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа, која ја организира Врховниот суд на Македонија во соработка со CEELI Институтот и со поддршка на Проектот на Европската Унија за владеење на правото. На конференцијата е најавено учество на претседатели, заменици претседатели и судии од 13 врховни судови од регионот, како и на истакнати правни експерти и судии од ...
Белгија повторно не успеа да стигне до победа на Светското првенство, откако во натпреварот од второто коло одигра 0-0 против Иран и остана без триумф по две одиграни средби. На стадионот во Инглвуд беа создадени неколку добри можности на двете страни, но главните улоги им припаднаа на голманите. Особено се истакна иранскиот чувар на мрежата Алиреза Беинраванд, кој со седум успешни интервенции беше најзаслужен што неговата репрезентација ...
Панатинаикос приреди вистинска сензација на европската кошаркарска сцена, откако официјално го потврди враќањето на легендарниот Жељко Обрадовиќ на тренерската клупа. Српскиот стратег потпиша тригодишен договор и по 14 години повторно ќе го предводи атинскиот гигант. Со овој потег, клубот повторно се обединува со најтрофејниот тренер во историјата на Евролигата, човекот кој ја одбележа најуспешната ера на Панатинаикос и го издигна меѓу ...
Силно невреме проследено со грмежи предизвика повеќе инциденти во јужна Германија, при што најмалку десет лица беа повредени од удари на гром, додека метеоролозите предупредуваат на нов бран бури и екстремно високи температури во наредните денови. Најтежок беше инцидентот во градот Раштат, во покраината Баден-Виртемберг, каде што се одржуваше голем ракометен турнир и се поставуваше камп за учесниците. Додека силниот ветер им се закануваше на ...
Во изминатите 24 часа полициските службеници привеле 20 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од вкупниот број, 16 лица биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола, меѓу кои и еден малолетник, додека четворица возачи биле под дејство на алкохол. Во Скопје биле приведени пет лица кои возеле без возачка дозвола, при што едно од нив било и под дејство на алкохол. ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15.06.2026 до 19.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 80.489.314,85 денари, од кои 42.501.124,85 денари беа реализирани преку редовно тргување, додека 37.988.190 денари беа реализирани преку блок-трансакции. Ликвидноста во неделата ја водеа Авто гума Скопје, Комерцијална банка Скопје и Алкалоид ...
Од 25 до 27 јуни, Кеј Македонија во Охрид ќе биде едно од најпосетените места за вечерна програма, музика, дружење и летна атмосфера покрај езерото. Ohrid Wine Festival Vol. 5 носи три фестивалски вечери посветени на македонското вино, домашната музичка сцена, гастро понудата и публиката која секое лето бара нови причини за излегување, средби и убави моменти во Охрид. Годинава, фестивалот ја става домашната винска приказна во прв план. ...
Исклучителна чест ми беше да го посетам „Car Show – Битола 2026“, настан кој годинава повторно потврди дека Битола може да организира манифестации со меѓународен карактер и високо ниво на организација, истакна Коњановски. Тој упати честитки до организаторите од „Car Club Bitola“ за нивното вложување во целата програма, нагласувајќи дека станува збор за настан од отворен карактер, наменет пред сè за градот, посетителите и автомобилската ...
Прилеп добива нова инфраструктурна инвестиција која треба да придонесе за економскиот развој на градот и привлекување нови инвеститори. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека се наоѓа во завршна фаза изградбата на новата сервисна улица во индустриската зона кај „Жито Прилеп“. Станува збор за сервисна улица во должина од 392 метри, која е дел од напорите на локалната самоуправа за подобрување на условите за ...
Во истрагата за случајот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија, надлежните органи обезбедија уште четири лица кои претходно не биле достапни за постапката. Двајца од осомничените денеска беа изведени пред судија на претходна постапка. За едниот е одредена мерка притвор, додека за вториот се изречени мерки за обезбедување на неговото присуство во текот на постапката. Останатите двајца осомничени ќе бидат изведени пред судија во ...
Во населбата Козле официјално започна изградбата на новата детска градинка „Пролет“, проект со кој ќе се обезбедат дополнителни капацитети за згрижување на најмладите жители на Општина Карпош. На означувањето на почетокот на градежните работи присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски. Новата градинка ќе се ...
Сериозно излевање на сирова нафта е регистрирано на брегот на Каспиското Езеро, откако беше оштетен подводен нафтовод на производното здружение „Азнефт“, кое работи во состав на Државната нафтена компанија на Азербејџан. Според официјалните информации, нафтеното загадување е забележано во приобалниот дел кај плажата Дубенди, по што надлежните служби веднаш интервенирале. За да се спречи понатамошно истекување, транспортот на нафта низ ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, објави снимка од надзорна камера на која се гледа како група млади лица вандализираат училишен двор, превртуваат контејнери и ја оштетуваат урбаната опрема. Според неговата објава, инцидентот се случил два дена по ред, околу 22:30 часот, кога истата група, движејќи се со мотори, предизвикала материјална штета и оставила неред во простор наменет за учениците и граѓаните. Митески информира ...
Учениците кои не успеаја да се запишат во средно училиште во првиот уписен рок за учебната 2026/2027 година ќе добијат нова можност оваа недела, информира Министерството за образование и наука. Второто пријавување во јунскиот рок ќе се реализира електронски на 23 јуни. По поднесувањето на електронската апликација, кандидатите ќе треба на 24 јуни да ја достават потребната документација во избраното училиште. Ранг-листите ќе бидат објавени на ...
Две години по формирањето на Владата предводена од Христијан Мицкоски, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ изнесуваат спротивставени оценки за состојбата на македонската економија. Од СДСМ тврдат дека животниот стандард е влошен, платите не го следат растот на трошоците, јавниот долг е зголемен, а странските инвестиции се намалени. Според опозициската партија, Владата не ги реализирала ветувањата за подобрување на економската состојба на граѓаните. Од ...