Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Договорот за изградба на автопатот Скопје – Блаце ќе биде потпишан в понеделник, најави премиерот Христијан Мицкоски. – Ако зборуваме за патната инфраструктура, за неколку месеци од сега шест автопатски делници ќе се градат. Во понеделник го потпишуваме договорот за изградба на автопатот Блаце – Скопје, проект што граѓаните го чекаат со децении и кој го доби македонска компанија. Многу наскоро ќе биде завршен и процесот за делницата Букојчани ...
Европската Унија планира да пренасочи дел од средствата од Инструментот за реформи и раст кон Македонија, Албанија и Црна Гора, бидејќи овие земји покажале најголем напредок во спроведувањето на реформите. Според претставници на Европската комисија, земјите што не ги исполниле договорените рокови ризикуваат да останат без дел од предвидените финансиски средства. Инструментот е воспоставен во 2024 година и предвидува шест милијарди евра за ...
Најмалку 22 лица загинаа, а 86 се повредени во еден од најсилните руски напади врз Киев од почетокот на војната. Украинските спасувачки служби продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините на повеќе локации, а се стравува дека бројот на жртви ќе расте. Според украинските власти, Русија во нападот лансирала 74 ракети и 496 беспилотни летала, од кои најголемиот дел биле насочени кон главниот град. Украинската противвоздушна одбрана ...
Недоволна контрола на залихите, слабости во спроведувањето на јавните набавки, проблеми со наплатата на побарувањата и голем број итни прегледи, откри Државниот завод за ревизија за финансиското работење на Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година. Ревизорите констатирале ненавремено и неажурно евидентирање на потрошувачката на лекови и медицински материјали во сметководствената и материјалната евиденција, а ...
По вознемирувачките видеа за врсничко насилство врз девојче во скопски Аеродром, полицијата соопшти дека мајката на малтретираното девојче вчера го пријавила нападот врз нејзината 12-годишна ќерка кој се случил претходната вечер во парк на подрачјето на Аеродром. Според пријавата, 12-годишното девојче било физички нападнато од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на ...
ВЛЕН синоќа ги потврди имињата на новите министри во реконстриураната Влада. Универзитетскиот професор Џетон Шасивари ќе го води ресорот правда, министер за односи меѓу заедниците ќе биде Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Во новиот владин состав продолжуваат да ги извршуваат своите функции Беким Сали како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја обвини претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека лаже кога тврди дека Русија ги прекинала испораките на природен гас за Европа. Захарова изјави дека Русија никогаш не ја запрела испораката на гас и оцени дека проблемите со снабдувањето се последица на санкциите што Европската Унија ги воведе кон Москва. Таа додаде дека европските држави ...
Преговорите на Албанија за членство во Европската Унија би можеле да бидат загрозени поради плановите за изградба на луксузен туристички комплекс поддржан од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Европратеници предупредија дека проектот на заштитените крајбрежни подрачја е спротивен на еколошките стандарди на Европската Унија. Холандската европратеничка Тинеке Стрик изјави дека албанската влада „си игра со оган“ и ...
Дваесетина поранешни и еден актуелен функционер на СДСМ ја промовираа новата платформа „Разговори за иднината“, која ја претставуваат како алтернатива за реафирмација на социјалдемократските вредности. На собирот присуствуваа повеќе поранешни високи партиски функционери, меѓу кои Игор Ивановски, Никола Ќуркчиев, Андреј Петров и Гордан Георгиев, како и пратеничката Славјанка Петровска. Учесниците порачаа дека не формираат нова партија, туку ...
Меѓународниот аеродром Скопје пушти во употреба два нови безбедносни скенери со компјутерска томографија, инвестиција вредна околу еден милион евра. Генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, изјави дека со ова скопскиот аеродром станува првиот на Балканот што користи ваква технологија. Новите скенери ќе овозможат побрза и поефикасна безбедносна контрола, а патниците повеќе нема да мора да ги вадат лаптопите, таблетите и мобилните телефони од ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека нема да се кандидира за претседател на државата на следните избори. Тој, одговарајќи на новинарско прашања при посетата на Кисела Вода за новиот Изборен законик, кажа дека не се точни тврдењата оти измените со кои се овозможува гласање на дијаспората електронски се прават оти тој планира да се кандидира за претседател на изборите во 2029 година. „Еве да им олеснам, нема да се кандидирам. Кога ќе ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, најави дека партијата поднела 3.500 амандмани на предложените измени на Изборниот законик по скратена постапка. Тој оцени дека Левица е единствената партија која е оштетена со задржувањето на сегашните правила за државно финансирање на политичките партии. Апасиев тврди дека несогласувањата околу електронското гласање го блокирале договорот за измените на законот. Според него, моделот за електронско ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека предложените измени на Изборниот законик не се ниту европски ниту демократски, посебно поради воведувањето електронско гласање за дијаспората. Тој оцени дека ваквото решение отвора сериозни сомнежи за регуларноста и легитимноста на изборниот процес. Според Филипче, гласањето на иселениците без соодветни механизми за контрола создава можност за злоупотреби и го доведува во прашање кредибилитетот на ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за ученичката Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, која освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика, што се одржа во Шведска. На приемот присуствуваа и нејзиниот професор и ментор Каранфил Алачев, како и директорката на гимназијата Лидија Споа. Коњановски, од свое лично име и во име на Општина Битола, ѝ упати честитки за ...
Од Одделението „Паркови и зеленило“ при ЈКП „Комуналец“ Прилеп две екипи интензивно работат на косење на проблематични делови од Оревоечка река. Активностите се одвиваат на потегот од мостот „Димо Наредникот“ кон мостот на улица „Трајко Николоски“, на површина од околу 22.500 квадратни метри, како и од мостот „Табаана“ до Градскиот базен, каде се опфаќаат дополнителни 12.540 квадратни метри. Од претпријатието информираат дека, согласно ...
Градоначалникот Дејан Проданоски најави реализација на значаен инфраструктурен проект на улицата „11-ти Октомври“ во Прилеп, со кој ќе се изврши реконструкција на тротоарите, велосипедските патеки и уличното осветлување. Проектот се спроведува во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта во Република Македонија“, кој е реализиран од Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска банка. Според најавите, ќе се ...
Најмалку шест лица загинаа во голем пожар што избувна во десеткатна станбена зграда во белгискиот град Антверпен. Пожарот избувнал пред 10 часот во населбата Линкерувер, а густ чад брзо ги зафатил повисоките катови од објектот во кој живеат повеќе од 200 лица. Полицијата предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми, бидејќи неколку станари сè уште се водат како исчезнати. Во акцијата се вклучени бројни противпожарни екипи, дронови и ...
Трпезата е најстариот јазик на заедништвото. Преку храната се пренесуваат традициите, се чуваат спомените и се поврзуваат различни култури и генерации. Турската кујна е еден од најдобрите примери за тоа. Таа е богатство создавано низ вековите, кое денес е значаен дел од културниот идентитет на Туркије и едно од најавтентичните искуства за милионите туристи што секоја година ја посетуваат земјата, а секое јадење носи дел од приказната за ...
Додека глобалната енергетска транзиција забавува под притисок на геополитичките кризи, високите инвестициски трошоци и недоволно развиената инфраструктура, Македонија е меѓу државите што годинава бележат најголем напредок во развојот на чистата енергија. Ова го покажува најновиот Индекс на енергетска транзиција 2026 (Energy Transition Index) на Светскиот економски форум, според кој Македонија е една од земјите со најголемо подобрување во ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 01.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.474,75 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 46,77 поени, односно за 0,49%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
„Шефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји. Нема резултати – има театар со реконструкција. Ова не е реформа на Владата, туку козметичка промена на истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти“, соопштија денеска од СДСМ. „Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, ...
Русија од денеска привремено затвори седум железнички гранични премини кон Финска, Естонија и Латвија, соопшти руската влада. Одлуката опфаќа пет премини на границата со Финска и по еден на границите со Естонија и Латвија, а Москва најави дека официјално ќе ги извести соседните земји. Со ова се прекинува една од ретките преостанати директни железнички врски меѓу Русија и Европската Унија на тој дел од границата. Потегот доаѓа во период на ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и на поедини места краткотрајно невреме со град. Дневната температура ќе се движи од 30 до 38 степени, а во Скопје ќе достигне до 35 степени, каде исто така се можни попладневни врнежи и грмежи. Во четврток и петок се очекува променливо облачно и ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифатило сите барања на Левица при подготовката на измените на Изборниот законик, вклучувајќи го и начинот на финансирање на политичките партии за време на изборната кампања. Тој рече дека власта е подготвена да прифати и две барања на СДСМ, доколку опозициската партија поднесе соодветни амандмани. Станува збор за предлогот гласачите да го заокружуваат името на кандидатот, наместо ...
Директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски ќе биде нов министер на Министерството за здравство, а досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински ќе роводи со ФЗО, објави лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по синоќешниот состанок на Извршниот комитет на партијата. Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за министер за социјална политика, демографија и млади е предложен досегашниот заменик-министер Ѓоко Велковски, а за министер за ...
Во Прилеп денеска и официјално беше пуштен во употреба Центарот за дневен престој на стари лица за активно стареење, кој ќе обезбедува грижа, поддршка, социјализација и различни активности за повозрасните граѓани. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека станува збор за значаен проект кој претставува уште еден чекор кон развој на современи, достапни и квалитетни социјални услуги. „Нашата цел беше да создадеме место ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет оствари средба со новиот генерален конзул на Република Бугарија во Битола, Петар Петров. На средбата, Коњановски го запознал конзулот со личната карта на градот, како и со богатата историја, култура и традиции на Битола. Во разговорите биле разменети мислења за продлабочување на соработката меѓу двете страни, со посебен акцент на економијата и можностите за нови ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оцени дека со усвојувањето на новиот Закон за обновливи извори на енергија е направен историски чекор што ќе ја промени енергетската иднина на Македонија. Според Божиновска, станува збор за прв посебен закон во оваа област кој е целосно усогласен со европските правила и претставува долгорочна стратегија за зајакнување на националната енергетска безбедност, намалување ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.521,52 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 14,00 поени, односно за 0,15%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Започна реконструкцијата на спортските игралишта во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, каде што ќе бидат изградени три нови модерни спортски терени. Увид во почетокот на градежните работи извршија градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски. Проектот опфаќа изградба на три спортски игралишта – терен за кошарка, терен за одбојка и комбиниран терен за ракомет и мал фудбал. Терените ќе се простираат ...