Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Под влијание на циклонска активност од југоисток, денеска се очекува нестабилно време проследено со дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни, со пороен дожд, силни грмежи, засилен ветер и можност за појава на град. Утринските температури ќе се движат од 14 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 35 степени. Во Скопје се очекува ...
Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието на Светското првенство 2026, откако со два постигнати голови ја предводеше Португалија до убедлива победа од 5:0 над Узбекистан. По последниот судиски свиреж, 41-годишниот капитен испрати кратка, но силна порака: „Се вратив“. Со овие два гола, Роналдо стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал погодок на шест различни Светски првенства, додавајќи уште едно големо ...
Тажна вест пристигнува од САД – мајката на францускиот селектор Дидие Дешамп почина денес. Француска фудбалска федерација ја потврди информацијата, наведувајќи дека Дешамп веднаш ќе отпатува за Франција за да биде со своето семејство и да се прости од својата мајка. Поради ова, тој нема да ја води репрезентацијата на Франција од клупата на претстојниот натпревар против Норвешка. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Тажна вест ...
Нова политичка пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се отвори по обвинувањата што опозициската партија ги упати кон генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, на што владејачката партија возврати со контраобвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Од СДСМ на прес-конференција соопштија дека Јанушев е поврзан со компанија регистрирана во Бугарија, повикувајќи се на документи објавени во бугарски медиуми. Според нив, станува збор за фирма ...
Во Холандија е регистриран првиот случај на евтаназија на неизлечиво болно дете, откако на почетокот на 2024 година стапија во сила новите законски правила што ја дозволуваат оваа постапка, соопшти министерката за јавно здравје Софи Херманс. Во писмо упатено до парламентот, Херманс наведе дека специјалната комисија за евалуација на евтаназија кај деца го разгледала случајот, разговарала со лекарот кој ја спровел постапката и ги доставила ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека се забележува ново нарушување во македонско-бугарските односи, што дополнително ја усложнува веќе чувствителната состојба во процесот на европските интеграции. На новинарско прашање за очекувањата во однос на дијалогот со Бугарија, премиерот изјави дека сигналите што пристигнуваат од Софија не даваат основа за оптимизам, наведувајќи дека во последниот период се забележува заострување на ...
Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат до корисниците на канализацискиот систем во Скопје да се однесуваат одговорно и совесно, нагласувајќи дека канализацијата не претставува место за фрлање на каков било отпад. Од претпријатието информираат дека континуирано се спроведуваат теренски активности за одржување на водоводната и канализациската мрежа во градот, со цел подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните. Екипите од секторот ...
Извештајот од извршените анализи на почвените проби земени од повеќе локации на територијата на Општина Илинден беше во фокусот на работната средба меѓу градоначалникот Александар Георгиевски и деканот на Земјоделскиот факултет, професор д-р Миле Маркоски. Од Општина Илинден информираат дека агрохемиските испитувања се реализирани од акредитирана лабораторија при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, со цел да се обезбедат ...
Општина Бутел започна со асфалтирање на улиците „Ангел Мојсковски“, „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотова“ во населеното место Расадник. Од локалната самоуправа информираат дека претходно биле санирани и главната улица во ова населено место, како и улиците „21“ и „2“, со што значително се подобрува уличната инфраструктура и пристапноста за граѓаните. Во општината истакнуваат дека инвестициите во патната мрежа продолжуваат со засилена ...
Детското игралиште „Патрик“ во Општина Аеродром беше сериозно оштетено во вандалски инцидент што се случил вчеравечер, кога група млади лица предизвикала значителна материјална штета. По настанот, градоначалникот Дејан Митески изврши увид на локацијата и истакна дека станува збор за едно од најубаво уредените детски катчиња во општината, наменето за игра, дружење и безгрижно детство. Според првичните процени, причинетата штета изнесува повеќе ...
Градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, почина. Причините за неговата смрт засега не се соопштени. Илиевски беше долгогодишен јавен и политички деец, кој во изминатите години ја предводеше локалната самоуправа во Брвеница. Беше оженет и татко на две полнолетни деца. Професионалната кариера ја започна во здравствениот сектор, каде од 1999 година до ноември 2021 година беше вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. На локалните ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, информираше дека во првиот уписен рок биле запишани околу 14.500 ученици, а во текот на денешниот втор уписен рок се очекува дополнително да бидат запишани уште околу 2.000 ученици. Нејзините очекувања се по завршувањето на вториот уписен рок речиси целосно да се пополни бројот на ученици предвиден за запишување во средните училишта во државата. Осврнувајќи ...
Во Општина Кисела Вода викендов по 71 пат се одржува традиционалното културно лето со богата културно уметничка програма наменета за сите генерации и со учество на македонски музички ѕвезди и диџеи. Културното лето се организира на четири локации во Општина Кисела Вода од 26 до 28 јуни: Драчево на крстот и парковите Шопен, Расадник и Македонија, а ќе настапат: Лозано, Адријана Петрушевска, група Љубојна, Влатко Миладиновски, Таско, 2 Бона, ...
Полициски службеници синоќа на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје, при контрола на патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен скопјанец откриле поголема количина разновидна стока без соодветна документација, односно околу 90 пратки со различни производи, спакувани во црни кеси. Исто така, било утврдено дека возачот не поседувал важечка возачка дозвола од Б категорија поради што против него ќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон повеќе европски членки на НАТО, обвинувајќи ги дека не покажале доволна поддршка кон САД кога тоа било потребно. Во пресрет на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп изјави дека САД со години трошеле билиони долари за одбраната на Европа, додека дел од сојузниците не возвратиле со иста посветеност. Тој особено го критикуваше поранешниот британски премиер Кир ...
На повеќе места низ Македонија синоќа беа регистрирани тропски температури, што не се спуштија под 20 степени Целзиусови. Најтопло беше во Скопје на Зајчев Рид со 23 степени, додека во Гевгелија биле измерени 22 степени. Во Струмица, Штип, Виница и Тополчани минималната температура изнесувала 21 степен. И во наредниве денови времето ќе биде исто. Дневните температури ќе се движат меѓу 35 и 38 степени, а ноќните над 20 степени. Поврзани ...
Околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство ќе учествуваат на 65. издание на Струшките вечери на поезијата, што ќе започне утре во Струга, под мотото „Каде што живее поезијата“. Добитник на „Златниот венец“ годинава е холандската поетеса Анеке Брасинга, додека наградата „Мостови на Струга“ ќе му биде врачена на британскиот поет Даниел Хајндс. Манифестацијата се одржува под покровителство на ...
Македонија денеска ќе биде под влијание на циклонска активност од Турција, што ќе донесе нестабилно време со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозите, на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност, а локално временските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе бидат проследени со пороен дожд, силен ветер и појава на град. Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека максималните дневни ќе ...
На истакнатата македонска историчарка и професорка проф. д-р Наде Проева денеска постхумно ќе ѝ биде доделен орденот „8 Септември“, едно од највисоките државни признанија. Одликувањето ќе го врачи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија што ќе се одржи во претседателската резиденција на Водно. Иницијативата за постхумното признание ја поднесе професорот Георги Гоце Дуртаноски, а Комисијата за одликувања при Кабинетот ...
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави протестен марш што ќе се одржи на 23 јуни во Скопје, како реакција на барањата на цементарницата „ТИТАН Усје“ за продолжување на работата според постојните гранични вредности за емисии. Според организаторите, компанијата бара да продолжи да работи според стандардите што се применуваат од 2007 година, наместо да ги усогласи своите процеси со поновите европски еколошки правила и најдобрите достапни ...
Организаторите на протестите во Тирана објавија список со барања до албанската влада, меѓу кои се безусловна оставка на премиерот Еди Рама, формирање преодна техничка влада и спроведување сеопфатни уставни реформи. Тие порачаа дека протестите ќе продолжат мирно сè додека не бидат исполнети нивните барања. Во соопштението, прочитано во име на организаторите, се наведува дека по оставката на актуелната влада треба да биде формирана непартиска ...
Циклонски систем со центар над Турција во вторник и среда ќе донесе изразена атмосферска нестабилност во Македонија, со честа појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, најавува метеорологот Славчо Попоски. Според прогнозите, поради високите температури и големата енергија во атмосферата, локално ќе се развиваат интензивни нестабилни процеси, проследени со невреме, обилен пороен дожд, силен ветер, чести електрични празнења и ...
Вардар го одигра првиот интерен контролен натпревар во подготвителниот камп во Норчија, а дуелот заврши со победа на „црвено-црните“ од 2-1. Стручниот штаб ги подели фудбалерите во две екипи и им даде можност на сите играчи да добијат минутажа. За победничкиот состав од почетокот настапија Диковски, Пуељо, Матиќ, Мишковски, Дурански, Босанчиќ, Николов, Спахиу, Данев, Торес и Омерагиќ, додека за противничката екипа стартуваа Талески, Јанкулов, ...
Две момчиња, на возраст од две и четири години, денеска биле пронајдени без знаци на живот во автомобил во југоисточниот француски град Карпентрас, во период кога Франција е зафатена од екстремен топлотен бран. Според информациите на француските медиуми, браќата биле пронајдени околу пладне во возило паркирано во близина на семејниот дом. Обвинителството соопшти дека причината за смртта сè уште не е официјално утврдена, а истрагата е во тек. ...
Во пукање што денеска околу 16 часот се случило во кафуле во населбата Кумодраж во Белград, животот го загубил 46-годишниот Дарко Весковиќ, познат по прекарот Прика, додека уште едно лице е тешко повредено. Според информациите од српските медиуми, напаѓачот веднаш по инцидентот избегал, а полицијата започнала обемна потрага и ја активирала акцијата „Вихор“. На местото на настанот се распоредени бројни полициски екипи, додека форензичарите ...
Општина Битола утре, 23 јуни, ќе го одржи вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој пред граѓаните ќе бидат презентирани предлог-идеите за неговиот иден изглед и уредување. Форумот ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола со почеток во 12:00 часот и претставува можност за граѓаните да се запознаат со предложените решенија, како и активно да се вклучат во процесот на креирање на јавниот простор. Од ...
Во скопската населба Бит Пазар синоќа е ограбена аптека, при што едно лице под закана одзело метална каса со пари, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 23:50 часот. Од страна на непознат сторител, со закана кон вработената, била одземена метална каса во која се наоѓале пари. Полициските служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на ...
Лионел Меси испиша нова страница во историјата на светскиот фудбал, откако стана најдобар стрелец на Светските првенства на сите времиња. Аргентинската ѕвезда погоди во 38. минута од натпреварот против Австрија во второто коло од групата И, кој се игра во Далас, и ѝ донесе водство од 1:0 на својата репрезентација. Со овој погодок, Меси стигна до вкупно 17 гола на мундијалите и се искачи сам на врвот на вечната листа на стрелци, оставајќи го ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.702,98 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 27,36 поени, односно за 0,28%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти изнесуваше 6.291.173 ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 16:00 часот денеска на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни. Едниот активен пожар е на подрачјето на Скопје, меѓу селата Грчец и Шишево во општина Сарај, каде што огнот зафатил ниска вегетација и мешана шума. Вториот активен пожар е лоциран кај селото Калаузлија во општина Радовиш, каде надлежните служби ...