Шпанија обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство, откако во драматичен натпревар ја совлада Португалија со 1:0. Херој на европскиот шампион беше Микел Мерино, кој победничкиот гол го постигна во 91. минута. На стадионот во Далас, Шпанците ја контролираа играта од самиот почеток и создадоа неколку добри можности во првото полувреме. Голманот Диого Кошта блесна со две одлични интервенции во краток временски период, бранејќи ги ...

Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани низ државата до 20 часот, од кои два сè уште се активни, соопшти Центарот за управување со кризи. Едниот активен пожар е во близина на стадионот во Кичево, каде што горат стрниште и сува трева, додека вториот е на подрачјето на Битола, кај тунелот на обиколницата. Во меѓувреме, изгаснати се 12 пожари на територијата на општините Дебар, Дебарца, Демир Капија, Ѓорче Петров, Новаци, Прилеп, ...

Играчот за врска на Бразил, Каземиро, не го криеше разочарувањето по елиминацијата на репрезентацијата од Светското првенство по поразот од Норвешка. Искусниот фудбалер изјави дека целата репрезентација е длабоко разочарана бидејќи не успеала да ја исполни целта и да им донесе радост на милионите бразилски навивачи. „Сите Бразилци се разочарани затоа што повторно испаднавме. Тажни сме бидејќи дадовме сè од себе за да ја оствариме нашата цел. ...

Полска и САД водат разговори за проширување на американското воено присуство, вклучително и за можноста за воспоставување постојана американска воена база во земјата, објави полскиот весник „Дзеник газета правна“, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Според информациите, во следните три месеци во Полска би требало да пристигнат дополнителни американски војници, додека конечната одлука за евентуално отворање постојана база се ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор пооптимист, во првиот квартал од следната година очекувам да се синхронизира целосно нашиот национален со грчкиот национален гасовод – изјави Мицкоски, додавајќи дека проектот се реализира со сопствени средства, без кредити, заеми, донации ...

Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски ги покани граѓаните на заедничко следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој вечерва ќе се емитува на голем екран на плоштадот „Александрија“ – Камена бина. Настанот е закажан за 21:00 часот, а како што посочи Проданоски, целта е љубителите на фудбалот да ја почувствуваат атмосферата на големите спортски натпревари и да навиваат заедно. „Верувам дека спортот обединува, а ...

Во ЈП „Комуналец“ Битола пристигнаа уште два камиони за подигнување на отпад со капацитет од 12 кубни метри, со што вкупниот број на досега испорачани возила достигна шест од планираните десет. Возилата се обезбедени преку Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, и се наменети за јакнење на капацитетите на јавните комунални претпријатија во општините, меѓу кои и битолското ЈП „Комуналец“. Од Општина Битола ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 06.07.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.444,66 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 7,05 поени, односно за 0,07%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 57-годишен скопјанец и правно лице од Скопје поради сомнение дека сториле кривично дело даночно затајување. Според информациите од полицискиот билтен, пријавениот, како управител и одговорно лице во компанијата, во периодот од 1 јануари до 31 декември 2023 година во деловните книги и даночните евиденции прикажувал расходи кои не биле даночно признаени, без соодветна документација, како и трошоци ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени за насилство врз малолетно лице во скопската населба Маџари. Според првичните информации од истрагата, на 22 јуни осомничените во парк во Маџари физички нападнале дете родено во 2011 година, при што го удирале со тупаници и клоци и му нанеле повреди, вклучително и ...

Меѓународниот аеродром „Катанија-Винченцо Белини“ на Сицилија и денеска останува затворен поради засилената вулканска активност на Етна, поради што сите летови се пренасочуваат кон аеродромот во Палермо. Авиокомпаниите организираат автобуски превоз за патниците, додека меѓу превозниците погодени од прекинот се „Рајанер“, „Изиџет“, „Визер“, КЛМ и „Луфтханза“. Етна вчера повторно почна да исфрла пепел, поради што аеродромот, кој се наоѓа на ...

Уапсени се две лица од Скопје под сомнение дека на 5 јули годинава го предизвикале пожарот на Јужен булевар, во близина на Рампа, на околу еден километар од центарот на градот. Во пожарот бил повреден еден пожарникар од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, лишени од слобода се С. А. (34) и И. Х. (39), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување ...

Град Скопје започнува нов проект за бесплатна психолошка поддршка на средношколци на возраст од 15 до 19 години, со цел да им обезбеди стручна помош и поддршка за зачувување на менталното здравје. Проектот ќе се реализира преку две активности. Првата опфаќа бесплатно индивидуално психолошко советување, кое ќе им овозможи на младите емоционална поддршка, разговор и стручна помош. Советувањата ќе се одржуваат на локации во Козле, Аеродром и ...

Младо момче (19) од Хрватска, кој кон крајот на април годинава испратил серија лажни дојави за наводно поставени бомби во училишта и градинки, се изјаснил за виновен и постигнал спогодба со обвинителството. Според договорот со Канцеларијата за борба против корупцијата и организиран криминал (УСКОК), тој ќе биде осуден на една година безусловна затворска казна, пренесува хрватскиот РТЛ. Против него веќе е поднесено обвинение до Окружниот суд ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Идризово присуствуваше на промоцијата на Каталогот за континуирани обуки на Министерството за внатрешни работи, изработен во соработка со Полициската академија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во своето обраќање, Тошковски истакна дека Каталогот претставува значаен чекор во унапредувањето на професионалниот развој, стручноста и капацитетите на вработените во МВР, ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за ново поскапување на горивата, кое ќе стапи во сила од ноќеска на полноќ. Според новиот ценовник, дизел горивото ќе поскапи за 2,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе се зголеми за еден денар. Со тоа, малопродажната цена на моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 85,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 87,5 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини ...

Населбата Кучевишка Бара во oпштина Бутел наскоро ќе добие нов спортско-рекреативен центар на местото на старото и руинирано фудбалско игралиште. Во рамките на проектот ќе бидат изградени ново фудбалско игралиште со вештачка трева, современо детско игралиште, летниковец, клупи и уредени зелени површини. Од Општината информираат дека градежните работи се одвиваат со добра динамика. Новиот комплекс ќе понуди подобри услови за спорт, рекреација ...

Еуролинк осигурување го зголемува својот капитал за 5,85 милиони евра преку докапитализација обезбедена од матичната компанија Grazer Wechselseitige Versicherung AG (групација ГРАВЕ) со седиште во Грац, Австрија, една од водечките европски осигурителни групации. Одлуката беше разгледана на Собранието на акционери, а со нејзиното усвојување вкупниот капитал на Друштвото надминува 20,5 милиони евра. Со докапитализацијата, вкупниот капитал на ...

Службите на општина Карпош информираа дека ја исчистиле дивата депонија кај мостот Газела, со што просторот повторно е уреден и побезбеден за граѓаните. Од општината посочија дека секојдневните акции за чистење на општинските служби се во насока на подобрување на животната средина и придонесување за почиста и поуредна општина. Воедно, апелираа до сите граѓани да го чуваат овој простор чист, отпадот да го одлагаат на соодветни места и ...

ВМРО-ДПМНЕ преку портпаролот Валентин Манасиевски, денеска уште еднаш обвини дека СДСМ и Левица го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. Според Манасиевски, предлогот ги содржи препораките на ОБСЕ и ОДИХР, како и решенијата што биле усогласувани на повеќемесечни работни средби. Манасиевски рече дека СДСМ се противи на можноста дијаспората да гласа по електронски пат или по пошта. Тој оцени дека причината е стравот оти иселениците ...

Општина Ѓорче Петров информираше дека ќе додели 10.000 денари поддршка за секој ученик со попреченост. Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека оваа поддршка е наменета за полесно покривање на трошоците поврзани со образованието, развојот и секојдневните активности на учениците, затоа што секој ученик заслужува еднакви можности за учење, напредок и достоинствен живот. Тој посочи дека инклузијата не смее да биде само збор, туку дека ...

Тројца синови на убиениот ирански врховен лидер Али Хамнеи присуствуваа на почетокот на погребната церемонија во Техеран, но меѓу нив не беше новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи. Државната телевизија ги прикажа Мостафа, Мејсам и Масуд Хамнеи како се молат покрај ковчезите на својот татко и уште четворица членови на семејството. Али Хамнеи беше убиен на 28 февруари во американско-израелските напади врз Иран. Иако првично се сметаше дека ...

Полициски службеници и инспектори од Капетанијата на пристаништа Охрид вчера спровеле контрола на пловните објекти на Охридското Езеро. Биле прегледани 63 пловни објекти, а кај 31 пловило и 31 лице биле констатирани вкупно 52 прекршоци. Меѓу прекршоците се нерегистрирани и необележани пловни објекти, недостаток на задолжителна опрема, управување без дозвола и превоз на повеќе патници од дозволеното. Алкотестирањето покажало дека девет лица ...

Пратеничката група на Левица поднесе 47 амандмани кон Ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кои бараат суштинска прераспределба на јавните средства кон области што директно го засегаат животот на граѓаните – безбедност, инфраструктура, животна средина, земјоделие, домување, социјална заштита, образование, култура, спорт и институционална отчетност. Според Левица, ребалансот што го предлага ВМРО- ДПМНЕ е финансиски неодговорен и политички ...

Секое зголемување на цените на горивата директно ги зголемува транспортните трошоци, а тоа повторно се прелева во повисоки цени на храната, предупреди опозициската СДСМ. „Мицкоски го најави денешното поскапување на горивата, ама не најави никакви мерки со кои ќе ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар. Исто како што кажа дека има пазари и компании кои работат со „повисоки маржи“, но рече дека „имињата засега нема да ги открие“, се вели во ...

Изградбата на втората делница од автопатот Скопје–Блаце се очекува да започне во август и, според договорот, да трае околу четири години, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Тој информираше дека проектот е обезбеден со грант во вредност од 30,8 милиони евра и заем од 167,6 милиони евра. Новата делница ќе биде долга 10,5 километри, а заедно со претходно изградените 1,5 километри, автопатот од ...

Од Министерството за внатрешни работи преку објава на социјалната мрежа Фејсбук, велат дека „Безбеден град“ е проект што спасува животи и гради побезбедна иднина. – „Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните. Резултатите веќе го потврдуваат тоа. Во периодот од февруари до јуни оваа ...

Англија избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство, откако во драматичен натпревар го совлада домаќинот Мексико со 3:2 на легендарниот стадион „Ацтека“. Прво име на натпреварот беше Џуд Белингем, кој со два гола во првото полувреме ѝ обезбеди убедлива предност на англиската репрезентација. Сепак, Мексиканците не се предадоа и преку Хулијан Кињонес намалија пред заминувањето на одмор. Возбудувањата продолжија и во вториот дел. ...

Бразилските фудбалери со големи амбиции пристигнаа на Светското првенство, но натпреварувањето го завршија уште во осминафиналето, откако загубија со 2:1 од Норвешка. Селекторот Карло Анчелоти, кој неодамна го продолжи договорот со репрезентацијата до 2030 година, порача дека овој неуспех не претставува крај, туку почеток на нов циклус за националниот тим. „Заслуживме да победиме на овој натпревар. Многу сме разочарани, но ќе продолжиме да ...

Делови од четири скопски општини денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на дистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија. Според најавата, прекини во снабдувањето ќе има во делови од општините Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров, во различни временски интервали во текот на денот. Во општина Аеродром без струја ќе останат корисниците на улицата „Тодор Чангов“, додека во Гази Баба прекинот ќе ги ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.94
34%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
41%
1014
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.97
44%
1014
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.92
40%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.67
39%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.88
71%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
53%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.51
70%
1014
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.38
33%
1014
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
0.89
52%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 27ᴼ
2.24
40%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.72
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0079

Currency

66.0429

Currency

7.89933

Currency

0.67283

Currency

0.33875

Currency

0.52369

Currency

1.12246

Currency

0.55908

Иридиум

252383.36

Бакар

13.08

Калај

54.92

Паладиум

40381.34

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.19

Родиум

265243.66

Цинк

0.00

Платина

52855.83

Сребро

1853.71

Злато

129943.67

Рутениум

53852.50