Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Селекторот на Египет, Хосам Хасан, не го криеше незадоволството по драматичниот пораз од Аргентина со 3:2 во осминафиналето на Светското првенство. Веднаш по натпреварот, Хасан упати остри критики кон ФИФА, тврдејќи дека неговата селекција била оштетена и дека судењето било во корист на актуелниот светски шампион. „Ова беше наместен натпревар. Ако ФИФА сака Аргентина да стане светски шампион и ја турка кон титулата, нека го каже тоа јавно, ...
Македонскиот шампион Вардар со пораз ги почна квалификациите за Лигата на шампионите, откако вечерва на арената „Тодор Проески“ загуби од финскиот КуПС со 0:2 во првиот натпревар од воведното квалификациско коло. Гостите одиграа сигурен и дисциплиниран натпревар, контролирајќи го ритамот во поголемиот дел од средбата и заслужено стекнувајќи солидна предност пред реваншот во Финска. Вардар имаше добар почеток и во првите дваесетина минути ...
Фудбалската репрезентација на Аргентина се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство по неверојатен пресврт против Египет. Актуелниот светски шампион славеше со 3:2 на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта пред околу 70.000 гледачи, иако до 79. минута имаше негатива од 0:2. Натпреварот донесе вистинска драма, а главна улога имаше Лионел Меси, кој од трагичар по промашениот пенал се претвори во херој на Аргентина. Египет одлично го ...
Унгарскиот јавен сервис М1 денеска во 16 часот ја прекина информативната програма, а наместо вести на екранот беше емитувана порака со извинување до гледачите и најава за промени во работата на медиумот. Во пораката што ја прикажа телевизијата се наведува дека јавните медиуми не смеат да шират невистини и дека сервисот се трансформира со цел да стане независен и кредибилен. „Се извинуваме што со години го правевме тоа. Јавниот сервис сега се ...
Општина Прилеп ги поканува сите љубители на фудбалот и добрата атмосфера и вечерва да бидат дел од заедничкото следење на натпреварите на Камена бина. Според објавата, вечерва на големиот екран ќе бидат прикажани два интересни натпревари. Во 18:00 часот ќе се сретнат Аргентина и Египет, а од 22:00 часот ќе играат Швајцарија и Колумбија. Настанот нуди можност за заедничко навивање во пријатна атмосфера, со голем екран и дружење на отворено, ...
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека подготовките за „Пиво фестивал 2026“ се во завршна фаза и дека градот е целосно подготвен да биде домаќин на една од најголемите летни манифестации во Македонија. Фестивалот ќе се одржи на 17, 18 и 19 јули, а во пресрет на настанот во Општина Прилеп се одржа координативна средба со претставници на сите надлежни институции кои учествуваат во организацијата, со цел секој сегмент од ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.403,28 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 41,38 поени, односно за 0,44%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во населбата Млаки во Гостивар, соопшти Министерството за внатрешни работи. Несреќата била пријавена во 23:10 часот во ОВР Гостивар, а во неа учествувале патничко возило „цитроен берлинго“, управувано од 59-годишниот Р.Ј. од Гостивар, и „сеат леон“, зад чиј волан бил 70-годишниот О.Р., исто така од Гостивар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и ...
Домаќинствата ќе имаат дополнително време да аплицираат за државна финансиска поддршка за гасификација, откако Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за поднесување барања до 31 октомври. Со измените на програмата, граѓаните и понатаму ќе можат да добијат субвенции за приклучок на дистрибутивната мрежа на природен гас или за набавка на котел на гас. Според измените објавени во „Службен весник“, државата ...
Уште една рунда разговори меѓу политичките партии за новиот Изборен законик заврши без договор, бидејќи остануваат непроменети разликите околу гласањето на дијаспората, воведувањето една изборна единица и начинот на одлучување во Државната изборна комисија. Иако координаторите на пратеничките групи во Собранието разговараа неколку часа, не беше постигнат компромис за најспорните прашања. Единствен напредок има околу распределбата на ...
Позитивната листа на лекови е проширена со три современи антикоагулантни терапии, со што пациентите во Македонија ќе добијат полесен пристап до лекови за превенција и лекување на заболувања поврзани со згрутчување на крвта. На листата се додадени апиксабан, ривароксабан и дабигатран – современи орални антикоагуланси кои се користат за превенција на мозочен удар кај пациенти со атријална фибрилација, како и за лекување и спречување на длабока ...
Синоќа полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 30-годишна велешанка, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг, соопшти МВР. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а жената. била приведена и задржана во полициска станица. Од страна на полициски службеници предметот бил пронајден и одземен, известен е јавен обвинител и по целосно ...
Денеска, 7 јули, се одбележува Светскиот ден на чоколадото – ден посветен на еден од најпопуларните десерти во светот. Овој датум за многумина е повод да си дозволат парче темно, млечно или домашно чоколадо, без оглед на секојдневните ограничувања. Светскиот ден на чоколадото не е официјален празник, но одамна стана популарен меѓу љубителите на слатките задоволства. Најчесто се поврзува со 7 јули 1550 година, периодот кога чоколадото почнало ...
Министерството за внатрешни работи ги извести заинтересираните кандидати за прием во Средното полициско училиште дека учениците кои ја завршиле првата или втората година во средните училишта не треба да се отпишуваат од своите матични училишта во текот на процесот на пријавување и селекција. Од МВР појаснуваат дека сите кандидати потребната документација треба да ја достават во оригинал или како копија заверена кај нотар. Со избраните ...
Во емисијата „Во Центар“ Андреј Петров отворено призна дека групата работи веќе осум месеци против СДСМ. Прво го туркаа Јован Деспотовски како промотор, потоа Петре Шилегов. Сега, во истата емисија, признаа дека ниту едниот ниту другиот не биле поканети на нивниот состанок, наведува СДСМ во соопштение. -Луѓето кои ги користеа како параван, сега ги жртвуваат како мачиња. Говорат за „единство“ и „реформи“, а не можат да ги задржат ниту првите ...
Соединетите Американски Држави, како трет домаќин на Светското првенство 2026, го завршија настапот во осминафиналето, откако во Сиетл беа убедливо поразени од Белгија со 4:1. Натпреварот привлече големо внимание уште пред почетокот, откако ФИФА му дозволи настап на американскиот напаѓач Фоларин Балогун и покрај претходно добиениот црвен картон. Сепак, неговото присуство на теренот не беше доволно за САД да избегнат елиминација. Белгија ...
Општина Гази Баба го објави јавниот повик за субвенционирање на набавка на печки на пелети, со цел поттикнување на користење поеколошки и поефикасни системи за затоплување на домовите. Од Општината посочуваат дека мерката има за цел да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот, создавање почиста и поздрава животна средина, поквалитетно и поефикасно греење, како и намалување на трошоците за затоплување на долг рок. Воедно, со ...
Македонскиот фудбалски шампион Вардар вечерва по девет години повторно ќе настапи во квалификациите за Лигата на шампиони. Црвено-црните ќе го одиграат првиот натпревар од првото квалификациско коло против финскиот првак КуПС. Со неколку засилувања во играчкиот кадар и нов тренер на клупата, Аргентинецот Кристијан Фабијани, Вардар ќе се обиде да обезбеди што подолг настап на европската сцена. Последен пат скопскиот клуб настапуваше во ...
Општина Кисела Вода отвори постапка за доделување еднократна парична помош за жителите кои претрпеа поголеми штети од неодамнешното невреме. Градоначалничката Бети Стаменковска-Трајковска ги повика граѓаните да поднесат барање во Архивата на Општината со потребната документација, меѓу која фотографии од штетата, записник од надлежен орган и доказ за сопственост. По приемот на барањата, посебна комисија ќе ја процени секоја пријава и ќе ...
Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра. Приходите остварени на домашниот пазар бележат раст од 24% во однос на истиот период минатата година, со реализирани продажби од 4,8 милиони евра, што претставува најсилен двигател на резултатите во ...
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и Левица го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, ставајќи ги, како што наведуваат од партијата, партиските интереси пред интересите на државата и македонската дијаспора. Од владејачката партија посочуваат дека предложените измени ги вклучуваат препораките на ОБСЕ и ОДИХР, како и предлози кои, според нив, биле усогласувани со политичките партии на претходните работни средби. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ се ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети домот на корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“ за да се увери како се спроведува проектот. Тој информираше дека услугата моментално ја користат 73 лица, а има капацитет за уште 17 нови корисници. Проектот овозможува домашни посети од негуватели, помош во секојдневните активности, подготовка на оброци, набавка на лекови и дружење, а за дел од корисниците е обезбедена ...
Соединетите Американски Држави остро ја критикуваа Кина по пробното лансирање балистичка ракета способна да носи нуклеарна боева глава во Тихиот Океан. Стејт департментот оцени дека Пекинг со забрзаното и нетранспарентно јакнење на нуклеарниот арсенал предизвикува сериозна загриженост во регионот и во светот. Кинеската војска соопшти дека ракетата, испукана од подморница, носела лажна боева глава и дека станува збор за рутинска воена вежба ...
Општина Карпош ја продолжува реконструкцијата на детските игралишта, при што се обновени уште две локации со нова и санирана урбана опрема. На игралиштето на улицата „Никола Парапунов“ поставени се нови лулашки, обновени се клупите и е санирана останатата опрема. Кај Адреналинскиот парк, во близина на кејот на Вардар, извршено е фарбање на урбаните елементи, обновени се клацкалките и лизгалките, а заменети се и старите дрвени конструкции. Од ...
„Убаво е Скопје навечер!“ Ова синоќа на Фејсбук го напиша градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објавувајќи слика од мостот што води кон Театарот. „Уште еден прекрасен мост светна и ќе мами погледи, претворајќи се во уште едно препознатливо светло обележје на нашиот град. Мал детал што носи голема разлика и уште една причина да се гордееме со убавината на Скопје”, напиша Ѓорѓиевски и во коментар додаде дека објектите што беа поставени ...
Во Македонија продолжува периодот на стабилно, сончево и топло летно време, со високи дневни температури низ поголемиот дел од земјата. Во пониските места и котлините максималната температура ќе достигнува и ќе надминува 35 степени, додека ноќите ќе останат релативно топли. Во планинските предели ќе биде посвежо, со можност за краткотрајна локална нестабилност. Од УХМР препорачуваат да се избегнува престој на директно сонце во периодот од 11 ...
Во турската престолнина Анкара денеска почнува дводневниот самит на НАТО, на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ја предводи македонската делегација. Во состав на делегацијата се министрите Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, како и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Вечерва претседателката ќе присуствува на свечената вечера што за лидерите на земјите-членки ја организира турскиот ...
Во Собранието денеска продолжуваат разговорите меѓу координаторите на пратеничките групи во обид да се деблокираат измените на Изборниот законик. Од владејачкото мнозинство очекуваат СДСМ и ДУИ да се изјаснат за новиот предлог, според кој македонските државјани во дијаспората би гласале по пошта наместо по електронски пат. Начинот на спроведување на ваквото гласање дополнително би го утврдила Државната изборна комисија со посебен подзаконски ...
Иранската војска синоќа испукала најмалку два проектили кон комерцијални бродови што пловеле низ Ормутскиот Теснец, тврдат двајца американски претставници за „Аксиос“. Нападите го доведуваат во прашање меморандумот за разбирање постигнат пред помалку од три недели, со кој Техеран се обврза да ги прекине нападите во оваа стратешка поморска рута. Инцидентите се случија веднаш по истекот на еднонеделниот договор меѓу САД и Иран за привремен ...
Светската здравствена организација предупреди дека над Атлантикот веќе се формира нов силен топлотен бран, кој оваа недела ќе донесе температури до 43 степени во Португалија и јужна Шпанија. Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Анри П. Клуге, изјави дека Франција и земјите од Бенелукс веќе се подготвуваат за нов удар на екстремните горештини, додека делови од Централна Азија веќе бележат температури над 40 степени. Поради сериозноста ...