Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на повеќе места ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина до 40 километри на час. Во Скопје претпладне ќе има сончеви периоди, додека попладне во делови од котлината е можна појава на краткотраен пороен дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 26 до 34 ...
Западна Европа го забележа најтоплиот јуни откако постојат мерењата, покажуваат најновите податоци на европската служба за климатски промени „Коперникус“. Просечната температура во регионот изнесувала 20,74 Целзиусови степени, што е повеќе од три степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година. Кон крајот на месецот, силен топлотен бран урна температурни рекорди, предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија и затворање на ...
Американските сили извршија нов бран воздушни напади врз Иран со цел дополнително да ги ослабат неговите воени капацитети во Ормутскиот Теснец, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM). Според американската војска, погодени биле околу 90 воени цели долж иранскиот брег. Меѓу метите се нашле системи за противвоздушна одбрана, објекти за крајбрежен надзор, складишта за ракети и беспилотни летала, како и поморска и логистичка инфраструктура. ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против уште едно лице во врска со стечајот на Еуростандард банка. Тројцата се товарат за кривичното дело „Предизвикување стечај на банка“, додека четвртото лице се гони за „Несовесно работење во службата“. Според Обвинителството, обвинетите во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година постапувале ...
Девет европски држави побараа од Европската комисија да ги продолжи привремените мерки за флексибилност при примената на новиот Систем за влез и излез (EES). Во заедничко писмо до еврокомесарот за внатрешни работи Магнус Брунер, Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија предупредуваат дека системот сè уште се соочува со сериозни оперативни предизвици. Земјите нагласуваат дека остануваат ...
Поднесени се кривични пријави против четворица малолетници и петмина родители поради случајот со меѓуврсничкото насилство врз 12-годишно девојче во скопската населба Аеродром, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, две малолетнички се осомничени за кривично дело насилство, еден малолетник за поттикнување и неовластено снимање, а уште еден малолетник за неовластено снимање на инцидентот. Кривични пријави се поднесени и ...
Американската Централна команда соопшти дека започнал нов бран воздушни напади врз Иран, неколку часа откако претседателот Доналд Трамп најави нови воени дејствија. Во соопштението се наведува дека нападите се извршени по наредба на врховниот командант на американските сили, со цел, како што е наведено, дополнително да се намали способноста на Иран да ја загрозува слободата на пловидба низ Ормуски Теснец. „Соединетите Американски Држави го ...
На Клиниката за инфективни болести во Скопје е потврден нов случај на маларија кај пациент кој неодамна престојувал во Занзибар. Пациентот побарал лекарска помош откако добил висока температура и треска, по што бил хоспитализиран на Клиниката за понатамошно лекување. Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, потврди дека станува збор за маларија и информира дека пациентот е во стабилна здравствена состојба. Тој нагласи дека ...
Премиерот Христијан Мицкоски ги повика СДСМ и Левица да постигнат договор околу измените на Изборниот законик, порачувајќи дека владејачкото мнозинство ќе го поддржи секој усогласен предлог, доколку ги содржи препораките на ОБСЕ/ОДИХР и решението за гласањето на дијаспората. Говорејќи по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, Мицкоски оцени дека последните реакции на опозициските партии претставуваат „политичка гимнастика и ...
Безживотно машко тело е пронајдено во реката Пчиња во близина на Катлановска Бања, а полицијата и Јавното обвинителство работат на утврдување на идентитетот на починатиот и на расчистување на сите околности поврзани со случајот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 7 јули 2026 година, околу 14:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во реката Пчиња, кај Катлановска Бања, било забележано безживотно машко тело. По ...
Министерството за здравство соопшти дека лекот „Фостер“, кој се наоѓа на позитивната листа на лекови, наскоро повторно ќе биде достапен за пациентите без доплата. Како што информираат од Министерството, компанијата што е носител на одобрението за ставање во промет на лекот ги известила дека во најскоро време ќе овозможи повторна достапност на „Фостер“ без дополнителен трошок за пациентите. „Министерството за здравство и понатаму ќе ...
Повеќе од 82 илјади тони комунален отпад се собрани и транспортирани од скопските домаќинства и компании во првите шест месеци од годинава, информира ЈП „Комунална хигиена – Скопје“. Во истиот период се расчистени и 14.535 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на сите скопски општини, при што најмногу отпад е отстранет во Општина Центар. Нивната еко-патролата во изминатиот период изготвила 274 записници против лица и компании ...
Судскиот совет ја избра Даниела Димовска за нова претседателка на Основниот кривичен суд Скопје. На денешната седница за нејзиниот избор гласале 11 членови на Судскиот совет, по што претседателот на Советот, Александар Камбовски, ја констатираше одлуката. „Констатирам дека Советот донесе одлука со која Даниела Димовска се избира за претседател на Основен кривичен суд – Скопје“, изјави Камбовски. Димовска досега ја извршуваше функцијата ...
Завршена е реконструкцијата на железничката пругата на делницата Драчево – Илинден, со што товарните возови ќе бидат пренасочени надвор од главниот град. Ова го објави министерот за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП Железници Инфраструктура Синиша Ивановски, изврши увид на реконструираната делница и тест-возење. Според Николоски, по оваа пруга ќе сообраќа исклучиво товарен железнички сообраќај, што ќе придонесе за ...
Левица реагира оти советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ во Град Скопје не ја прифатиле нивната иницијатива со која се бараше еден автобуски билет да важи 120 минути од првото валидирање. Од Левица образложија дека ваквото решение би им овозможило на граѓаните без дополнително плаќање да менуваат автобуси, што е пракса во многу европски градови. Во меѓувреме, Скопје и понатаму се соочува со проблеми во јавниот превоз, без доволен број автобуси и ...
Проширувањето е во движење. Македонија припаѓа на европското семејство. Кога сакате, испорачувате квалитет со брзо темпо. Вратата е отворена, пошироко отколку кога било во една генерација. Сега е време да се испорача и да не се троши повеќе време на изговори. Мојот апел денес е да не го пропуштите овој прозорец на можност. Искористете го. Тоа е во ваши раце, истакна еврокомесарката за проширување Марта Кос која денеска престојува во посета на ...
Вардар уште на стартот од квалификациите за Лигата на шампиони доживеа тежок пораз од 0:2 на домашен терен од финскиот КуПС и сериозно си ги намали шансите за европска есен. Натпреварот покажа дека клубот во новата сезона влегол со лоши подготовки, без јасен план и без препознатлива игра. На теренот Вардар делуваше анемично, без идеја, без стратегија и без вистинска реакција во ниту еден дел од мечот. Но, аматеризмот не заврши само на ...
Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска учествува на самитот на Северноатлантскиот совет, кој се одржува на ниво на шефови на држави и влади во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара. Во своето обраќање пред медиумите, Сиљановска-Давкова порача дека иднината на Европа треба да се гради врз темелите на единството, мирот и демократските вредности. „Мотото ‘Посилна Европа – Посилно НАТО’ за мене значи ...
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека се работи на разубавување, уредување и подобрување на условите за сите посетители на Водно. Тој напиша дека Водно е срцето на градот, место на мир, рекреација, семејни прошетки, спорт, спомени и поглед кој секогаш нè потсетува колку е убаво нашето Скопје. „Токму затоа, во изминатиот период посветено работевме на негово разубавување, уредување и подобрување на ...
Руската армија извршила координиран напад со прецизно копнено оружје врз објекти поврзани со украинскиот воено-индустриски комплекс во Киев, соопшти руското Министерство за одбрана. Во исто време, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, информираше преку социјалните мрежи дека неколку лица биле повредени во руските воздушни напади врз украинската престолнина. Од руското Министерство за одбрана наведуваат дека меѓу целите на нападот била ...
Осумдесет и четиригодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила во Охрид. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 6 јули во 21:12 часот на улицата „Јане Сандански“, каде што патничко возило „Хјундаи“ со охридски регистарски таблички, управувано од С.Д. (74) од Охрид, удрило во пешакот М.Т. (84), исто така од Охрид. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Скопје ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот за европски прашања Беким Сали и со претседателот на Собранието Африм Гаши. Кос ќе има тет-а-тет средба со Мицкоски по што е предвидено да одржат заедничка прес-конференција. Во фокус на разговорите ќе биде евроинтегративниот пат на земјава и спроведувањето на реформската агенда. Ќе се разговара и за Планот за раст за Западен ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на Самитот на НАТО ќе се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара. Таа синоќа присуствуваше на приемот организиран од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. – Во духот на сојузништвото и меѓусебната почит, со шефовите на држави и влади разменивме мислења за натамошното ...
Швајцарија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако по вистинска фудбалска драма ја совлада Колумбија со 4:3 на пенали, по 120 минути игра без голови. Очекувано, натпреварот донесе голема борба и тактичко надмудрување. На првата вистинска шанса се чекаше повеќе од 20 минути, кога Густаво Пуерта се закани по голот на Швајцарија, но неговиот удар одлично го одбрани Грегор Кобел. Швајцарците возвратија преку Фабиан Ридер, ...
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска, поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија привремено ќе останат корисници во неколку скопски општини. Во општина Сопиште, од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улица 8 во селото Горно Соње, на локалитетот Коштан. Од 09:00 до 12:00 часот прекин во снабдувањето ќе има и за дел од корисниците на улица 4 во Сопиште, кај локалитетот ...
Најмалку четири танкери за превоз на нафта и течен природен гас го променија курсот и се откажаа од пловидба низ Ормускиот Теснец поради влошената безбедносна состојба. Одлуката следува по нападите врз комерцијални бродови во овој стратешки поморски премин, поради што ризикот за пловидба е подигнат на највисоко ниво. Три танкери на катарската компанија QatarEnergy и еден индиски танкер направиле полукружно свртување непосредно пред влезот во ...
Европскиот парламент усвои реформа со која значително се зајакнуваат правата на патниците во воздушниот сообраќај. Новите правила носат поголема транспарентност при купување авионски билети, поедноставна постапка за добивање обесштетување и бесплатно седење на родителите покрај своите деца. Според новата регулатива, авиокомпаниите повеќе нема да смеат да наплатуваат дополнителен надомест за членовите на едно семејство да седат заедно. При ...
По сончевото утро, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието попладне повремено ќе засилува. Утринските температури ќе се движат од 9 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 29 до 36 степени. Во Скопје се очекува ...
Соединетите Американски Држави започнаа серија воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на американската армија, пренесува Си-ен-ен. Според соопштението, операцијата има за цел да му наметне високи трошоци на Иран поради, како што се наведува, таргетирањето и нападите врз трговски бродови со цивилни екипажи во меѓународните води. Иранските медиуми јавуваат дека повеќе локации на југот од земјата биле погодени во ...
Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон по спектакуларна победа над Феликс Оже-Алијасим со 3:2 во сетови (7:6, 3:6, 6:3, 6:7, 7:6), по маратонски меч што траеше пет часа и 14 минути. Српскиот тенисер уште еднаш покажа зошто е еден од најголемите во историјата на тенисот, совладувајќи го значително помладиот противник по голема борба и неизвесност до последниот поен. Првиот сет беше израмнет од почеток до крај и беше решен во ...