Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Германија постигна договор со САД за набавка и распоредување на крстосувачки ракети „томахавк“ на своја територија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц пред пратениците во Берлин. Мерц посочи дека договорот бил постигнат со американски претставници за време на самитот на НАТО во Анкара, кој, според него, ги надминал очекувањата. „Ова затвора критична стратешка празнина во нашата одбрана, додека паралелно работиме на развој на сопствени ...
Редовното пиење газирани пијалаци може да има посериозни последици по здравјето отколку што се сметаше досега. Освен што се поврзуваат со зголемен ризик од дебелина, дијабетес и срцеви заболувања, овие пијалаци можат да придонесат и за побрзо стареење на организмот. Истражување објавено во списанието „American Journal of Public Health“ покажало дека лицата кои често консумираат газирани пијалаци имаат пократки теломери – структури на краевите ...
Зимските олимписки игри во 2030 година, кои ќе се одржат на Француските Алпи, ќе бидат побогати за уште една дисциплина во брзо лизгање – тимски спринт. Одлуката ја донесе Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), а ја потврди и Меѓународната унија за лизгање (МСУ). Тимскиот спринт е специфична дисциплина во која три натпреварувачи од иста репрезентација стартуваат заедно и минуваат три круга од по 400 метри. По првиот круг ...
Македонскиот репрезентативец Филип Талески е нов ракометар на ГРК Охрид, откако потпиша договор за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување и за натпреварувачката 2027/2028. Триесетгодишниот лев бек, висок 202 сантиметри, во охридскиот клуб ќе настапува со дресот со број 28. Талески пристигнува од унгарска Татабања, а зад себе има богата интернационална кариера. Ракометно се развиваше во Металург, по што замина во германскиот гигант ...
Белгискиот голман Тибо Куртоа смета дека Шпанија влегува како фаворит во четвртфиналниот дуел на Светското првенство, но верува дека неговата репрезентација може да приреди изненадување. „Шпанија е одличен тим и мислам дека еден од фаворитите за освојување на турнирот. Затоа очигледно почнуваме како аутсајдери. Но, во фудбалот сè е можно. Верувам дека можеме да победиме, со должна почит кон противникот“, изјави Куртоа. Белгија и Шпанија ќе ...
Град Скопје ги информира граѓаните дека од понеделник започнува спроведувањето на теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци на целото подрачје на главниот град. Акцијата ќе се реализира во периодот до 16 јули 2026 година (четврток), во ноќните часови, од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден. Доколку временските услови не дозволат спроведување на дезинсекцијата, третманот ќе биде извршен во истиот термин првиот нареден ден со ...
Синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јаир Нетанјаху, наводно го сменил името во Јонатан Хон, објави израелскиот весник „Хаарец“. Според весникот, даночните податоци од декември 2024 година сè уште биле издадени под неговото претходно име, додека годинава се појавиле со новото име и со наведена адреса „Balfour 0“. Јаир Нетанјаху и претходно користел варијации на презимето Хон, а на социјалните мрежи се претставувал како Јаир Хун. ...
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, ги повика граѓаните вечерва да присуствуваат на новата музичка вечер во рамки на проектот „Од 0 до КултурА“. На Камената бина, со почеток во 21:00 часот, ќе настапи прилепскиот панк-рок и поп-панк бенд Side Quest, млад состав кој со својата енергија, талент и авторски пристап го гради своето место на македонската алтернативна музичка сцена. „Од 0 до КултурА“ продолжува со уште една одлична ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија во јуни ја забележала најниската инфлација во регионот, додавајќи дека Владата располага со план и доволно резерви за да одговори на евентуални нови економски предизвици. Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека глобалната економска неизвесност и понатаму е силно поврзана со војната во Украина и конфликтите на Блискиот Исток, кои влијаат врз енергетските пазари и снабдувањето со ...
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје открија поголема количина разновидна наркотична дрога во напуштени подрумски простории во станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром. Акцијата била спроведена на 8 јули, по претходно преземени оперативни мерки и активности. При извршениот претрес, полицијата пронашла бела грутчеста материја, халуциногени печурки, кеса со поголема количина таблети екстази, ...
Американската тениска легенда Серена Вилијамс планира да одигра неколку мечеви во поединечна конкуренција за да се подготви за можното враќање на Отвореното првенство на САД. Вилијамс минатиот месец се врати на тениските терени по пауза од речиси четири години, настапувајќи во конкуренција на двојки. Во Квинс играше со Канаѓанката Викторија Мбоко, а на турнирот во Берлин настапи заедно со Чехинката Каролина Мухова. Организаторите на Вимблдон ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на реформите во енергетскиот сектор и воспоставување современа регулаторна рамка. По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива, стапи во сила новата Уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на Битола порача дека Владата останува посветена на реализација на проекти кои имаат директно влијание врз квалитетот на живот на граѓаните, со посебен акцент на инфраструктурните инвестиции. За време на увидот во реконструкцијата на објектот кој ќе биде дел од подрачното основно училиште „Коле Канински“ во населбата Буковски Ливади, Мицкоски истакна дека и покрај наследените предизвици, ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ намерно го попречуваат донесувањето на новиот Изборен законик, поради, како што рече, страв од слаб изборен резултат. Манасиевски на прес-конференција посочи дека политичките партии со месеци работеле на усогласување на реформскиот закон, но според него, опозициските партии одлучиле да го блокираат процесот и да создадат забуна во јавноста. „Иако со ...
Лекот „Фостер“, кој го користат пациентите со астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), од крајот на јули ќе биде достапен без доплата, а осигурениците ќе плаќаат само 280 денари партиципација, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Според него, лекот со генеричко име беклометазон/формотерол повеќе нема да се доплаќа околу 800 денари, а партиципацијата ќе биде намалена од досегашните 300 на 280 ...
Од денеска до 17 јули, фестивалот „Скопско лето” во соработка со Кинотеката на Македонија, ја претставува програмата „Кинотека на Скопско лето”, посветена на македонската филмска уметност. Во текот на седум филмски вечери, публиката ќе има можност да ужива во селекција на значајни македонски филмови од истакнати домашни автори: Милчо Манчевски, Стефан Сидовски – Сидо, Бранко Гапо, Сашо Павловски и Марија Џиџева. Сите проекции ќе се одржат во ...
Повеќе од 23 милиони евра државни средства наменети за активни мерки за вработување во 2024 година не биле распределени рамномерно низ државата, туку најголемиот дел завршиле во неколку центри за вработување. Дополнително, Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил слаб мониторинг на трошењето на средствата, пропусти при исплатата на надоместоци за невработеност, неефикасни ИТ-обуки и концентрација на адвокатски услуги кај еден адвокат. Во ...
Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука јавно да ги повика сите поединци и групи кои имаат забелешки или предлози за работата на партијата на внатрешна дебата, со цел, како што наведуваат, заеднички да се разговара за идните чекори и политичката борба против актуелната власт. Од партијата посочуваат дека сите прашања поврзани со СДСМ треба да се решаваат во рамките на партиските органи и тела, а не преку јавни настапи, медиуми или надворешни ...
Триесет и двегодишниот И.М. од Охрид бил лишен од слобода на 8 јули во 22:30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, откако со возило „Ренџ Ровер“ со чешки регистарски ознаки не застанал на даден знак од полициска патрола и се обидел да побегне. По преземените активности, полициските службеници успеале да го сопрат возилото. При контролата, во автомобилот бил забележан и четириесет и четиригодишниот С.П. од Охрид. Според информациите од ...
Со тензична атмосфера и неочекуван развој започна првото рочиште од судскиот процес против Трајко Бојковски, обвинет за серија убиства и обиди за убиства на повозрасни жени во кумановскиот регион. На почетокот на судењето во Основниот кривичен суд во Куманово, обвинетиот не воспоставил никаква комуникација со судот. Тој не го погледнал судијата, туку постојано гледал кон таванот и не одговорил ниту на прашањето за утврдување на неговиот ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ја посети Гевгелија каде што се реализира проект за целосна реконструкција на еден од значајните делови од градот, оценувајќи дека станува збор за инвестиција која ќе донесе нов урбан изглед и дополнителен развој. Николоски истакна дека проектот ќе ја врати автентичноста на просторот, но истовремено ќе внесе и современи елементи, особено преку решавањето на инсталациите под земја и ...
Во Општина Карпош синоќа на повеќе локации каде што во вечерните часови најчесто се собираат младите – паркови, спортски игралишта и угостителски објекти беше реализирана превентивната акција „Соседски патроли”. Во акцијата учествуваа градоначалникот Сотир Лукровски, командирот на ПС Карпош, Стефан Тасевски, инспектори за малолетничка деликвенција, униформирани полициски службеници и родители. Преку непосредни разговори, младите беа ...
Пратеникот во Собранието на Македонија, Беким Ќоку, тврди дека нему, на уште еден пратеник и на заменик-генералниот секретар на Владата им бил одбиен влез во Албанија, без, како што наведува, да добијат какво било официјално образложение од албанските власти. Според Ќоку, тројцата функционери, сите етнички Албанци од Македонија, биле задржани повеќе од еден час на граничниот премин Ќафасан при влез во Албанија. „Тројца албански државни ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ги оцени одлуките донесени на Самитот на НАТО во Анкара како значаен чекор кон зајакнување на Алијансата и унапредување на колективната безбедност. Муцунски преку објава на социјалните мрежи порача дека НАТО испраќа јасна порака со заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, развој на одбранбените капацитети и поправедна распределба на обврските меѓу ...
Политичката партија Македонски концепт соопшти дека изјавата на европската комесарка Марта Кос, според која „нема гаранции“ за членството на Македонија во Европската Унија, отвора сериозни политички прашања и заслужува широка јавна и институционална дебата. Од партијата оценуваат дека доколку навистина не постојат гаранции оти исполнувањето на преземените обврски ќе резултира со членство во Европската Унија, тогаш се поставува прашањето дали ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за санација на инфраструктурата во училиштето „Димитар Миладинов“, со што ќе се подобрат условите за учење, работа и спортување во училиштето. Се изведува нова фекална мрежа, одвоена од атмосферската, со што се решава долгогодишниот проблем со затнување и прелевање на шахтите. Воедно, се реконструира санитарниот јазол до фискултурната сала, каде се заменуваат ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во работна посета на Битола, каде ќе посети стопански и образовен објект. Во рамки на посетата, премиерот најпрво ќе ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“, а потоа ќе изврши увид во тековните градежни работи за реконструкција на новата училишна зграда на Основното училиште „Коле Канински“ во населбата Буковски Ливади. Според владината прес-служба, посетата на фабриката е закажана за 12 ...
Светското фудбалско првенство влегува во својата завршна фаза. По возбудувањата во осминафиналето, останаа само осум репрезентации кои ќе се борат за место меѓу четирите најдобри и за продолжување на походот кон светската титула. Четвртфиналната програма започнува вечерва со дуелот меѓу Франција и Мароко, кој ќе се игра од 22 часот на стадионот „Гилет Стадиум“ во Фоксборо, САД. Французите обезбедија пласман меѓу осумте најдобри со минимална ...
Поради планирани интервенции на водоводната и електродистрибутивната мрежа, денес без вода и струја ќе останат корисници во повеќе скопски општини. Според Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје, без вода од 8:30 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците на улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба. Причина за прекинот е изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека не жали за обидите да воспостави блиски односи со американскиот претседател Доналд Трамп, и покрај неговите неодамнешни критики упатени преку социјалните мрежи. „Не, апсолутно не жалам за ништо што сум направила“, изјави Мелони во Анкара, по завршувањето на самитот на НАТО, на кој присуствуваше и Трамп. Таа додаде дека нема директно да одговара на неговите објави. Мелони истакна дека Италија ...