Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја прошири истрагата за случајот со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и помагала, во јавноста познат како случајот со ботоксите. Со најновата истрага се опфатени уште четири лица. По наредба на Обвинителството, вчера беше спроведена координирана акција во која беа извршени претреси на пет локации во Скопје, меѓу кои и две здравствени ...

Александар Зверев е првиот финалист на Вимблдон, откако во полуфиналето без поголеми проблеми го совлада британскиот тенисер Артур Фери со 7:6, 6:2, 6:4. Германецот, кој е трет носител на турнирот и актуелен шампион на Ролан Гарос, за првпат во кариерата ќе се бори за трофејот на најпрестижниот тениски турнир. Фери, кој настапи со специјална покана од организаторите, приреди едно од најголемите изненадувања на овогодинешниот Вимблдон со ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека Европската Унија ќе деблокира до 10 милијарди евра средства наменети за Унгарија, откако Советот на ЕУ го одобри унгарскиот План за закрепнување и отпорност. Според Маѓар, со оваа одлука е отстранета последната пречка за исплата на европските фондови, кои со години беа недостапни поради спорот меѓу Брисел и поранешната влада на Виктор Орбан. Во својата изјава, Маѓар ја обвини партијата „Фидес“ дека ...

Општина Ѓорче Петров воведува нова мерка за поддршка на младите, со која за првпат ќе обезбеди еднократна финансиска помош за полуматурантите од општината. Со мерката се опфатени 360 ученици кои го завршија основното образование, а секој од нив ќе добие финансиска поддршка во износ од 5.000 денари. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ги потпиша решенијата за исплата на средствата, нагласувајќи дека станува збор за ...

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго досега однесе 600 животи, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Новите податоци се објавени само неколку дена откако бројот на починати надмина 500. Според последните информации на здравствената агенција на Обединетите нации, во ДР Конго се регистрирани 1.759 потврдени случаи на ебола од прогласувањето на епидемијата во средината на мај, при што стапката на смртност изнесува 34 ...

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ја продолжи соработката со браќата Дамјан и Војдан Стојановски, кои и во новата сезона ќе го носат сино-белиот дрес. Нивното останување во клубот беше меѓу главните приоритети на управата при формирањето на тимот за претстојните предизвици. За капитенот Дамјан Стојановски ова ќе биде 14. сезона во дресот на МЗТ Скопје, во која ќе се обиде да ја освои својата 12. шампионска титула со клубот. Војдан ...

Кина ја предупредила Русија да не прибегнува кон употреба на нуклеарно оружје како одговор на украинските напади врз руска територија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува „Политико“. Според Зеленски, Пекинг за првпат директно реагирал на можноста Москва да употреби нуклеарно оружје, испраќајќи порака дека таков чекор не е прифатлив. „Мислам дека сте слушнале слични изјави во руските медиуми – што ако одговориме на ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски денеска повторно ги повика опозициските партии да постигнат договор за новиот Изборен законик, истакнувајќи дека владејачката партија ќе го поддржи секое заедничко решение што ќе го усогласат, доколку во него биде вклучено гласањето на дијаспората. Стојаноски посочи дека на состанокот на работната група меѓу координаторите во Собранието, одржан во вторникот, ВМРО-ДПМНЕ доставила предлог за надминување ...

Организирањето на популарните наградни игри на социјалните мрежи, познати како giveaway, наскоро може значително да се намали, откако стапуваат во сила нови правила кои воведуваат низа обврски за организаторите. Со новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, кој почнува да се применува од 14 јули, за секое организирање giveaway ќе биде потребна претходно добиена дозвола од Министерството за финансии, а организаторите ќе треба да плаќаат ...

Неколку засега непознати лица ноќеска провалиле во банкомат поставен во трговски центар на подрачјето на скопската општина Центар и од него одзеле пари, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 10 јули 2026 година околу 03:15 часот. Сторителите насилно го отвориле банкоматот, по што ја земале паричната сума и избегале од местото на настанот. Полицијата извршила увид и ...

Авион на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“, кој летал од Солун кон германскиот град Меминген, бил принуден да се врати на аеродромот „Македонија“ кратко по полетувањето, откако екипажот забележал сериозен дефект на моторот. Во инцидентот полесно е повреден 61-годишен државјанин на Србија, а грчките воздухопловни власти започнаа истрага. Според грчките медиуми, проблемот настанал додека авионот летал над територијата на Македонија. ...

СДСМ реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за најниската инфлација во регионот, оценувајќи дека граѓаните не живеат од статистички податоци, туку од реалните трошоци и можноста да ги задоволат секојдневните потреби. Од опозициската партија велат дека иако инфлацијата е намалена, потрошувачката кошница и понатаму останува тешко достапна за голем број граѓани, а цените на основните производи се високи. Според СДСМ, актуелното ...

Општина Карпош започна со целосна реконструкција на улицата „Атинска“, во должина од 435 метри. Проектот опфаќа обнова на коловозот, поставување нов асфалт, замена на рабниците и уредување на тротоарите со бекатон елементи и асфалт. За реализација на проектот се издвоени 16 милиони денари, а рокот за завршување е 30 работни дена. Градоначалникот Сотир Лукровски ги повика граѓаните на трпение и разбирање додека траат градежните работи. Од ...

Повеќе населени места во Скопје и околината во недела, 12 јули, ќе останат без вода поради санација на дефект на главна водоводна цевка, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Од претпријатието соопштија дека поради уличен дефект на водоводна цевка со профил ф-600 милиметри на улицата „Борис Трајковски“, во близина на бензинската пумпа „Лукоил“ во Пинтија, ќе има прекин во снабдувањето со вода. Без вода ќе останат корисниците од ...

Изградбата на автопатот Тетово-Гостивар се одвива според планираната динамика, а првите завршени километри се очекува да бидат пуштени следната година. Целосното завршување на делницата е планирано до крајот на 2028 година, информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. При посетата на Тетово, Николоски посочи дека проектот е започнат од актуелната Влада, а во изминатиот период биле решени прашањата поврзани со ...

Општина Аеродром започнува постапка за воспоставување систем за видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите. Од локалната самоуправа велат дека целта е да се спречи вандализмот, да се заштити општинскиот имот и да се зголеми безбедноста на јавните површини. Системот ќе им помогне и на надлежните институции при откривање сторители на казниви дела. Од Општината нагласуваат дека проектот ќе се реализира согласно ...

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ свесно го попречуваат донесувањето на новиот Изборен законик, оценувајќи дека причината за таквиот потег е падот на нивната поддршка кај граѓаните и стравот од лош изборен резултат. Од владејачката партија посочуваат дека новиот Изборен законик е дел од Реформската агенда и дека неговата подготовка се одвивала подолг период преку работна група во која, според нив, бил постигнуван политички договор и ...

Францускиот селектор Дидие Дешан испиша нова страница во историјата на Светските првенства. Со победата над Мароко во четвртфиналето, тој стигна до јубилејната 20-та мундијалска победа, со што стана првиот тренер во историјата на турнирот со такво достигнување. На вечната листа зад него се наоѓа легендарниот германски селектор Хелмут Шен, кој со репрезентацијата на Западна Германија оствари 16 победи на светските првенства. По триумфот над ...

Русија воведе привремена забрана за извоз на дизел гориво, во обид да го стабилизира домашниот пазар по серијата украински напади со беспилотни летала врз нејзината енергетска инфраструктура, кои предизвикаа намалување на залихите и раст на цените на горивата. Возачите во повеќе руски региони се соочуваат со долги редици на бензинските пумпи, бидејќи нападите врз рафинериите и складиштата го нарушија снабдувањето со бензин и дизел. ...

Франција е првиот полуфиналист на Светското првенство, откако во четвртфиналето во Бостон со сигурни 2:0 го совлада Мароко и обезбеди место меѓу четирите најдобри репрезентации на турнирот. Французите беа подобар противник во текот на целиот натпревар и уште во првото полувреме можеа да стекнат убедлива предност. Килијан Мбапе не успеа да реализира пенал, откако мароканскиот голман Боно го одбрани неговиот удар, а „триколорите“ пропуштија ...

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе ги смири навивачите по повредата што ја заработи во четвртфиналниот натпревар против Мароко на Светското првенство 2026, порачувајќи дека нема причина за загриженост. Франција избори место во полуфиналето со победа од 2:0, а Мбапе беше еден од стрелците. Напаѓачот на Реал Мадрид го отвори резултатот во 60. минута, додека конечните 2:0 ги постави Усман Дембеле само шест минути подоцна. Во 76. минута ...

Израел им доставил на Соединетите Американски Држави нови разузнавачки информации за наводен нов ирански план за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп. Според извори запознаени со случајот, информациите би можеле дополнително да ги зголемат тензиите меѓу Вашингтон и Техеран, објавува „Волстрит џурнал“. Иран со години јавно се заканува со одмазда кон Трамп поради ликвидацијата на генералот Касем Сулејмани, командант на елитните ...

Најмалку 12 лица загинаа, а шест се повредени во голем шумски пожар што го зафати подрачјето кај Лос Гаљардос во шпанската покраина Алмерија, соопштија властите во Андалузија. Пожарот избувна во период кога јужна Европа е погодена од силен топлотен бран со екстремно високи температури. Дел од жртвите биле пронајдени во возила кои биле зафатени од огнената стихија. Според сведочењата на локалните жители, можно е пожарот да започнал по уривање ...

Американската војска две ноќи по ред изврши напади врз иранското пристаниште Чабахар, при што беа уништени контролната кула за поморски сообраќај. Ова е прва американска воена акција во ова пристаниште по воспоставувањето на примирјето. Иранските државни медиуми ИРИБ и ИРНА потврдија дека погодени се пристаништата Шахид Бехешти и Калантари. Од Вашингтон соопштија дека цивилните објекти и клучната енергетска инфраструктура не биле цел на ...

Повеќе од четири месеци по неговото убиство, поранешниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи, беше погребан во неговиот роден град Машхад, јавија иранските медиуми. Погребната церемонија се одржа зад затворени врати во светилиштето на Имам Реза, најсветото шиитско светилиште во Иран. На церемонијата ѝ претходеше еднонеделна државна жалост и повеќедневни собири низ земјата. Хамнеи беше убиен на 28 февруари во израелски воздушен напад врз ...

Сончево и топло време со мала облачност ќе преовладува денеска низ земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени Целзиусови, додека максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне 34 степени. Во ...

Собранието денеска со едночасовен комеморативен настан ќе го одбележи Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Според агендата објавена на веб-страницата на Собранието, на настанот ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ, претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците Аднан Азири и професорот Ферид Мухиќ. Со настанот ќе биде оддадена почит на жртвите од геноцидот во ...

Седумдесет и тригодишен жител на радовишкото село Калуѓерица е приведен откако предизвикал пожар со палење оган на нива во сопственост на неговиот брат, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, Л.М. (73) бил лишен од слобода на 8 јули околу 12:50 часот од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш. Од МВР соопштија дека тој запалил оган на нива, по што пламените јазици се прошириле и зафатиле повеќе ...

ЕВН Македонија информира дека денеска ќе има планиран прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од општина Ѓорче Петров, поради изведување технички работи на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, од 09:30 до 14:30 часот без струја ќе останат делови од улиците „Борис Сарафов“, „Македонска Преродба“ и „Знеполе“. Од ЕВН посочуваат дека прекинот е дел од редовните активности за одржување и модернизација на ...

Бројот на загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 3.889, додека 16.740 лица се повредени, а речиси 18.000 останале без своите домови. Во меѓувреме, здравствените власти предупредуваат на зголемен ризик од појава на заразни болести поради условите во привремените засолништа. Панамериканската здравствена организација (PAHO) соопшти дека најголемите закани се пренатрупаните сместувачки центри, недостигот од ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.32
29%
1014
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.13
40%
1014
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.36
38%
1013
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.27
36%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.2
35%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
0.73
70%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
2.24
54%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
0.58
66%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.47
35%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
1.34
45%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
39%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
4.28
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0079

Currency

66.0429

Currency

7.89933

Currency

0.67283

Currency

0.33875

Currency

0.52369

Currency

1.12246

Currency

0.55908

Цинк

0.00

Алуминиум

3.19

Кобалт

56.29

Сребро

1853.71

Иридиум

252383.36

Бакар

13.08

Родиум

265243.66

Платина

52855.83

Паладиум

40381.34

Злато

129943.67

Рутениум

53852.50

Калај

54.92