Англија и Аргентина обезбедија место во полуфиналето на Светското првенство, откако по драматични четвртфинални пресметки ги елиминираа Норвешка, односно Швајцарија. Двете фудбалски велесили сега ќе се соочат во спектакуларно полуфинале кое ќе се игра во Атланта. Англија до пласманот меѓу најдобрите четири стигна со победа од 2:1 по продолженија против Норвешка на стадионот „Хард Рок“ во Мајами. Норвежаните поведоа преку Андреас Шјелдеруп во ...

ФИФА потврди дека првиот гол на Англија во четвртфиналниот дуел против Норвешка бил целосно регуларен, откако беше проверена ситуацијата со наводниот контакт на топката со сајлата на камерата над теренот. Норвешкиот голман Ориан Ниланд по една интервенција при исфрлање на топката со нога побара прекин на играта, сметајќи дека топката ја допрела сајлата на камерата која се наоѓа над игралиштето. Сепак, судијата не го прекина натпреварот, а ...

Четвртфиналниот дуел на Светското првенство 2026 меѓу Аргентина и Швајцарија, кој заврши со победа на „гаучосите“ од 3:1 по продолженија, освен со возбудувањата на теренот беше одбележан и со еден момент кој привлече големо внимание во јавноста. Во центарот на вниманието се најдоа капитенот на Аргентина, Лионел Меси, и португалскиот судија Жоао Педро Пињеиро, кои влегоа во жестока расправа поради начинот на кој арбитарот му се обратил на ...

Судот на правдата на Европската Унија ја отфрли жалбата на Google и ја потврди казната од 4,1 милијарди евра, изречена поради злоупотреба на доминантната позиција на компанијата преку оперативниот систем Android. Со оваа пресуда завршува долгогодишниот правен спор што започна во 2018 година, кога Европската комисија утврди дека Google ги принудувал производителите на паметни телефони однапред да ги инсталираат апликациите Google Search, ...

Поранешниот премиер Никола Груевски преку објава на социјалните мрежи ги демантираше тврдењата дека становите кои беа запленети во предметот „Плацеви на Водно“ се негова сопственост. Груевски тврди дека никогаш не бил сопственик на тие станови и дека целиот случај претставува, како што наведува, политички мотивиран судски процес инициран за време на владеењето на поранешниот премиер Зоран Заев. Во својата објава тој посочува дека ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави засилени контроли во високото образование, посочувајќи дека универзитетите кои нема да ги отстранат утврдените неправилности ризикуваат да останат без акредитација и да бидат затворени. За време на посетата на Охрид, Јаневска информира дека во моментов се спроведува мониторинг на најмалку пет универзитети, а паралелно е во тек постапка за затворање на уште пет или шест научни ...

Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД (NTSB) ќе ја предводи истрагата за сериозниот инцидент со авионот „Боинг 737-800“ на „Рајанер“ (Malta Air), кој се случи во воздушниот простор над Северна Македонија. Од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) за МИА потврдија дека, согласно Анекс 13 на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), било побарано истрагата да му биде ...

Македонија и денес ќе биде под влијание на топла воздушна маса, па времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Според УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневната температура ќе достигне од 30 до 38 степени. Во попладневните часови, особено во планинските и западните предели, можно е локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со максимална температура до 37 степени ...

Со гала-концертот „Љубов“ вечерва во Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. На отворањето ќе настапат светски познатата сопранистка Ермонела Јахо од Албанија и американскиот тенор Чарлс Кастроново, во придружба на Националната опера и балет под диригентската палка на Марко Боеми. Директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, истакна дека „Охридско лето“ веќе 66 години претставува мост меѓу ...

Соединетите Американски Држави извршија нови воздушни напади врз Иран откако ирански напад врз трговски брод во Ормускиот Теснец предизвика пожар и евакуација на екипажот. Според американски информации, Иран возвратил со напади кон Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати, дополнително зголемувајќи ги тензиите во регионот. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека погодила околу 140 воени цели, меѓу кои ракетни и ...

Лидерката на француската десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, објави дека ја започнува кампањата за претседателските избори во 2027 година под слоганот „Преродба на Франција“. Таа изјави дека нејзината визија е обнова на индустријата, здравството, образованието, безбедноста и суверенитетот на Франција. Ле Пен порача дека земјата мора повторно да воспостави целосна контрола врз своите граници и ги критикуваше центристичките ...

Најмалку две лица загинаа, а уште четворица се ранети во пукање што се случило за време на традиционалниот фестивал „Салса на Сент Клер“ во Торонто, кога дошло до размена на оган меѓу две лица. Полицијата на местото пронашла шест лица со прострелни рани, а две од нив починале на самото место. Истражителите пронашле две огнени оружја, но засега нема приведени лица и истрагата е во тек. Според полицијата, во моментот на пукањето на фестивалот ...

Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ кој леташе на релација Солун – Меминген, а мораше да се врати на аеродромот во Солун откако се појави сериозен проблем за време на летот. Според информациите, авионот се наоѓал во македонскиот воздушен простор кога дошло до инцидентот, поради што, согласно правилата на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО), надлежноста за истрагата ѝ припаѓа на ...

Фудбалската јавност е во шок по информацијата за смртта на 25-годишниот репрезентативец на Јужна Африка, Џејдем Адамс, кој неодамна настапи на Светското првенство 2026. Адамс беше дел од националниот тим на Мундијалот, каде што настапи на сите три натпревари во групната фаза. Вкупно одигра 116 минути и беше меѓу фудбалерите што ја претставуваа својата земја на најголемата светска фудбалска сцена. Причината за неговата смрт засега не е ...

Државјанин на Словенија е приведен во Прилеп откако, според информациите од Министерството за внатрешни работи, го симнал и запалил знамето на Општина Прилеп поставено пред општинската зграда. Од МВР информираат дека настанот се случил на 11 јули околу 01:05 часот, кога полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.Ј. (43) од Република Словенија. Според пријавеното, тој го отстранил знамето на Општина Прилеп и потоа го запалил. ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата нема да прифати безусловни отстапки кога станува збор за националните интереси и истакна дека чувствува одговорност единствено пред граѓаните, кои, според него, ја оценуваат работата на институциите преку изборите. Тој изјави дека според извештаите на Европската комисија, Македонија е меѓу најуспешните земји во регионот во спроведувањето на реформите, но нагласи дека измените на Уставот и ...

СДСМ побара целосно расчистување на случајот со бегството на лице приведено за трговија со дрога од Полициската станица во Кочани, оценувајќи дека настанот отвора сериозни сомнежи за пропусти во работата на полицијата и можна поврзаност со криминални структури. Од партијата велат дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски мора да даде одговори за тоа кој е одговорен за бегството на приведениот, како и дали постојат пропусти или ...

Триесет и шестгодишен жител на гостиварското село Вруток е приведен под сомнение дека сторил повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ на подрачјето на Гостивар, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, полициски службеници на 10 јули околу 13:00 часот на улицата „18 Ноември“ во Гостивар го лишиле од слобода Ф.И. (36). При извршениот претрес кај него биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека ...

Делови од внатрешната обиколница на Солун и вечерва ќе бидат затворени за сообраќај поради градежни активности поврзани со реализацијата на проектот „Flyover Thessaloniki“. По првото затворање во петокот вечерта, кога од 23 часот до 05 часот наутро беа затворени двата правци на обиколницата, ново ограничување е најавено за вечерва, сабота, 11 јули. Од 23:00 до 05:00 часот ќе биде затворен правецот кон запад, а сообраќајната полиција ќе врши ...

Во собраниска процедура е поднесен амандман на Законот за заштита од пушењето со кој се предлага пушењето цигари да биде дозволено само во приватни клубови. Министерот за здравство Азир Алиу очекува законот да биде усвоен во следните две недели и потоа да стапи во сила. Според предложеното решение, приватен клуб е правно лице со ограничен пристап, наменето исклучиво за регистрирани членови кои плаќаат членарина. Експертската група што го ...

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ги обвини опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ дека „со свои различни изговори“ го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. Од партијата оценуваат дека причината за нивното однесување е иста – ниските рејтинзи и стравот од изборен пораз. „Јавноста е сведок како секоја од нив излегува со различни тези и изговори, како намерно да сакаат да креираат конфузија и збунетост кај граѓаните. СДСМ не сака ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи расправата по поднесените амандмани за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година. Седницата е закажана со почеток во 11 часот. За измените и дополнувањата на Буџетот се доставени вкупно 224 амандмани, од кои најголем дел се поднесени од опозициските партии. ДУИ има поднесено 90 амандмани, СДСМ 78, Левица 51, додека пет амандмани се од коалицијата ВРЕДИ. Комисијата во ...

Триесет и една година по геноцидот во Сребреница, во Меморијалниот центар Поточари денеска се одржува централната комеморација, на која ќе бидат погребани посмртните останки на десет новоидентификувани жртви. Меѓу нив е и најмладата жртва, Сенад Јусиќ, кој имал само 20 години кога бил убиен, додека највозрасен е Рамо Даутиќ, роден во 1939 година, кој ќе биде погребан покрај својот брат Јусо. Со денешната колективна погребна церемонија, ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Иран јавно да потврди дека Ормускиот Теснец е отворен за меѓународна пловидба и да се обврзе дека ќе ги запре нападите врз трговските бродови. Според американски претставници, Вашингтон ова барање му го пренел на Техеран и директно и преку регионални посредници. САД сметаат дека Иран го прекршил меморандумот за разбирање потпишан пред три недели со повторните напади врз ...

Македонија денеска ја очекува претежно сончево и многу топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе бидат високи во поголемиот дел од земјата. Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 29 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе ...

Опозициската СДСМ денеска преку соопштение упати остри критики кон Владата и ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека продажбата на дел од запленетиот имот на поранешниот премиер Никола Груевски не претставува вистинска правда, туку, како што наведуваат, само симболичен потег. Од партијата тврдат дека државата продава станови и друг имот во вредност од неколку милиони евра, додека, според нив, Груевски и неговото семејство располагаат со многу поголем ...

Според Левица, и покрај интензивната изградба на станбени објекти во последната деценија, цените на недвижностите и кириите постојано растат, што, според нив, дополнително им го отежнува пристапот до сопствен дом на младите и на семејствата. Од партијата сметаат дека државата треба активно да интервенира на пазарот преку изградба на јавен станбен фонд, изградба на достапни државни станови, регулирање на кириите и воведување даночни механизми ...

Шпанија обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство, откако во драматичното четвртфинале во Лос Анџелес ја совлада Белгија со 2:1. „Црвената фурија“ до победата стигна со гол во самиот финиш и сега ја очекува големото полуфинале против Франција. Избраниците на шпанскиот селектор поведоа во 30. минута. По ударот на Дани Олмо, топката се одби до Фабијан Руиз, кој без двоумење ја испрати во мрежата за водство од 1:0. Белгија успеа да ...

Јаник Синер избори пласман во финалето на Вимблдон, откако убедливо со 3:0 во сетови го совлада Новак Ѓоковиќ и закажа пресметка за трофејот со Александер Зверев. Италијанецот ќе има можност да ја одбрани титулата освоена минатата година, додека германскиот тенисер за првпат ќе игра во финале на најпрестижниот тениски турнир. Во нивниот 12. меѓусебен дуел, Синер ја забележа седмата победа против српскиот ас, повторно без загубен сет. Првиот ...

Студентите кои ќе престојуваат во студентските домови од новата академска година ќе мора да ги почитуваат значително построгите правила предвидени со новиот Закон за студентски стандард. Законот воведува низа прекршоци поради кои студентите можат да го изгубат правото на сместување, а во потешки случаи да добијат и забрана за престој во кој било студентски дом во државата во наредните пет години. Една од најстрогите мерки се однесува на ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.32
29%
1014
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.13
40%
1014
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.36
38%
1013
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.27
36%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.2
35%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
0.73
70%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
2.24
54%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
0.58
66%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.47
35%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
1.34
45%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
39%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
4.28
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0079

Currency

66.0429

Currency

7.89933

Currency

0.67283

Currency

0.33875

Currency

0.52369

Currency

1.12246

Currency

0.55908

Иридиум

252383.36

Калај

54.92

Бакар

13.08

Родиум

265243.66

Цинк

0.00

Сребро

1853.71

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.19

Злато

129943.67

Платина

52855.83

Паладиум

40381.34