Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Општина Центар почна со исплата на субвенциите за купен велосипед преку проектот „Цел Центар на точак”. Преку оваа еколошка мерка, општината покрива 30 отсто од сумата, односно до 3.000 денари за купување нов велосипед. Истовремено, сè уште е отворен повикот за субвенционирање дополнителна опрема за велосипеди, каде финансиската поддршка изнесува до 1.000 денари. Проектот „Цел Центар на точак” е директна инвестиција на општината во одржлива ...
САД започнаа нови воздушни напади врз Иран, продолжувајќи ја ескалацијата на конфликтот меѓу двете земји. Американската команда ЦЕНТКОМ соопшти дека биле погодени десетици ирански воени цели, меѓу кои системи за противвоздушна одбрана, радарски позиции и капацитети за ракети и дронови. Иранската револуционерна гарда пак соопшти дека извела напади врз американски воени бази во Кувајт, Јордан и Бахреин. Новата ескалација дополнително го ...
Најмалку 27 лица загинаа, а осум се тешко повредени во голем пожар што избувна синоќа во паб во главниот град на Тајланд, Бангкок. Според првичните информации, пожарот започнал во близина на сцената и за неколку минути го зафатил целиот локал, предизвикувајќи паника меѓу гостите. Голем број луѓе кои се обиделе да се сокријат во тоалетот, подоцна биле пронајдени мртви. Пожарникарите успеале да го локализираат пожарот за околу 30 минути, а ...
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи во местото Липци во Црна Гора загина 21-годишна девојка, а уште 16 лица се повредени. Во несреќата учествувал минибус со српски државјани, кој излетал од патот и удрил во карпеста косина, по што се превртел. Повредените се пренесени во болницата во Рисан, а десетгодишно дете со тешки повреди е транспортирано во Клиничкиот центар на Црна Гора. Од болницата соопштија дека девет пациенти имаат тешки ...
Европската Унија на 1 јануари 2026 година имала вкупно 452 милиони жители, што претставува зголемување од 706.000 лица во споредба со претходната година, покажуваат најновите податоци на Евростат. Ова е петта последователна година во која населението во ЕУ бележи раст, по единствениот пад регистриран во 2021 година за време на пандемијата на Ковид-19. Според статистиката, природниот прираст во Унијата и натаму е негативен, односно бројот на ...
Бројот на жртвите од двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела на крајот на минатиот месец се искачи на најмалку 4.490, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригес. Според официјалните информации, бројот на загинати и понатаму расте повеќе од две недели по катастрофата. Само еден ден претходно беше соопштено дека во земјотресите животот го загубиле 4.333 лица. Хорхе Родригес, кој е брат на привремената ...
Во Македонија денеска ќе биде официјално основана Кинеско-македонската стопанска комора, настан кој има за цел да ја продлабочи економската соработка и да ја поттикне трговската размена меѓу Македонија и Народна Република Кина. Според најавите на организаторите, на свеченоста ќе се обратат претседателот на Кинеско-македонската стопанска комора, Жаолонг Шао, како и заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски. ...
Собранието денеска треба да ја започне 112. седница, на која ќе се расправа за реконструкцијата на Владата, односно за разрешување на повеќе министри и избор на нивните наследници. Според предложените кадровски промени, Игор Филков ќе биде разрешен од функцијата министер за правда, а на негово место е предложен Јетон Шасивари. Иван Стоилковиќ ќе ја напушти функцијата министер за односи меѓу заедниците и се очекува да биде избран за министер ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Најсилни налети на ветер се очекуваат долж Повардарието, каде брзината ќе достигнува до 50 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 11 до 18 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 24 до 34 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Реал Мадрид постави нов рекорд во историјата на Светските првенства по бројот на голови постигнати од фудбалери кои настапуваат за еден клуб на ист турнир. Во четвртфиналниот натпревар од Мундијалот 2026 против Норвешка, Џуд Белингам беше двоен стрелец во победата на Англија од 2:1, со што дополнително го зголеми учинокот на играчите на Реал Мадрид на турнирот. Фудбалерите на „кралскиот клуб“ досега постигнаа вкупно 19 голови на Светското ...
Во време кога комуникацијата се одвива со само неколку клика, едноставна порака до поранешен партнер може да стане причина за сериозни недоразбирања во љубовната врска. Психолозите предупредуваат дека проблемот не е секогаш во самото допишување, туку во намерата, искреноста и емоциите што стојат зад него. Според експертите, одржувањето коректен однос со поранешен партнер не мора да значи изневерување. Ако комуникацијата се сведува на честитки ...
Јаник Синер повторно е шампион на Вимблдон. Италијанскиот тенисер во големото финале го совлада Александар Зверев со 3:1 во сетови (6-7, 7-6, 6-3, 6-4) и ја освои петтата гренд слем титула во кариерата. Прворангираниот тенисер на АТП-листата не го започна најдобро мечот, откако првиот сет му припадна на Зверев по тај-брејк. Сепак, Синер возврати на ист начин во вториот сет, а потоа целосно ја презеде иницијативата и со сигурна игра ги доби ...
Спортските игралишта во ООУ „Гоце Делчев“ во Виница биле оштетени во вандалски чин, а според соопштението на училиштето, сторителите се малолетни лица кои се јасно снимени од системот за видеонадзор. Од управата информираат дека е формирана комисија која ќе ја утврди висината на причинетата материјална штета, по што случајот ќе биде процесуиран пред надлежните институции. „Сторителите се комплетно и јасно снимени од сите агли на ...
Четириесетгодишен жител на Скопје пријавил во полиција дека бил повреден од својата сопруга за време на семејна расправија во нивниот дом на подрачјето на општина Аеродром. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 11 јули 2026 година околу 09:30 часот. Пријавителот навел дека неговата 42-годишна сопруга Н.Ѓ. фрлила кон него остар предмет, при што му нанела расекотина на раката. Од МВР информираат ...
Левица најави дека во понеделник ќе бара координативна средба на опозициските партии за Изборниот законик. Тоа е веќе видено сценарио во кое сателитските партии на Мицкоски се обидуваат да ја вовлечат опозицијата во неговата валкана игра. Прашањето е едноставно: Зошто опозицијата би требало да се собира по нарачка на Мицкоски?, вели СДСМ во соопштение кое го пренесуваме интегрално: Дали тој е класен наставник кој ќе ја повикува опозицијата ...
Македонските атлетичари остварија забележителен успех на Балканското првенство за младинци до 20 години, кое викендов се одржа во Крајова, Романија. Репрезентацијата се враќа со сребрен медал, два нови младински национални рекорди и повеќе лични рекорди. Најголемиот успех го постигна женската штафета на 4х100 метри, која го освои сребрениот медал со нов младински национален рекорд од 48,95 секунди. Во составот на штафетата настапија Ева ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека предложил разрешување на премиерката Јулија Свириденко, најавувајќи промени во составот на Владата на Украина. Зеленски преку социјалната мрежа „Икс“ ѝ се заблагодари на Свириденко за досегашната работа, наведувајќи дека таа имала „јасна, посветена и ефикасна работа“ како премиер и дека со години била дел од украинскиот тим. „Благодарен сум ѝ на Јулија за нејзината работа како премиер и ...
Дипломираната физиотерапевтка и сертифициран терапевт за традиционална тајландска масажа Меланија преку емотивно видео објавено на својот Инстаграм профил упати јавен апел до надлежните институции, тврдејќи дека со години нејзиното семејство живее во услови на страв, семејно насилство и недоволна институционална реакција. Меланија посочува дека досега на социјалните мрежи најчесто споделувала содржини поврзани со здравјето, холистичкиот ...
Четириесетгодишен жител на Скопје бил пронајден починат во стан на подрачјето на општина Аеродром. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 11 јули 2026 година околу 18:20 часот. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Полициски службеници од СВР Скопје извршиле увид, а по насоки на јавен обвинител, телото ...
Пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната пронајдена на брегот на Дојранското Езеро. Од ДЗС информираат дека станува збор за граната со калибар од 100 милиметри и тежина од 13,6 килограми, која потекнува од Првата светска војна. Според информациите, убојното средство било наменето за хаубица М14 и било безбедно отстрането од пиротехничарот Зоран Пејев. Од Дирекцијата ...
Шеснаесетгодишен малолетник од скопско Сарај е лишен од слобода под сомнение дека со остар предмет тешко повредил 14-годишен малолетник, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 11 јули, откако околу 15 часот пред угостителски објект во Сарај, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу двајца малолетници. Набргу потоа, пред продажен објект, повторно ...
Уставниот суд соопшти дека остро ги осудува, како што наведува, обидите за груба партизација и политизација на неговата работа од страна на одредени политички партии, оценувајќи дека тие настојуваат да ја зголемат сопствената политичка видливост преку злоупотреба на одлуките, активностите и меѓународната соработка на Судот. Од Судот посочуваат дека унапредувањето на меѓународната соработка било ставено во дневнополитички контекст и ...
Апелациониот суд Скопје донесе правосилна пресуда со која делумно ја уважи жалбата на Зијадин Села и го зголеми надоместот што Република Македонија треба да му го исплати за нематеријалната штета што ја претрпе во нападот во Собранието на 27 април 2017 година. Со одлуката, државата е задолжена да му исплати на Села вкупно 7,8 милиони денари, наместо претходно досудените 5,5 милиони денари од Основниот граѓански суд Скопје. Во образложението, ...
„Планинска спасителна служба ќе биде достапна на Водно и во Кањон Матка, со цел побрза интервенција при несреќи и укажување помош на посетителите“, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој информираше дека проектот се реализира во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, а денеска на Водно бил презентиран тимот за подготвеност и дејствување при катастрофи, како и била изведена симулациска вежба за спасување повредено лице во ...
Тајфунот Бави пристигна до кинеското копно, при што беа евакуирани речиси два милиони луѓе поради опасноста од невремето. Пред да ја погоди Кина, бурата предизвика најголеми штети на јапонските острови и донесе обилни врнежи на Тајван, додека на Филипините во свлечишта загинаа најмалку 17 лица. Само во кинеската провинција Жеџијанг беа евакуирани повеќе од 1,7 милиони жители, а прекинати беа наставата, работата на отворено, стотици летови и ...
Во моментов низ Македонија се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка на Владата, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој посочи дека целта е да се подобри локалната инфраструктура и директно да се олесни секојдневниот живот на граѓаните. Според Николоски, Владата најпрво се фокусирала на улици, водоводи, канализации, тротоари, градинки, училишта и здравствени установи, а паралелно ги ...
ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение објаснува дека економските показатели покажуваат стабилизирање на цените и дека Македонија има најниска инфлација во регионот меѓу земјите кои ги објавиле податоците за јуни. „Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е намалена за 0,5 проценти. Тоа се официјални факти. Уште поважно, инфлацијата кај храната и ...
СДСМ денес вели дека последните пораки од Европската Унија се најсилниот доказ дека Македонија повеќе не е на европската агенда. Од партијата портенцираат дека додека ЕУ отвора нови кластери и поглавја со други земји кандидати, Македонија повторно останува надвор од европските процеси. „Украина и Молдавија ги отвораат преговорите, Црна Гора и Албанија напредуваат, а нашата држава не е дел од европската динамика. Ова е директна последица на ...
Сонот на Англија за повторување на историскиот успех од 1966 година, кога единствен пат стана светски шампион, продолжува. Репрезентацијата на „Гордиот Албион“ обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство, откако по голема борба ја совлада Норвешка со 2:1 по 120 минути игра. Англичаните мораа да вложат максимални напори за да стигнат до завршницата меѓу четирите најдобри селекции, а селекторот Томас Тухел призна дека неговиот тим ...
Странски државјанин од Романија, кој се изгубил во реонот на Матка, кај пештерата Врело, успешно е пронајден по координирана акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Министерството за внатрешни работи и останатите надлежни служби. Во 21:55 часот преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во ЦУК бил примен повик од романски државјанин кој при самостојно движење во непристапниот терен кај Матка се изгубил и не можел да го ...