Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Стручни тимови од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) спроведуваат сеопфатен надзорен мониторинг на квалитетот и количеството на водите во сливот на реката Вардар, најзначајниот воден ресурс во земјава кој опфаќа повеќе од 80 проценти од сите водни тела во државата. Мониторингот вклучува теренски мерења, земање примероци од површински и подземни води, како и лабораториски анализи на вкупно 170 локации. Активностите се реализираат ...
Во населеното место Марино започна реконструкцијата на мултинаменското спортско игралиште, проект со кој жителите ќе добијат модерен, безбеден и функционален простор за спорт и рекреација. Од Општина Илинден информираат дека реконструкцијата опфаќа целосна обнова на теренот и спортската инфраструктура. Предвидено е поставување нова пластифицирана заштитна мрежа, бојадисување на металната конструкција, замена на кошаркарските табли и обрачите, ...
Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува прв ваков случај по повеќе од две децении. Еврокомесарката за проширување Марта Кос го нарече денешниот ден „Супер вторник“, оценувајќи дека Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина прават значителен исчекор во евроинтегративниот процес. „Денешната динамика мора да се претвори во конкретни резултати на терен“, изјави Кос по ...
Советот на Општина Брвеница на вонредна седница донесе одлуки за обезбедување континуитет во работата на локалната самоуправа, по прераната смрт на градоначалникот Јовица Илиевски. Во согласност со Законот за локална самоуправа, советниците со мнозинство гласови го именуваа досегашниот претседател на Советот, Роберт Милошески, за вршител на должност градоначалник на Општина Брвеница. Милошески ќе ја извршува функцијата до распишувањето и ...
Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“, кој се однесуваше на обвиненија за пречекорување на службените овластувања и противправно финансирање на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. При образложението на пресудата, судијката Даниела Алексовска истакна дека при одлучувањето биле земени предвид измените на Кривичниот законик од 2023 година, поради кои било ...
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Александар Лазаров – „Цуната“, откако тој успеал да избега од полициска станица во Кочани. Од политичката партија Левица во реакција посочуваат дека станува збор за лице чие име било споменувано во судската постапка за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според нивните наводи, во текот на постапката сведоци го посочиле Лазаров како лице поврзано со продажба на дрога ...
Политичките препукувања околу новиот Изборен законик продолжуваат. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција ги обвини СДСМ, Левица и ДУИ дека, како што рече, немаат вистинска намера да постигнат договор за усвојување нов закон. Според Манасиевски, повиците за дијалог од едни опозициски партии и одбивањата од други претставуваат „политичка игра“ со цел да се спречи донесувањето на нови правила за изборниот ...
Македонскиот шампион Вардар попладнево од 17:00 часот ќе гостува кај финскиот првак КуПС во реваншот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се пред тешка задача, откако на првиот натпревар во Скопје беа поразени со 2:0 и во Финска ќе мора да надоместат два гола негатива доколку сакаат да останат во игра за пласман во следната рунда. Тренерот Кристијан Фабијани порача дека очекува неговите фудбалери да одиграат ...
Министерството за внатрешни работи информира дека е расчистен случајот со насилство врз 14-годишна девојка во Куманово, при што е поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички. Од СВР Куманово соопштија дека кривична пријава е поднесена против П.А. (18) од село Лојане, Општина Липково, како и против две малолетнички од Куманово на возраст од 14 и 15 години, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека се разгледуваат две можни решенија за проблемот со пешачкиот премин кај Бит-пазар – поставување семафор или целосно отстранување на надземниот пешачки премин. На денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, Меџити посочи дека поставувањето семафор е најверојатната опција, додека уривањето на надвозникот би се разгледувало доколку се утврди дека тој претставува пречка ...
Коалицијата ВЛЕН соопшти дека со изгласувањето на реконструкцијата на Владата започнува нова фаза во владеењето, оценувајќи дека процесот на промени продолжува со засилена одговорност и нови кадровски решенија. Од коалицијата информираат дека професорот Јетон Шасивари ќе раководи со Министерството за правда, Агон Ферати е нов министер за односи меѓу заедниците, а Седат Сулејмани ќе го предводи Министерството за култура и туризам. Според ...
Државниот завод за ревизија даде неповолно мислење за финансиските извештаи и работењето на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ за 2024 година, утврдувајќи сериозни финансиски, организациски и технички слабости. Според ревизорите, околу 60 проценти од специјалните комунални возила не се во функција, а просечната старост на возниот парк изнесува 15 години. Тие констатирале и неправилности во евиденцијата на имотот и опремата, како и побарувања од ...
Дел од Севастопол на анектираниот Кримски Полуостров остана без електрична енергија по ноќен напад врз енергетската инфраструктура, соопштија руските власти. Гувернерот на Севастопол, Михаил Развожаев, изјави дека во нападот биле погодени енергетски објекти, поради што дел од градот останал без снабдување со струја. „Како резултат на голем напад на непријателот врз нашата енергетска инфраструктура, дел од градот остана без снабдување со ...
Она што Светската фудбалска федерација (ФИФА) го воведе како мерка за заштита на здравјето на фудбалерите поради високите температури на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, за кратко време се претвори во еден од најпрофитабилните потези во историјата на телевизиските спортски преноси. Триминутните паузи за хидратација, кои се прават околу 22. и 67. минута од натпреварите, предизвикаа поделени реакции кај навивачите, но отворија ...
Детското игралиште на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ во Кисела Вода повторно е безбедно и подготвено за користење, откако беше санирано по неодамнешниот вандалски чин. Од Општина Кисела Вода информираат дека реквизитите биле намерно оштетени со полевање со моторно масло, но екипите веднаш интервенирале и ги отстраниле последиците. Градоначалничката Бети Стаменковска Трајковска го осуди вандализмот и апелираше граѓаните заеднички да ги чуваат јавните ...
Шеесет и деветгодишен жител на Велес е приведен откако во алкохолизирана состојба го нарушувал јавниот ред и мир на улица во градот. Според МВР, тој не ги почитувал ниту наредбите на полициските службеници кои интервенирале на местото на настанот. При алкотестирањето му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта. Мажот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Вечерва од 20 часот во Музејот на град Скопје ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Трага во времето“ во рамките на манифестацијата „Скопско лето“. Изложбата е емотивно и документарно сведоштво за една извонредна музичка визија. Преку автентични фотографии, материјали и приказни, поставката претставува дел од десетгодишниот пат на денешниот Национален џез оркестар – пат исполнет со творечка посветеност, заеднички стремежи и незаборавни ...
Поради изведување водоводен приклучок Ф-200 мм на улицата „Партениј Зографски“ бр.51 во населба Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на активностите за изведување на работите. Од Центарот за управување со кризи пак, известија дека денеска без струја денеска ќе останат дел од корисниците од ...
Американската војска соопшти дека ја завршила третата последователна ноќ на воздушни напади врз Иран, при што операцијата траела околу пет часа. Според ЦЕНТКОМ, погодени биле воени цели во повеќе ирански градови, меѓу кои Бушер, Чабахар, Џаск, Конарак, Абу Муса и Бандар Абас. Новите напади претставуваат дополнителна ескалација на конфликтот, иако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договор со Техеран сè уште е можен. Трамп ...
На втората меѓународна донаторска конференција за обновата на Појасот Газа беа обезбедени 883,6 милиони евра, соопшти Европската комисија. На конференцијата учествуваа 65 делегации, меѓу кои земји од Европската Унија, партнерски држави, меѓународни организации и финансиски институции. Еврокомесарката за Медитеранот, Дубравка Шуица, ја претстави Меѓународната иницијатива за Газа, чија цел е координација на донаторската помош и поддршка на ...
Унгарскиот парламент со двотретинско мнозинство усвои уставен амандман со кој се овозможува предвремено завршување на мандатот на претседателот Тамаш Шујок. Со ова се отвора патот за избор на нов шеф на државата во рок од 30 дена по стапувањето во сила на измените. Премиерот Петер Маѓар изјави дека со одлуката се спроведува волјата на граѓаните и започнува процес на длабоки уставни реформи. Тој најави дека од септември ќе започне широка јавна ...
И денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со температура до 35 степени. Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до ...
Цените на сировата нафтата повторно пораснаа на светските пазари и надминаа 79 долари за барел поради новата ескалација на тензиите меѓу САД и Иран. Барел нафта на лондонскиот пазар достигна цена од 79,34 долари, додека американската нафта се тргуваше за 74,57 долари. Пазарите се вознемирени поради новите судири и неизвесноста околу безбедноста на пловидбата низ Ормускиот Теснец, кој е еден од најважните светски енергетски коридори. Иран ...
Собранието ги избра осумте нови министри предложени во рамки на владината реконструкција. За нивниот избор гласаа 69 пратеници од владејачкото мнозинство, откако пратениците од опозицијата ја напуштија седницата поради навредите што, според нив, ги упатил Иван Стоилковиќ, новиот министер за локална самоуправа. За нов министер за здравство е избран Сашо Клековски, додека Ѓоко Велковски ќе раководи со Министерството за социјална политика, ...
Градежното вештачење недвосмислено покажа дека во „Пулс”, системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите, изјави судскиот вештак и професор на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Марковски, кој во време на изработка на градежното ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која од полноќ (14 јули) поскапуваат горивата. Најголем скок има кај дизелот, кој ќе биде поскап за 5,5 денари и ќе се продава по 88 денари за литар. Бензините исто така одат нагоре за 1,5 денар. Така, Еуросупер БС-95 ќе чини 87 денари, а Еуросупер БС-98 89 денари за литар. Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство за 4,5 денари, па новата цена ќе биде 86 денари за литар. ...
Собранието денеска на 112. седница, на предлог на премиерот Христијан Мицкоски во рамки на реконструкцијата на Владата ги разреши министрите за правда Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците Игор Стоиљковиќ, за здравство Азир Алиу, за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, за локална самоуправа Златко Перински, како и Шабан Салиу од функцијата министер без ресор. ...
Со свеченост во Античкиот театар, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа официјално го отвори 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Таа порача дека во време на поделби, конфликти и неизвесност, културата и уметноста остануваат простор што создава надеж, мир и солидарност. Според неа, музиката и театарот се креатори на невозможното и претставуваат суштинска човечка потреба. Сиљановска-Давкова истакна дека Охрид со право ја ...
Триесет и едногодишен скопјанец е приведен откако, според пријава во полицијата, со нож му нанел смртоносни повреди на својот татко во семејниот дом во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР соопштија дека синоќа околу 23 часот, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Б.Џ. (31) од Скопје, поради сомнение дека го нападнал својот татко Е.Л. (52). Според првичните информации, настанот се ...
Мотоциклист е повреден во сообраќајна несреќа што се случила утрово на булеварот „Кирил и Методиј“ во Скопје, во близина на хотелот „Бристол“, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР соопштија дека несреќата била пријавена денеска околу 08:20 часот во СВР Скопје, а во неа учествувале автобус и мотоцикл. „При тоа, со повреди се здобил мотоциклистот“, информираат од полицијата. На местото на несреќата се врши увид, по што треба да ...