Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Пожар попладнево избувна во парк-шумата „Гази Баба“, на потегот меѓу скопските населби Железара и Автокоманда. Жители од околните населби на социјалните мрежи споделија фотографии и видеа на кои се гледа густ чад што се издига од шумскиот предел. На терен веднаш се упатија екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на локализирање и гаснење на огнената стихија. Во моментов не се познати причините за избувнувањето ...
Американската војска започна нов бран воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM), наведувајќи дека операцијата има за цел дополнително да ги ослаби воените капацитети што, според Вашингтон, биле користени за напади врз комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец. „Во 6:00 часот наутро по источно време, силите на Централната команда на САД започнаа нов бран напади врз Иран“, објави CENTCOM на платформата X. ...
Шест патнички возила и стан му се привремено одземени на Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека имотот е стекнат со криминална активност, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека Одделението за внатрешни работи Кочани, во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, обезбедило докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот располага со значителен движен и недвижен имот што не ...
Три момчиња, на возраст од 18 и 15 години, попладнево биле однесени од надојдените води на реката Треска кај Скопје, поради зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите, едното момче веднаш било извлечено од реката, додека другите две биле пронајдени и спасени низводно по течението на Треска. Од ЦУК соопштија дека момчињата немаат ...
Општинскиот штаб за заштита и спасување од општина Прилеп, заради намалување и спречување на опасноста од појава на пожари на отворени простори кој што се актуелни во овој период од годината и кои што можат да предизвикаат големи материјални штети им СООПШТУВА на граѓаните да се придржуваат кон следните превентивни мерки за заштита од пожарии тоа: 1.Со прогласувањето на кризна состојба за појава на пожари на отворен простор од страна на ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата останува посветена на политиките за задржување на пониски цени на горивата и оцени дека веќе се исполнуваат условите од понеделник повторно да бидат намалени акцизите за бензинот и дизелот. Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на активностите за регулација на коритото на Сува Река во Општина Сарај, Мицкоски рече дека Владата внимателно ги следи случувањата на светските пазари, особено ...
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, доброволно се пријавил во Затворот Скопје во Шутка, каде што почна со издржување на правосилната затворска казна од една година. Според информациите, по пристигнувањето бил примен согласно затворските процедури и ќе биде сместен во приемното одделение на установата. Од Основниот кривичен суд Скопје претходно соопштија дека Јакимовски бил упатен на 2 јули 2026 година да се јави ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.07.2026 заврши со пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.207,94 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 51,80 поени, односно за 0,57%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Нов стратешки исчекор во зајакнувањето на енергетска безбедност и регионална поврзаност. Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа. Проширувањето на Коридорот кон Западен Балкан е резултат на интензивните дипломатски активности што ...
Левица ја обвини СДСМ дека поради договор со премиерот Христијан Мицкоски не дозволиле опозициско обединување за една изборна единица. „Постојат политички чинови што се мерат во дневни поени и постојат чинови што се мерат во историски пресуди. Одбивањето на СДСМ да се вклучи во опозициско обединување околу една изборна единица припаѓа на вториот вид и претставува свесна саботажа!“, нагласува Левица. Според нив, ако не се смени Изборниот ...
Според Обвинителството, Мирчевски во периодот од јули 2021 до март 2024 година, како директор на СОЗР, ги пречекорил службените овластувања и без основ за службени патувања потпишувал решенија и патни налози за себе и за повеќе вработени. Како што се наведува во соопштението, обвинетиот без оправдана причина го користел владиниот авион „Лирџет 60“ за приватни потреби, а од средствата на СОЗР биле вршени плаќања за различни трошоци. ...
Млади музичари на прием кај Ѓорѓиевски: Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк – напиша скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на „Фејсбук“ по повод посетата од оркестарот при Гимназијата „Орце Николов“ кои на 5 и 6 септември годинава ќе има концерти во престижни сали во Њујорк. Градоначалникот истакна дека станува збор за млади талентирани музичари, кои, иако оркестарот е формиран во 2024 година, ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните да го користат ГИС порталот – современа дигитална платформа што овозможува брз, едноставен и транспарентен пристап до услугите и информациите на Општината. Преку овој портал граѓаните на едно место можат да ги следат сите актуелни информации, тековни и планирани инфраструктурни проекти, јавни повици, новости и активности на локалната самоуправа. „Со едноставна ...
Градоначалникот на Москва соопшти дека во изминатите 24 часа кон руската престолнина биле насочени 340 украински дронови, од кои повеќето биле соборени од противвоздушната одбрана. Според него, над 50 беспилотни летала биле уништени пред да стигнат до Москва. Во меѓувреме, Украина соопшти дека извела напади врз петрохемискиот комплекс „Салават“ и рафинеријата „Афипски“ во Русија, со цел да ја наруши нафтената инфраструктура. Истовремено, ...
Во Европската Унија во 2024 година имало просечно 507 болнички кревети на 100.000 жители, што е благо намалување во однос на претходната година, покажуваат податоците на Евростат. Трендот на намалување трае од 2009 година, главно поради развојот на медицината и сè поголемата примена на амбулантско и дневно лекување. Најмногу болнички кревети има Бугарија, Германија, Романија, Австрија и Чешка, додека најмалку има Шведска, Холандија и Данска. ...
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека СДСМ, Левица и ДУИ координирано го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. Според партијата, опозицијата само привидно повикува на разговори, а всушност нема намера да постигне договор. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека целта е да не се усвојат современи изборни правила и да не се олесни гласањето на македонската дијаспора. Велат дека опозициските партии веќе подготвуваат алиби за следниот изборен ...
На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода ...
СДСМ преку соопштение денеска обвини дека тврдењата оти блокадата на Изборниот законик го кочи европскиот пат на Македонија се свесна манипулација на власта. Од партијата велат дека Европската Унија не бара измени на Изборниот законик по мерка на една партија, туку фер избори, независно судство и борба против корупцијата. Според СДСМ, предлозите што ги турка власта не се услов за напредок кон ЕУ, туку отвораат простор за манипулации во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати ново остро предупредување до Иран, изјавувајќи дека САД би можеле да ги нападнат клучните енергетски и транспортни објекти доколку Техеран не се врати на преговарачката маса. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека нападите би се интензивирале во наредните денови и дека следната недела на удар би можеле да се најдат електраните и мостовите. „Ќе ги уништиме нивните електрани и мостови ако не ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова синоќа присуствуваше на свечениот прием организиран по повод 14 Јули – Националниот ден на Француската Република. По тој повод, таа упати честитки до францускиот претседател Емануел Макрон и до граѓаните на Франција, истакнувајќи ги вредностите што произлегуваат од Француската револуција. „Искрени честитки до претседателот Емануел Макрон и до францускиот слободарски народ. Амбасадорот Кристоф Ле ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи од 10 до 21 степен, додека дневната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. ...
Полуфиналето меѓу Шпанија и Франција, најавувано како вистински судир на фудбалските гиганти, донесе голема борба, но на крајот „црвената фурија“ заслужено обезбеди место во големото финале. Франција до полуфиналето стигна со победи над Шведска, Парагвај и Мароко, додека Шпанија претходно ги елиминира Австрија, Португалија и Белгија, а групната фаза ја заврши без пораз. Шпанците поведоа во 22. минута, кога Микел Ојарзабал сигурно реализираше ...
Големи колони од возила вечерва се формираа на автопатот Скопје–Тетово поради сообраќајна несреќа што се случила во близина на првата наплатна станица на излезот од Скопје. Поради несреќата, сообраќајот на оваа фреквентна делница се одвива исклучително отежнато, а на местото на настанот се создадени долги колони кои постојано се зголемуваат. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на несреќата и нормализирање на сообраќајот. ...
Македонскиот шампион Вардар беше на чекор до голем подвиг во Финска, откако во регуларниот дел славеше со 2-0 против КуПС и ја анулираше негативата од првиот натпревар. Сепак, по драматичните продолженија мечот заврши 3-2 за Вардар, што не беше доволно за пласман понатаму, па финскиот првак продолжува во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Тренерот Кристијан Фабијани, поради суспензијата на Босанчиќ и повредата на Торес, ...
Шумски пожар попладнево избувна во атарот на селото Бајково, во Општина Ново Село, на падините на планината Огражден, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според информациите, постои сериозна опасност огнената стихија да се прошири кон црквата „Св. Петар и Павле“, поради што во акцијата за гаснење ќе бидат ангажирани и два авиона „ертрактор“ на ДЗС. Во борбата со пожарот учествуваат пожарникари од Струмица, доброволци од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека се повлекува од предлогот за воведување царина од 20 проценти на товарот што минува низ Ормускиот Теснец. Наместо тоа, како што наведе, земјите од Персискиот Залив ќе преземат значителни трговски и инвестициски обврски кон Соединетите Американски Држави. Трамп изјави дека Ормускиот Теснец останува отворен за глобалниот поморски сообраќај, со исклучок на бродовите поврзани со Иран, и ѝ се ...
58-годишен државјанин на Македонија се соочува со обвинение во Хрватска поради сомнение дека лажно се претставувал како лекар и со измама зел 41.400 евра од шест лица, објави хрватскиот портал „Индекс“. Според обвинението на Државното обвинителство на Република Хрватска (ДОРХ), случаите се случиле во Загреб во текот на јуни и јули 2025 година, а обвинетиот, според наводите, дејствувал заедно со други засега непознати лица. Обвинетиот ...
Холандскиот фудбалски судија Роб Диперинк почина на 39-годишна возраст, а надлежните органи започнаа истрага за околностите под кои настапила неговата смрт. Холандската фудбалска асоцијација ја потврди веста, изразувајќи длабока тага поради загубата на еден од своите најпознати меѓународни арбитри. Од Федерацијата посочија дека Диперинк бил искусен судија, професионалец и колега кој бил целосно посветен на фудбалот. Неговото име последен пат ...
Јубилејното 20-то издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ ќе започне на 16 јули во Античкиот театар во Хераклеја, со спектакуларен настап на грчкиот ансамбл „10-те бузуки на Домна“. Под отворено небо, со почеток во 21 часот, публиката ќе има можност да ужива во уникатен музички спој на традицијата, емоцијата и виртуозноста, преку звуците на десет бузуки, гитара, контрабас, вокални изведби и настап на ...
Давид Санчез, братот на шпанскиот премиер Педро Санчез, е прогласен за виновен за административен прекршок поврзан со непотизам и доби деветгодишна забрана за извршување јавни функции. Одлуката ја донесе суд во Бадахоз, кој оцени дека неговото назначување на висока позиција во културниот сектор во 2017 година, во рамки на покраинската влада, било направено без реална административна потреба и било во негова корист. Давид Санчез беше обвинет ...