Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненија против шест лица и предложи издавање казнен налог за уште 33 лица, осомничени дека биле дел од организирана шема за злоупотреба на лични податоци, фалсификување документи и компјутерски измами преку подигнување брзи кредити. Според Обвинителството, обвинетите во повеќе наврати, координирано и со однапред утврдени улоги, внесувале лажни податоци во информатичките системи на финансиски ...
Томас Тухел ќе ја има поддршката од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) и покрај елиминацијата во полуфиналето на Светското првенство. Британските медиуми пренесуваат дека германскиот стратег останува на селекторската позиција и се очекува да ја предводи Англија и на Европското првенство во 2028 година, кое ќе се одржи на домашен терен. Англија во полуфиналето загуби од Аргентина со 2:1, откако имаше водство од 1:0, а Тухел се најде под ...
Контролите на Државниот пазарен инспекторат, спроведени кај повеќе од 700 производи, покажале значителни отстапувања во формирањето на цените во трговијата на мало. Според официјалните податоци за периодот од мај 2025 до мај 2026 година, просечниот раст на набавните цени на основните прехранбени производи и средствата за хигиена изнесувал 2,66 проценти, додека продажните цени во маркетите се зголемиле за 4,56 проценти. Овие податоци ги ...
Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка на функцијата, но без официјално да го извести Уставниот суд, претседателот на Судот Дарко Костадиновски или останатите уставни судии. Од Уставниот суд информираат дека во текот на денот се обидувале да стапат во контакт со Наумовски, но тој не одговарал на телефонските повици. Поради тоа, претседателот Дарко Костадиновски телефонски разговарал со претседателот на Собранието Африм Гаши, кој ...
Предметот „Тотал“ на поранешното Специјално јавно обвинителство, кој се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица, заврши. Основниот кривичен суд Скопје информира дека е донесена пресуда со која се одбива обвинението за предметот откако надлежниот јавен обвинител се откажал од обвинителниот акт во целост. Пресудата, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје е донесена на 27 мај ...
Од Левица обвинија дека со недонесувањето на новиот Изборен законик останува во сила системот на платено политичко рекламирање, преку кој најголемите партии ќе поделат околу 10 милиони евра јавни средства. Велат дека тие биле единствената партија што доследно се залагала за една изборна единица и укинување на платеното политичко рекламирање. Според Левица, ВМРО-ДПМНЕ во завршницата на преговорите ја наметнала темата за гласањето на ...
Министер за транспорт Александар Николоски денеска при посетата на општина Кисела Вода изјави дека Владата продолжува рамномерно да ги поддржува општините низ државата, посочувајќи дека само во оваа општина се реализираат проекти во вредност од 386 милиони денари. Николоски, заедно со градоначалничката Бети Стаменковска Трајковска, изврши увид во реконструираната улица „Лазар Димитров“, проект финансиран преку Министерството за транспорт во ...
На повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз во Скопје и во други градови во државава аплицирале четири компании, информираше министерот за транспорт Александар Николоски. -Обновениот тендер заврши во понеделникот, а понудите ги разгледува евалуациска комисија составена од експерти од Министерството за транспорт и од Машинскиот факултет. Кога ќе го добијам извештајот, ќе го споделам со јавноста – нагласи Николоски ...
54-годишен македонскиот државјанин, кој се наоѓал во притвор во албанскиот град Валона, починал откако доживеал срцев удар. Според албанските медиуми, тој бил пренесен во Регионалната болница во Валона, но лекарите не успеале да му го спасат животот. Надлежните органи во Албанија ја истражуваат причината и околностите на смртта. Тој бил уапсен во април годинава, откако во стан што го користел биле пронајдени кокаин, марихуана и друга опрема ...
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик и со тоа го кочат напредокот на државата. Според партијата, законикот е важен реформски процес поврзан со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и исполнувањето на обврските од Реформската агенда. Тие тврдат дека Македонија успешно реализирала девет од десетте реформи, а единствената пречка е блокадата од опозициските партии. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека поради ...
Од СДСМ реагираат дека ВМРО-ДПМНЕ неосновано предупредува за загуба од 4,2 милиони евра поради недонесувањето на Изборниот законик, додека, според нив, вистинската штета е многу поголема. Партијата тврди дека поради, како што велат, политиката на изолација, Македонија останува без милијарди евра европски фондови и инвестиции. Како пример ги посочуваат Црна Гора, која обезбедила повеќе од 3,2 милијарди евра од ЕУ, и Хрватска, која со ...
Од почетокот на јули во земјава се потврдени уште 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Болеста е регистрирана во повеќе одгледувалишта во населеното место Саса во општина Македонска Каменица, селото Соколарци во општина Чешиново-Облешево, селото Бигла во општина Делчево, селата Малино и Косевица во општина Свети Николе, како и во селото Сопот во општина Куманово. Со новите ...
Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во државата се ставени на располагање на националниот систем за справување со летните пожари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека годинава државата е најподготвена досега и дека доброволните сили за првпат ќе бидат обединети под единствена команда. Тој истакна дека тимовите за брз одговор ќе ги сочинуваат ...
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 20-годишниот Ш.А. од Кочани поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Според информациите од полицијата, на 21 јуни 2026 година во семејниот дом во Кочани, пријавениот физички го нападнал својот 74-годишен дедо, откако претходно од него побарал пари, но не ги добил. По нападот, според пријавата, младото момче упатувало и закани кон својот дедо. Од ОВР Кочани информираат ...
Косовски државјанин е уапсен откако побегнал при царинска контрола на Граничниот премин Блаце, оттурнувајќи царински службеник со своето возило. Полицијата го пронашла и привела на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје, а при претрес биле пронајдени марихуана и џебен нож. Приведениот изјавил дека за време на бегството фрлил и кеса во која имало два пиштола. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна ...
Охридскиот Регион се најде пред најсериозниот предизвик откако е ставен под заштита на УНЕСКО. Центарот за светско наследство на организацијата објави анализа за состојбата на природното и културното наследство, во која е предложено регионот да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност. Документот е објавен на 13 јули, а во него се наведува дека голем дел од заканите за исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион ...
Собранието денеска ќе ја продолжи работата по 111. седница, на чиј дневен ред се повеќе законски решенија, извештаи и кадровски предлози. Пратениците треба да расправаат за измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање, Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, како и за Завршната сметка на Буџетот за 2025 година. На дневен ред се и измените на Законот за студентскиот стандард по ...
Репрезентацијата на Англија на драматичен начин остана без место во финалето на Светското првенство, откако по голем пресврт загуби од Аргентина со 1:2. „Гордиот Албион“ имаше предност до самиот финиш на натпреварот. Англичаните поведоа со голот на Гордон во 55. минута, но Аргентина во завршницата направи целосен пресврт со погодоци во 85. и 90+2. минута. Клучен момент беше одлуката на селекторот Томас Тухел Англија да се повлече и да го ...
Жителите на неколку населени места во Скопје денеска ќе останат без електрична енергија и вода поради планирани прекини, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК). Без електрична енергија од 08:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците во населбата Коштан во Горно Соње. Прекин во водоснабдувањето, пак, ќе има од 08:30 до 15:00 часот за жителите на селата Рашче, Бојане и Копаница во Општина Сарај. Од надлежните апелираат ...
Конфликтот меѓу САД и Иран доби нова опасна димензија, откако Иран ноќеска изврши ракетни и беспилотни напади врз американски воени цели во Бахреин, Кувајт и Јордан. Нападите следуваат по обновената американска поморска блокада на иранските пристаништа и серијата воздушни удари врз ирански воени позиции. Иранските медиуми објавија дека противвоздушната одбрана во Техеран била активирана поради, како што наведуваат, „непријателски закани“, ...
Русија рано утрово изврши масовен напад со балистички ракети врз Киев, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Во нападот биле погодени магацински објекти, а паднати остатоци од соборени дронови предизвикале пожари во неколку делови од украинската престолнина, кои подоцна биле локализирани. Истовремено, руски дронови го нападнале и Харков. Во Одеса исто така била активирана воздушна тревога, по што биле слушнати експлозии. Засега нема ...
Земјите-членки на Европската Унија трет ден по ред не успеаја да постигнат договор за 21-от пакет санкции против Русија. Амбасадорите одлучија расправата да ја продолжат на 22 јули, а привремено ја задржаа горната граница на цената на руската сурова нафта на 44,10 долари за барел. Нов договор е неопходен бидејќи без него ограничувањето автоматски би се зголемило поради растот на цените на нафтата, што би ѝ донело дополнителни приходи на ...
Шпанија прими повеќе од еден милион барања во рамки на вонредната програма за легализација на статусот на мигрантите, што е двојно повеќе од првичните проценки на владата. Властите имаат рок од три месеци да ги разгледаат барањата и да одлучат дали ќе издадат дозволи за престој и работа. Премиерот Педро Санчез изјави дека мерката е неопходна за шпанската економија и за интеграција на стотици илјади луѓе кои живеат во земјата. Владата најави ...
Македонија и денеска ќе биде под влијание на сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат меѓу 31 и 38 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана од американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре престојува во работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на справувањето со заканите од политичкиот тероризам. На конференцијата ќе присуствуваат високи претставници од повеќе од шеесет држави, кои ќе разговараат за зајакнување на меѓународната соработка, ...
Фудбалската репрезентација на Аргентина продолжува со победничкиот поход, откако со нов пресврт славеше над Англија со 2-1 и обезбеди пласман во големото финале. Дуелот понуди голема борба и малку вистински шанси. Двете селекции играа внимателно, а во првото полувреме ниту една страна не успеа да упати удар во рамките на голот. За цврстината на играта говори и бројката од 19 направени прекршоци во првите 45 минути. Сликата не се промени ...
Во текот на денешниот ден до 18:00 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор низ земјава. Од нив, два пожари сè уште се активни, еден е ставен под контрола, додека пет се целосно изгаснати. Активни се пожарите во општина Босилово, во селото Старо Балдовци, каде што гори ѓубре, како и во општина Ново Село, во селото Бајково, каде што е зафатена ниска вегетација и мешана шума. Под контрола е пожарот во општина Крушево, во ...
Светското првенство 2026, кое се одржува во САД, Канада и Мексико, отвори нов бран критики кон раководството на ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино, кој се соочува со сè поголем притисок пред претседателските избори во 2027 година. Според повеќе медиумски извештаи, во УЕФА расте незадоволството од начинот на кој ФИФА управува со светскиот фудбал, па европската куќа веќе разгледува можност да застане зад силен противкандидат на ...
Трагичниот биланс од тешката сообраќајна несреќа на Халкидики се искачи на три жртви, откако во болница им подлегна на повредите и таткото од Молдавија. Несреќата се случила во средата попладне на регионалниот пат Полигирос – Агиос Николаос, кога автомобил со молдавски регистарски таблички, во кој патувало четиричлено семејство, се судрил со камион-цистерна. На местото на несреќата животот го загубиле мајката и нивното бебе, додека таткото и ...
Пожар вечерва избувна во близина на населбата „Гоце Делчев“ во Охрид, на локацијата позната меѓу граѓаните како „Бараки“, каде што огнот зафатил сува вегетација. На терен веднаш интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица, кои се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат негово понатамошно ширење. Густ чад се издига од опожареното подрачје и е видлив од повеќе делови на Охрид, при што зафати и дел од околните ...