Собранието е подготвено за уставните измени, но треба договор и политичка волја, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши. Извештајот на Европската комисија е позитивен и се забележува напредок, оцени Гаши. На средбата со новинарите рече државата се обидува наредната година да направи сѐ за реформската агенда. Во однос на Собранието, службите и процедурата ние сме подготвени. Се надеваме дека што побргу ќе дојдеме до тој политички договор за ...

Премиерот Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања, потенцираше дека кога СДСМ и ДУИ биле на власт незаконски ги следеле лично него и ВМРО-ДПМНЕ и тоа со дронови, но им порача дека за сите тие оперативно технички состојби ќе има одговорност и затоа е стравот сега кај истите кои следеле и нарачувале. „До поранешниот министер за внатрешни работи кој е тука, до него не допираше гласот, но затоа се дигаа дронови над мојата куќа, кога сум ...

Од 21 до 27 октомври во државава пријавени се 42 нови случаи на грип што е за 16 проценти помалку во споредба со претходната недела, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Заболени лица се регистрирани во Гостивар (13), Куманово (12), Тетово (осум), Неготино и Свети Николе по три и Скопје, Кавадарци и Струмица по едно лице. Во однос на возраста, од 15 до 64 години регистрирани се 23 лица, 11 деца се возраст од пет до 14 години и ...

На неколку дена пред изборите во САД, анкетите покажуваат мртва трка меѓу двајцата кандидати – републиканецот Доналд Трамп и демократката Камала Харис. Кампањата жестока и во финишот. Трамп го искористи гафот на претседателот Бајден кој ги нарече неговите поддржувачите отпадоци. Облечен во портокалов елек се симна од авионот кој го носи неговото име и влезе во камион за смет. „Како ви се допаѓа мојот камион за смет? Овој камион е во чест на ...

Измените на новиот закон за учебници ќе се однесуваат на процедурата за конкурирање на издавачките куќи со што би се надминал проблемот со учебниците кој државата го има во последните години. Недостигот од 20.000 учебници во Тетово според министерката Јаневска е нереален, бидејќи наставниците не ги пријавувале учебниците за да се поштедат родителите. 40 милијарди денари од буџетот се предвидени за образование што е за 10 повеќе од минатата ...

Потврдивте дека немате план за патот кон ЕУ, па затоа и не одговоривте на ова прашање, ниту пак кажавте дека воопшто имате некаков план, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денес во Собранието, на седницата за пратенички прашања. Повторно кажувате дека нешто разговарате и дека нешто се случува во Брисел или Вашингтон, но не кажувате што е тоа, ниту пак дали имаме некаква временска рамка. Од ’91 година до сега, ниту една Влада во Македонија, ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на Перниле Деилер Кардел, новоименуваната амбасадорка на Кралството Данска, со седиште во Белград. На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека од 1993 година двете земји во континуитет градат пријателски и партнерски односи кои се рефлектираат преку високо ниво на политички дијалог и меѓусебна соработка, при ...

Одбележувањето на 30 години од воспоставувањето на дипломатска соработка помеѓу Австрија и Северна Македонија, со претставување на изложбата „Aвстриската современа уметност по 1945“ ја донесува на сцена сликата на пријателската рамка помеѓу двете земји. Оваа исклучителна соработка се темели како преку личните контакти, така и преку културолошките и економските контакти. Учеството во натамошниот развој на пријателските односи е од голема важност ...

Северна Кореја истрела нова ракета со долг дострел дизајнирана да ги нападне САД-соопштија властите на Сеул. Според јужнокорејските експерти, тестот поставил нови рекорди за ракетните способности на Пјонгјанг поради досега најдолгото постигнато време на летот од 87 минути. Тестот доаѓа откако Вашингтон даде зелено светло за Украина да се брани со американско оружје по извештаите дека над 10 илјади севернокорејски војници се упатиле во Русија. ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на претседателот Зеленски од Украина, која се одржува во Монтреал, Канада. Конференцијата е организирана во ко-партнерство од министерствата за надворешни работи на Канада, Норвешка и Украина. Фокусот е ставен на третманот на политичките и воените заробеници, незаконски ...

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Единица за финансиски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 4 во врска со став 1 од КЗ против Б.К.С. од Битола, како поранешен министер во Министерството за ...

На 31.10.2024 во 02.20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на потерница по судска наредба, го лишиле од слобода Б.С.(46) од Тетово, кој бил баран за доиздржување на затворска казна од 13 месеци, во врска со сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој е предаден во КПУ Затвор Идризово во Скопје за издржување на ...

Вечерва во Галерија КО-РА во Дом на култура „Кочо Рацин“, се отвора традиционалната изложба на ДЛУМ „Современа скулптура“. Изложбата за посетителите ќе биде отворена до 11-ти ноември. Оваа изложба на ДЛУМ е дел од програмските активности и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамки на современата скулптура. Уметниците истражуваат и експериментираат низ формата и изразот, а нивните креативни авантури се ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информира дека изминатите 24 часа, девет пожари на отворен простор биле евидентирани на територија на државава, покрај интервенции за гаснење пожари во населени места. Сите пожари биле изгаснати. ЦУК информира и дека денеска од 12 до 17 часот, планирано е минирање на локалитетот „Сладун“ во општина Прилеп. Додека, на каменоломот „Говрлево“, општина Сопиште, од 10 до 15 часот. Според најавите, ќе има ...

Министерството за култура и туризам информира дека поради техничките проблеми кои настанаа поради преоптоварување на системот, рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2025 година се продолжува до 5 ноември (вторник), до 16:00 часот. Од Министерството потенцираат сите заинтересирани апликанти да обрнат особено внимание и да аплицираат во соодветните ...

Денеска од 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе одржи концерт насловен „Пијанизам хероизам“, на кој како солист ќе настапи рускиот пијанист Петер Лаул, а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се Поемата за симфониски оркестар „Древниот ѕид“ од Томислав Зографски, Концертот за пијано и оркестар бр. 2 во Ф-дур од Дмитри Шостакович и Симфонијата бр. 6 во Д-дур од Антонин Дворжак. Ван Алфен е уметнички директор и ...

Влатко Стојкоски е нов директор на Државен пазарен инспекторат (ДПИ), пренестува МИА. Досегашниот директор на ДПИ, Горан Трајковски е разрешен поради промените на кадрите на новата власт. Претходно, заменик-министерот за економија Марјан Ристески осврнувајќи се на ефектите од есенската потрошувачка кошничка, соопшти дека вчера е назначен нов директор на ДПИ. „Мерката е одлично дефинирана и имаше одредени трговци кои сакаа да ја изиграат, но ...

Шпанското знаме на половина копје-тридневна жалост во знак на почит на жртвите во катастрофалните поплави што го зафатија југоистокот на земјата. Црниот биланс продолжува да расте, додека спасувачките напори за изнаоѓање исчезнати продолжува. Во Валенсија и натаму има отсечени области, а над 150 илјади домаќинства се сè уште без струја. Теренот се расчистува, се прават проценки на штетите. „Цел ден расчистуваме, едвај застанавме да јадеме“, вели ...

Воената управа на Купјанск истакнува дека руските војници се на само три километри од центарот на градот во областа Харков, откако претходно ја зазедоа Кругљаковка. Во воздушни напади врз областа уништен дел од зграда, има голем број повредени лица-соопшти Киев. Наспроти напредокот на руските трупи, Зеленски изјави дека земјата добила само 10 насто од одобрената помош од американскиот Конгрес. Го прекори Вашингтон за протечените информации дека ...

Американските функционери се упатуваат кон Блискиот Исток во обновен притисок да ги решат конфликтите во Газа и Либан и да го спречат иранскиот одговор на нападите на Израел. Либанскиот премиер е оптимист дека потенцијалниот прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах би можел да биде постигнат во „следните неколку часа или денови“. Посетите следуваат по разорните израелски воздушни напади во регионот. Во истовреме расте загриженоста за помошта во ...

Во организација на Германската хуманитарна организација Arbeiter-Samariter-Bund (АСБ) и Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи Регионална конференција во рамките на проектот „Обединети против семејното насилство во Западен Балкан – Регионална соработка и поддршка за прифатилишта за жртви на семејно насилство“. Проектот е финансиран од Владата на Германија и ...

Регионалниот пат Зрновци – Пониква поточно на м.в.„Белска крстосница“, и денеска е делумно блокиран поради протест на граѓани. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква и кон с. Бели. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од ...

Уште денеска важи владината мерка за ограничена маржа на дел од основните прехранбени производи за 10 насто. Премиерот Мицкоски и министерот за економија и труд Дурмиши, најавија воведување поригорозни мерки ако дојде до зголемување на цените. Со владината одлука од 20-ти септември, на листата на есенската кошничка се 73 производи, леб, тестенини, брашно, пекарски производи, млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, дел од овошјето и ...

Со досега потпишаните договорите за финансирање од ИПАРД 3 програмата парите се за инвестиции во основни средства во земјоделските стопанства за прифатливи трошоци од минимум 20.000 до максимум 750.000 евра. Средства има и за развој на бизниси во руралните средини за 6 барања. За алтернативно земјоделско производство, преработки, за производство на прехранбени и не-прехранбени производи и пијалоци и поддршка на занаетчиски активности и услуги за ...

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе ...

Пешак загина на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, откако во него удрил „пасат“, управуван од државјанин на Србија, соопшти денеска СВР Куманово. Денеска во 17.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода каде возило „пасат“ со српски регистарски ознаки управувано од В.Б.(47) од Република Србија удрило во пешак Б.Д. (64) од село Облавце. Во незгодата пешакот ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на денешниот дигитален хакатон со млади во Собранието, истакна дека е време е за вистинска транспарентност и оти секој граѓанин заслужува да има увид во тоа како се трошат јавните средства. Отворените податоци и дигиталната транспарентност не се само ветувања, тие се нашата алатка против корупцијата и основа за доверба во институциите. Порталот data.gov.mk отвора нови можности, но не ...

На 2-ри ноември во 11 часот во Паркот Авионче – Ново Лисиче, општина Аеродром ќе се одржи настан „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ каде што ќе има над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земоделци кои што ќе го промовираат нивниот домашен производ. Со оваа манифестација ќе се промовираат нашите домашни и традиционални производи. Преку мерки во програмите, Министерството за земјоделство, шумарство и ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска заедно со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицковски, градоначалникот на О. Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, министерот Мисајловски, заменик министерот Велковски, и останати присутни пратеници, советници и граѓани, симболично го означија почетокот на изградба на новата детска градинка во населеното место Стопански Двор, О. Ѓорче ...

За два месеца не сме направиле чуда, граѓаните живеат тешко и мора да се работи за да сме смени ситуацијата на подобро, да се бориме против корупцијата и криминалот, истакна премиерот Мицкоски откако му беше предаден извештајот за напредокот на земјава. Евроамбасадорот Рокас даде поддршка за спроведување на реформите. Според претседателката Сиљановска Давкова, крајно време е да почнеме преговори со ЕУ, бидејќи во спротивно се нарушува ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1025
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Загреб

1ᴼ / -3ᴼ
1.03
78%
1026
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
86%
1026
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.47
96%
1027
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
92%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
79%
1024
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.13
84%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
3.09
76%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
81%
1027
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71