
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Во Скопје денеска ќе биде отворен вториот симпозиум на Друштвото на медицински сестри-инструментарки при ЗМСТАС „ЗА НАС“ на тема „Тимската работа на инструментарките во кадаверичната трансплантација“. Симпозиумот ќе се одржи во кино салата во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ во Скопје, а како што е најавено, покрај деветте стручни предавања свој говор меѓу другото ќе имаат и министерот за здравство Арбен Таравари, заменик министер за здравство Јовица ...
Со големо задоволство можам да кажам дека сум во постојана комуникација со студентите, а особено со Националното студентско тело и често дискутираме за предизвиците кои ги засегаат и нудиме решенија за нивно надминување. Досега прифативме повеќе нивни барања, а последното се однесува на конкурсот за доделување стипендии за студии од втор и трет циклус во државата, според кое доколку не аплицираат доволно кандидати за стипендиите за техничките ...
Според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот, IQAir, Скопје утрово е најзагаден град во Европа, а шести во светот. На листата на најзагадени градови предничи Делхи, по што следуваат Лахор, Каиро, Мумбаи, Ташкент, Скопје, Калкута, Багдад, Атина и Катманду. Високите вредности на загадувањето, според експертите, имаат сериозен ефект на здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува ...
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска со почеток од 13 часот во Јавна Соба во Скопје организира панел-дискусија на тема „Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња“. Како што информираат од мрежата, на настанот ќе се зборува за родовата еднаквост како основен предуслов за искоренување на насилството врз жените и девојчињата. Ана Бојчевска Митревска од Реактор ќе зборува за ...
Корисници од трета зона Припор денеска од 9.30 часот ќе немаат вода поради уличен дефект ф-100 мм на улица „Христо Татарчев“ крак 37/бб во близина на резервоарот во општина Кисела Вода, информира ЈП Водовод и канализација-Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. Од 10 часот денеска прекинато водоснабдување ќе имаат и неколку објекти во непосредна близина на маркет „Зур“ во Аеродром поради дефект на приклучна цевка ф-2“ ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало 1.697 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК. Од нив „реални“ повици биле 63,46 проценти, а 36,54 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици, кон полиција биле упатени 75,15 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 21,78 отсто, а кон пожарникарите 0,61 отсто. ЦУК информира дека во последното ...
Изложбата „Не си одам дома“ на младата уметница Клелија Живковиќ ќе се одржи на 3 декември во националната галерија „Мала станица“, со почеток во 20 часот. Изложбата, којашто ќе биде отворена до 14 декември, е дел од наградата „ДЕНЕС“, која ја организира „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ). Содржи дела создадени во периодот од 2023 – 2024 година. Тишината во темнината е поинаква од тишината на денот. Кога ќе стивне денот, шепотот најјасно ...
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на Спортската сала „Расадник“ во Општина Кисела Вода. Реконструкцијата чина околу 90.000.000 денари финансирано преку Министерството за спорт. Предвидено е со реконструкцијата спортската сала „Расадник“ да добие простор за ракомет, баскет, мал фудбал, одбојка како и деловен простор кој ќе се издава се со цел спортската ...
Демонстрантите се судрија со полицијата во главниот град на Грузија откако владата ги прекина разговорите за кандидатура за членство во Европската унија до 2028 година. Потегот на грузискиот премиер Кобахидзе дојде неколку часа откако тој беше повторно назначен на функцијата. Грузиската претседателка прекинот на преговорите со ЕУ ги нарече уставен удар. „Оваа непостоечка и нелегитимна влада објави војна на сопствениот народ, сопственото минато и ...
Израелскиот премиер и наложил на војската да биде подготвена за интензивна војна во случај на прекршување на примирјето со милитантната група Хезболах во Либан. За можниот договор за заложници со Хамас во Газа, Нетанјаху вели дека работите се променети на добро. „Подготвен сум за прекин на огнот во секој момент, но за крај на војната, за ова не сум подготвен, бидејќи мора да постигнеме и елиминација на Хамас“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер ...
Уништена руската мобилна радарска станица на Крим, соопшти Министерството за одбрана на Украина. Од друга страна, Москва тврди дека вооружените сили на Русија го погодиле седиштето на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана во Харков. Зеленски вели дека Путин сака да ја ескалира ситуацијата за да новоизбраниот американски претседател Трамп да не може да ја заврши руската војна против Украина. Тој потсети дека на ...
Австралија ја усвои забраната за социјални мрежи за деца под 16 години. Ваков закон за првпат е донесен во светот и со него платформите се обврзани да наметнат ограничувања или ќе се соочат со казни до 50 милиони австралиски долари за системски неуспеси да ги спречат децата да имаат сметки на социјалните медиуми. Премиерот Албанес рече дека законот ги поддржува родителите загрижени за онлајн штетите врз нивните деца. Критичарите на ...
Меморандум за соработка за Преспанскиот басен, но и за формирање Европска групација за територијална соработка во прекуграничниот регион на Преспа меѓу општините Ресен, Преспа, Пустец и Девол ќе потпишат во Лемос, Грција четворицата градоначалници, а целта е општините од трите земји да се заложат за заедничката визија за одржлив развој, заштита на животната средина и зачувување на културното наследство во конкретниот регион, јави дописничката на ...
Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија Во Собранието денеска ќе продолжи амандманската расправа за Буџетот за 2025 година. Последен ден за амандманите за државната каса е утре. Останати за разгледување, според информациите од Собранието, се околу 150 амандмани. Амандманската расправа почна на 19-ти ноември, а треба да заврши најдоцна до 30-ти ноември. Поднесени беа вкупно 307 ...
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за ...
Приватните превозници и денеска нема да возат низ скопските улици, но се надеваат дека од понеделник ќе се вклучат во сообраќај. По вчерашната средба со советниците на ВМРО-ДПМНЕ на која беше договорено на вонредна седница на Советот да биде донесена одлука за зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари, превозниците изјавија дека се откажуваат од блокадите што претходно ги најавија, оценувајќи го предлогот на ВМРО-ДПМНЕ како ...
Право на учество на јавниот повик за доделување на концесии за стопански риболов на Охридското езеро имаат правни лица кои ги исполнуваат условите и се регистрирани за дејноста рибарство, а странските правни лица треба да имаат регистрирано подружница во нашата земја. Заинтересираните треба да достават документи за докажување на професионалната, финансиската и техничката способност и доказ за располагање со опрема за вршење на стопански риболов. ...
Наутро со појава на магла или ниска облачност по котлините. Преку денот претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а од пладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во Скопје, наутро со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот облачно со ...
Приватните превозници најверојатно нема ги блокираат главните сообраќајници в понеделник. Ова е нивната последна изјава по средбата со советничката група на ВМРО ДПМНЕ во град Скопје. Се договориле на вонредна седница да излезат со предлог до градоначалничката Арсовска за зголемување на цената на поминат километар на 100 денари. Вонредна седница побара и советничката група на СДСМ и коалицијата. Од нејзиниот исход ќе зависи дали од понеделник ...
Катастрофална е состојбата која ја затекнавме во поголем дел од ученичките и студентските домови, а создадена во време на претходната Влада. Во некои од домовите има сериозни индиции за криминал и ќе поведеме соодветни постапки за да се побара одговорност од досегашните директори, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. „Ќе го посочам студентскиот дом „Пелагонија“ во ...
Во вторник, во 19 часот, во галеријата на МКЦ ќе се отвори изложба на фотографот Боро Рудиќ, под името „Треперење“. На истиот настан ќе биде промовирана и неговата најнова фото книга „Треперење“. Преку оваа изложба и фотографска книга, авторот истражува можност за редефинирање на перцепцијата на естетиката во однос на традиционалните норми. Природата е најчестиот мотив во фотографијата, често окована со одредени правила и табуа кои ја обликуваат ...
Денеска, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Баграт Тунијан, виш советник при Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Грегор Вирант, раководител на програмата СИГМА. На средбата се разговараше за тековните реформи во јавната администрација и можностите за понатамошна соработка во нивната имплементација. Главен фокус на состанокот беше ставен на приоритетите и заложбите на Министерството за ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ. На средбата беше изразено задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу двете земји кои ги карактеризира традиционално силно пријателство, без отворени прашања, со идентични ставови на билатерален, регионален и на мултилатерален план, при што, ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска лично им врачи решенија за еднократна парична помош на 100 семејства кои имаат новороденче. Еднократната парична помош којашто редовно Општина Центар ја доделува е во висина од 7.000 денари. Герасимовски потенцираше дека Општина Центар вложува многу во растот и развојот на децата. „Децата се нашето богатство и наша иднина, затоа и јас како градоначалник и ние како општина вложуваме ...
Премиерот Мицкоски денеска одговарајќи на пратенички прашања рече дека состојбата со буџетот која што ја наследил била алармантна. Потенцираше дека дупката во Буџетот била огромна, посочувајќи дека само за редовна исплата на пензиите недостасувале 5 милијарди денари, но не било заборавено да се исплатат аванс на проект од речиси 300 милиони евра за проект кој што не бил започнат. „Дупката беше толку голема, злоупотребите беа такви и континуирано ...
Министерката за енергетика и рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржа продуктивна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и поддршката во насока на зелената транзиција и одржливиот развој на Македонија. Една од главните теми на состанокот беше новата Стратегија за Северна Македонија за периодот 2025–2030 година, која е во фаза на ...
Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, одржа средба со Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во нашата држава и Силвија Чиаручи, нејзината заменичка. Унапредување на правата на децата, образовните реформи и интеграцијата на младите во општествените процеси, беа во фокусот на разговорите. На средбата беше истакната важноста од заедничка соработка помеѓу Владата и УНИЦЕФ за креирање подобри услови за раст и развој на ...
Во духот на грижата за животната средина и создавање поздрава животна средина за идните генерации, денес во општина Кисела Вода се спроведе голема акција за пошумување. Настанот, кој вклучи засадување на 1000 чемпреси, донација од компанијата Џонсон Мети и Хуманитарната организација Свети Спас, го предводеа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и заменик генералниот директор на ЈП Национални шуми Кире Михаилов, а во акцијата учествуваа и волонтери од ...
Вчера во 16.45 часот на место викано „Солунски пат“, во близина на границата со Р. Грција, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран го лишиле од слобода Ј.М.(31) од с. Синѓелиќ, скопско, поради тоа што со патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, превезувал шест лица-мигранти, од кои пет од Кина и еден од Пакистан. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и по ...
60-годишна скопјанка, два часа чекала приватен автобус за да се врати од работа, не знаела дека не сообраќаат. Честопати оди пеш, а за такси пари нема. „Во два завршив со работа во 4.30 стигнав дома на автобуска останав. Како ние ќе доаѓаме на работа и како ќе се враќаме тоа треба некој убаво да размисли. Сега одам пеш, немам кола не возам‘, изјави Снежана Минова. Од оваа состојба најмногу трпат граѓаните, велат иако автобуси има, честопати ...