Шест од десеттемина Американци стравуваат од изборна измама, откако Трамп со години тврди дека на последните во 2020-та нема загубено. Марк Кук повеќе од година и половина патува низ Американските држави обидувајќи да ги докаже неправилностите на изборниот систем. Можна ли е замена на гласовите во самите кутии? Лага, велат надлежните за изборите. „Имам огромно познавање за она што се случува внатре во црната кутија. Немаме систем со којшто ...

Истече времето на есенската кошничка која на 30 дена ги замрзна цените на 72 продукти. Граѓаните, денеска при набавката пресметуваа. Според Министерството за економија и труд, целта е исполнета-цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти. Кај лебот, маслото немаше промени, но забележителни биле кај месото, зеленчукот млечните производи. За четиричлено семејство заштедата била од 690 ден до 1.360 денари. ...

Повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Екипите на итната помош и пожарникарите се на терен, а вклучени се багери, бидејќи под неа се заробени две лица, од кои едното е 14-годишно девојче. Станува збор за настрешница која се наоѓа над влезната врата во зградата на станицата, под која седеле неколку десетици луѓе, а според сведоците сцената била застрашувачка, бидејќи се паднало одеднаш и изгледало како ...

Изградба на локални и регионални патишта, училишта, болници, модернизација на студентските домови, како и реконструкција на казнено-поправни установи. Новиот буџет за 2025 година предвидува повеќе пари инфраструктурни проекти. Само за капитални инвестиции се предвидени околу 800 милиони евра. Коридорите 8 и 10 Д се еден од приоритетите. Министерката за финансии праша како е можно минатите години да се обезбедат пари за важни автопатски делници, ...

Продолжуваат разговорите за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија. После сите средби изминатите месеци со меѓународните претставници, премиерот Мицкоски на брифинг со новинарите рече дека е оптимист дека процесот ќе добие разрешница. Според него, стратегијата на Владата е до епилог да се дојде низ разговори, а не само да се прифаќа тоа што се нуди. Нашата најдобра понуда во моментов е „уставни измени за внесување на Бугарите веднаш, но ...

Вчера СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(22) и Л.Б.(26), двајцата од Гевгелија, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, по член 215 од Кривичниот закон. На 30.10.2024 А.М., заради продажба, купил 25 парчиња екстази и 68 грама амфетамин, а подоцна ...

Северна Македонија оствари мали напредувања, но и стагнирање во одредени реформи, изјави евроамбасадорот Рокас при анализата на извештајот за напредокот. За подобар извештај догодина мора да се спроведат 120 препораки и уставни промени, за да се почне со отворање на поглавја. Избегна да одговори дали за ЕУ се прифатливи уставни промени со одложено дејство. Главниот преговарач и министер за европски прашања Муртезани констатираше дека има ...

До 1.360 денари заштеда по семејство овозможи есенската кошничка. Мерката беше спроведена успешно и ги даде очекуваните резултати, рече денеска министерот за економија Бесар Дурмиши. „Нашите податоци кажуваат дека искажано во заштеда во пари за едно четворочлено семејство, на месечно ниво заштедата од ограничените маржи и намалените цени на дел од производите изнесува од 690 ден до 1.360 ден по семејство, во зависност од начинот на исхрана, како ...

На влезот на железничката станица во Нови Сад се урнал дел од настрешницата, пренесува РТС. Стаклената тераса на Железничката станица во Нови Сад денеска околу 12 часот паднала над влезната врата на зградата на станицата. Екипи на Брза помош и полиција се на терен, а според првичните информации најмалку едно лице починало, а има и повредени. Од Итната помош велат дека во овој момент не можат да зборуваат за бројот на повредени и за степенот на ...

Информираме дека во текот на вчерашниот ден на хируршките клиники e изведена уште една трансплантација на органи од починат донор. Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа. „Во тек на изминатото деноноќие извршивме трансплантација од ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци за кое постои основано сомнение дека извршило продолжено кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Прибраните докази упатуваат на сомнение дека осомничениот, се соблекувал и го вршел наведеното дело неколку пати пред деца кои не наполниле 14 ...

Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), предводени од претседателот Трпе Деаноски. Се разговараше за прашања поврзани со колективниот договор, платите, статусот на вработените како и подготовката на законските решенија. Изразена е благодарност на Министерството за правда за отпочнување на процесот на изработка на нов ...

Во случај некој да не ги разбра пораките на Унијата, евроамбасадорот Рокас денеска ги повтори и образложи. Тој имаше средба со министерот Муртезани за документот од Брисел. Потсети дека за време на минатонеделната посета на Скопје, претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен кажала јасна порака. „Она што е кристално јасно и што би сакал да го кажам е дека кога претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен беше на истава оваа говорница таа кажа ...

Амбасадорот на Европската Унија, Микалис Рокас, во Врховниот суд на Република Македонија на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми ѝ го предаде новиот Извештај на Европската Комисија. Во Извештајот се нотираат активностите на Врховниот суд за унапредувањето на судската практика и конзистентноста на судските одлуки, објавувањето на новата Збирка на судски одлуки, утврдувањето на начелните ставови и за одлуките на судот во однос на прашања ...

Министер за здравство, Арбен Таравари, во рамките на 74-от Регионален состанок на СЗО, одржа билатерална средба со регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Флоренс Бауер. На средбата беше дискутирано за досегашните успеси во соработката, вклучувајќи го намалувањето на смртноста кај мајките и новороденчињата, воведувањето на мобилни гинеколошки клиники и зајакнувањето на скринингот за рак на грлото на матката. На ...

Во своето обраќање, Димитровски истакна дека и покрај тековните предизвици со кои се соочува светот, „ние во Северна Македонија цврсто веруваме дека економската соработка е од витално значење за поттикнување на стабилноста и мирот. Со инвестирање во меѓусебните економии и зајакнување на деловните врски, можеме да изградиме отпорност на надворешни шокови и да создадеме одржлива иднина за нашите граѓани“. „За таа цел, Владата на Северна Македонија ...

Расте црниот биланс на жртви во поплавите во Шпанија. Бројот на исчезнати и натаму не е утврден, спасувачките напори продолжуваат. Помошта по копно, море и од воздух се зајакнува, а уште 500 војници од единицата за итни случаи се приклучија на терен. Се обновуваат услугите за вода и струја. Уапсени се речиси 40 лица поради грабежи наспроти недостигот од храна. „Безбедноста на населението ни е најважна. Ги ставивме на располагање сите владини ...

Министерството за дигитална трансформација денеска ја одржа првата јавна расправа за Националната стратегија за сајбер безбедност 2024-2028, на која министерот Стефан Андоновски ја претстави визијата за градење на безбеден и доверлив дигитален простор во Република Македонија. Подготовката на оваа сеопфатна Стратегија и нејзиното усогласување со европските стандарди го потврдува капацитетот на Министерството за водење на клучните реформски ...

Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет по доставена анонимна кривична пријава, против директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски. Од Обвинителство потврдуваат дека до нив е пристигната анонимна пријава, која е распоредена кај јавен обвинител и по која се постапува. Пријавата се однесува на јазичниот ТОЕФЛ сертификат на Христовски од бугарската јазична школа „Јулија“, чии сертификати во неколку случаи се ...

На 31.10.2024 во 23 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р. (28) од Куманово, информираат од МВР. Тој бил осуден на една година и шест месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот закони, а бил баран по потерница за доиздржување на една година и четири месеци од казната. Лицето било спроведено во Казнено поправна установа Затвор К’шање за доиздржување на казната, се ...

Најголем дел од граѓаните и оваа година своите домови ќе ги затоплуваат со огревно дрво. Само што застуди, оџаците почнаа да чадат. Ако изминатите години поголем дел од битолчани и до декември ги чека огревните дрва, годинава го немаат тој проблем. Од шумските претпријатија и од Здружението на пензионери во Битола, велат сите нарачани количини се доставени до граѓаните. Дека проблемот со набавка на огревно дрво е надминат, потврдија и граѓаните, ...

Покрај обраќањето на воведната сесија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија говореше на сесијата на тема: „Механизми за безбедно враќање дома на заробените украински цивили и депортираните деца.“ Во говорот пред присутните тој ja нагласи неопходноста од почитување на принципите на безбедност, соработка и, пред сè, човечко достоинство, потенцирајќи ја итната потреба да се обезбедат безбедни, достоинствени и одржливи патишта за ...

Притисокот на руските сили продолжува на украинскиот фронт. Киев јавува за соборени дронови и крстаречки ракети, возвраќајќи со удари на руско тло. Москва соопшти дека гори нафтена рафинерија во Ставрополскиот регион. Зеленски изјави дека Северна Кореја го вовлекува целиот азиски регион во војна со присуството на војници на границата со Украина. Според извештаите на САД околу осум илјади војници се распоредени во руски Курск. Шефот на ...

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Данска, со седиште во Белград, Н.Е. г-ѓа Пернил Далер Кардел. Посакувајќи топло добредојде, Кузмановска изрази уверување дека нејзиното богато дипломатско искуство ќе придонесе за натамошно зајакнување на севкупните односи меѓу двете земји, кои се ...

Притисокот на руските сили продолжува на украинскиот фронт. Киев јавува за соборени дронови и крстаречки ракети, возвраќајќи со удари на руско тло. Москва соопшти дека гори нафтена рафинерија во Ставрополскиот регион. Зеленски изјави дека Северна Кореја го вовлекува целиот азиски регион во војна со присуството на војници на границата со Украина. Според извештаите на САД околу 8 илјади војници се распоредени во руски Курск. Шефот на американската ...

Скандалот со незаконското поставување директор на АНБ се проширува, инфомрираат од СДСМ. Документи доставени до партијата од свиркачи покажуваат дека Бојан Христовски нема вкупно 5 години стаж на раководна позиција, што е законски услов за да може да биде директор на АНБ Станува збор за изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, од кои со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување. ...

Македонија видена низ очите на поетите од Хрватска Лана Деркач и Давор Шалат изгледа уште поубаво и помистично од што можеме да замислиме. Слушајќи ги како ја истражуваат и доживуваат Македонија, повторно се вљубуваме и ги откриваме вредностите на нашата татковина, кои понекогаш обземени од брзото секојдневие не успееме да ги видиме. Лана Деркач е пред се поетеса, но пишува и поезија, драми и есеи. Таа е авторка на петнаесетина книги поезија а ...

По долго боледување, утринава почина македонскиот естраден новинар и водител Зоран Василевски, во јавноста познат како Зоки Фаци. Информацијата ја објави неговиот соработник и пријател, јутјуберот Стефан Лазаров. „За жал, ова утро во 6:40 часот почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот, тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите. Сочувство до фамилијата и блиските. Погребот ќе биде утре, а каде и ...

Вчера во Софија се одржа состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото поврзување. Имено, трите клучни аргументи на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски беа прифатени. Прво, мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот дел од пругата и трето да се ревидира цената ...

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го совлада данскиот противник Фредериција на гостински терен со 25-23 и со тоа ја забележа првата победа во Лигата на шампиони во последните две сезони. До премиерниот триумф Еурофарм Пелистер го предводеше голманот Никола Митревски со 15 одбрани, а најефикасен во редовите на македонскиот шампион беше Филип Кузмановски со пет голови. По почетното водство од 1-0, Пелистер во продолжението на првиот ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1025
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
100%
1025
weather icon

Загреб

1ᴼ / -3ᴼ
1.03
78%
1026
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
86%
1026
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.47
96%
1027
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
92%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
79%
1024
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.13
84%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
3.09
77%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
81%
1027
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71