Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес присуствуваше на генералната проба на децата од општина Кисела Вода кои ќе бидат дел од „Киселко“, првиот детски фестивал во организација на општината. Настанот ќе се одржи на 6 јуни со почеток во 13 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“, каде што премиерно ќе прозвучат 13 нови детски песнички. Со овој настан, Општина Кисела Вода отвора ново поглавје во културниот живот, сакајќи да ...
Во рамки на конференцијата „ReSPA Open Days“, која се одржа во Кишинев, Република Молдавија, делегација од Министерството за јавна администрација зема активно учество на панел дискусиите посветени на улогата на ReSPA во поддршката на реформите во јавната администрација во земјите од Западен Балкан, при што ги претставија и клучните приоритети и достигнувања на македонската реформска агенда. Во своите излагања, претставниците на Министерството ...
На две лица им се пресадени органи од донор, соопшти Министерството за здравство. „Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекаше на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. Истовремено, 23-годишно момче доби бубрег и со него, шанса за поквалитетен живот. Донирани се и коскени ткива, уште еден исклучителен дар, кој ќе помогне ...
Чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора в сабота пристигнува во Штип. Со векови почитуваната Владичица, Пресвета Богородица, за првпат ќе биде донесена во градот од монасите од манастирот Хиландар. Се очекува масовно присуство на верници кои ќе ја пречекаат иконата и ќе бидат дел од свечената литија низ штипските улици. По литијата, иконата ќе биде сместена во црквата „Свети Димитриј“ во штипско Ново Село, каде ќе ...
Баже Милев е новиот началник на Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип. Тој доаѓа на местото на досегашниот началник Игор Јаковлевски, кој ја извршуваше функцијата во изминатиот период. Со оваа кадровска промена, Милев ја презема раководната позиција во СВР Штип и ќе биде одговорен за координација на работата на секторот и спроведувањето на надлежностите во областа на безбедноста. Од него се очекува да придонесе ефикасно функционирање на ...
Насилството повеќе не се случува само во училишните ходници, туку се почесто и зад екраните на мобилните телефони. Специјалистите велат дека сајбер насилството е проблем кој бара навремено препознавање и реакција од наставниците и родителите. ,,Она што е специфично во последно време што на нас ни се случува а тоа е сајбер насилството или насилство преку дигиталнтие медиуми. Секое дете уште од предучилишна возраст знае да работи со паметните ...
Оваа сабота во Кочани ќе се одржи 45-тиот Марш на ангелите. Почетокот на маршот е закажан за 18:05 часот во Паркот на Револуцијата, од каде учесниците ќе се движат кон Трговскиот центар, УЈП, МВР, Основниот суд и ќе завршат кај Спортската сала „Кочански ангели“. Организаторите информираат дека маршот ќе се одвива мирно и достоинствено, во чест на 63-те ангели, за повредените и за семејствата кои секојдневно се соочуваат со болката и загубата. ...
Д-Фестивал и оваа година ќе се одржи во Штип, од 26 до 28 јуни. Како што истакнаа организаторите, станува збор за 16-то издание на фестивалот и втора година по ред како негов домаќин е Штип. Тие нагласија дека влезот ќе биде бесплатен за сите посетители, а фестивалот ќе се реализира во својот полн капацитет, со богатата музичка програма и сите дополнителни активности и содржини по кои е препознатлив. Градоначалникот на Општина Штип, Иван ...
Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, јасно и недвосмислено кажа дека уставните измени се единствениот пат да се продолжи со европскиот пат на земјава и како што кажа ништо повеќе. Вистината излезе на виделина, нема дополнителни гаранции, нема дополнителни услови, постојат само уставни измени, се друго е само измислица и само една кампања. Христијан Мицкоски и ВМРО дојдоа на власт со лаги. Ветуваа подобрување на нашата ...
Постапувајќи по кривична пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица – поранешни директор и помошник директор на Царинската управа, управител на правен субјект и вработен во истиот субјект. На осомничените им се ставаат на товар кривичните дела Злоупотреба на ...
Катерина Костадинова, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на денешната прес-конференција рече дека СДС и Герасимовски спроведуваат легален рекет на центарци. Преку новите поскапувања на паркингот за жителите на Центар, според неa, тие направија граѓаните да бидат тугинци во своите маала, во сопствените домови. „Имено, според новиот правилник на ПОЦ, веќе не е важно колку автомобили поседува една личност, туку ...
Осврнувајќи се на најновите резултати објавени од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на растот на Бруто-домашниот производ, премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција истакна дека бројките покажуваат дека растот на БДП повторно е меѓу првите пет во Европа, како процент од бруто домашниот производ, што, според него, претставува исклучителен резултат. „Сакам да нагласам дека сум целосно свесен за сложеноста на ...
Во новата сезона второлигашкиот фудбал се враќа во неколку нови среди, а најмногу екипи доаѓаат од главниот град Скопје. Границите на тоа како ќе изгледа Втора лига за сезона 2026/2027 е поинаков во однос на претходната сезона кога најмногу екипи доаѓаат од Истокот, сега тоа ќе изгледа поинаку. Од Скопје доаѓаат екипите на Македонија ЃП, Работнички, Шкупи и Еуромилк ГЛ, Струмица ќе има два второлигаши – Беласица и Брера Струмица, Кочани ...
Од Платформата за родова еднаквост реагираат на последните две судските одлуки кои, како што истакнуваат од таму, испраќаат опасна и нечовечна порака до жените жртви на насилство: ако системот не ве заштити, ќе ве казни кога ќе се обидете да преживеете. Во првиот случај, постетуваат, жена од Кратово, за која во текот на судската постапка беа презентирани наоди дека повеќе од десет години била изложена на континуирано физичко и психичко ...
Со одигрувањето на баражите познат е изгледот на Втората македонска фудбалска лига за следната сезона 2026/2027 во која ќе се натпреваруваат 14 екипи. Време многу за одмор нема да има, бидејќи ќе треба да се формираат ростерите за сезона која ќе има прволигашка конкуренција, во сезона каде целите тешко ќе се остваруваат, а некои екипи веќе остануваат и без тренери. Прв кој поднесе тренерска оставка е штипскиот стратег Иван Варадиновски, кој ...
Кошаркарската Супер лига следната сезона ќе брои десет наместо 12 екипи, односно македонската кошаркарска елита е намалена за две екипи, а со цел да се добие на квалитет и поголема конкуренција. Поради кратењето на лигата три екипи испаднаа од елитата, односно Ангели, Гостивар и Феникс, а во следната сезона остануваат шампионот МЗТ Скопје, ТФТ Скопје, Пелистер, Маџари, Кожув, Тиквеш, МКК Куманово, Чаир и Работнички, а нов член на Супер лигата ...
Во рамките на официјалната посета на Словачката Република, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, посветена на духовното и културното наследство на светите браќа Кирил и Методиј и словенската писменост. Кураторот на изложбата, Кирил Пенушлиски, ги претстави делата на македонските уметници Александра Костадиновска, Ана ...
Фудбалерките на Кочани утре ќе играат бараж натпревар за опстанок во Првата женска фудбалска лига против второлигашот Билјанини Извори од Охрид, кој ќе бара враќање во елитата. Екипата на Кочани минатата сезона стана шампион во Втора лига и се врати во прволигашкото друштво, но оваа сезона повратникот не успеа да избори директен опстанок и ќе мора да преку бараж да бара опстанок и во елитното друштво. Ова е соочување на два поранешни шампиони ...
Штип е синоним за борењето и мора да биде град во кој ќе се развива борењето, порача првиот човек на градот под Исарот, Иван Јорданов. Градоначалникот Јорданов истакна дека во наредниот период како локална самоуправа ќе вложуваат во боречката инфраструктура, со цел да се омасови овој спорт кај младите генерации. „Штип е синоним за борење и мора да биде град во кој ќе се развива борењето. Како локална самоуправа ќе вложиме во наредниот период ...
Поранешниот потпретседател на СДС и поранешен директор на Царина, како и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев е уапсен поради сомнение за местење на тендери за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, кажа на прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. На сајтот на јавни набавки се гледаат, вели тој, неколку тендери за оваа намена на кои потпис ставил Богоев. Повеќето, како што рече, ги добиле јавни ...
Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје на 7 јуни, недела, со почеток во 08 часот ќе изведуваат активности за монтажа на нови семафори на булеварот „Александар Македонски“, на пешачкиот премин кај бензиската станица „Макпетрол“. На истоимениот пешачки премин ќе бидат воведени и нови светлосни сигнали, кои од неодамна беа оштетени од сообраќајна незгода. „Првата фаза на изведба на портална греда ќе биде од страната на влез ...
Министерството за животна средина и просторно планирање останува доследно на определбата за поголема транспарентност и навремено информирање на јавноста за состојбите во животната средина, информираат од таму. Како што појаснуваат, редовното објавување на информациите за извршените инспекциски надзори претставува важен инструмент за информирање на граѓаните и за јакнење на довербата во институциите. „Оттука, неделните извештаи на Државниот ...
Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, треба веднаш да престане со водење на потчинета политика, односно политика која одговара на Бугарија, а штети на Македонија во нашиот билатерален спор, кажа на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Од Бугарија, вели тој, се радуваат кога гледаат дека во Македонија има мала група на политичари, како што се СДС предводени токму од Венко Филипче, кои за власт ...
Под влијание на циклонска активност, денес попладне, во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на ...
Во чест на празникот на светите рамноапостоли Константин и Елена, денес во општина Илинден свечено беше одбележан патрониот празник на храмот „Св. Константин и Елена“. По тој повод, беше отслужена света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Епископот Дељадровско-Илинденски г. Јоаким. На богослужбата присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој со своето присуство ја потврди поддршката на локалната ...
Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на конференцијата на „Џ. П. Морган“ во Виена, каде што говореше за економските изгледи на Северна Македонија, инфлацијата, финансиската стабилност и предизвиците со кои се соочуваат малите и отворени економии во услови на зголемена светска неизвесност. Осврнувајќи се на економските движења, Митреска посочи дека домашната економија покажува значителна отпорност, и покрај серијата светски шокови во ...
„Член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја претепал својата сопруга, доби условна казна откако ја признал вината за стореното дело. Наместо затворска казна, насилникот доби уште една шанса од системот кој со години потфрла во заштитата на жртвите на семејно насилство“, велат од партијата Левица. „Мицкоски неодамна тврдеше дека овој случај бил „доказ дека системот функционира“. Ако ова е функционирање на системот, тогаш не ...
Посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта е уште една потврда дека Европската Унија ја гледа Македонија како дел од европското семејство, но и потсетник дека напредокот зависи од исполнувањето на обврските што државата веќе ги има преземено, велат од ЛДП. Либерално-демократската партија смета дека крајно време е политичките партии да покажат одговорност и да понудат решенија, наместо да ја одржуваат блокадата на европскиот ...
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 02 до 07 јуни 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведување на зајакнати акциски сообраќајни контроли. Акциските активности се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат возила со две тркала, односно мопеди, мотоцикли и е-тротинети како едни ...
СДСМ со соопштение потврди дека е уапсен поранешниот градоначалник на Општина Карпош и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев. Од опозицијата велат дека премиерот, Христијан Мицкоски, со денови го најавувал неговото апсење и обвинија дека станува збор за политички прогон за дефокусирање на јавноста. „На денот кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пристигна во Македонија, кој го потврди она што го говори СДСМ и ...