Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, присуствуваше на официјалните свечености организирани по повод 14 Јули – Националниот празник на Француската Република, на покана на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Присуството на Сали на свеченоста претставува потврда за одличните билатерални односи и силното партнерство меѓу Република Северна Македонија и Француската Република. По тој ...

На продолжението на 9. седница на Советот на Општина Центар, изгласан е Предлогот-програмата за измени и дополнувања на Програмата за образование за 2026 година, со што започнува првата фаза на реализацијата на мерката за бесплатен оброк за учениците во целодневна настава. До 2028 година мерката ќе се спроведува со преодно решение, преку делумно субвенционирање од 1.000 денари за родителите. Потоа општината ќе распише јавна набавка за еден ...

Уште едно остварување на ДУИ, нова ослободителна пресуда за Никола Груевски, велат од „Вреди“ Според нив, тоа е уште една потврда дека измените на Кривичниот закон од 2023 година се шаблон за избегнување кривична одговорност. „Не случајно „Вреди“ го прашуваше Бујар Османи дали и зошто се среќавал со Груевски во Будимпешта? Заедничкиот содржател на трајна врска меѓу Ахмети и Груевски се нивните гревови. Албанскиот народ и две години после ...

Венко Филипче го нема никаде кога треба да се дискутира и разговара за разни прашања кои ги засегаат граѓаните и државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче, како пратеник кој зема плата од даноците кои ги плаќаа македонските граѓани, не зел збор за ниту една суштинска дебата во Собрание, не учествувал безмалку на сите седници наменети за пратенички прашања. Го немаше да дискутира во Собрание ниту вчера, ниту викендов, ниту пак се јави ...

„Никој не му се плаши на Христијан Мицкоски. Навредите се доказ за неговата слабост и неспособност“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, потенцирајќи дека навредите на Мицкоски за опозициските пратеници не е израз на политичка сила, туку слабост. „Кога се нема резултати, кога нема решенија, Мицкоски ги навредува и им се заканува на пратениците во Собранието. Вчера направи хаос за да ја прикрие ...

Во јавноста денес се пласираат наслови дека Мицкоски се извинил за инцидентите во Собранието (неалудирајќи на оние коишто самиот ги стори и предизвика). Но, само неколку минути пред тоа, од собраниската говорница, Мицкоски лично одржа говор исполнет со лаги, навреди, омаловажувања, лични дисквалификации кон пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, и повторно ги вмешаа семејните прилики на Мециновиќ, велат од Левица. „Најпоразителен е контрастот. ...

Во Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска беше извршено примопредавање на министерската функција, при што Ѓоко Велковски ја презеде должноста министер од досегашниот министер Фатмир Лимани. Со преземањето на функцијата се обезбедува институционален континуитет во работењето на Министерството и во спроведувањето на политиките и реформските процеси во областа на социјалната политика, демографијата и младите. ...

Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања, застој и секојдневни сообраќајни проблеми, информираат од Град Скопје. Работите, како што е соопштено, се одвиваат согласно предвидената динамика, а по нивното завршување, повеќе од 100.000 жители ќе добијат современ и ...

Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, се надева дека до утре политичките партии ќе се успеат да се договорат за измените на Изборниот законик неопходни за исполнување на реформската агенда. Тој денес, на промоцијата на новите возила, донација за Државниот инспекторат за транспорт не ја исклучи можноста за консензус во последен момент. „Јас навистина се надевам на консензус, бидејќи има време уште денеска и утре, значи утре е последниот ...

Во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска рече дека со последните предлози поврзани со Изборниот законик уште еднаш се потврдило дека Левица дејствува како контролирана опозиција на Христијан Мицкоски. „Вчера видовме уште една потврда дека Левица е контролирана опозиција од страна на Мицкоски и ВМРО. Предлагаат усогласување на ставовите на опозицијата по налог на Мицкоски. Какво е тоа обединување на ...

Денеска во Министерството за правда беше извршено примопредавање на министерската функција, при што новоименуваниот министер за правда, Јетон Шасивари, ја презеде должноста од досегашниот министер Игор Филков. Шасивари истакна дека ќе работи посветено, одговорно и транспарентно, со фокус на унапредување на владеењето на правото, зајакнување на независноста , ефикасноста на правосудниот систем,враќање на довербата на граѓаните во ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека вчерашниот хаос во Собранието беше театар за прикривање на целосниот неуспех на Владата и од отсуството на резултати на Христијан Мицкоски. „Вчера направи хаос за да прикрие сопствената неспособност, тоа што Владата нема апсолутно никакви резултати во ниту еден сегмент на функционирањето и се обидува да создаде алиби за предвремени избори, бидејќи рече дека ги нема, сега очајно му треба алиби. ...

Демократската унија за интеграција реагира на именувањето на заменик-генерален директор во МРТ. Од оваа партија велат дека најостро го осудуваат продолжувањето на политичкото заробување на Македонската радио-телевизија од страна на коалицијата ВМРО-ВЛЕН, процес што, според нив, го уништува јавниот, професионалниот и мултиетничкиот карактер на оваа институција. „Скандалот кулминираше вчера со именувањето на заменик-генерален директор, лице кое ...

На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар денеска, на продолжението на 9. седница, ја изгласа одлуката за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за доградба на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, последен чекор кон целосно воведување едносменска настава во општината. Со реализацијата на овој проект значително ќе се зголемат просторните капацитети на училиштето, ќе се обезбедат современи услови за учениците ...

Општина Карпош ги известува своите жители дека можат да го одлагаат кабастиот отпад од своите домаќинства во пунктот на ЈП Комунална хигиена – Скопје, кој се наоѓа во населбата Карпош 3 на бул. Илинден (позади бензинската станица „Макпетрол“, во непосредна близина на СЦ „Борис Трајковски“). „Граѓаните можат самите да го одложат кабастиот отпад (од 07 до 19 часот, секој ден во неделата), во којшто спаѓаат стариот мебел, душеци, кревети и ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска заедно со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, присуствуваше на промоцијата на нови возила и опрема – донација од Европската Унија наменета за зголемување на капацитетите на Државниот инспекторат за транспорт, во вкупна вредност од 700 илјади евра. Николоски истакна дека станува збор за значајна поддршка која ќе овозможи инспекторатот ...

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Александар Лазаров – „Цуната“, кој успеал да избега од полициска станица во Кочани. Станува збор за лицето кое, според сведочење во судската постапка за трагедијата во дискотеката „Пулс“, било препознаено како добро познатата криминогена фигура што продавала дрога во клубот, велат од Левица. Додека во судската постапка сè повеќе се потврдува сликата за начинот на кој „Пулс“ ...

Нов скандал, со Панче на чело на МВР се случува тотален распад. Наркодилерот од Кочани, Александар Лазаров – Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“и со Миле Лефков од ВМРО побегна од Македонија, реагираат од СДСМ. „ВМРО и Панче Тошковски завчера му го отворија прозорот во полициската станица во Кочани а вчера го пуштија да избега наркодилерот Цуната. Па откако го пуштија да избега, распишаа меѓународна потерница. Едно исто сценарио, ...

Досегашниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски, ја презеде министерската функција во Министерството за здравство. Денеска во Министерството за здравство се изврши примопредавање на функцијата министер за здравство од досегашниот министер Азир Алиу на новоименуваниот министер за здравство, Сашо Клековски. Од Министерството соопштија дека на средбата се разговарало за досегашните проекти, тековни процеси и ...

Младиот стратег на одбојкарскиот клуб Штип УГД, Кристиан Ристески, успешно го мина меѓународниот ФИВБ Левел 2 курс за одбојкарски тренери, кој се одржа во Приштина, Косово. Покрај Ристески, успешно процесот на предавања, практични сесии и професионално тестирање го помина и Атанас Милев, Ѓоко Јосифов и Хабил Ајети. Четворицата тренери со овој курс направија чекор напред во професионалната тренерска надградба и им останува уште еден семинар за ...

Официјално штипскиот прволигаш Брегалница се засили со искусниот Мартин Стојанов, кој доаѓа од редовите на прволигаш Тиквеш од Кавадарци, а 27-годишното крило е повратник меѓу „сините“. Стојанов во минатото настапуваше за Брегалница, беше дел и од Кит Го од Пехчево, а штипјанецот меѓународна кариера градеше во Бугарија, каде го носеше дресот на Септември Софија. Првото летно засилување на Брегалница е поранешен младински репрезентативец на ...

Катерина Димитровска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека по долги години на дното на листата за државни приоритети, со ВМРО-ДПМНЕ на власт спортот се враќа во фокусот на Владата и го добива заслуженото место. Спортот, според неа, е област во која треба да се инвестира сега, за резултатите и ефектите да се почувствуваат по извесно време на многу труд, напор, тренинзи на генерации млади спортисти. Оценува дека за да можат посветено и ...

Второлигашот Брера Струмица ги започна подготовките за новата сезона со првата прозивка која ја имаше стратегот Ѓорѓе Стојчев, откако истиот беше назначен за нов шеф на стручниот штаб пред околу еден месец. На првата прозивка беа сите фудбалери на кој стратегот Стојчев ќе може да смета за време на подготовките, но и за новата сезона. Подготовките Брера ќе ги реализриа во Струмица, а планирани се шест контролни средби преку кои стручниот штаб ...

Второлигашот Кожуф од Гевгелија ги започна подготовките за новата сезона која започнува на 15 август. Тимот од Гевгелија ќе има нов шеф на стручниот штаб, а на оваа позиција е назначен Благој Дуганов, додека пак негови помошници ќе бидат Стојче Крчев и Трајче Ников. Клубот договори и пријателски натпревари низ кои ќе ја проверува формата. Првиот пријателски меч ќе биде против Новаци на 25 јули, потоа на 28 јули ќе следува тест против ...

Јавното претпријатие „Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје“ се соочува со високо учество на побарувања чија наплатливост е неизвесна, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност, нефункционалност на возниот парк со просечна старост од 15 години, од вкупно 189 специјални комунални возила 60% се неисправни и тоа влијае на намалена способност за генерирање економски користи, утврди Државниот завод за ревизија. Утврдено е и ...

Полицијата уапси Црногорец кој возел со брзина од 205 километри на час на автопат во гевгелиско. Вчера околу 11 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници го уапсија црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде брзината ...

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, додава тој, го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик. „Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. Ова е само провидна игра на ...

Прволигашот Брегалница остана без уште еден фудбалер, искусниот Горан Силјановски – Шаро се раздели со „сините“ и го засили второлигашот Охрид кој цели кон влез во Првата македонска фудбалска лига. И натаму е неизвесно околу Брегалница, а Охрид веќе успеа да се засили со двајца фудбалери од штипските „сини“, покрај претходно и Дамјан Масевски пристигна во таборот на „рибарите“. Силјановски е искусен фудбалер кој низ неговата кариера покрај за ...

Неексплодирана граната со калибар 75 милиметри е извлечена од под вода во Црна Река кај село Радобор, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Пиротехничарот Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 милиметри, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила. Станува збор за граната што била истрелана, но не ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76