Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Денес во Собранието се одржа јавна расправа за Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба, со активно учество на експерти, претставници на судската и јавнообвинителската служба, институции, синдикати и други засегнати страни. На расправата беа разгледани предложените законски решенија и клучните измени насочени кон унапредување на статусот на судските и јавнообвинителските службеници, воспоставување поефикасен систем за ...
По повод 83 години од стрелaњето на 12-те ваташки младинци, делегација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предводена од генералниот секретар Горан Минчев, положи свежо цвеќе пред споменикот во нивна чест. Овој трагичен настан од 1943 година останува еден од најболните симболи на страдањето на македонската младина во Втората светска војна, кога под окупацијата на бугарските фашистички сили, младите животи беа згаснати затоа што во себе ...
Во современите сложни геополитички услови, одржувањето добри релација со сите страни е неопходен предуслов заради правилно позиционирање на државата во мултиполарниот свет што веќе стана реалност, велат од партијата Левица. „Земајќи ја во предвид специфичната географска и деликатната политичка положба во која се наоѓа Македонија, Левица години наназад гради односи на достоинство, еднаквост, взаемопочит, без фаворизирање или исклучување на ...
Премиерот Христијан Мицкоски, како законски застапник на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека е подготвен да се појави на суд по тужбата од поранешната обвинителка, Ленче Ристоска, за навреда и клевета во партиско соопштение. Одговарајќи на новинарски прашања денес во Владата Мицкоски рече дека ќе се појави на суд оти нема зошто да се крие. „Се разбира дека ќе се појавам. Доколку сум слободен во тој период зошто да не, немам јас зошто да се кријам. Јас сум ...
Владата денес ги исплати субвенциите за тутунарите. Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека се исплатени над две милијарди денари на повеќе од 15 илјади тутунари во земјава. „Како што кажав вчера, денеска се исплатени нешто повеќе од две милијарди денари субвенции кон тутунарите. Денеска веќе ќе ги видат на своите сметки, повеќе од 15 илјади тутунари кои што ги исполниле условите за да ги добијат овие субвенции“, рече премиерот Мицкоски. Со ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека годинашната државна матура поминала во најдобар ред, со значително намален број случаи на препишување во споредба со претходните години. Според неа, организацијата на испитите била на високо ниво, а најголемиот дел од полагањата се одвивале во големи простори, што ја намалило можноста за нелегални дејствија. Таа информираше дека од двата испитни термина биле отстранети околу 60 ...
Каква е актуелната регулаторна рамка за земјоделската пластика во Македонија? Колку и како се користи земјоделската фолија во производството? Што се случува со фолиите по нивната употреба – кој е нивниот третман и влијание врз животната средина? Кои се најважните препораки за оптимално системско решение и европски практики што може да се применат кај нас? Ова беа дел од прашањата на кои дискутираа претставници на локалната самоуправа, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска присуствуваше на одбележувањето на 83-годишнината од масакрот на младинците во Ваташа, каде порача дека трагичниот настан е потсетник за последиците од политиките на омраза и поделби. „Денеска присуствуваме на одбележувањето на 83-годишнината од масакрот, убиството на младинците тука во Ваташа од страна на бугарскиот окупатор. Ова нѐ учи дека политиките на омраза и на поделба единствено до што ...
На 16 јуни 2026 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор на Народната банка за поставеноста на монетарната политика. На седницата беше одлучено основната каматна стапка да се зголеми за 0,25 процентни поени, односно од 4% на 4,25%. Одлуката се заснова на најновите податоци и информации и согледувањата за ефектите врз домашната економија од светските случувања. Во однос на сегментите коишто се клучни за монетарната политика, од ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот на високо ниво за превенција на насилството кај младите и на Церемонијата за потпишување на Декларацијата за намери за превенција од насилство кај младите, организиран со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На настанот, на кој присуствуваа претставници на Владата, меѓународната заедница, институции, младински и граѓански организации, беше истакната потребата од ...
Три малолетни деца – 15-годишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од 12 и 9 години – биле пронајдени во безсознание на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово. Според полицијата, случајот бил пријавен вчера околу 10:40 часот. Првичните информации укажуваат дека децата најверојатно биле затруени од вдишување лепак. Тие веднаш биле пренесени во Општата болница во Куманово, каде што им била укажана лекарска помош. Текстот На улица ...
Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин, извести Царинската управа. При контролата е откриено кршено злато и златен накит со вкупна тежина од 324,7 грама, коишто лицето со ...
Со собрани вкупно 684.777 килограми отпад, 70.688 учесници, над 600 организации, повеќе од 250 државни институции, училиштата од целава земја и бројни компании, заврши шестото издание на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД – најмасовната еко иницијатива во земјава и на Балканот. За шест години постоење, акцијата успеа вкупно да мобилизира повеќе од 170.000 граѓани и беа собрани вкупно 2,2 милиони килограми отпад, со што од локална иницијатива прерасна во ...
Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, учествуваше на Советот на Европската Унија за општи работи (ГАК), кој се одржа во Луксембург. Состанокот беше посветен на иницијативата „Европски штит за демократија“, а беше организиран од Кипарското претседателство со Советот на Европската Унија и Европската комисија. На дискусијата учествуваа министри од земјите кандидатки и потенцијалните кандидатки за ...
„Oбразовниот систем денес е распарчен, бирократизиран и брутално партизиран. Лабораторија за политички експерименти на ВМРО, на штета на учениците и просветните работници. Се носат закони со сериозни штети врз образовниот систем и квалитетот на oбразованието со кои уште повеќе ќе се зголеми одливот на млади кадри од државата“, рече Јованче Манасков – Комисија за образование на СДСМ. „Училиштето е сведено на фабрика за оценки, факултетот е ...
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи во интерес на граѓаните и на македонската економија. Резултатите што денес ги гледаме се потврда дека државата се движи во правилна насока, со стабилен економски раст, подобар животен стандард и одговорно управување со јавните финансии“, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Нашата економска политика се темели на три клучни приоритети: капитални инвестиции, привлекување странски ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска потпиша договор за финансиска поддршка со Здружението на пензионери „Солидарност“ – Аеродром, потврдувајќи ја континуираната грижа и поддршка што Општина Аеродром им ја обезбедува на своите највозрасни сограѓани. „Пензионерите се важен дел од нашата заедница – генерации кои со својот труд, знаење и посветеност придонеле за развојот и напредокот на општеството. Нивниот придонес ...
Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил. Поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса (птичји грип) во земјава, пратката со змрзнатото пилешко месо е одбиена, бидејќи истата била ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна дека во услови на глобални предизвици, инвестициите, иновациите и силниот приватен сектор остануваат главни двигатели на економскиот раст, продуктивноста и отворањето нови работни места. „Нашата определба е да поддржиме инвестиции што ...
Град Скопје организира летен наставно-научен едукативен камп за средношколците од главниот град, кој ќе се одржи во Охрид од 19 до 31 август. Кампот ќе им овозможи на учениците да учествуваат во научно-истражувачки работилници, едукативни предавања, интерактивни дискусии, тимски проекти, културно-историски посети и спортски активности, со цел поттикнување на нивната љубопитност, креативност и лидерски способности, од Град Скопје. Од таму ...
Министерство за финансии денеска исплати 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година, средства наменети за 15.144 тутунопроизводители. „Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност. Преку редовна и ...
Премиерот Христијан Мицкоски извести за нова странска инвестиција во ТИРЗ Тетово. „Компанијата Џаво Отмотив e глобален производител за автомобилската индустрија со повеќе од 40 години искуство, ќе инвестира околу 20 милиони евра и ќе отвори до 412 нови работни места. Од Тетово ќе се произведуваат автомобилски компоненти за светски познати брендови, а извозот на компанијата во полн капацитет ќе достигне 45 милиони евра годишно. Ова е уште ...
„СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието затоа што токму нивното седумгодишно владеење остави хаос, долгови и разочарани земјоделци. СДС остави заостанати субвенции кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исплати на земјоделците. Денес се исплаќаат субвенциите од 2025 година кои се тековни“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Кога зборуваме за исплатени субвенции од страна на владата на СДС и ДУИ за периодот 2021 -2023 година тогаш доаѓаме до вкупна сума ...
„Случајот со хирурзите од Струга, кои протестно ги прекинаа планираните операции поради неисплатени надоместоци што им следуваат по закон и колективен договор, отвора сериозни прашања за тоа кој ја мери „продуктивноста“ во здравството или ако нема пациенти дали лекарите треба да останат без плата. Наместо институциите да утврдат каде е проблемот, јавноста добива политички квалификации за тоа кој е продуктивен, а кој не“, велат од партијата ...
Народната банка во соработка со Светската банка одржаа работилница за банките и другите даватели на платежни услуги и релевантните државни институции во земјава посветена на воведувањето на инстант плаќањата засновани на платформата на клонот на ТИПС. Работилницата е дел од постојаните активности на Народната банка за подготовка на целата платежна заедница во земјава за воспоставување на националниот систем за инстант плаќања и за ...
„Локалната власт во Аеродром уште еднаш ја покажа својата негрижа кон најмладите. Иако уште во ноември 2025 година Општината соопшти дека игралиштето „Патрик“ е небезбедно, го стави вон употреба и вети дека за брзо ќе биде поправено. Но, и по повеќе од шест месеци од ветената санација нема ни трага ни глас, а младите од тој дел на Аеродром се оставени без место за рекреација во сред летен распуст“, велат од Левица Аеродром. „Наместо да го ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) останува на ставот дека секоја правосилна судска одлука мора да се почитува и дека никој не смее да биде над законот. Истовремено, сметаме дека довербата во правосудството и институциите се гради преку еднакви критериуми, правна сигурност и доследност во примената на принципите, велат од ЛДП „Во јавноста неизбежно се отвора прашањето како се толкува поимот „јавен интерес“ и дали за сите важат истите ...
ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за генерално чистење во СУГС „Орце Николов“. Во текот на акцијата беа собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и дворот на гимназијата. „ЈП Комунална хигиена-Скопје секоја година спроведува и едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чиишто рамки учениците се запознаваат со активностите на Претпријатието и како преку правилното постапување ...
„Пискотниците на ДУИ за автопатот Скопје-Блаце имаат само една причина: трасата не поминува таму каде што со години се правеле пресметки и се купувале земјишта со надеж за милионски профити од експропријација. За прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси“, велат од Влен. „Ова е вистинската причина за нивната врева. Обидот автопатот да служи за индивидуални интереси, а не за интерес на граѓаните, пропадна. Трасата се реализира ...
ФК Вардар го официјализираше ангажманот на младиот голман Даниел Диковски, кој потпиша договор со најтрофејниот македонски клуб до 14 јуни 2029 година. Станува збор за 19-годишен чувар на мрежата, кој важи за еден од најперспективните македонски голмани во својата генерација. Со висина од 191 сантиметар и голем потенцијал за напредок, Диковски ќе биде дел од црвено-црното семејство во наредните три години. Од Вардар порачаа дека клубот ...