Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Да не се купуваат овци и кози од местата каде што има овча сипаница, да не се мешаат стадата со други стада и редовно да се прави дезинфекција – се главните препораки што ветеринарите им ги упатуваат на сточарите. Предупредуваат дека болеста лесно се шири преку директен контакт меѓу животните и може да предизвика големи штети. Затоа апелираат сточарите да бидат внимателни при набавка на нови грла и да ги почитуваат мерките за заштита. ,,Како ...
Денеска мораме да изреагираме на тоа што го видовме за време на илинденските празници, а тоа е еден говор полн со омраза и навреди од страна на премиерот. Значи, на најголемиот државен празник, на Илинден, Мицкоски ја употреби, односно ја злоупотреби говорницата за повторно да ја продолжи својата политика на поделби, омраза и навреди, изјави Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка во СДСМ. „Мицкоски од ...
На Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај на западнонилска треска. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето, информира Министерството за здравство. Од таму велат дека, во координација со надлежните здравствени установи, продолжуваат внимателно да ја следат состојбата и велат дека навремено ќе ја информираат јавноста за сите нови релевантни податоци. Во врска со ...
Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Андреј Жерновски од СДСМ. „СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 ...
Третолигашот Овче Поле ги започна подготовките за новата сезона со првиот собир и тренинг на Градскиот стадион во Свети Николе. Целта на тимот е една – влез во Втората македонската фудбалска лига. Стручниот штаб ќе биде предводен од Јорданчо Трендафилов, а негови помошници ќе бидат Тони Серафимов и Андреја Ефремов, а на првиот тренинг беа речиси сите играчи, додека пак во следните денови ќе се приклучат уште неколку играчи. Костурот на ...
Штипскиот прволигаш Брегалница официјално го промовираше Бразилецот Матеус Да Силва Лемос како најново засилување кое доаѓа во таборот на „сините“. Се работи за 29-годишен фудбалер, кој низ неговата кариера има настапувано за бразилските нисколигаши, а во македонскиот фудбал играше за Македонија ЃП и Вардар, иако беше пред потпис со Шкендија Арачиново, сепак Лемос доаѓа во градот под Исарот. Игра како лево крило, а може да одговори и како ...
Општина Ѓорче Петров започнува со реализација на еден од најзначајните и најиновативните проекти во областа на обновливите извори на енергија, со кој повторно поставува нови стандарди во локалното управување и одржливиот развој, извести Општината. „Станува збор за првиот проект од ваков вид во Република Македонија, кој ќе се реализира преку модел на јавно-приватно партнерство. Во рамки на проектот, на покривите на сите седум општински основни ...
За само две години Владата успеа да ја зачува сигурноста во снабдувањето со енергенси, да обезбеди едни од најниските цени на горивата во регионот, да спроведе значајни инфраструктурни проекти, да го модернизира пазарот на електричната енергија и да воспостави политики кои се усогласени со европските стандарди, изјави Жан Дрвошанов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Македонија помина низ една од најтешките енергетски кризи во Европа, но граѓаните во ...
„Има нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар. Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата. Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија. Страшно!“, кажа Елена Радеска, СДСМ. „Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето. Кожни инфекции и бројни други сериозни заболувања и други ...
СДС и Венко Филипче се обидуваат политички да профитираат од состојбата во Гостивар, но повторно ја премолчуваат вистината, обвини Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од страна на тогашната власт. Ова е проблем што се ...
Во периодот од 01.07.2026-31.07.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20976 издадени платни налози, 4241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“. Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 221 метар, при што ќе се асфалтира површина од 838 квадратни метри. Паралелно ќе се реконструира и дел од улицата „Божин Николов“, во должина од 268 метри, со вкупна асфалтна површина од ...
Ракометните суперлигаши се екипираат, се подготвуваат и ги засилуваат ростерите за новата сезона. Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер ја заврши првата фаза од подготовките во Битола и сега се „сели“ во Словенија, каде ќе се реализира главниот дел од подготовките. Во Словенија ќе бидат одиграни и три контролни средби за проверка на формата со што хрватскиот стратег Лино Червар ќе има можност да види како оди подигањето на формата. ...
Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин” се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри. Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ...
По последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко насилство. „ЛДП предлага ...
„На Илинден, наместо да положи сметка за состојбата во која ја доведе државата, Христијан Мицкоски од Пелинце повторно одржа партиски митинг. Наместо да зборува за сиромаштијата што ги обзема граѓаните, премиерот одлучи да им објаснува дека „посилно од сиромаштијата е кога народот ќе престане да верува во себе“, а вината за безнадежноста повторно ја побара кај опозицијата“, велат од партијата Левица. „Нема поголем политички цинизам од тоа ...
„Додека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии, македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини“, велат од СДСМ. „Колони од повеќе километри. Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа. Луѓе што сакаат само да стигнат до море. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ. Половина од Владата и голем дел ...
Најдобриот стрелец во историјата на женскиот ракомет, штипјанката Марија Анчева е ново засилување на ЖРК Ѓорче Петров 2. Искусната ракометарка ќе биде голем адут на тимот од Скопје кој ќе конкурира за висок пласман, а трансферот на Анчева доаѓа откако се раздели со Астибо, откако клубот од Штип одлучи да не продолжи со натпреварување во Супер лигата поради финансиски проблеми и се врати во Првата лига, иако имаше изборено опстанок во елитата. ...
„Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија. Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје – место каде што главна активност се тендерите“, велат од СДСМ. „Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • ...
Познат е распоредот за новата сезона во Првата женска фудбалска лига, откако беше извлечена ждрепката во „Куќата на фудбалот“. Актуелниот шампион Скопје одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Кочани, тим кој минатата сезона избори опстанок преку бараж. Каменица Саса во рамки на првото воведно коло ќе гостува во Тетово каде ќе игра против Љуботен, додека пак Вардар ќе игра дерби со Истатов во Скопје. Речица ќе има тешка ...
Во текот на јули 2026 година, Народната банка, заедно со банките и останатите учесници во МИПС, успешно го спроведе првиот циклус тестирање на новото системско решение, при што беше потврдена неговата функционалност и подготвеноста за продолжување на следните фази од примената. Во рамките на тестирањето беа успешно обработени најголемиот дел од платежните пораки предвидени со проектот, согласно со стандардот ISO 20022, извести Народната ...
„Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден за да ја продолжи поделбата на народот. Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“. Кој е тој „талог“ според Мицкоски“, прашува СДСМ. „Сите што не мислат како него! Сите што ја разобличуваат неговата политика. Сите што бараат Европа, правда и одговорност. Истиот човек кој со години ги нарекува граѓаните „талог на ...
„СДС се препозна и се самопрогласи за талог, па на што се должи тој талог. Талогот се должи на тоа што 7 години не направија ништо, 7 години работеа само за себе, 7 години ги ингорираа проблемите на граѓаните кои му ја дадоа довербата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Денес талогот на СДС ќе го најдете на јахти во Грција, во Дубаи на приватни елитни забави, некаде низ Европа на продолжени викенди оти тие не се однесуваат, ниту па се чувствуваат како ...
Фудбалската федерација на Македонија го прифати барањето, натпреварот од 2. коло на Првата македонска фудбалска лига меѓу Брегалница и Арсими ќе се одигра под рефлектори на Градскиот стадион во Штип. Навивачите на „сините“ исто така бараа овој меч да се игра под рефлектори, а клубот од Штип го адресираше барањето до „Куќата на фудбалот“ со што истото е прифатено и во Штип ќе се игра прволигашки фудбал во вечерен термин. Натпреварот е закажан ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација. Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот „Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на ...
„Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија. Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на површина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да се однесува очајнички, за да присобрери некој поен оти ...
„Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски јавно призна дека води разговори за судбината на земјата, но дека тие се тајни. Не постои нормална земја во која министер за надворешни работи кажува дека разговорите за иднината на државата се тајна за нејзините граѓани. Како може иднината на Македонија да биде тајна“, прашуваат од СДСМ. „Во исто време, Муцунски бара политички имунитет за МНР: „Целата Влада може да се критикува – само МНР не.“ ...
„Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе“, велат од СДСМ. „Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено. Но никој не смее тоа ...
Во Кавадаречко пожарникарите работеа во текот на целата ноќ, пожарот значително е намален, но сè уште е активен, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Денеска од 06:00 часот на пожарот се ангажирани повеќе екипи на два правци: На правецот од село Дреново кон Ќесендре интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со 1 цистерна, 1 скип и двајца вработени; МВР со 1 џип, 1 пинцгауер и четворица вработени; ЈПНШ – подружница „Бор“ Кавадарци со ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Времето во наредните денови Продолжува периодот на сончево и многу топло време со ...