Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
„На претседателот Франк-Валтер Штајнмајер и на германскиот народ им го честитам Националниот ден, со искрени желби за натамошен напредок, стабилност и просперитет. Повторното обединување на германскиот народ по падот на Берлинскиот ѕид во 1990 година претставува историски чин за цела Европа. Овој ден нè потсетува дека мирот и стабилноста се градат со почитување на човековото достоинство, со силата на правото и со дијалог и разбирање. Верувам ...
Две лица беа убиени, а тројца беа сериозно повредени кога напаѓач со автомобил влета меѓу верниците и ги нападна обезбедувачите со нож пред синагогата во населбата Крумпсал, каде што луѓето го славеа Јом кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар. Британската полиција потврди дека напаѓачот, кој носел елек за кој се верува дека е експлозивна направа, бил убиен на местото на настанот. Пиротехничките екипи подоцна го провериле неговото возило, ...
Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека е подготвена да ги ослободи сите израелски заложници и да започне преговори за да ги разјасни деталите за предавањето. Во соопштението, движењето соопшти дека се согласило „да ги ослободи сите израелски затвореници, и живи и мртви, според формулата за размена содржана во предлогот на претседателот Трамп“ – доколку бидат исполнети теренските услови за размена. Мировниот план предлага итен прекин ...
Лабудовиќ, претставувајќи ја својата визија и приоритетите за идниот четиригодишен период, пред присутните се обврза дека нема да биде градоначалник што ќе работи само пред избори, туку посветено и одговорно во текот на целиот мандат. „Во текот на четиригодишниот мандат се обврзувам дека ќе работам посветено, секогаш имајќи ја пред себе главната цел – моите сограѓани, кои мора да имаат приоритет. Тоа значи дека ние ќе бидеме постојано нивен ...
Првиот сет беше изедначен, при резултат 5-5 Чилиќ имаше две сет топки, не ги искористи, сетот отиде во тајбрејк кој го доби Ѓоковиќ со 7-2 и поведе со 1-0. Во вториот сет Ѓоковиќ зема еден брејк, го доби сетот со 6-4 и се пласираше во третото коло од турнирот. Овој меч беше историски затоа што Ѓоковиќ со 38 и Чилиќ со 37 години го одиграа „најстариот“ меч на мастерс турнирите. Збирот на нивните години е 75. Следен противник на Новак ќе биде ...
На српските фанови денеска им беше соопштено дека нема да има билети во слободна продажба за мечот со Албанија. Според наведеното на веб-страницата на Фудбалскиот сојуз на Србија, присуството на трибините ќе биде обезбедено преку распределба на влезници на фудбалската заедница, преку дистрибуција до регионалните сојузи, клубовите, учениците од фудбалските школи и нивна родителска придружба, стручни фудбалски организации, официјалните спонзори и ...
Тој додаде дека веќе се работи на водоснабдување на неколку населени места како Беранци, Долно Српци, Ивањевци, Попадинци и други коишто се приклучуваат на регионалниот водовод во Битола, која е инвестиција вредна 18 милиони денари. Во однос на патната инфраструктура, Николоски ги наброја проекти вредни неколку милиони денари за кои веќе се потпишани договори со изведувачи на улици кои треба да се градат и реконструираат, каде што е предвидено ...
Целта на сите трки е на Плоштад Македонија. Стартот на маратонската, полумаратонската и штефатната трка e во 8:05 часот пред Собранието на Македонија. Трката на 5 км Комерцијална банка ќе стартува во 8 часот во близина на Црвениот крст и ќе се движат во насока на Аеродром. Сепак, организаторите апелираат тркачите да дојдат барем 20 минути порано. При влез во старт зоната, се апелира секој тркач да влезе во соодветниот бокс за својата трка или ...
Мицкоски истакна дека политичкиот противник, СДСМ, оваа кампања ја почна невообичаено, наспроти сите теории и практики во кампања, од прв ден со црна кампања, со монтажи, со спинови, со дефокус и со напади, најчесто против него и неговото семејство, додавајќи дека и нема што да се очекува од луѓе што нема што да кажат. Тој посочи дека ако не е црната кампања тие нема за што да зборуваат, затоа што тие од нивното време не оставиле ништо вредно, ...
„Сега е моментот повторно да се собереме, да се исправиме и да ја изградиме силата што ќе ја запре неправдата и ќе ја врати Македонија на граѓаните”, порача Филипче на присутните. Тој додаде дека без нив нема СДСМ и нема иднина за правдата, еднаквоста и слободата. „За успех во оваа борба нашата задача е јасна: да ја подигнеме партијата, да ја вратиме надежта и да им покажеме на луѓето дека СДСМ е силата што знае да ја исправи државата. Вие, ...
„Унгарците не сакаат да бидат во истата Европска унија со Украинците“, кажа тој, додавајќи дека длабоко се согласува со тоа. „Ако сте со некого во федерален систем, ја делите неговата судбина, а Украина е земја со многу тешка судбина. Зошто да ја делиме таа тешка судбина?“, праша тој. Тој истакна дека Унгарците имаат своја судбина, која е многу полесна од украинската. „Ги жалиме, сочувствуваме со нив, храбро се борат, мора да ги поддржиме, но не ...
„Договорот со Хамас мора да се постигне до недела навечер во 18 часот по времето во Вашингтон“, напиша Трамп на социјалните мрежи. „Сите земји се придружија! Ако оваа последна шанса не се прифати, ќе има пекол каков што никој досега не видел, против Хамас“, додаде тој. На прашањето дали неговото раководство го финализирало одговорот на планот на Трамп за Газа, функционер на Хамас за Ројтерс изјавил: „Сè уште не, интензивни дискусии се во тек“. ...
Присутните одбележаа единаесет месеци од уривањето на бетонската стреа на железничката станица во северна Србија, во која загинаа 16 лица и која започна масовно антикорупциско движење против владата. Демонстрантите веруваат дека несреќата на реновираната железничка станица во Нови Сад е последица на небрежноста и корупцијата во градежните проекти. Реновирањето беше дел од поширок проект за модернизација на железницата во соработка со кинески ...
На средбата присуствуваа вицепремиерот на македонската Влада Иван Стоилковиќ, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија. Од српска страна присуствуваа Драган Гламочиќ, министер за земјоделие, шумарство и водостопанство и Јагода Лазаревиќ, министерка за надворешна и внатрешна трговија. Средбата се одржа во конструктивна и пријателска ...
Златан Ибрахимовиќ има навика својот роденден да го одбележува со купување на нов автомобил, а оваа година реши да се почести со новиот „ѕвер“ на Ферари. Станува збор за моделот Ф80, последниот хипер-автомобил од Маранело, вреден околу 3,5 милиони евра. Популарниот „Ибракадабра“ ќе биде еден од 799 одбрани потрошувачи кои добија зелено светло да го купат овој автомобилот Ферари Ф80 има 3.0-литарски В6 мотор со два турбополначи и три електрични ...
Физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја со тупаници, шлаканици и клоци во пределот на главата и целото тело, па во еден момент почнал да ја дави. Оштетената изгубила свест и и биле нанесени повеќе телесни повреди. Против друг осомничен, поведена е постапка за истото кривично дело, бидејќи вршел семејно насилство на 1 октомври во селото Мирковци, каде телесно ја повредил неговата поранешна брачна партнерка. Откако дошол во домот и ја известил ...
Топлинската мрежа, со која управува АД ЕСМ на територијата на градот Скопје, датира од средината на шеесеттите години од минатиот век. Доцнењето на инвестициите во оваа застарена инфраструктура во изминатите години, претставува значителен ризик за целокупниот систем за снабдување со топлинска енергија. За да се одговори на овие предизвици и да се обезбеди стабилно, долгорочно решение, програмата на Владата вклучува сеопфатни планови за развој, ...
Мацут имаше средба со македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, а предвидена е и средба со вицепремиерот Иван Стоилковиќ, се вели во соопштението. Двајцата премиери разговараа за унапредување на билатералните односи, економската соработка и инфраструктурното поврзување. Акцент беше ставен и на трговската размена, заедничките енергетски проекти и олеснувањето на движењето на луѓе и стоки. Премиерот Мицкоски истакна дека Србија е искрен партнер и ...
„Нови сојузи на автократии се формираат против нас и ја напаѓаат либералната демократија како начин на живот“, оцени Мерц пред публиката во Сарбрикен, на границата со Франција, каде беше и францускиот претседател Емануел Макрон. „Глобалниот економски поредок се создава одново. Се креваат царински бариери, а себичноста станува посилна“, кажа тој. „Тоа исто така нè ослабува економски“. „Со години нерегулираните, ненасочени миграции во Германија ја ...
Договорот предвидува активности насочени кон планирање, утврдување и развој на работна сила со високо образование во согласност со потребите на бизнисот, организирање обуки, семинари и гостински предавања од страна на бизнис-секторот, консултантски и експертски услуги, заеднички истражувања и економски анализи, како и иницијативи за усогласување со европските политики. Со договорот се отвора можност и студентите на постдипломски студии да се ...
„Одговорот на заканите ќе биде, благо речено, многу убедлив. Мислам на одговорот. Ние самите никогаш не сме иницирале воена конфронтација“, кажа Путин за време на форум во Сочи, во југозападна Русија. Рускиот претседател ја обвини Европа и дека спречува решение за војната во Украина и дека „трајно го ескалира“ конфликтот. Додека американскиот претседател Доналд Трамп, по враќањето на власт во јануари, се обиде да се приближи до Москва за да ...
Антони изминатово лето беше дел од популарниот „бомб сквад“ односно петмината фудбалери кои беа прешкртани од Рубен Аморим и мораа да тренираат одвоено од останатите. Во последните денови од летниот преоден рок, Бразилецот доби зелено светло да го напушти клубот и да се врати во Бетис, каде што во вториот дел од минатата сезона потсети зошто за него беа платени речиси 100 милиони евра во 2022 година. „Не сакам да креирам контроверзија, ниту пак ...
„Гран при“ доби филмот „Паноптикон“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе. Филмот е копродукција на Грузија, Франција и Италија. „Исклучителна режисерска интуиција во раскажувањето приказни која се базира на клише, но далеку ги надминува границите на очекуваното, внесувајќи нè во светот на личниот, кревкиот и еротскиот универзум на главниот лик. Чувствителноста, чувството, храброста, непредвидливоста и ранливоста на ликовите во филмот создаваат мозаик од необичен ...
Како што појасни претседателот на ДИК, Борис Кондарко гласачкото ливче за градоначалник содржи назив на гласачкото ливче, број на гласачко место и општина, име и симбол, доколку го има од подносителот на листата, реден број, име и презиме на кандидатите врз основа на податоците од матичната евиденција. Кондарко додаде дека делот од гласачкото ливче, кој останува на кочанот, на блокот содржи сериски број на гласачкото ливче, општината и бројот на ...
Отворените податоци се клучни за доброто управување на локално ниво, бидејќи овозможуваат транспарентност, отчетност и вклученост на граѓаните. Преку слободен пристап до квалитетни отворени податоци, јавноста добива појасен преглед во работата на локалните власти и одлуките што се донесуваат во нивно име, се наведува во денешното соопштение на Општина Карпош. Во оваа област најдобри резултати имаат Демир Хисар (38%) и Карпош (37%), додека ...
Целта на сите трки е на Плоштад Македонија. Стартот на маратонската, полумаратонската и штефатната трка e во 08:05 часот пред Собранието на Р. Македонија, додека натпреварувачите на трката на 5 км ќе стартуваат во 08:00 часот во близина на Црвениот крст на РМ и ќе се движат во насока на Аеродром. Сепак, организаторите апелираат тркачите да дојдат барем 20 минути порано. При влез во старт зоната, се апелира секој тркач да влезе во соодветниот ...
63-годишната Малали, поранешна главна медицинска сестра, ја презема и церемонијалната улога на поглавар на околу 85 милиони англиканци ширум светот, објави Ројтерс. Назначувањето жена ризикува продлабочување на теолошките поделби со некои од поконзервативните гранки на Црквата во африканските земји, соопшти агенцијата. Реформите воведени пред 11 години ѝ овозможија на жена да ја врши оваа позиција, а со тоа што стана 106-ти надбискуп на ...
Искуствата во регионот покажуваат слична состојба, но сите се едногласни во фактот дека можеби не може многу да се направи за возрасните зависници, но може да се превенираат нови зависници од тутун меѓу младите. Со силна поддршка на медиумите, и соработка на надлежните владини институции и граѓанскиот сектор може да се постигне повеќе во намалување на зависноста од тутунски производи: Ова беше најсилниот заклучок од работилницата „Јакнење на ...
Тој во одговор на новинарско прашање дали Владата ќе преземе мерки за заштита на животниот стандар, посочи дека наредната година предвидено е поголемо и повекратно зголемување на казнените одредби, а во текот на минатата и оваа година имаат преземено сет на мерки, меѓу кои ограничување на цени. „Неколку битни работи направивме за заштита на животниот стандард и цените особено на прехранбените, земјоделски производи, пред сè, донесување на ...
На 10 октомври играме во Битола против Ерменија, а четири дена подоцна гостуваме во Подгорица кај Црна Гора. Горан Станиќ викна 23 фудбалери за овие натпревари. „Во тимот има само една промена во однос на претходните натпревари. Шабан Зенку со настапите во Струга заслужи повик и верувам дека ќе ја зголеми конкуренцијата. Против Ерменија и Црна Гора одиме на победа. Атмосферата е одлична и со поддршката од публиката во Битола сигурен сум дека ќе ...