Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Нашата селекција ќе игра премиерно во Лигата Б, откако заврши на првото место во групата од последното издание. Македонија пред извлекувањето беше во последниот четврти шешир и јасно беше дека ќе добие респектабилни противници. На ждрепката Македонија беше извлечена во групата Б1 од Б-сегментот на натпреварувањето, а ривали ќе ѝ бидат: Шкотска, Швајцарија и Словенија. Сите четири групи во Лига Б: Првите натпревари од Лигата на нациите се на ...
Како што соопштија од ДЗС, на работната средба, Ангелов, заедно со тим од ДЗС, покрај писмено добиени предлози ги сублимирал и усните предлози коишто биле изворно искажани и елаборирани од самите професионални пожарникари согледани во практиката, а претставниците на фирмите за заштитна опрема информирале за можностите на производителите кај нас и во светот. „Во блиска иднина ќе се конкретизираат предлозите во конструктивни измени во поглед ...
Равник, во судница одговараше и на вкрстени прашања од првообвинетиот Нино Васев, кои беа во насока на конкретните лекови и дози кои се давале и нивната усогласеност со одредени студии и протоколи, но и за тоа какви се националните протоколи, состојбата и достапноста на онколошки лекови, како и за конкретни делови од документацијата врз која го темели своето вештачење за одредени пациенти. На прашање од Васев, дали и е познато дека конкретен ...
Брера и Македонија ЃП ремизираа 1-1 во директната пресметка за важни бодови во битката за опстанок во ПМФЛ. Домаќинот дојде до предност во 20 минута по корнер и мешаница пред голот на Јанков, а дебитантот Петровиќ најдобро се снајде и ја испрати топката во мрежата. Гостите израмнија пред паузата. Беше досуден пенал по игра со рака на Луковиќ, Вргов го одбрани ударот на Пецов, но во продолжението капитенот ја смести топката во мрежата. Во ...
Jавноста беше згрозена од административните пропусти, како што беше седумдневното автоматско бришење на полициските снимки, но правосудниот систем на Швајцарија испрати моќна лекција. Пропустот во доказната постапка не беше искористен како изговор за правен хаос, туку како мотив за уште попрецизно лоцирање на одговорноста. Од првиот ден, Италија не ја третираше несреќата како „туѓа“ трагедија, туку како прашање на национална болка и државен ...
Тестирањето на 20 модели со отворен код и големи јазични модели покажа дека софтверот почесто бил измамен од белешки на лекари кои изгледале реалистично, отколку од дезинформации во разговорите на социјалните мрежи, објавија научниците во списанието Лансет Дигитал Хелт. „Сегашните системи со вештачка интелигенција можат да го третираат самоуверениот медицински јазик како вистинит, дури и кога е очигледно погрешен“, рече д-р Ејал Кланг од ...
Во неговото обраќање, Филков потенцира дека реформите се директен одговор на системските слабости, кои со години ја разјадуваат довербата на граѓаните – долготрајни постапки, недоволна транспарентност, неправилности во изборните и дисциплинските механизми, како и случаи на корупција и неефикасна одговорност. Затоа, според него, модернизацијата на правосудството не е само техничка задача, туку државна обврска со долготраен ефект врз владеењето ...
Студијата, објавена во списанието Нејчр Комјуникејшнс, покажува дека дури и два дена интензивна исхрана базирана на овес може да го намали нивото на ЛДЛ, или „лош“ холестерол, за речиси 10 проценти. Во експериментот учествувале луѓе со метаболен синдром, група фактори на ризик што вклучуваат висок крвен притисок и шеќер во крвта, како и зголемена телесна тежина. Во текот на 48 часа, учесниците јаделе приближно 300 грама овесна каша дневно, ...
„Дека е најсериозен фудбалски колектив во земјава со голема професионалност и посветеност кон овој спорт, препознаени квалитети од големи фудбалски имиња и клубови пошироко, ФК Вардар внимава на своите млади категории целејќи кон создавање на врвни спортисти пред се личности, кои ќе го оправдаат вложеното во нив носејќи ги во иднина боите на овој клуб. Во тој дух денеска ФК Вардар АД потпиша професионални договори со тројца играчи од ...
Во вчерашното интервју на ТВ 21, Билал Касами најави дека за вечерва свикал Централното собрание на партијата за да одлучи за кадровските прашања и позиционирањето на партијата. „Лично, мислам дека капацитетот на Движењето Беса во Вреди и во Владата е многу поголем од она што досега го покажавме“, изјави Касами. Меѓу другото, во интервјуто лидерот на Беса во врска со министерот Лимани рече дека голем дел од членството изразило загриженост за ...
Од ССМ изјавија дека понудата е на маса и доколку не наидат на разбирање ќе организираат уште еден протест и генерален штрајк. „Тука сме кај газдите, кај истите оние кои избркаа цели наши семејства во странство, кај газдите кои одбиваат да ја зголемат минималната плата и кои одбиваат да ги зголемат останатите плати. Владата веќе кажа дека се договарала со своите вработени, па ги остави газдите да бидат виновни за идниот генерален штрајк и во ...
Мисајловски, како што информира Министерството за одбрана, се осврна на целите, приоритетите и на активностите што се преземени од страна на Владата, Министерството за одбрана и Армијата, во согласност со договореното од последниот самит на НАТО во Хаг, како и на единството на алијансата, кое денес, како што наведе, е повеќе од потребно во зацврстувањето на концептот за одбрана и одвраќање. „Дури и во време на глобални геополитички промени, ...
Според информациите на „Моцарт Спорт“, Раул Гонзалез договорил двегодишна соработка со ракометниот клуб Партизан. Тој на клупата на црно-белите ќе седне во јуни кога од функцијата ќе си замине актуелниот тренер Ѓорѓе Чирковиќ. Српскиот клупски ракомет одамна не бил конкурентен во Европа, но со доаѓањето на Раул Гонзалес се наговестува сериозен проект. Тој веќе е селектор на Србија, па работата во Партизан ќе му помогне и повеќе да го следи ...
„Овој авторски текст на Венко Андоновски, во согласност со стилот и начинот на кој пишува професорот, реферира на ‘Диво месо’ како една многу значајна референца во македонската драматика“, рече Роберт Вељановски, директорот на Драмскиот театар. Toj соопшти дека ќе поканат десетина театри од Македонија, речиси сите скопски театари, да гостуваат на сцената на Драмски и да го одбележат неговиот јубилеј. Како што рече, веќе се во преговори со ...
Донесена е, потсети Алиу, и владина одлука за именување членови на Меѓуресорската комисија. „Од денеска почнуваат вонредните контроли, заедно со МВР. Најверојатно додека трае оваа прес-конференција, колегите се на терен. Ќе мора да се проверуваат 43 лиценци за производство на медицински канабис. Завчера на владина седница се донесе одлука за именување членови на Меѓуресорската комисија. Човек од Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со ...
Владислав Хераскевич го привлече вниманието на јавноста уште на тренинзите на ЗОИ со својата кацига. На неа се наоѓаат ликови на загинати спортисти во војната со Русија. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го предупреди Хераскевич дека не може да настапува со таква кацига бидејќи има политичка конотација, што е строго забрането. Тие дури и му предложија наместо кацигата со спорниот дизајн, да носи целосно црна кацига и на тој начин да им ...
„Сметам дека националромантичарските теми се важни за оние политичари од минатиот век. Како што кажав, ние работиме чисто и решително на стабилност, просперитет и владеење на правото, сѐ друго ќе биде оставено на тажната страна на историјата“, изјави министерот по 18. сесија на работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) во рамките на Националната конвенција за ЕУ, што се одржува денеска во Скопје. Во однос на изјавата на ...
„Уште позагрижувачко е што за СДСМ производството на вакви астрономски количини канабис, очигледно наменети за црниот пазар, речиси и да не е тема. За нив сè друго е во ред, не е многу важно прашањето кој произведувал, кој профитирал и под чие покровителство функционирал овој бизнис, ама затоа пет дена држат прес конферениции на кои потенцираат дека најважно било тоа како „петте тони“ ја поминале границата. Како да е помал проблем што некој ...
Според Алиу, проектот ќе предвидува комплетен мониторинг на паркирањето и дигитален водич за граѓаните, хортикултурно уредување на просторот, паметен паркинг-систем со сензори за детекција на слободни паркинг-места, мобилна апликација, поврзување со фискален систем… „Времето на одложување на проблемите заврши, ова е нова култура – на одговорност. Нашата визија е здравството да функционира и во логистиката, а денес го правиме токму тоа. Со ...
Елбриџ рече дека НАТО е сериозен сојуз фокусиран на одбрана и одвраќање и дека во 2025 година може да се види „преобликување и вистинска посветеност“ на напорите „Европа да ја предводи конвенционалната одбрана“ на НАТО. „Сега е време да бидеме прагматични. Мислам дека имаме навистина силна основа да работиме заедно во партнерство“, рече Колби пред почетокот на состанокот. Тој нагласи дека НАТО треба да се базира на партнерство, а не на ...
Актуелниот договор на Тухел траеше заклучно со престојното Светско првенство, но поради неговите одлични резултати, ФА речи да му понуди продолжување на договорот кој тој го прифати. „Многу сум среќен и горд што го продолжувам мојот престој во Англија. Не е тајна дека ја сакав секоја минута досега во работата со моите фудбалери и тренери, не можам да дочекам да почне Светското првенство“, рече Тухел. Актуелниот договор на Тухел траеше ...
Како што посочи Мицкоски, тоа е резултат на водењето политики кои се во интерес на стандардот на граѓаните и на консолидирање на состојбите во државата. Конечно, вели тој, државата е консолидирана и ќе се развива онаква каква што ја посакуваат граѓаните. „Како што кажав во неколку наврати оваа година, очекувам да се стабилизираме под три проценти со годишната инфлација. Очекувам некој месечен негативен тренд, односно опаѓање во споредба со ...
Вештачењето на медицинската документација за лекувањето на вкупно 51 пациент за Обвинителството го имаат изработено вештакот Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, Словенија, заедно со асистентката Јасмина Јордан, од истиот факултет. На прашање од адвокатот Боби Спирковски, бранител на доктор Нино Васев, дали и од кога докторката Маја Равник има валидна лиценца за вештак во Словенија, таа рече дека била именувана за вештак со одлука ...
НАТО вчера соопшти дека ја започнал мисијата за зајакнување на присуството на Арктикот, во рамките на напорите да се ублажат сериозните тензии во рамките на Алијансата предизвикани од барањето на претседателот на САД Доналд Трамп Соединетите Американски Држави да го преземат Гренланд. Новата мисија, под назив „Арктички стражар“, ќе го координира сè поголемото воено присуство на сојузниците во регионот, вклучително и вежби како данската ...
Според Обвинителството, во периодот од 28 февруари 2025 година до 9 јули 2025 година, обвинетите незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад што содржи супстанции кои имаат својство на експлозивност, запаливост, надразливост, токсичност, канцерогеност и екотоксичност на катастарска парцела во Визбегово на која за тоа немале соодветна дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање. „На 9 јули 2025 година на ...
Од РКЕ не соопштија детали за причините за нејзиното поднесување. Бислимоски ја извршуваше функцијата претседател на РКЕ речиси осум години. Управата за финансиска полиција (УФП) пред две недели му поднесе кривична пријава на Бислимоски под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Бислимоски, според УФП, не постапил според Законот за енергетиката и не ѝ ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол петрол“ ДООЕЛ ...
Состанокот го отвори министерот за здравство Азир Алиу, кој ги информира експертите за досегашниот тек на постапувањето, начинот на прибирање и стандардизација на документацијата за пациентите и целта на двостепената стручна проверка, соопштија попладнево од министерството. „Овој процес го водиме за да утврдиме факти засновани на медицина базирана на докази. Очекувам странските експерти да дадат независен стручен увид дали постојат евентуални ...
По одличното издание минатата сезона, македонската фудбалска репрезентација скокна на второто ниво од Лигата на нации каде ќе има значително потешки противници. Македонија ќе биде влечена од последниот шешир во кој се уште и селекциите на Шведска, Северна Ирска и Косово. Тоа значи дека ниту една од нив нема да може да ни се падне. Оние кои може да ги добиеме се: Шешир 1: Шкотска, Унгарија, Полска, Израел Шешир 2: Швајцарија, Босна и ...
Во јануари, рекордна „врела купола“ ја зафати Австралија, при што температурите се приближија до 50 Целзиусови степени. Истовремено, топлинските бранови и катастрофалните пожари зафатија делови од Јужна Америка, палејќи оддалечени делови од аргентинската Патагонија и одземајќи 21 живот во крајбрежните населби во Чиле. Јужна Африка, пак, се соочува со најтешките пожари во последните години. Екстремите се случуваат и покрај тоа што светот сè ...
Во извештајот објавен денеска, ДЗР изразува неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Архивот, како и за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики. Со ревизијата е констатирано и неисполнување на основните услови што треба ги поседуваат депоата на Државниот архив за да се заштити архивскиот материјал, како и условите за заштита од неовластен пристап до архивскиот и ...