Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Денеска беше извлечена ждрепката за баражот, Македонија ќе игра во Данска, мечот ќе го играме на гостински терен. Победникот од нашата пресметка ќе биде гостин на подобриот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска. Полуфинале А Италија – Северна Ирска Велс – БиХ Полуфинале Б Украина – Шведска Полска – Албанија Полуфинале Ц Турција – Романија Словачка – Косово Полуфинале Д Данска – Македонија Чешка – Р. Ирска Полуфиналните натпревари се играат на ...
“Во Украина постои воена мафија и корумпиран систем, а претседателката на Европската комисија, наместо да ги запре исплатите и да бара итни финансиски проверки, планира да испрати уште 100 милијарди евра во Украина. Тоа е лудо”, изјави Сијарто за новинарите во Брисел пред состанокот со колегите од ЕУ, објави Ројтерс. Извештаите за корупција вклучуваат истрага за наводен заговор од 100 милиони долари за контрола на склучувањето на договори во ...
Државна лотарија започна со приредување на игрите на 23 април 2010 година. Првото коло на Ново Лото 7/34 се реализираше на 5 мај истата година, а првата седумка беше постигната на 5 септември 2011 година – вредна 21.173.081 денари, уплатена во „Студио Гина“ во Битола. Од тогаш, па до денес, постигнати се 28 седумки, низ целата земја: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Свети Николе, Тетово, Неготино, Струмица, Кавадарци, Кочани и Охрид. Во 2019 ...
„Во наредниот период се очекува воведување нови модели за исплата на пензии и имплементација на мултифондови во системот на капитално финансирано пензиско осигурување“, најави Дарко Саздов, член на Советот на експерти на МАПАС на денешниот брифнг со медиумите. Владата веќе формирала неколку работни групи кои работат на реформската агенда за пензиското осигурување, на можностите за инвестирање преку мултифондови и на подобрување на моделите за ...
Тој не гледа причина пратениците во парламентот да не поддржат реформски закони и смета дека не треба да има уценување и политиканство. „Навистина не ја гледам причината зошто, ако е нешто реформско и добро. Нели сите сме за Европа? Тогаш треба сите да поддржиме реформски закон којшто го поддржала Европската комисија. Доколку, владиното мнозинство носи закони кои што се антиевропски, антиреформски, етноцентрични, тогаш, би ја прифатил таа теза, ...
Саити појасни дека поголеми приливи на сметката не се случуваат. „Тоа што го направивме како Црвен крст ги поделивме сите средства. Во моментов на сметката на Црвениот крст има околку 11 милиони денари, средства кои ќе се дистрибуираат на настраданите од несреќата во Кочани по направена реевалуација од страна на комисијата на Министерството за здравство, која е во тек. Цел на реевалуација е да се утврдат најитните потреби на преостанатите лица, ...
Томшиќ на прашање на МИА одговори дека се зголемува бројот на случаи што се пријавуваат. „Бројот на претставки, односно бројот на пријави, се зголемува од година в година. Тоа не значи дека стануваме полошо општество, туку можеби е зголемена свесноста и самото постоење на институцијата дава можност да се пријави дискриминација. Порано кога немало, немало ни механизам. Сега мислам дека комисијата добро котира во нашето општество и дека доста ...
Министерството за правда, кое има надлежност за давање на бесплатна правна помош на граѓаните кои не се доволно имотни и немаат доволно средства, тоа, како што посочи заменик министерот Деребан, го прави преку подрачните одделенија на министерството, правните клиники, овластените здруженија и секундарна правна помош преку адвокати. „Го донесовме Законот за паричен надомест на жртвите од кривични дела сторени со насилство и во рамки на тој закон ...
„Разговаравме за реформските процеси, за посветеноста на Владата и за носењето на законите што се составен дел од овој процес. Во фокусот беше и справувањето со заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната. Комесарката Кос ја изрази поддршката за европскиот пат на државата и го поздрави континуитетот во реформите и фокусот на нив по локалните избори“, напиша Муцунски. „Ќе се ...
Научниците докажаа дека неколку минути смеење можат да имаат ефект сличен на 15 минути возење велосипед за вежбање, активирајќи го телото и подобрувајќи го расположението. Смеењето го намалува нивото на кортизол, хормонот на стрес, го зголемува производството на ендорфини – хормонот на среќата и ја подобрува концентрацијата. Смеењето го движи целото тело, активирајќи ги мускулите и стимулирајќи ја нашата енергија како природен извор на ...
НАСА откри дека мал објект наречен 2025 ПН7, таканаречен квази-сателит, се придружил на нашата планета. Тоа е ретко небесно тело кое се движи во речиси иста орбита како Земјата и ќе остане во нејзина близина до приближно 2083 година. Новиот „сопатник“ на нашата планета е исклучително мал, според проценките на експертите, неговиот пречник е помеѓу 18 и 36 метри, приближно како зграда од 40 ката. Првпат беше регистриран во август оваа година со ...
Со извршената ревизија за 2024 година, Државниот завод за ревизија (ДЗР) изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставените политики. „Утврдените состојби со извршената ревизија за 2024 година упатуваат на заклучокот дека состојбите утврдени со Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2021 година како и со ревизорските извештаи од ...
Во воведниот збор, бранителот на обвинетиот Никола Васев денеска додаде дека дејствијата кои му се ставаат на товар на обвинетиот не претставуваат кривични дела, туку, како што рече, административни постапки согласно законските акти, за кои биле задолжени други работници во клиниката, а не директорите. Тој побара обвинетиот да биде ослободен од обвинение. Обвинети во случајот се поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и ...
„Пратките кои граѓаните ги порачуваа од ‘Тему’ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по измените на законот – ДДВ ќе остане вкалкулиран во цената на производот, како и досега. Тоа значи дека граѓаните нема да плаќаат ништо дополнително при прием на пратката, ниту ќе има нова обврска за уплата“, нагласуваат од Министерството. Оттаму појаснуваат дека ДДВ којшто е веќе пресметан во цената кон државата, го ...
„Имаме веќе функционални одделенија во Битола и во Тетово. Во Градска општа болница 8-ми Септември сè е средено, значи веќе тој процес, административен за добивање лиценца е завршен и ценам дека за брзо време ќе треба и таму оперативно да имаме онколошки услуги на ниво на амбуланта, со тоа што, нормално, ќе требаат да поработат уште малку колегите од „8 Септември“ за да имаат поширока палета на онколошки услуги таму. Но, еве Тетово и Битола веќе ...
Несреќата се случила во регион на околу 132 километри јужно од Прага, а сите патници од двата воза биле евакуирани, пренесува Ројтерс. AT least 42 people have been injured after two high speed passenger trains crashed in the Czech Republic. Firefighters and paramedics rushed to the scene after the accident occurred near the city of České Budějovice some 100 miles south of Prague. pic.twitter.com/AdhPUYBRJe — The Bruiser (@DrHoosierHermit) ...
На подрачјето на Битола ангажирани се екипи и механизација на јавните претпријатија и водостопанските компании за расчистување наноси и зајакнување насипи на повеќе делови од речните корита. Поради ерозијата на патот кон Пелистер и кај с. Цапари, предложено е привремено затворање на стариот пат Р-106 и пренасочување на сообраќајот по патот А-3. Во Охрид и Кичево водостоите се зголемени, но нема излевања. Најризичен е делот кај ул. Прилепска во ...
Изминатиов период беше особено предизвикувачки, со најавени над 50.000 студентски ваучери и големи очекувања од младите, ИТ секторот се најде пред сериозен предизвик да обезбеди доволно избор, брза услуга и стабилен процес. Анхоч уште еднаш се покажа како лидер во технолошката поддршка на студентите, прв ја воведе системската предрезервација на уреди, а сега го стартува процесот на реализација. Од предрезервација до реализација, студентите ...
Штип мечот го доби со максимални 3-0 (25-18, 25-23, 25-16), а потоа се играше „златен сет“ кој му припадна на македонскиот тим со 15-8, победата беше комплетирана. Штипјани првиот меч од Кол го загубија со 1-3, но синоќа во салата „25 Мај“ во Радовиш приказната беше поинаква. Македонскиот тим одигра мотивирано, дисциплинирано и дојде до големата победа. Стојан Илиев беше најефикасен со 22 поени, следен од Махди Задмард, кој реализираше 15 поени, ...
Директорот на МНТ Никола Кимовски потпиша Договор за соработка со Атила Видњански, директорот на Националниот театар во Будимпешта. Гостувањето на „Ничија земја“ е првиот резултат од оваа соработка и е значаен исчекор во продлабочувањето на културната соработка меѓу двете институции. Веќе напролет, Националниот театар ќе возврати посета со гостување во МНТ. „Со директорот на Националниот театар во Будимпешта, Атила Видњански веднаш се ...
Ова е новиот биланс на жртви. Според претходниот извештај, загинале 25 лица. Украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко изјави дека 26 лица сè уште се водат како исчезнати по нападите што се случија во текот на ноќта, меѓу кои и три деца. Тој изјави дека речиси 100 лица се повредени. Русија истрела 476 дронови и 48 ракети во Украина, гаѓајќи ја енергетската и транспортната инфраструктура и предизвикувајќи итни прекини на електричната ...
„Прашањето за исчезнатите лица и прашањето за влез на Србија во Европската Унија се две меѓусебно поврзани работи. Не може да се случи една земја да нема билатерално решени отворени прашања со друга, а другата, во овој случај Хрватска, да даде зелено светло за влез во ЕУ“, кажа Анушиќ, а објави Хрватската радиотелевизија. Тој нагласи дека „прашањето за исчезнатите лица е првото и најважно прашање во односите меѓу Хрватска и Србија“. „Очекуваме ...
„’Утре наутро“’ е политичка драма во кој ги опсервирам луѓето кои ги носат одлуките со чии последици се соочуваме ние. Мене живо ме интересира кои се луѓето кои ги носат одлуките со кои ние се носиме, оној висок општествен круг луѓе. Ова е приказна инспирирана од вистински настани кои се случиле меѓу 2014 и 2017 година. Плотот на приказната е фаталниот 27 април 2017 година и се занимава со прашањето што после тоа. Зборува за две семејства кои се ...
Одбојкарките на Никола Јаневиќ во 1/16 финалето од ЦЕВ купот ќе се соочат со хрватски Младост Загреб. Првиот натпревар Јанта Волеј КВ го игра на домашен терен, на 26 ноември од 20 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Реваншот се игра една недела подоцна, односно на 3 декември (20 часот) во спортската сала „Дом на одбојката Бојан Страниќ“ во Загреб. Победникот од овој двомеч ќе презими во Европа и ќе обезбеди пласман во осминафиналето ЦЕВ ...
Чешкиот тим тргна одлично во натпреварот и постојано ја имаше предноста, лесно го добија првиот сет со 25-17. Уште поубедливи беа во вториот сет, Струмица не можеше да парира на посилниот противник, Будејовице го добија сетот со 25-15. Најголем отпор Струмица пружи во последниот сет, се држеше до 14-15, но потоа следуваше серија од 0-5 на гостите, сетот го добија со 25-19 и ја комплетираа победата од 3-0. Јован Милев и Кристијан Илијев освоија ...
Концертот ќе ги обедини делата на Купрен, Хендл, Марчело/Бах и Силоти, a во центарот на програмата се дуетите на Бах од мисите и кантатите (BWV 232, 236, 124, 91) – пример за суптилен контрапункт и дијалог меѓу два вокални гласа. Вечерта продолжува со избор од современата македонска продукција: композиции на Димитрије Бужаровски, Горан Начевски и Томислав Зографски, чија „Суита за пијано“, оп. 27 го заокружува програмскиот лак од барокната ...
Овој проект, инициран од Полскиот институт во Софија и поддржан од културните центри на ЕУНИК, странските амбасади, Општина Софија и националните медиуми, ги спојува европските литературни традиции во едно живо ткаење. И таму, меѓу сите тие гласови, Македонија стои исправена, препознаена, чуена, со својот јазик како штит, како дар, како белег на постоењето. „Годинава нашата земја на предлог на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ...
Станува збор за предмети по сите правни основи, за кои отсега ќе стане пракса да се изработуваат со забрзано и уредно темпо, пишува Ѓорѓиевски. „Овие готови решенија во најкраток можен рок ќе бидат дистрибуирани до даночните обврзници. Од овој момент, ниту едно решение без правен спор нема да заглавува во административни лавиринти. Го враќаме редот, одговорноста и навременото постапување. Граѓаните мора да ги добиваат услугите тогаш кога им се ...
„2025 година беше извонредна година за ‘Охридско лето’, исполнета со врвни уметнички изведби, свежина во програмата и инспиративна енергија од публиката. За нас како A1 Македонија, ова партнерство е потврда на нашата корпоративна стратегија – да ја приближиме културата и уметноста до сите граѓани. Горди сме што сме дел од фестивал што успешно ги комбинира наследството и традицијата со современите уметнички тенденции. Со оваа соработка ја ...
Познат по своите историски споменици и прекрасна природна убавина, Охрид е една од најстарите населби во Европа. Нуди навистина уникатно искуство за посетителите, кои можат да шетаат по шармантните калдрмисани улици на Стариот град, да истражуваат антички локалитети или да се релаксираат покрај езерото заштитено од УНЕСКО. Неверојатно бистрите води на езерото се совршени за пливање, едрење или едноставно уживање во погледите од лежалка или бар ...