Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Рафа Јусте ќе биде привремен претседател на клубот додека да завршат изборите во каталонскиот гигант. Лапорта се надева дека ќе победи на изборите и во март ќе се врати на претседателската функција со нов мандат. Се шпекулира дека од исходот на изборите ќе зависи и иднината на Ханси Флик, кој би заминал по крајот на сезоната доколку Лапорта не победи. Рафа Јусте ќе биде привремен претседател на клубот додека да завршат изборите во ...
Дигиталното евро е замислено како електронска форма на готовина која ќе ја издава директно Европската централна банка (ЕЦБ). Тоа ќе служи како дополнителна опција за плаќање, дополнувајќи ги готовината и картичките на комерцијалните банки. За разлика од секојдневните плаќања со картички, кои се сметаат за „приватни“ пари, дигиталното евро ќе им овозможи на граѓаните директно да користат дигитални „јавни“ пари, кои денес се достапни главно во ...
На почетокот на февруари весникот отпушти повеќе од 300 вработени, речиси една третина од редакцијата, вклучувајќи голем дел од спортскиот и меѓународниот тим. Кратко потоа, извршниот директор и издавач Вил Луис поднесе оставка, додека финансискиот директор Џеф Д’Онофрио ја презеде работата. Поранешниот главен уредник на Вашингтон пост, Мартин Барон, кој го водеше весникот од 2013 до 2021 година и освои 11 Пулицерови награди за време на ...
На две локации околу Собранието, едната на улицата „Даме Груев“ и другата на „11 Октомври“, имаше по 21 работник, кои со знамиња и свирежи го изразија своето незадоволство барајќи од пратениците минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да се зголемат за најмалку 6.000 денари или за разликата од зголемувањето на минималната плата (од сегашната минимална плата и новата минимална плата). Работниците кои стоеја на ...
Алиу на 19 јануари преку социјалните мрежи соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата. Во оставката до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Алиу посочи дека таа доаѓа како одраз на негова лична и професионална анализа и оти во овој период е најсоодветно да го продолжи својот придонес во академското поле. „Почитуван претседател на Владата, Со ова писмо сакам да Ве известам дека поднесувам неотповиклива оставка од ...
Тој рече дека не би се изненадил доколку заплената на канабис стигне до количина над 100 тони. На новинарско прашање дали има информации од истрагата дека марихуаната што беше запленета во Србија ја поминала македонската граница во пломбирани камиони, а во документите била заведена како друг производ, Мицкоски рече дека нема такви информации. На прашање кој министер овозможил олеснување на правилата за добивање лиценци за канабис, премиерот ...
Денови пред настапот на ЗОИ таа скина лигаменти, но и покрај тоа сакаше да настапи и настапи, но заврши неславно, со тежок пад по кој со хеликоптер веднаш беше пренесена во болница. Но, таа не жали за обидот, напротив, среќна е што се обиде, а испрати и порака до сите луѓе на светот кои имаат соништа. „Вчера мојот олимписки сон не заврши онака како што сонував. Не беше крај од книга со приказни или бајка, туку беше само живот. Се осмелив да ...
„Веќе некое време гледаме позначајна улога за еврото“, изјави гувернерот на австриската централна банка во интервју за Ројтерс. „Забележуваме зголемен интерес на нашите партнери за еврото и мислам дека тоа е една од причините зошто сме сведоци на одредено зголемување на вредноста на еврото и зошто еврото станува валута со статус на безбедно засолниште“, додаде Кохер. Инвеститорите во време на криза и неизвесност обично купуваат злато и ...
За релативно високиот водостој во езерото придонесоа продолжените интензивни и обилни врнежи од дожд и снег изминатиот период, што ја подобрија севкупната хидролошка ситуација во регионот. Инаку, температурата на водата во Охридското Езеро денеска изнесува 6,5 степени Целзиусови што е идентитчно на просекот за овој период од годината. За релативно високиот водостој во езерото придонесоа продолжените интензивни и обилни врнежи од дожд и снег ...
Со приклучувањето кон SEPA, Алта банка се интегрира во европските платни шеми, овозможувајќи прекуграничните плаќања во евра да се извршуваат под исти услови како и домашните плаќања во рамките на SEPA зоната. SEPA кредитните трансфери се карактеризираат со значително пониски трошоци во споредба со традиционалните меѓународни плаќања, побрза обработка, најдоцна до следниот работен ден, како и транспарентна структура на трошоци со примена на ...
Од Општина Битола очекуваат одговор од сопствениците и постапување согласно законите за градење и за локална самоуправа. „Упативме писмено известување до сопствениците чии куќи претставуваат потенцијална опасност од рушење или паѓање на делови од фасада, керамиди и други предмети врз јавна површина, односно коловоз, тротоар и слично. Очекуваме одговор на писмените обраќања, известувања до сопственици на 24 објекти, куќи на повеќе локации во ...
Базарот им нуди на посетителите автентична и креативна алтернатива за избор на подароци, преку уникатни рачно изработени производи создадени од домашни мајстори и современи ракотворци. Секој продукт носи личен печат, раскажува уникатна приказна и порака за љубов. Македонските ракотворци ќе се претстават со органска козметика, уметнички дела, декоративни и ароматизирани свеќи инспирирани од Денот на вљубените, рачно изработени колачиња, накит ...
Русија сè уште инсистира на своите првични барања. Тие вклучуваат територијални отстапки на источните региони на Украина и противење на каква било можност Украина да се приклучи на НАТО или да биде домаќин на западни сили на нејзина територија како дел од безбедносните гаранции. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање кажа дека „сигурните безбедносни гаранции се единствената вистинска основа за мир“. Тој, исто ...
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец Крива Паланка – г.п.Деве Баир кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30м, Ѓавато до 100м и планинскиот превој Крушево до 40м. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ ...
Во Берово и Mаврови Анови 0 степени, 1 во Крива Паланка, Kрушево и Лазарополе, 3 во Претор и Виница, 4 во Охрид, 5 во Тетово, Битола, Прилеп, Штип и Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци, 7 во Гевгелија, 8 степени целзиусови во Демир Капија. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека најмногу врнежи во изминатите 24 часа заклучно со 7 часот изутрина наврнале на Попова Шапка, 17 литри на метар ...
Блокирани се влезовите на Собранието и улицата пред Собранието. Со блокадата, како што посочуваат од ССМ, ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната плата повеќе од една година и кои не сакаат да ја прифатат иницијативата на ССМ за намалување на функционерските плати. Блокирани се влезовите на Собранието и улицата пред Собранието. Со блокадата, како што посочуваат од ССМ, ...
„Ова може да предизвика сериозни последици во јавниот превоз, бидејќи немаат доволен број возачи за замена, а поголем број изречени забрани за управување би можеле да доведат до паркирање на автобусите и нарушување на редовниот сообраќај“, вели Зафировски и додава дека превозниците бараат да бидат третирани како посебна категорија со поголема толеранција во рамки на системот „Безбеден град“. Тие предлагаат поврзување на ГПС-системите во ...
во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 27.522 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности. – Во овој квартал најголема постигната цена на стан по метар квадратен е од 182.404 денари, односно во висина од 246.171 евра за вкупна површина од 83 метри квадратни кој се наоѓа на територијата на административна општина Центар, покажува ...
Спејсекс и понатаму има намера да започне со одамна негуваната амбиција на Маск за град на Марс во рок од пет до седум години, напиша тој на својата платформа Икс, „но првиот приоритет е обезбедувањето на иднината на цивилизацијата, а Месечината е поблиску“, пренесе Ројтерс. Коментарите на Маск се надоврзуваат на напис на Волстрит џурнал од петокот, во кој се наведува дека Спејсекс им соопштила на инвеститорите дека ќе ѝ даде приоритет на ...
Денвер губеше по три четвртини, но во последниот период беа спектакуларни, го добија со 39-16 и на крајот дојдоа до убедлива победа. Никола Јокиќ постигна 22 поени, имаше 14 скокови и 17 асистенции, за него ова беше 182. трипл-дабл со кој го помина Оскар Робертсон и се качи на второто место на вечната листа. Сега пред него е уште Расел Вестбрук кој има 207 трипл-дабл учиноци. Се чини дека само прашање на време е кога српскиот кошаркар ќе го ...
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека секој месец без законска интервенција ги чини работничките семејства околу 9.500 денари, колку што, според синдикалните пресметки, пораснала минималната потрошувачка кошница. Од ССМ повторно побараа намалување на пратеничките плати за 80 проценти и укинување на нивното автоматско усогласување со просечната плата. Од Собранието порачаа дека протестите се легитимни, но дека не смее да се ...
Претпладне, врнежите од дожд можат да прераснат во снег, особено во повисоките подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер, а попладне по течението на Повардарието ќе има засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје се очекува претежно облачно време со услови за слаб дожд. Ветерот ќе биде слаб до умерен, исто така од југоисточен правец, според прогнозата на УХМР. Претпладне, врнежите од дожд можат да прераснат во снег, особено во повисоките ...
Локацијата што е доделена за ова спомен-обележје зафаќа површина од 1.035 квадратни метри и се наоѓа помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“. Предвидено е меморијалот да има максимална висина до три метри, иако претходно ваков објект не бил опфатен во урбанистичките планови. Со добиената одлука, здружението добива можност да започне со активности за уредување на просторот без потреба од класична градежна дозвола. Во наредниот ...
Настапот се реализира со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, како дел од континуираните напори за унапредување на извозот и меѓународната видливост на македонските вина. „Рамо до рамо со најреномираните светски винарии, македонските производители ќе ги претстават автохтоните сорти, специфичниот тероар и современиот пристап во производството ...
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утре времето ќе биде претежно облачно со дневни температури од 7 до 10 степени. Попладне во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад од дожд и снег. Во западните делови ќе дува засилен јужен ветер, а во источните умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен ...
Во соопштението, „Илинден“ наведува дека „остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец, во административната единица Зрноско и на спортските игралишта во Пустец и во селото Долна Горица“. „Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа и без почитување на правата и интересите на Македонците во општина Пустец. Како друштво ...
Дисциплинираното спроведување на политиките во првите месеци од вториот мандат на претседателот Доналд Трамп — кога добро подготвените извршни наредби го преобликуваа Вашингтон и глобалните приоритети на САД — сега е само далечен спомен. Затворањето на УСАИД, расклопувањето на федералната влада и нападите врз наставните програми на елитните универзитети можеби беа контроверзни, вели Си-ен-ен. Но тие произлегоа од еден рационален план ...
Јута Лердам е ѕвезда во спортот кој не е популарен кај нас, но и најголемиот дел од светот, па холандската убавица е попозната како девојката на славниот јутјубер и боксер во последно време, Џејк Пол. Таа денеска беше најбрза во брзо лизгање на 1.000 метри и тоа со олимписки рекорд, 1:12.31 беше нејзиното време. Лердман е седумкратна светска шампионка, но за неа ова беше прво злато на олимписките игри, на минатите го освои среброто. From ...
Нормалната скокалница не е омилената дисциплина на Превц, тој е доминантен на долгата скокалница, но Словенците очекуваа медал и денеска од него, сепак тоа не се случи, тој заврши дури на шестото место. Најдобар беше Филип Раимунд од Германија кој претходно никогаш немаше победа на големите натпреварувања, па неговата победа е сензација. Како втор заврши Качпер Томашиак од Полска, а третото место го подеија Јапнецот Рен Никаидо и Швајцарецот ...
Зимските олимписки игри почнаа, а од утре и нашите натпреварувачи ќе почнат да се појавуваат на сцената. Официјален распоред на настапи на македонските спортисти на Зимските олимписки игри: Нордиско скијање (Крос-кантри): Ставре Јада: 10.02 во 09:55 ч. (Спринт) Ставре Јада: 13.02 во 11:40 ч. (10км) Ана Цветановска: 12.02 во 13:00 ч. (10км) Алпско скијање: Виктор Петков (Велеслалом): 14.02 – Прва трка (10:00 ч.) / Втора трка (13:30 ч.) Јана ...